околу 120 ден се /,мене гинекологот ми ги препиша затоа што ми доцнеше менструацијата и имам циста на десниот јајник водна така ми рече ...чиста течност ,и да не се плашам не е страшно дека ќе ми дојде после завршување на апчињата после 2 дена.И откако ќе ми дојде да пијам едни др ми препиша 3 месеци и после на контрола.
Дали ве заболуваа јајниците додека ги пиевте апчињата??? Мене ми е втор ден, па се осеќам како да ми тежат, како пред добивање???
Девојки денеска ги земав апчињава,зошто утре одам на одмор а треба да добијам на 8ми.Имам 17 год,редовен циклус.Некако ми е страв да почнам да ги пијам,мислите има последици нешто?
Незнам дали тука ми припаѓа прашањето но сепак да пишам. Добив менструација последен пат на 11 јули, а еве сега овој месец сеуште немам добиено а требаше да добијам на 8-9. Но на 1 овој месец имав како кафеаво кога се бришев и не беше обилно и треаше 4-5 дена и потоа го снема(но не беше циклус сигурно) после тоа една недела немав ништо и пак ми се појави како кафеаво и ми траеше 2 дена. Менструацијата ми беше редовна со исклучок на последните 5-6 месеци ми се има десено да ми доцни. Ке може ли да ми каже некој дали имал сличен проблем и од што би можело да е? Треба да одам на гинеколог на почеток на септември имам закажано но сепак сакав да е прашам да не случајно знаете нешто. Поздрав
pink drama queen imase problemi ? jas denes planiram da pocnam za vikendov bidam raat , pa so gospod napred
И мене исто така ми е...подобро да си одиш на гиниколог...јас кога бев ми рече дека имам полицистични јајници а до сега немав..Исто така имам хипотироида па и од тоа лудуваат хормоните, но се се среди со еутирокс како и да е не е страшно само оди на гиниколог побрзо немора д чекаш до септември
Ни јас не сум имала полицистични јајници, барем до сега ми немаат кажано акво нешто, на гиниколог одам за 2 дена, веќе ми е закажано. А кажи ми за тироидна како се проверува? преку крв? и дали знаеш дали е тоа наследно бидејќи татко ми има проблеми со тироидна. Фала многу на одговорот
Да наследна е ама почесто се наследува од мајка на ќерка. Иначе се проверува преку крв, за почеток се испитува ТСХ хормонот. Ама немора да значи дека и ти имаш..Најдобро прасај си на гиниколог, па ако има потреба можеш да испиташ не е страшно...И уште нешто...СЕ Е ОД СТРЕС..бар кај мене..поготово проблемот со тироидна или е наследен или е од доживеан стрес.
Фала ти многу на одговорот, има шанси да ми е од стрес бидејќи бев под стрес овој период, ке проверам се како и да е Фала уште еднаш, поздрав
Девојки плис хелппп ми доцни менструацијата 3 месеци бременост не е сигурно и порано сум имала вакви проблеми кои на доктор ми викаат дека се резултат од мојата нарушена функција на тироидната односно имам хипотиреодизам... немам ни цисти ни ништо редовно правам контроли... да не должам прашањето ми беше за апчињата еве сега читам упатство и не ми е јасно како да ги пијам за да ми дојди, ако има некој поупатен да ми каже? ги пиев пред неколку години мислам дека 5 дена по две на ден, не можам да ја прашам матичната ми е на одмор а јас не можам да трпам веќе , хормоните ќе експлодираат
Јас ги пијам два пати по едно. Тоа значи 10 дена, толку апчиња има во кутичето. Исто за добивање ги пијам. Така ми кажа гиникологот. Иначе до сега сум ги пиела два пати по две, пет дена. Вака прв пат ги пијам. Незнам која е разликата?
Не знам што да ти кажам , кој знае која е разликата... ама можеби е подобро да ги пиеш 5 дена односно 2 таблети на ден... јас ги пиев така еве се до денес, и сега чекам да дојди
Јас ги пијам за одложување на менструацијата, е сега јас треба да пијам 10 дена и после 2-3 дена да добијам. А кога ке добијам после колку дена пак треба да почнам да пијам? Треба 2 месеци по 10 дена да пијам односно 2 кутии. Не ми е јасно за наредниот месец кога треба да почнам повторно да пијам?
сакам да прашам дали во текот на една незнана бременост, доколку пиеш примолут нор, ќе добиеш мензис?
Мислам дека на 16тиот ден од циклусот се пијат 10 дена 2 апчиња на ден (сабајле и вечер) така на 28ми ден ќе добиеш. Сепак посоветувај се со гиниколог.
Пиев Примолут Нор поради каснење на циклусот, 5 дена по 2 таблети, добив после 2 дена од последната таблета, но малку крварев и еве денес на почетокот на третиот ден откако добив, менструацијата ми е веќе при крај. Дали некој има вакво искуство? Инаку ми трае околу 7 дена со нормално крварење.
Да си го кажам и јас искуството со примолут нор. После доцнење на менструацијата од 25 дена, гинекологот ми ги препиша таблетиве, најмногу за да ми се смири тој пмс, неподнослива бев 3 недели. Ги пиев 10 дена по 2 таблети. И конечно денес после 2 дена откако го испив последното апче, добив. Додека ги пиев апчињава ги снема сите симптоми за добивање, апетитот ми се намали, ја изгубив таа подуеност што правеше да сум 5 килограми подебела. Единствено што имав беа киселини во желудникот само навечер, што можеби и не е од апчињата. Без размилување повторно би ги земала.