1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Примолут Нор

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Ivanaina, 6 февруари 2010.

  1. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Ќе замолам некоја феминка која ги има користено овие таблети да ми каже по колку дена има добиено откако престанала да ги пие? Јас ги пиев до претходниот понеделник, гинекологот ми рече ќе добијам за 3-4 дена, а поминаа 7, денес 8ми. Уште колку да чекам?
     
  2. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам користено и добив на 3тиот ден одкако ги прекинав. Не чекај туку посети си гинеколог. Позз
     
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    мене ми се има случено да добијам и после 10 дена, но најдорбо прашај си гиниколог.
    Веќе станав алегрична на овие апчиња, не сакам ни името да им го споманам :devil:
     
  4. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам, а на гинеколог ќе одам во петок. Инаку ми рече дека се појавила циста и ми ги даде да ги пијам за да пукне цистата, и да одам да ме види откако ќе ми заврши. Ги имам пиено пред многу години поради нередовен циклус, не се сеќавам точно, но мислам дека добивав за 2-3 дена, затоа сега сум испаничена. Баш пред Нова година правев микробиолошки брисеви и пап тест и сите резултати беа супер, а сега ми вели се појавила циста, која тогаш ја немаше. Што не е во ред со мене? :envy:
     
  5. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Не значи дека нешто не е во ред со тебе. Цистите немат врска со микробиолошките брисеви и пап тестот. Јас пред 2-3 години си имав проблеми со цистите. Докторот ми рече оти сум била премногу слаба. Јас на 18 години бев 170 цм и имав 49 кг. Одкако го подобрив имунитетот се си дојде во ред. Еве сега и секој месец редовно ми доаѓа. Инаку тогаш кога имав циста мене 2 месеци не ми дојде. Исто ги пиев овие апчиња и одкако ги прекинав на третиот ден ми дојде.
     
  6. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Како да не мислам дека нешто не е во ред кога веќе 10 ден е денеска, а немам добиено. Не можев да спијам ноќеска од грижи. Утре ќе одам иако искрено се плашам од тоа што ќе го слушнам.
     
  7. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Пак сама да си пишам. Сега се вратив и не знам кој не е во ред јас или гинекологот. Ми вели цистата ја нема, пукнала??? (навистина), почекај уште 2-3 дена, ако не добиеш дојди. Мислам 15 дена да добиеш по пиење на апчињата (колку што ќе бидат со тие 2-3 дена чекање) не да се многу, премногу се. А кога го прашав после колку дена најмногу требаше да добијам ми одговори по 5. И што да правам? Чекај. Е чекај де. Забегав малку, добро де, малку повеќе. Веќе сум во филмот Луд, збуњен, нормалан - иако од нас двајца не знам кој е нормалан, важно се пронаоѓам во првите две. Ај отидов да си чекам. Чао.
     
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    за сите ке одговоррам во еден пост за ПРИМОУЛТ НОР

    Прв пат земав да ги пијам кога бев на одмор , за да ја одолжам менструацијата на неколку дена , но по 3 испиени апчиња се чувствував чудно се исплашив за своето здравј ги оставив и по еден ден ми дојде .
    Бидејки имав 7 години пореметен циклус - пореметување на хормони и никогаш не ми доаѓаше на време отидов на гиниколог ми го потврди тоа хормонско пореметување и ми кажа дека имам циста на јајникот ми препиша примоулт нор да испијам едно кутивче и одкако ги испив по 2 дна ми дојде не верував во тоа но после седум години овие 4-5 месеца имам навремена менстрација секогаш ми доаѓа од прилика тие 2-3 дена и навитина делуваат.
    Ако би имале негативни дејства мислам дека лекар не би ги препорачувал така да мислам може да се земаат но да не биде тоа често.
    иначе за да дојде може да се испијат и само 3-4 апчиња.
     
  9. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Не грижи се за цистата. Има цисти што сами пукаат и има цисти што мора со хируршка интервенција да се отстранат. Ако ти вели да почекаш, почекај. Можеби од цистата се одложило. Ств не знам што да ти кажам. Не сум имала до сега вакво искуство со апчињата. А од цистата дека може да ти касни, тоа ти го потврдувам.
     
  10. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Што да се грижам за цистата, ме виде на ехо -ја нема. Се грижам зошто по пиењето на апчињата не добив, а одговорот негов е само чекај. Ептен сум збунета.
    Нана неколку пати го прочитав твојот одговор, читам одново и одново, и повторно не разбирам што си сакала да ми кажеш. Мислам дека напишав убаво, не ги земав апчињата сама, ми ги препиша гинеколог, и знам дека требаше да добијам, а не добив. Значи има некој проблем, затоа што не поминаа 2-3 дена, туку цели 11 и многу сум загрижена.
     
  11. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Уште сега да пишам. Конечно добив, на 12ти ден :whew:
     
  12. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Дали некој пиел Примолут нор за полип во матка и дали имало некаков ефект? :worried:
     
  13. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Сакам да ја предизвикам ментруацијата да ми дојде порано со апчињава, да ми заврши пред да одам на одмор. Ме интересира кога смеам да почнам да ги пијам од завршувањето на последниот циклус и колку апчиња треба да испијам? Дали наредниот пат ќе ми дојде нормално (пример 27 дена) од последниот-предизвикан циклус? Ги пиев во фебруари, дали смеам сега пак да ги пијам?
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Мислам дека треба да поминат 6 месеци, така што не би ти препорачала...Не знам дали можеш да ја предизвикаш, апчињава се за одложување, ги пиеш неколку дена пред датумот за добивање, максимум 10дена и откако ќе престанеш да ги пиеш добиваш за 2-4дена :)
     
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Може да ја предизвика, со тоа што ќе ги пие 2 до 3 дена по два пати на ден и за ден-два најмногу би требало да добие. :) Јас така имам направено еднаш.
     
  16. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    A после тоа ти дојде редовно наредната менструација и на кој ден смеам да ги пијам од завршувањето на последната?
     
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^^ Мене веќе ми доцнеше и ги пиев два дена и наредниот ден откако ги прекинав веќе добив. Нема одредено кога смееш кога не, секако само да не предизвикаш второ добивање во месецот. Инаку немав никакви несакани последици освен преголеми болки првиот ден откако добив (а инаку немам воопшто болки) и појачано менструално крварење.
     
  18. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    O па јас баш тоа сакав да го направам да ми дојде порано на 18-20 дена, да речеме ако последната ми била на 2 ри оваа да ми дојде на 20 ти.
     
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Епа добро де, пиј ги два дена и ќе добиеш. :) Јас не сум прочитала никаде дека не смееш два пати во месецот да добиеш, само по мое мислење кажав дека не е убаво, за голема разлика во датумите кога ќе добиеш а кога требало да добиеш се работи. Ама кога веќе баш тоа ти е потребно направи го, разбирам колку е лошо да имаш на одмор добиено, за никаде е.... Ако ти е страв консултирај се со гинекологот по телефон, јас така направив пред да почнам да ги пијам. Ама ако не ги пиеш за брзо време пак, не би требало да има некои последици, освен мала промена во менструалниот циклус.
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mirandakerr19

    mirandakerr19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Дали ги даваат без рецепта и која цена се? :)