Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Примолут Нор

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Ivanaina, 6 февруари 2010.

  1. unwritten

    unwritten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    12
    Јас ги пиев апчињава на своја рака пред 2 месеци можеби и сум задоволна, ми дојде точно три дена откако ги прекинав. Доколку се земаат точно како што пишува во упатството нема несакани ефекти, но во спротивно има големи шанси од несакана бременост, затоа бидете внимателни
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Добив синоќа се е во ред :)
     
  3. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Гинекологот ми даде да пијам Оргаметрил за одложување на циклусот. Ми кажа само дека треба 10 дена да ги пијам но од кога да почнам не ми кажа и си ја кидна на одмор. Циклусот треба да ми почне на 11ти Јули. Низ темава читам дека требало 2-3 дена пред да започне циклусот да почнат да се пијат апчињата. Го читав упатството но таму не пишува ништо во врска со ова. Доколку некој имал искуство со овие таблети би ве замолила да ми одговорите. Поздрав :)
     
  4. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Јас ги пиев за одложување на менструација, ми ги препорача гинеколог, два пати во денот во исто време ги пиев. Кога престанав добив по два дена. Ми рече гинекологот дека кога ќе ми дојди ќе биди пообилно крварењето, но ете не е така. Крварењето ми е нромално, дури можам да кажам и помало од вообичаено. Инаку немав никакви несакани последици. Можеби само апетитот ми беше за нијанса зголемен, друго ништо.
     
  5. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Јас од денес ќе ги почнувам апчињата, ќе ги пијам 10 дена по 2 апчиња за да добијам(два месеци немам добиено) и имам циста. Е сега ме интересира дали апчињата имаат некаква врска со вежбање, јас си ги вежбам Инсенити вежбите, дане треба да прекинам со вежбање додека ги пијам, иначе заборавив да го прашам докторот за тоа. :^)
     
  6. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    21
    Девојки ај да ве прашам, треба да идам на одмор и треба да добијам баш денот кога ќе тргнам е сега проблем е што кога отидов на гинеколог не ми беше во план дека ќе сум на одмор 12-13 дена, па ми ги препишаа 10 дена по две на ден. Ме интересира дали можам да ги пијам повеќе од 10 дена бидејќи со пат некаде ќе ми излези 14-15 дена, а не сакам по пат да имам добиено, тоа е најгрдото чувство, посебно кога патуваш со автобус. Фала ви однапред :*
     
  7. just-a-girl

    just-a-girl Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали постои терапија слична на примолут нор за добивање менструација а да не создава влакнатост? Благодарам :(
     
  8. unwritten

    unwritten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    12

    Може да ги пиеш 14 дена
     
  9. Bradshaw12

    Bradshaw12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Ми треба помош :( Веќе 6ти ден ги пијам апчињава за да одложам добиено за на одмор, ама од вчера почнав да крварам, најпрво само како исцедок, а сега повеќе од тоа. Смртно сум исплашена, гинекологот изгледа ми заминал на одмор, пошто не го добив денес и не знам што да правам. Ако ги прекинам сега, ќе добијам точно на 13ти кога патувам и ко што ми трае по 6-7 дена отиде одморот :( Имал ли некој вакво искуство? Кај одвај ги издржав овие 6 дена, ќе убиев некој...уште ова ми фалеше :(
     
  10. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Јас пиев Оргаметрил за одложување на циклусот и мене ми се случи истото. Се случуваше да има некоја капка, но не ги прекинав. Прашав во аптека и ми рекоа дека касно сум почнала да ги пијам. Примулот нор мислам дека се пијат 2-3 дена пред да добиеш. Ги пиев 10 дена и откако прекинав добив после 3 дена. Инаку матичниот гинеколог би требало да има своја замена, па можеш да се консултираш. Позз :)
     
  11. Mashni4ka

    Mashni4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    23
    Бев на гиноколог да се консултирам за апчињава и ми кажа дека може да ги пијам, често ги давал за одложување на менструацијата.Треба да добијам на 2 Септември а на 1 Септември одам на одмор И сега ми рече да почнам да ги пијам 20 ден од последната менструација (последен пат добив на 4 Август е сега треба да ги почнам на 24 Август) и да ги прекинам последниот ден од одморот.
    тоа значи треба да ги пијам околу 18 дена. (а 15 дена треба максимум да се пијат)

    А на упатството пишува дека за одложување на менструацијата треба да почнат да се пијат три дена пред да добијам.

    И сега???? Кога да почнам?? Една недела пред да добијам или 3 дена пред да добијам??
     
  12. Bradshaw12

    Bradshaw12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Само да се надоврзам на мојата приказна со апчињава, затоа што можеби на некој ќе му биде од корист. Крварењето всушност испадна добиено и ми траеше 7 дена, ми течеше ко лудо (тоа од апчињата), 2 дена не можев да станам од кревет, ама помина и за среќа испадна сѐ како што треба. На одмор имав добиено 2-3 дена по малку. Размислував кај може да е грешката со апчињава и не сфатив. Јас по препорака на гинекологот ги пиев 10 дена пред да добијам. Се консултирав и со тие во аптека и тие ми рекоа дека не е многу страшно и да ги пијам апчињата повеќе од 15 дена, бидејќи според првичниот план една кутија не ми стигнуваше. Во секој случај мој совет до сите, немојте да ги пиете апчињава освен ако не морате, со хормони нема зезање.
     
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.242
    јас ги пиев за време на одмор.Морам да признаам дека сум многу задоволна од таблетите. Ова ми е прв пат да конзумирам ваков тип на таблети. Ги земав на своја рака, без консултација со гиниколот ,читајќи го форумов (од овде се информирав).
    Мене периодот требаше да ми дојде на 7ми а јас почнав да ги пијам на 4ти значи баш како што си пишува. Ги пиев 10дена значи до 14ти( па дури и ми се случи еднаш да заборавам да земам таблета , и се беше во ред, немав никакви нус појави се најнормално)-... а на одмор бев до 16ти. Ми дојде на 17ти како редовен циклус со редовните нормални стомачни тегоби.
    Се на се имав супер искуство со таблетите. Јас како некој што никогаш не пиел вакви работи топло ги препорачувам.И нема да се мислам за во иднина дали да ги купам или не ...
     
  14. unwritten

    unwritten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    12
    Ги имам пиено апчињава два пати и сум презадоволна. Три дена пред менструација ги почнав и ми идеше точно три дена откако ги прекинав. Немав никакви несакани контраиндикации ( зголемен апетит, дебелеење, главоболки, обилна менструација, енорми болки во стомакот и што уште не што сум прочитала по интернет ). Вториот пат кога ги пиев се случи неколку пати да не ги земам во точно време, сат порано, сат подоцна, но ништо не се случи. Се зборува како ова да е нешто крајно штетно и строго забрането, а има мал милион девојки кои ги пијаат овие апчиња затоа што мораат, за редовна менструација, цисти и слично. Ги препорачувам на секој бидејќи сум крајно задоволна и јас како и kolovoz не би се двоумела доколку ми притребаат во иднина.
     
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    јас кога ги пиев ги пиев 3 дена пред да ми дојде и кога ги оставив веднаш ми дојде
     
  16. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    3.806
    и јас да прашам нешто, читам тука сте добиле после пример 3 дена, како му доага тоа, 4тиот ден откако сте ги прекинале апчињата или? Јас последното го испив во петокот касно навечер накај 1 саат и еве уште не добив па се загрижив малце :tmi: исто да прашам да не има некоја врска што ми се деси два пати да се успијам па еден час покасно од тоа што требаше ги пиев :?:
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.057
    Пол:
    Женски
    Треба да добиеш третиот ден откако ќе престанеш да ги пиеш апчињата. Нема врска во колку часот си го испила последното апче. Чекај до вечер и ако не добиеш, оди на гинеколог. Можеби имаш некој друг проблем.
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.034
    Пол:
    Женски
    Не е правило дека мора на 3 ти ден, јас до сега ги имам пиено 3 пати, за првиот искрено не се сеќавам кога добив одамна беше, ама последниве два пати добив на 4 ти ден откако ги прекинав, пример последното го пијам да кажеме среда , и добивав во недела :)
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    3.806
    фала за одговорите и јас ги имам пиено порано и како што се секавам добивав негде 4ти ден може и накај 5 факаше, имам болки слаби во стомак се надевам ке добијам денес-утре, некој страв ми влегол незнам што ми е ]:) иначе гинеколог ми ги препиша да добијам за да испитам хормони, ми каснеше некој период па ми рече ај да стимулираме :?:
    мене ми е тоа да не не чини што на два пати искочи да го испијам апчето на 13 саати, дека се успивав :worried: ги пиев во 1 саат преку ден и во 1 саат навечер ( малце лошо темпирано времево ама така испадна) и на два пати место во 1 навечер јас во 2, 2 и нешто ке го испиев :doh:
     
  20. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    3.806
    само да кажам дека добив денес :rofl: