1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Примолут Нор

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Ivanaina, 6 февруари 2010.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Ке навијам аларми сега. Ги пијам за да добијам да.. преку 20 дена ни доцни. Бев на гинеколог..
     
  2. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    32.556
    Пол:
    Женски
    Да и јас со аларми после тоа почнав. Најдобро решение е... не можеш да памтиш секој ден.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    @mariz И јас сум ги пиела, и мене ми се случувало да заборавам дали сум се напила па за секој случај си пиев уште едно. Пред да останам бремена, и мене доктор ми ги препиша, се додека ги пиев добивав редовно, откако престанав повторно почна да ми касни, по месец, два.
    Сакав само да споделам.
    И мислев дека после пороѓај ќе ми се регулира циклусот, ама не пак е исто...
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, пред една година бев на гинеколог и ми ги препиша апчињава, ги пиев 10 дена и кога ги прекинав за 2 дена добив. Апчињата ми ги препиша поради тоа што немав добиено 1 месец а и ми дијагностицира полицистични јајници. Оттогаш, сум добивала секој месец со каснење околу недела дена.
    Пред 5 дена повторно бев кај истата затоа што немам добиено од 25ти март. Рече дека сум имала овулација пред некој ден и да сме почекале уште некој ден ама не ми препиша апчиња. Прашањето ми е дали ако не ми дојде за две недели да почнам да ги пијам на своја рака? Дали би спречила доаѓање или би пореметила нешто? Дали и додека ги пијам може да се случи да добијам?
     
  5. plazma

    plazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    16
    Сепак немој да ги пиеш на своја рака,консилтирај го лекарот бидејќи се хормони....поззз
     
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    Ако ти рекла дека си имала овулација пред некој ден почекај барем уште една недела. Не земај на своја рака, не се играчка апчињата.
     
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Ако си имала овулација за две недели од неа ќе добиеш. Не ги пиј апчињата на своја рака, хормони се, не се играчка.
     
  8. anamarijaana

    anamarijaana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Здраво убавици .
    02:11 по полноќ, во потрага по одговори. Десет дена ги пиев таблетите, добив два дена по завршувањето. Но... Не знам дали и кај вас е така, крварењето е премногу обилно и пропратено со болка . Под обилно подразбирам дури и по две пакетчиња влошки на ден, пешкир меѓу нозе, сега дури и почнав да користам пелени од бебето. Никогаш до сега јас не сум крварела вака, ниту ме болело стомак до овој степен. Лекар вели - е добро де се чистиш. Јас се прашувам дали е ова нормално? Ве молам споделете искуство.
     
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Според мене ниедно такво крварење не е нормално. Небитно дали е предизвикан циклусот или спонтан. Јас пред два циклуси добив со Примолут и имав нормално крварење. Да не си имала случајно некоја циста? Ова што го опишуваш стварно не е нормално, оди кај друг лекар под итно.
     
    На anamarijaana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Според ова пишаново, не е нормално до тој степен да крвариш. Јас би те советувала да побараш и второ мислење, кај друг лекар. Со лесно!
     
  11. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали ги даваат апчињата без рецепта и колку пари се некојбшто знае да каже?
     
  12. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Денес ми ги препиша гинекологот заради абнормално крварење. Дозата ми е по две на ден, но никаде во упатството не видов на колку часа треба да се зема. Дали е во ред на 12 часа да земам по едно?
     
  13. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Не се поврзани со часовно земање како антибиотиците, можеш едното да го пиеш сега на пример во 12 часот, а другото во 20-21 часот како ти одговара. Поважно е да се придржуваш во исто време да ги земаш секој ден, пример и утре во 12 часот едното, а другото 20-21 кое време ќе одлучиш за вечерна доза.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :D
     
    На Aqualina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски
    Членки дали некоја од вас имала несакани ефекти од овие апчиња? Денес ми е 5ти ден како што ги пијам, а од завчера наеднаш лицето ми се исфрла како пликови да имам и многу ми е мрсно
    Никогаш не ми било такво лицето....треба 10 дена да ги пијам
     
  16. nanonano

    nanonano Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, после 5 години 6 различни гинеколози и над 30 прегледи и магнетна резонанса вчера ми открија дека имам Ендометриоза, околу 3цм веќе проширено. Исто така имам 2 миоми од по 3цм на лев заден и десен преден дел на матка. Веќе 5 години живеам со ужасни болки, 7 дена пред да добијам, со што како што се доближува денот да добијам болките се посилни, всушност болките се во вид на напад, на скоро секој 1 час имам напад кој трае 10 минути, ужасни болки кои можам да ги опишам само како породилни, а кога добијам болката ја снемува. Ни еден доктор не можеше да види дека имам Ендометриоза бидејќи морало да го налегне стомакот за да се види на ехо, вчера ме гледаа два доктора во исто време па така открија.
    Овие 5 години ми се ужасни и се плашам дека ќе станат уште полоши. Кога имам болки не можам да спијам бидејќи болката ме буди од сон и се додека трае не можам да заспијам ниту пак да лежам, па затоа таа недела спијам седејќи најчесто. Друг симптом ми е што имам запек во тие 7 дена и некако кога имам напад седењето на шолја ми олеснува (иако не можам да извршам нужда).
    Вчера ми ги препишаа Примолут Нор да ги пијам околу 4 до 5 месеци. Немам нередовна менструација и немам обилни крварења.
    До сега сите ме оставаа велејќи ми да се вратам на преглед за 6 месеци и препорачувајќи ми само контрацептиви бидејќи и самите доктори немаа идеја зошто имам такви симптоми се до вчера.
    Доколку некој има искуство со ЕНДОМЕТРИОЗА и пиење Примолут Нор ве замолувам да ми пише, би била многу благодарна.
     
  17. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, гинекологот ми ги препиша овие апчиња. Ми доцни две недели,а генерално имам редовен циклус. Па сакав да ве прашам дали ќе мора да испијам цела терапија или? И дали може додека ги пијам да добијам? Бидејќи гледам дека најчесто ги зимате за одложување на циклус.
     
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.029
    Пол:
    Женски
    Не, откако ќе ги испиеш за неколку дена ќе добиеш, се пијат обично 10 дена по две на ден.
     
  19. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Аууу, мене со нив ќе ми доцни цел месец :worried::worried::worried::worried:
    А мора 10 апчиња да се испијат или би имало ефект со помалку?
     
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.029
    Пол:
    Женски
    Најмалце 7 дена, ама јас секогаш по 10 сум ги пиела. Почекај може природно ќе добиеш,чим велиш си немала проблем до сега.