1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Природна боја на коса/фарбање

Дискусија во 'Коса' започната од Gordana10, 20 мај 2010.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Имам долга темно кафена - црна коса со многу сјај. Пред некое време ми текна да ја осветлам малку чоколадно кафена боја или бар да вадам прамени. Одам кај мојот флизер и му велам што сакам и тој целиот :devil: ме искара и не ми дозволи. И си викам ок, ако несакаш ти ќе најдам кој ќе сака да ми земе пари. Одам кај друг фризер да го шишам малиот и онака одстрана му велам што сакам да правам и тој :devil: ме искара.
    Е трето мислење не барам :) и нема да се фарбам додека не почне да ми белее косата ;)
     
  2. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Еднаш убаво се зафркнав, нема по втор пат. :rofl: Светла ми е косава, ама јас сакав ептен плава да бидам и се унакажав. Жолта ко смајливо бев -> :) И чекав една-две недели да поминат, па лупнав темна, костенлива боја. Убаво ми стоеше, ама неее, сега ми се уврте црна да се фарбам. Кој ме тераше леле, леле. Се офарбав црна, ок. Бев како дух.. ама ајде. По два мес. почна мојата боја да расте и стварно одвратно беше за гледање. Отидов на фризер, ми лупнаа деколорант, за да ми ја осветлат, ама ми изгоре, ми прегоре. Бев пак жолта, ама и упорна и еве сега си ја имам мојата боја и немам намера да се фарбам пак.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски
    Леле и јас се имам зезнато 2 пати :D Првиот пат кога сакав да се исфарбам плава , а имав светлокафеава коса , косава ми излезе портокалова и така се сетав неколку недели. Потоа ја префарбав во црна боја :lol:
     
  4. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Јас порано да, но сега се откажав, ќе чекам мојата да ми порасне. Инаку имам чудна боја дури и интересна вака и доста ми се свиѓа. А со фарба мислам дека секогаш фарбата и дава посебен сјај, но како кој си бендисува :)
     
  5. Saxobeat

    Saxobeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    99
    Јас имам светло кафеава коса сега ја офарбав во црно каков сјај само има и и ми се ојачи влакното сега имам коњско влакно :rofl: :rofl: :lol:
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ауу фарбање...ми се темни кога ќе слушнам. Се немам фарбано и не планирам да се фарбам додека навистина нема потреба за тоа. Па обврска е бе луѓе и тоа голема. Еднаш исфарбај се и ропство, на секој месец (два месеци) гори се пак, офффф... Па малце ли обврски имаме што се однесува на посветување на време за себе, па депилации, маникир, ова она само уште таа обврска на врат ми фали. Ма без разлика колку е напред отидена технологијата за произведување на фарби и колку се станати корисни за косата со витамини и триста чуда: фала, ама не фала. Ги гледам мајка ми, свекрва ми и снаа ми и сите три офкаат и секоја ми има кажано „аман, седи си така само уште таа беља на врат ти фали“...аууу па на жештиниве кога ќе помислам...не, не.
     
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Природна боја на коса-темно кафена, речиси црна, варираше, море не памтам веќе каква ми е. :D
    Фарба-темно плава, ќе се фарбам светло кафена, до темна кафена до пред да дојде зима, после... ќе видиме. :)
     
  8. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Природна си е природна.
    Нецела година пред некое време се фарбав зошто ме зафркна фризерката со шатирањето. Не,Не и Не. Прородната коса е најубава! Сега ми е израсната мојата природна, си ја скратив до над рамената пред некое време, се што ми беше изгорено ми падна, а сега ја пеглам 1 на месец или 2 и резултатот е прекрасна, мека и сјајна косичка 8) само уште да ми порасне подолга :)
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Мојата природна нијанса е многу чудна, ту плава, ту смеѓа - варира во зависност од светлината.
    Досега се немам фарбано, а не ни планирам, бидејќи не сакам потемна нијанса, едноставно заљубена сум си во мојата природна боја, па природно си е природно, нели? :D
    Сега сум шатирана и задоволна сум ептен, ама тука останувам, фарбање ноу уеј, ама баш НОУ УЕЈ. :)
     
  10. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Никогаш ја немам фарбано косата, само 2 пати прамени посветли вадев. Инаку имам смега боја на коса. ДОволно ми изгоре од прамените некам уште повеќе со фарбање да ја уништам.
    Мн ми е долга ама ја одржувам ко што треба, мразам кога ќе вида долга коса од половина надоле ко метла :D
     
  11. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Не сум ја фарбала косата, а и не планирам во скоро време. Имам темно-кафеава боја на коса и ми се допаѓа :)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ја фарбам косата од 14 години последователно.
    Најмногу ми се оштети додека бев русокоса.
    Сум ги сменила сите бои и нијанси, почнувајќи од црна, црна со виолетов и тегет (ооооо тегет) отсјај, сите можни нијанси на кафеава - мед, лешник, чоколадо, русокоса во 2-3 нијанси, со прамени, и црвена со неколку нијанси.

    Сакам да укажам дека на оние кои се фарбаат подолго време, косата е зависна од фарба.
    Самата си бара.
    Лично јас, ако после 4 недели не ја исфарбам станува како луда, нит се води, нит се тера.
    Никако не се обликува, си бара просто хемикалии на себе. :D

    Дали се каам? Не.
    Дали би си ја вратила природната боја на коса?
    Посакувам, само да ја видам затоа што заборавив како изгледаше. :lol:
    Од друга страна, процесот е макотрпен, косата ми расте бавно, ќе треба да ја бојадисам во нијанса најблиску до природната и да чекам едно 2 години минимум. :tmi:

    Од трета страна, сите мои другарки веќе пројавуваат бели влакна, и си викам само уште тоа ми фали - да ја пуштам со мака мојата природна коса, само за да видам - дека имам и јас бели влакна. :^)

    Сепак останувам на фарбите сега засега.
    :)
     
    На mackica-1 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  13. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Јас сум смеѓа и имам фобија од фарби :x Мислам дека кога ќе морам некогаш (заради бели влакна) дека ќе плачам додека ми ја фарбаат. А може ни тогаш не би ја офарбала :?: Мајка ми сменила доста бои до сега, и косата и е стварно сува што не е ни ништо чудно, сега е плава и се фарба на две недели. Искрено огромна обврска е особено за плавуши. Имам некои другарки што сакаат да бидат плави, а не сакаат да ја горат косата па шетаат по два месеци со црни корени :puke: поселско нешто за мене нема. Ако веќе си решила да ја фарбаш, фарбај ја редовно или смени боја. Инаку единствено кај фарбањето ми се допаѓа сјајот што го даваат фарбите, ама доволен ми е и мојов природен сјај, мразам фарби!
     
  14. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    не а и искрено да ви кажам не сакам да се занимавам со тие фарби може само 2-3 праменчиња или повеже како шатирана нешто да биде иначе не сакам фабање многу :)
     
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.833
    Пол:
    Женски
    Никогаш ја немам променето бојата на коса и никогаш нема да ја сменам.

    Всушност самата боја ми се менува, некогаш знае да ми е потемна кафена а некогаш светло кафена со златникав сјај и си ја сакам таква каква што е.

    Ако почнам да се фарбам ке морам редовно да го правам тоа и плус пеглање или виткање со фигаро не, не, ке ја изгорам косата, а хемија баш и не ми е потребна во мојата коса.

    Освен тоа ке не можам никогаш веќе да си ја вратам истава нијанса, не експериментирам мн кога ке најдам нешто што ми одговара си се држам до тоа, па така и со бојата на коса.
     
  16. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Природната ми е кафеава до сега сум била црна и веќе некое време ја фарбам црна со и тегет отсјај и не мислам да ја мењам во скоро време
     
  17. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    се пробав во повеќе бои сега ми е црна и најмногу се свиѓам таква
     
  18. I.Love.You

    I.Love.You Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    39
    Јас имам кафена коса..се имам фарбано црна(со колор шампон)
    иначе имам голема желба да се фарбам црвена,но страв ми е да не ми се оштети премногу..
    мајка ми е фризерка,и правев муабет со неа но ми кажа дека премногу кје ми се оштети и кје ми биде како метла :/
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Се фарбам добри 15 години,на почетокот желба за промена , а сега,да ги сокријам белите влакна.Се фарбам секој месец,плус /минус некоја недела,но ми се смачи веќе,а ако не се фарбам бела сум бре како дедо мраз :( Обрвска е ,а и плус што се мачам да најдам некој да ме офарба секој месец..кога би можела никогаш не би се фарбала...
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас се фарбам, природната боја на косата ми е темно кафеава а веќе некое време се фарбам црна, и не би ја менувала. Не е некоја драстична разлика, а сепак мислам дека вака ми стои многу поубаво, позадоволна сум од својот изглед. Косата не ми е оштетена (сега за сега) затоа што не ја фарбам премногу често. Така да ќе си продолжам да се фарбам. :)