1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Примолут Нор

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Ivanaina, 6 февруари 2010.

  1. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Ги прекинав, веќе два дена не ги пијам, ќе чекам да добијам.. Се надевам дека ќе биде се во ред. Незнам дали е од нив, ама ненормално ме тераат на јадење,се гнетам во уста хахах, и на психа тераат, се чувствувам.. нерасположено.. онака безвезе..
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...имаш две етапи естрогенска (фоликуларна) и прогестеронска фаза (лутеинска)...Noretisteron ( Примолут Нор) е силен прогестаген (втора фаза), прашање дали си предходно „третирана орално“ со естроген за да би се создал идеален менструален циклус со овулација? дали си ги испитала сексуалните хормони Estradilol, FSH, LH трет ден и 14 ден од менструалниот циклус(прв знак на крвта како прв ден?) Estradilol, FSH, LH Прогестерон и 21 ден само прогестерон, а сето тоа со секојдневно мерење на БТ (базална темература во анус) следејќи покачување водејќи евиденција со график за да би почнале да планирате бременост, а имаш проблем со циклусот?
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    ДА, имам нередовна менструација, добивам на 2,3 месеци. Несум ,,третирана орално,, со естроген. Испитував хормони на трет ден, сите ги испитав супер ми биле, прогестеронот не беше ок, и пак само него го испитував на 21 ден, имаше многу мали промени, затоа ми даде терапија да ги пијам се додека не добијам, и кога ќе добијам да продолжам со пиење после 16 ден, еве имам некое боцкање доле, можеби ќе добијам.
    Базална температура никогаш несум мерела, ќе пробувам од утре. Дали со пиење на апчињава може да се зголеми шансата за бременост? Извинете на долгиот пост.
     
  4. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Еве добив пред малку.. Се надевам ќе ми се регулира мензисот со апчињата..
     
  5. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... мораш! треба да знаеш дали воопшто имаш овулација и кога? и за регулирање на менструалниот циклус би требало да се пие „двофазен“ лек како Цикло Прогинова, едно три месеци и кога ќе се среди може да се даде само прогестерон, не знам зашто не ти дадоа Дабростон ( може и бремена да бидеш не штети, напротив) туку со Примулот Нор кој повеќе е индицирано за постари жени!
     
    На Oscar Lady и Starlič им се допаѓа ова.
  6. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Samo da ti napomenam deka primolut nor se za kratkorajno resenie na ciklusot..ne vlijaat dolgorocno na reguliranje.
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Незнам што да мислам веќе... Ќе видам како ќе биде и после следниот циклус ќе одам пак на контрола... Страв ми е на своја рака да земам терапии .. Очајна за бебе, не сакам уште повеќе да си наштетам. Нека ми пише некоја во ЛП доколку сака и може, како да се водам преку базална температура за овулација. И дали без оглед на тоа што имам проблеми со редовност на менструација можам така со мерење на температурата да ја фатам овулацијата и сепак да останам бремена.. Читав дека прогестеронот има голема улога во тоа, а кај мене не е во ред.. Ви благодарам однапред.
     
  8. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Kaj mene bese problemot so neredoven ciklus..Nie nikako ne mozevme da ja pogodime koa mi e ovulacijata..Nitu si testovi za ovulacija ne potrefivme (mozebi ne znaev kako se koristat tocno). Prviot pat zabremeniv prirodno so sledenje na folikuli na ginekolog. Zavrsi so missed abortus vo 12ta nedela otkrivme.
    minatiot noemvri (biohemiska bremenost nastapi) i dekemvri zabremeniv so inseminacija. I dvata meseci piev primolut nor bidejki.ne mi doagase. Inseminacijata vo dekemvri bese napravena so docna ovulacija..Tek na 21vi den ja pravevme.
    Probaj so testovi za ovulacija sekako ne gubis nisto, pa sledete folikuli.
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emaema

    Emaema Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Ми доцни една недела и знам дека ми е од цистата што ја имам. Дали ако испијам Примолут нор после тоа ке имам овулација бидејќи е потикнат циклус
     
  10. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Normalno deka da. Primolut nor e za predizvikuvanje na ciklus ne za kratenje ovulacija. Nemoj samo na svoja raka prvo konsultacija i eho so ginekolog.
     
  11. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,
    Гинекологот ми препиша примолут нор и ми напомена да ги пијам од 16ти до 25 ден од циклус. Проблемот е во тоа што имам нередовен циклус(никогаш не знам кога ќе добијам), и премногу долго ми трае(20 дена - 1 месец)
    На 1 фев.ми дојде само неколку капки.. после тоа ништо немав. А на 6ти/7ми почна да си тече.. и еве не прекинува, нормално..|(
    Да почнам од утре сабајле да ги пијам? Да бројам од утре 10 дена?
    Во паника сум.. help.
     
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.963
    Допаѓања:
    134.825
    Пол:
    Женски
    Се брои од дента кога си добила . Ако си добила на 1ви, прво апче на 16ти би било
     
  13. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Да, но на 1 фев. ептен 2-3 точки.. скоро па неприметно и до 7ми немав циклус. Или ако?
    Фала што ми одговори.
    Ме исплашија со апчињава, дебелееле многу, ќе отечеш цела, како балон ќе бидеш.. многу се нервирам.. ама па еве 17ти сме и секако дека нема намера да ми прекине.. не можам веќе .. со крварењево, мн долго трае
     
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.963
    Допаѓања:
    134.825
    Пол:
    Женски
    Од 7ми број тогаш. Јас немав нус појави никакви. Не слушај секого, различно е кај сите
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    На 23ти треба да ги почнам, така испаѓа, броејќи од 7ми фев.. како ќе истрпам до тогаш да крварам јас еве стварно не знам.. мене досега ми се смачи веќе 10 дена а 23 е далеку бајаги ..
    А имам прашање.. 10дена ги пијам .. и кога ми прекинува крварењето? Откако ќе ги прекинам? Или во текот на тие денови додека ги земам? Сум слушала дека добивале откако ќе ги прекинеле.. ако ми прекине за ден два, па пак ми дојде недајбоже, ќе не можам да го издржам тоа
    Извини за прашањата.. и фала на помошта!!
     
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.031
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ги прекинеш пак ќе добиеш за неколку дена :(
    Додека ги пиеш нема да крвариш.
    Инаку јас ги имам пиено многу пати за провоцирање на циклус и никогаш не ме здебелиле.
    Имаш испитано хормони, се знае причината зашто имаш толку долг циклус?
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Леле дали сериозно пак ќе добијам .. уште тоа ми фали.. а таман мислев ќе се решев од тоа крварење.. зарем малку крварам вака па и тоа отпосле? Аии ...
    Циста сум имала рече др. И дека овулации немам и ми фалел прогестерон..
    Види како му доаѓа.. речиси цел февруари крварам, таман 23 да ги почнам, до 5ти март му доаѓа да ги пијам..( ете додека ги пијам да немам циклус нели) ама зашто паккккк послее?!? :(
    И кога ќе ми дојде пак отпосле 10те дена терапија, ќе трае нормално(3-5дена) или пак по старо недајбоже?
    П.С Ми текна на дечко ми за греота, си сака да се олесни, ама сиротиот се изначека .. по цели месеци..
     
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.031
    Пол:
    Женски
    Ќе добиеш да , за 3/4 дена, колку ќе трае не знам се надевам нормално, но треба подолг период да ги пиеш, околу 3 месеца едно по друго за да се среди. И јас имам долг циклус какокако резултат на хормонален дисбаланс но мене ми е оскуден па не ми пречи.
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.963
    Допаѓања:
    134.825
    Пол:
    Женски
    @Oscar Lady не знам дали ќе добиеш. Јас ги пиев за да добијам . Е сес истите ги даваат и за крвавење како кај тебе. Мислам дека ти нема да добиеш јер обратен ефект праат
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.031
    Пол:
    Женски
    Ке добие пак кога ке ги престане. Ги имам пиено и за прекинување на циклус и пак добив.
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.