Ја имам само осветлено со шатирање.....поише така ми се свига......шарена ми е а порано ми беше монотона
До сега сум била и плава и црна и црвена и шатирана и темно кафеава....уште зелена ми фали,а моментално ми е природна - светло кафеава накај плава и сега за сега не планирам пак да ја фарбам
Се офарбав нешто посветло од мојата природна боја на коса и испадна гомно нијанса и на ништо не личи. Али гајле ми е... И онака не обрнувам многу внимание на косата.
Мојата природна е темно смеѓа и некако монотона ми беше и се ишатирав...ја осветлив малце ама сакам уште! Не да бидам плавуша туку онака како Џенифер Анинстон...природно бебешко смеѓичка еве вака сакам
па јас мислев единствена е мојата боја како и да е не си ја бендисвам јас мислам дека не ми стои убаво, мислам дека плава повеќе би ми стоела пошто имам зелени очи, ама не сакам да си ја оштетам со фарби и немам сила да ја исфарбам, страв ми е да не ја запустам
i jas mislev deka sum edinstvena so takva boja jas imam sino-zeleni oci i bev plava, ubavo mi stoese, no prirodnoto si e prirodno sega si e mojata prirodna i za nisto ne ja menuvam
http://www.taaz.com/ Sajtov e super da si probate koja boja ke vi odgovara...Jas iskreno cel zivot sakam crvena ama strav mi e ... Prirodnata mi e svetlo smegja a se farbam crna od vtora sredno, znaci vise 8 godini Kako i da e zdosadeno mi e od crna i sakam da se prefarbam...
Природно косата ми е плава, ама многу сакам да експериментирам ги имам пробано сите бои од црна... преку црвена па до сите нијанси на плава, ама сега си ја вратив мојата боја и не се фарбам веќе
Мене Семоќниот ме заебал малку кога станува збор за косата, природната нијанса ми е одвратна, некоја кафеаво пепеласто сива, невпечатлива. Затоа во последно време се фарбам со богати кафеави нијанси, најчесто со црвенкаст сјај, ама сум била и руса и црна и црвена. Мислам дека уште некој период ќе се држам до кафеавите тонови.
Имам костенлива коса, со мали промеси на златно. Секаде кај што сум била на фризер ми рекле ни подразно да не ја фарбам. Така да си уживам со природната боја на коса, иако кога бев на факултет паднав во искушение да ја исфарбам црна или црвена, бидејки цимерките сите до една се фарбаа
Бојата на косата ми е костенлива. Едно време бев запната да се фарбам детско плаво, така непто, но ме разубедија. Сега им велам фала на дечко ми и мајка ми бидејќи ќе сум згрешила.
Супер ми беше природната боја, не знам што ми текна да вадам прамени! Иако едвај ми се забележуваат, главава како да не е мојата! Плус и шипана, косата исфениирана права.... Си ја сакам старата коса, долга, кафена и бушава!!! Аха, ќе биде. За 2-3 години.... ако не ми побели до тогаш
косата ми е темно плава ги имам сите нијанси на бои испробано од црвена,црна,темно кафеава и накрајта се одлучив да ја оставам мојата природна боја на коса само што понекогаш ја префарбувам со иста боја која си најдов од гарниер заради сјај на косата и мислам дека побрзо се мрси доколку ја оставам така.
јас се фарбам веке 14 год. менував бои, костенлива, зиз црвена, тегет, а најмногу се наоѓам како плавуша.моја фарба е гарниер 9.1 а порано се фарбав со pallete ,гарниерот подолго трае и има поголем сјај.
Имам природна смеѓа коса и не планирам никогаш да се фарбам, бар не сега, како некои од моја генерација.
Имам многу светла смеѓа коса со плави праменчиња. Еве скоро иста ваква, нијанси се во прашање. и не би ја фарбала ама отсекогаш сум сакала барем еден или два прамена да ги офарбам плаво, ама во лето, зашто тогаш викаат се осветлувала повеќе косата и ако ми е шатирана, уште повеќе ќе ми се осветли.. Исто сакам да земам колор шампон - плава боја (не плава сина боја, туку руса ) и да видам дали ќе ми се осветли за некоја нијанса косата. Мене лично ми се допаѓа бојата на косата ама сакам да беше малку посветла, повеќе на плаво да удираше.
Имам костенлива коса, порано ја фарбав, прво бев црвенокоса, па после сакав да бидам смеѓа и почнав да ја осветлувам ама таа црвената после две недели од секое фарбање ми се појавуваше и по совет на фризерката почнав од темно кафеава да ја осветлувам постепено до смеѓа... и цела година се малтретирав со тоа и не успеав никако да ја добијам бојата што ја сакам, а освен тоа, косата многу ја оштетив и се откажав од фарбање.. Еве веќе неколку години си ја имам природната боја и не ни помислувам пак да ја фарбам...
Моментално ми е природната боја на косата, темно кафеава, многу темно кафеава Инаку се фарбав бев шатирана, плавуша, црвена, црна, ама вака ми е најдобра според мене. Кога бев плава најмногу ми се оштети косата, на секои 3 недели фарба,фен,пегла. Сега сакам да ја носам уште природната боја, па кога ќе ми се појават бели влакна,ќе се фарбам, ваљда црна, зашто најмногу ја сакам.