Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Примолут Нор

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Ivanaina, 6 февруари 2010.

  1. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Не ми се стабилизараше ништо, тоа е само за тој пат да ти дојде (барем кај мене така беше), а после испадна дека со тироидната жлезда сум имала проблеми така да кај мене тоа беше причината за нередовната менструација..
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Се ежам името кога ќе им го прочитам на овие апчиња :sweat:
    И јас ги имам пиено, за демек да се регулира циклусот, меѓутоа многу лошо ги поднесувам. Од нив освен мака, добрина не видов баш.
    Паралелно со апчињава пиев и за желдник, зошто партал ми го направија, а и мн ми се лошеше од нив, градите ме болеа мислам ќе ми експлодираа, еден момент ми беше ладно, нареден топло уффф :worried: се на се многу неубаво искуство имам со нив, а циклусот и после нив не се стабилизираше :x
     
  3. Insanity

    Insanity Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    59
    Ги пиев апчињата за да ја оддолжам менструацијата поради натпревар пред неколку години.Мене баш никакви лоши ефекти не ми предизвика, на пр. со желудникот, а и не ми го зголеми апетитот, т.е. ми го намали.
     
  4. pomada

    pomada Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    10
    ke vidime jas nemav nesto vrtoglavici i bolki od apcinjata denes mi dojde pa dr mesec ke vidime kako ke odat rabotite
     
  5. soncence-love

    soncence-love Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Имам еден проблем, немам добиено скоро 5 месеци, е сега пред три дена бев на гинеколог па ми дадоа да пијам апчиња прималут нор, ајде ако има некој искуство нека ми каже дали има несакани дејства од апчињата или некои лоши последици. Дали после прекинувањето на апчињата ќе добијам (треба да ги пијам 7 дена ) Ви благодарам многу поздрав
     
  6. D.D

    D.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    уф лошо искуство со примолит нор . На 16 години ми каснеше два месеци и одма нели на лекар, ги пиев една недела и од тогаш си имам проблеми со хормоните, катастрофа не ги препорачувам на никој :(
     
  7. soncence-love

    soncence-love Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Леле јас ги пијам веќе 5 дена, ама ме преплаши со ова што ми го кажа, незнам дали да ги прекинам или да продолжам да ги пијам до 7 дена :(
     
  8. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Докторите без потреба не би ти ги дале.Да си ги пиеш,за да ги средиш хормоните и циклусот.Јас ги пиев 4 месеци едно по друго,нормално не нон-стоп,туку по шема, еднаш кога имав ваков проблем.Потоа се’ ми се изрегулира. Е сека кај девојчиња како погоре што напиша D.D на 16 години и околу таа возраст, мое лично мислење е дека сеуште треба време за циклусот да се изрегулира ,а и некои со полицистични јајници цел живот го имаат овој проблем.Поздрав и се најдобро
     
  9. pomada

    pomada Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    10
    јас ги пиев немав никакви негативни симптоми се бесе во ред исто како да непијам апцинја требаше да ги пијам 5 дена 2пати на ден на 12 саати од кога завршив сотерапијата за 2 дена добив еве утре ке одам пак на гениколог на прегледа
     
    На bonbonka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. soncence-love

    soncence-love Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ќе продолжам да ги пијам имам уште два дена па ќе ви пишам дали ќе добијам или не. Поздрав
     
  11. soncence-love

    soncence-love Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Конечно добив, и за среќа никакви проблеми, ни стомак ме болеше, ни пак нешто осетив :)
     
  12. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Моментално сум на оваа терапија ама имам едно прашање имам премногу бело прање без мирис или сменета боја можно ли е да е од лековите?
     
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.163
    Допаѓања:
    138.864
    Јас почнав од вчера да ги пијам, и уште денес се чувствувам многу пораздразливо.
    Како ли ќе ги издржам седум дена...

    Инаку ми ги дадоа поради обилни крварења. Седум дена Примолут нор, па една доза Јасмин, и после спирала Мирена. Нека им е со лесно на луѓето околу мене.
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.163
    Допаѓања:
    138.864
    Впечатоци од првиот ден: одвратно чувство!

    Ми предизвикува срцебиење, вознемиреност, панични напади, ми доаѓа да викам, не да се издерам на некој, туку онака да си викам ААААААААААААААА колку што ме држи гласот!
    И најстрашно од се - мртва гладна сум цело време!

    Јас сум флегма, речиси никогаш паники не ме фаќаат, башка имам и низок притисок, и ова ми е сосема нова состојба која сакам да заврши што поскоро!
     
    На IAmPresident, crazylady и teddybear им се допаѓа ова.
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Јас пак ги пиев за да ја одолжам менструацијата и немав никакви негативни последици, се ми беше најнормално освен зголемен апетит, а се другото нај нормало немав никакви пореметувања
     
  16. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Која цена беа со рецепта?
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Нешто помалку од 300.
    И јас кога ги пиев немав никакви значајни промени, ама секој е различен.
     
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Како што се сеќавам беа околу 150 денари не ме факај за збор ама мислам дека тулку некаде беа, 300 со сигурност не се зошто јас купив 2 пакувања и не се сеќавам да имам дадено 600 денари
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Moja грешка, дури сега гледам дека прашањето е за со рецепт.
     
  20. Kamelija2115

    Kamelija2115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Мене ми ги препишаа за цисти на јајникот, имав две цисти на левиот јајник (прво ми откри една ми рече ај ќе видиме дали ќе пукне сама па после една година отидов пак на ехо и виде дека има две) и и покрај тоа редовна менструација секој месец на точно 28дена... е сега гледам дека сите сте ги пиеле 5 дена, мене ми рече 10дена по две на ден (тоа е дупло повеќе од вас) и најискрено јас симптомите ги доживувам дури после 10дена откако ги завршив апчињата :lol: