1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Принудна јавна работа за невработените

Дискусија во 'Политика и настани' започната од velesanka, 2 август 2011.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    Со новиот нацрт-закон за невработеност се предлага принудна јавна работа од најмалку 52 дена годишно за сите невработени лица, а оние што ќе одбијат ќе бидат избришани од евиденцијата.
    Невработените што ќе прифатат јавна работа ќе добијат и бесплатен градски превоз

    Гасење шумски пожари, изградба на патишта, брани, садење дрвја и редица други активности наскоро би можеле да станат задолжителна дејност на невработените во државава. Со новиот нацрт-закон за невработеност се предлага принудна, но платена јавна работа од најмалку 52 дена годишно за сите невработени лица, а оние што ќе одбијат ќе бидат избришани од евиденцијата на невработени.

    Иницијативата за законот доаѓа од здружението на невработени лица „Македонија“, од каде што велат дека добиле поддршка од Агенцијата за вработување (АВРМ) и очекуваат законот да се донесе. Со него се бара поедноставување на процедурата за вработување и отпуштање работници, охрабрување на преселбата од еден во друг град, предвременото пензионирање, како и трансформација на АВРМ во активна берза на работна сила. Во законот уште се наложува медиумите да посветуваат најмалку 1 час неделно за проблемот на невработеноста и преку телевизиска берза да се вработуваат луѓе.

    - Иницијативата и нацрт-законот ги доставивме до кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. При изготвувањето го земавме примерот со Финска, каде што невработените лица се обврзани да одработат 52 дена во некоја јавна работа. Состојбата во Македонија е толку екстремна што може да се спореди со големата депресија во САД. Таму во 1932 година цивилните конзервативни трупи биле основани за да ја поттикнат природната конзервативна работа за младите и неженети. Тие извршувале најразлични јавни работи за што им биле обезбедени храна и просечен месечен готовински надомест, здравствена заштита и други потреби - вели Гордан Давитковски од здружението „Македонија“.

    Според податоците на Агенцијата за вработување, заклучно со 30 јуни во земјава имало 311.374 невработени, од кои 204.369 лица во градовите и 107.005 невработени во селата. Во здружението се сомневаат во вистинската бројка на невработени лица.

    - Не се сите тие невработени. Ако има толку, улиците на Скопје ќе бидат блокирани од таа маса на луѓе. Сите си бараат чаре на свој начин. Според нашите процени, бројката на невработени е до 100.000 лица. Затоа предлагаме секое невработено лице што ги добива бенефициите (паричен надоместок, социјална помош и сл.) од државата да биде работно ангажирано 52 дена во годината во јавните работи на локално ниво. И мерката бесплатен градски превоз што ја предлагаме нема да биде за сите невработени, туку за оние што ќе се јават на јавна работа - вели Давитковски.

    Од здружението се залагаат да се охрабри предвременото пензионирање на работниците, кои би можеле да претставуваат технолошки вишок. Предвременото пензионирање е ефикасен механизам со кој може да се дејствува врз повремената вработеност и скриената невработеност. Романија го подобри својот проблем со невработеноста во поголем дел преку предвременото пензионирање, тврдат од здружението.
    Нивната порака до странските инвеститори е да градат фабрики, а не трговски центри.

    - Се залагаме за доаѓање на странски инвеститори што ќе отворат фабрики и ќе вработуваат што повеќе луѓе - нагласува Давитковски
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Леле не ми се верува!Првпат слушам.И нормално дека би одбила.Од каде сакаат нека ме избришат :swear: Неможе некој да ме тера да му садам цвеќиња и метам улица,сум учела ,сум се трудела,инвестирала...катастрофа,беда :fubar:
    :puke:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    бог да чувааа!! па невработените не се криминалци мајка му стара па ке ги казнуваме со принудна работа...свашта..нека се чукнат у глава малце тие шо го поднеле овој предлог..или ова е уште една мерка да се скратат вештачки невработените..колку има дипломирани професори правници економисти итн шо неможат да најдат работа,колку ги има и со завршени магистратури,луге шо се мачеле и учеле надевајки се за подобра иднина,а работа нема,и седат дома или трчаат по партиски митинзи и состаноци надевајки се дека еден ден ке дојде и нивниот ред за вработување..е сега државата на тие луге на студентите на кои им вели знаењето е мок ке им даде метла и лопата во рака и одете метете улици,садите дрвја,носете малтер а ако не сакате тогаш чаоо пријатно ве бришеме од список.. :^) :fubar: лудило!!
    п.с кои се бенифициите шо го уживаат невработените???како невработена не сум имала никаква бенифиција,никаков паричен надоместок..да не ги мешаме невработените со корисниците на социјална помош,тоа се сосема различни групации,не се сите невработени корисници на социјална помош.познавам многу невработени а богами никој од нив не е корисник на социјална помош.ако се сметаат можеби сините картони за бенифиција едино,тоа е едино нешто што го добиваат невработените.укинете го и тоа тогаш,ама не не терајте принудно да метеме улици или носиме малтер два месеца.. |(
     
    На Acerola, eli25, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  4. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Добар е законов ама само за оние кои добиваат социјална помош со години,и ден стаж немаат, за нив ОК, ама оние кои се невработени и не примаат никаков паричен надоместок или социјално... кои освен картонине сини кои ко што гледам и нив ќе ги наплаќаат е за нив не се согласувам!!!
     
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    ЦЦЦЦЦ....Алал да им е кои текнува се...Се ќе напраат само да се намали невработеноста, статистички. Па што ако обезбедат безплатен превоз. И да, половина од невработените нема да се сложат, и нормално ќе ги избришат од евиденција, као еве невработеноста се намали. Јас никогаш не би прифатила. И за тоа садење и градење и сите тие чуда, си има луѓе со таа струка кои исто така не можат да најдат работа.
    Јас како студент, со еден родител, со пензија од 5000 ден, немам право ниту на ради да плаќам на факс, ниту пак на социјална помош, за да земам помош, треба да се откажам од пензијата....Во оваа држава ништо не функционира, ниту пак некогаш ќе функционира.
     
    На eli25 и BoaVista им се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    боже поможи
    нека ме бришат од каде сакаат ова нешто не го прам па ако треба светот нека се преврти нека излезат нивните деца со фалуктети ако не се вработени и нека го прават ова ама тие неможи да не се вработени така?БЕДА што да кометирам поќе...
     
  7. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    neka pometi zenamu na grujo nekolku dena ulici kako za proba pa neka nudat i na drugite
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    А дали за време на изградбата на некој пат , садење марули или цвеќиња, истовремено ќе се пеат песни за омладината и Друже Грујо ми ти се кунемо?


    Да, навистина уште еден добар начин да се почувствуваш мизерно во врска со себеси.
    Малку е ова што си невработен, затоа ќе заметиш некоја уличка и оп! - веќе си корисен. :clap:
    (со должно извинување и без навреда на оние на кои ова им е работа)
    Не прашувај што добро може да стори твојата држава за тебе, туку што можеш да сториш ти за неа.
    |(
     
  9. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    трендафилка без знаменцето со лавче никаде не одиме ... искрено порано лавовите ми беа омилени животни кои сега грујо ми ги украде :@ :@ :@
    поззззззззз