Никогаш не ми редовно некогаш ми иде два пати месечно, сега последниов пат ми закасни 17дена. Пред четери месеци три месеци не добив ми каснеше и мораше да земам прималут нор.
Знаеш каква хормонска бомба прави примолут нор? Бетер од Јасмин. Подобро консултирајте се со доктор,испитајте шеќер во крв,тироидна,хормони.
Jas gi zemav za da ne dobiam bidejki utre sum na odmor no eve denes dobiv i sega neznam dali da gi prodolzam kakov maler sestrami koga a gi zemase za da ne dobie kaj nea imase efekt kaj mene ne strasn mi se rasipa celo raspolozene
Јас ги пијам за регулирање на менструација ама еве денес втор ден немам друг проблем освен сува уста.Читав дека кај некој можи да појави и дека не е ич страшно но дали има некоја искуство и како се справила оти ужасно ми смета ,плус дека спијам со отворена уста
Здраво Поради доцнење на циклус и циста дадено ми е да пијам Примолут нор 3 месеци 10 дена.после првиот пат циклус добив на 4 ден.После недела дена од завршување на циклусот имам однос и се е во ред .После 2 дена после однос имам мало крварење како кафеава дамка.Дали ви се има случено такво нешто.Апчињата треба да продолжам да ги пијам за неколку дена пак.Дали да се јавам на гинеколог
Да продолжиш.Доколку крварењето не е розево или црвено како за менструација тогаш си продолжуваш.Пишува во упатството дека може да дојде до такво кафеаво "крварење"
Некој искуство со ова лекарство за одложување на цуклус. Почнав да ги пијам вчера за да го одложам циклусот, треба да ги пијам 5 дена, дали е штетно ако ги земам 7 дена ?
Јас ги имам пиено 8 дена и конкретно кај мене немаше проблем, добив после неколку дена откако ги прекинав, но индивидуално е, јака хормонска терапија е во прашање. Најубаво да се консултираш со гинеколог.
Ти благодарам од вчера веќе кога забележав кафеав исцедок почнав да ги земам и еве до денес не е прекинат циклус.
Се пијат од 10 до 14 дена.Јас ги пиев 10 дена за одлагање.па останав жива.Ни циклус ми се поремети ни имав некакви симптоми.Најубаво со гинекологот.
Ти благодарам искрено вчера не ни стигнав да го прочитам упаството од спремање за на одмор. Од таа причина сакам да го одложам.
Сакам да го споделам моето искуство со Примолут.. прв пат летово го користев за да ја одложам менструацијата додека сум на одмор. Стомаков мислам бетер ме болеше и од циклус кога имам, тапи болки во јајниците па одеднаш ко да ме пресечуваше нешто. Дури и кога уринирав, непријатно чувство имав. На секс ни да помислиш, а не пак да имаш Така да, незнам што е полошо, овие да ги пиеш или да си крвариш 7 дена на море.
Здраво Дали Примолут Нор треба да се пијат пред или после јадење? Или нема врска тоа? Препишана ми е терапија со две апчиња на ден. Фалаа