Здраво девојки. Сакав да прашам дали некој ги пиел овие апчиња за запирање на крварење? Бидејќи во вторник одам на одмор а мене уште ми тече и сакам да почнам да ги пијам. За колку дена би прекинал крварењето?
Не користам тампони јас. Ги користев јас лани за одложување на циклус, ми беше океј, кога се вратив од одмор тогаш ми дојде.
Женски ги зедов Примулот Нор ама уште размислувам дали да почнам да ги пијам пред одмор. Како и да е, во пакувањето има 30 таблети, гинекологот ми пиша дека се пијат 3 пати на ден. Тоа ми звучеше премногу и се исконсултирав со вработената во аптека и таа ми кажа дека чим се пијат за одложување на циклус доволно е да ги земам два пати во денот на 12 саати. Како ги пиевте вие?
Сестра ми лани пиеше по 2 дневно на точно 12 часа(едно сабајле едно навечер). Така и беше кажано од матичниот гинеколог. Супер ги поднесе, немаше апсолутно ниедна нус појава. Мислам дека таа испи 20 и почна да ги пие ден два пред поаѓањето и последното го испи на последниот ден од одморот.