Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Примолут Нор

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Ivanaina, 6 февруари 2010.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас да си бидам искрена овие веќе ми се како бомбончиња :D последниве две години на неколку месеци обавезно ги примам :)

    Последниот пат ги пиев 10 дена по 4 на ден, па предизвикаа циклус, и од тогаш сум на други бомбончиња :lol:

    Ствараат нервоза, отвараат апетит, прекумерно потење и се со ред, ама со здравјето не се игра, се обидувам најдобро што можам да се контролирам, јез да е час горе час доле, час ќе поплачеш час ќе се посмееш, час ќе излезеш час сам со себе ќе сакаш да си поседиш, и така се со ред си проаѓа и на крајот врти сучи надежно е се да биде во ред, и ќе биде :)
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.163
    Допаѓања:
    138.849
    И јас пијам по две дневно, а треба да ги пијам 7 дена. Прво ми кажа 10 дена, па се премисли :)
    Се навикнав на апчињава, и не ми се голем проблем. До душа темпирам кога ги пијам, да не ме фати вознемиреност во незгодно време.
     
  3. rock

    rock Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Дали мора да бидат препишани на рецепт или може само да ги купиш од аптека и колку пари се?
     
  4. Kamelija2115

    Kamelija2115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Можеш и со рецепт и на приватно, на рецепт мислам дека беа околу 30ден. а на приватно околу 160ден.
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.163
    Допаѓања:
    138.849
    Апчево си ја заврши работата, а на мојата радост и нема крај!
    Пиев 7 дена по две дневно, по три дена од престанувањето добив менструација, и сега сум друг човек!
    Порано мислев дека ќе искрварам до смрт, морав да менувам влошки на најмногу час и половина, ги полнев до даска оние што впиваат најмногу, а сега спиев цела ноќ без да сменам влошка, и кога станав не бев до колена облеана во крв, дури немав ни капка на пижамите!
    Имам енергија, а порано едвај се движев од обилното крварење. Дури и болките од обилното крварење што ги чувствував сега ги нема!

    Од вчера почанв Јасмин да пијам, па ќе видам како ќе биде, после нив ќе си ставам спирала, и се надевам на посреќни времиња :))
     
  6. skorpija1985

    skorpija1985 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ми каснеше скоро еден месец ( и лани овој период истото ми се случи) бев на гинеколог и ми препиша Примолут нор ги пиев 7 дена по 2 апчиња , поминаа 7 дена откако ги испив но сеуште нема ништо.
    Дали на некој од вас му се има ова случено, уште колку да чекам.
    Лани кога ги пиев ми дојде после 5 ден кога ги завршив и сега ме фака паника .
    позз
     
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    11.594
    Пол:
    Женски
    Скорпија би требало да добиеш. И кај мене помина една недела додека да ми дојде. Ги пиев месецов за да ми испровоцираат менструација. Подобри се од Оргаметрилот, кои ги пиев пред неколку месеци. Единствено многу се потев, апетитот и се друго ми беше нормално. Пиев 5 дена, 2 пати на ден по 2. И по неколку дена добив (конечно), па ги почнав Диането.
     
  8. skorpija1985

    skorpija1985 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ме фака паника зошто гледам во повекето случаеви останатите дури и јас лани добивале најкасно после 5 дена откако ќе ги завршат , а сега поминаа 7 дена имам болки уште од саботата и никако да ми пробие :worried:
    фала ти :)
     
  9. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    И јас ги пиев ама луѓе не се препознавав. Нервозна до вкрај! Хормоните ми подивеја. Плачев за глупости, се смеев за глупости...
    Страшна работа.. утре треба да идам на контрола на гинеколог (веќе каснам мноогу време, требаше одкако ги завршив) и ако пак ги препише не ги земам. Едноставно не можам да се контролирам.
     
  10. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Токму овие ги пијам сега.Спас ми се за се.Најзадоволна сум си.
    Лани ги земав за да одложам циклус за на одмор и така и беше, по две на ден,десет дена по ред и одкако завршив после два дена ми дојде.Таман.Инаку немав апсолутно никакви симптоми освен со апетитот што ми беше зголемен за среќа.Се здебелив 7 кила од нив и бев најрадосна зошто сум слабичка.Еве сега ги пијам пак ама овојпат за да накачам тежина пред одмор. :D
    Инаку се 160 без рецепта.
     
  11. skorpija1985

    skorpija1985 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Му се има ли на некој случено да ги пие 7 дена и да не му дојде ?
    Штетно ли е да се земат повторно за кратко време , пример после 8 дена отакако ќе се завршат првите?
    Поздрав
     
  12. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не сакам да ти се мешам апсолутно никако во изборот и во грижата за сопствено здравје, ти си осеќаш најдобро што е ок, што не ама постојат многу други начини од земање хормони за да накачиш тежина. Со правилна диета и вежбање за накачување на мускулна маса ефектите ќе бидат и подолготрајни и многу, многу поздрави.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Го знам тоа и сум го пробала.Всушност што ти не имам пробано,и сум јадела како луда премногу и секакви апчиња сум пиела...ама буквално се сум пробала и ете лекот кај хормоните ми бил. :)
    Фала за мислењето,го ценам но друг лек за мене изгледа нема... ;)
     
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    11.594
    Пол:
    Женски
    Скорпја ти пишав и вчера, јас добив по една недела откако ги завршив. Не паничи, само си одложуваш за џабе.
     
  15. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    2.583
    Треба да ми дојде менструација баш кога ќе одам на одмор,па незнам дали да земам од овие за да го одложам циклусот? Имам 16 години,да не сум мала за вакви апчиња?Да не има некои сериозни последици? И колку време пред да одам на одмор треба да почнам да ги земам?
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.477
    Допаѓања:
    201.311
    Пол:
    Женски
    Ќе се консултираш со гинеколог, не можеш на своја рака да ги земаш, сепак се работи за хормони, не се бомбончиња. Гинекологот најубаво ќе ти каже што и како.
     
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Дали некој користел Primolut Nor и за што? И дали е на природна база и дали се купува со упут и дали е штетен да се зема без доктор да ти го препише??
    читав на нет дека е за ова Primolut Nor se koristi za odlaganje menstrualnog krvavljenja i lečenje: poremećaja mesečnih krvavljenja (disfunkcionalna krvavljenja), izostanka menstrualnog krvavljenja (primarna i sekundama amenoreja), premenstrualnih tegoba (premenstrualnog sindroma), tegoba s dojkama pred mesečni ciklus (ciklična mastopatija) i endometrioze (oboljenja kod kojeg materična sluzokofa raste izvan materice i izaziva tegobe, a upotreba Primolut Nor-a dovodi do njegovog povlačenja).
    Ама ако пиела некоја нека каже поубаво. :)
     
  18. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски

    Ова се хормони, никаква природна база :D се користи за се тоа што си прочитала, мислам дека не иде без рецепта и во никој случај немој да зимаш на своја рака, мораш да се консултираш со гинеколог, бидејќи и од еднаш може да ти направaт проблеми понатака, затоа прашај гинеколог дали ќе може да ги употребуваш :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.477
    Допаѓања:
    201.311
    Пол:
    Женски
    Се купува без рецепт, ама подобро консултирај се со гинеколог, сепак се работи за хормони.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  20. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Мојот гинеколог ми рече дека не смеат многу да се користат, дека еднаш во годината е ок, но никако повеќе. А и за тој еден пат страв ми е да ги пијам, многу лоши несакани последици пишува во упатството :worried: