Ауф, ги читав и јас несаканите упатсва и поради тоа ми беше страв да ги земам, ама некако се убедив. Ги пиев 3 дена и после три дена од прекинувањето т.е денес ми дојде, по малку, ама ми дојде. Секако дека е многу поубаво кога ќе ти дојде него со месеци да не ти доаѓа. Мене не ми ги препиша гинеколог, иако бев пред 2 месеца ме снима на матката и ми рече дека се ми е во ред и дека треба да почекаме природно да дојде, но 7 месеци беа долг период и мајка ми почна многу да се загрижува и една пријателка(што е стоматолог по професија) имала ист таков проблем и нејзиниот гинеколог и ги препорачал апчињава ги пиела и и дошло, па ми ги препорача мене т.е и рекла на мајка ми да ги пијам таа се консултирала со нејзиниот гинеколог. Ми беше страв на ризик да ги пијам, ама веќе реков кога не ми иде толку време ништо не губам ако пробам да ги пијам. И ете, само 3 дена ги пиев и три дена од ко ги завршив ми дојде. Не очекував, ама ете, ме изненади. Сакам да прашам, посебно Анат, дали поради отсуство на менстурација може да дојде до покачување на телесната тежина?
Lux, тешко дека поради отсуство на менструација доаѓа до покачување на телесна тежина, тука има повеќе фактори кои влијаат. Јас би ти препорачала да си одиш на гинеколог, да направиш комплетен преглед, па да видиш која е твојата дијагноза и да се осигураш дека можеш да ги пиеш овие таблети. Сепак за хормони се работи.
Не ги пијам повеќе, ги пиев само 3 дена, ама мислам дека можно е од некое мало хормонско пореметување да дојде до покачување на тежината. Бев на гинеколог пред 2 месеци, ми ја снимаше маткара, се ми е во ред, од едни други апчиња мене ми каснеше 7 месеци, друго се ми е во ред. Ете вчера ми дојде после прекинување на примолут нор. Повеќе нема потреба да ги пијам.
Знам дека не смеам на своја рака,не ни планирав,само ме интересираше отприлика колку дена пред одмор се зимаат за да испланирам кога да идам на гинеколог,па да ги купам
Се зимаат тие 10 дена додека си на одмор , кога ќе ги прекинеш по 2-3 дена настапува менструално крварење по едно на ден и не се баш евтини околу 400 ден се приватно.И гинекологот ќе ти препорача точно кои да ги земеш
Почни да ги пиеш два три дена пред одмор или ден пред одморама ако си сигурна дека предходно нема да ти дојде зошто така џабе ќе ги пиеш.Одкако ќе престанеш веднаш ке ти дојде.Јас си ги земав на своја рака па еве фала Богу жива и здрава сум никакви последици немав.Убаво ќе си го прочиташ упатството се си пишува не се плаши.Инаку се околу 150 денари приватно.
[/quote] Дали додека се земаат овие апчиња може да се конзумира алкохол?[/quote] Јас не конзумирав премногу онака поретко... секако само да не се претера.
Од утре почнувам со апчињава,па ваљда се ќе помине во ред.Само едно ме интересираше,постојат шанси да се здебелам? ://
Кај секој е различно...јас се здебелив 7 кила од нив.Но не е кај сите исто а и брзо се губат...тоа е бидејќи го стопираш менструалниот процес...
Па добро ништо страшно и да се здебелам ионака треба да накачам некое килце,само онака ме интересираше.А наредниот месец како се рачуна добивањето? Пред или после датумот од кога сум почнала да ги земам апчињата?
Примолут Нор се како што кажа и black-angel хормонални апчиња ѓи даваат за цисти и за прекумерно крварење,но за твојот случај мораш со специјалист гинеколог да разговараш нормално за твоја здраствена безбедност.........Поздрав
Ее за тоа...ќе имаш мало крварење веднаш штом ги прекинеш по ден два.А кога ќе ти дојде наредниот пат навистина незнам зошто со нив доаѓа и до промена на датумите мислам,нема баш на време да е.
Од кога ќе ги испиеш само еднаш ќе ти дојде и потоа пак исто нема подобрување?Ако е така за џабе ќе ги пиеш
дали од овие апчиња настанува пореметување на циклусот следниот месец ? мене ми е потребно да го одложам некаде за 3,4 дена...
Зашто сакате да го одложите циклусот по секоја цена? Примолут нор не се пие туку така, поготово ако немаш никакви проблеми со цисти, обилно крварење и слично, не почнувај да ги пиеш за едно одложување само, понатака може да ти направат проблеми, не се пијат туку така хормони.
Треба и додека се пијат да се избегнува изложување на сонце зашто може да настанат флеки на кожата, особено кај онаа кожа што е склона кон пеги и флеки.