Јас сум природна плавушка, меѓутоа понекогаш (најчесто зимно време) бојата ми варира до потемни руси тонови, тако звани смеѓа. Мојата природна боја не би ја менувала кон потемна во никој случај, затоа што сметам дека нема да ми стои убаво, си ја сакам ваква, иако не негирам дека понекогаш ме фаќа мерак за две-три нијанси посветла, ама си патам од комплексот „природно си е природно“ и не се решавам да превземам нешто - сè си останува на тоа фамозно сакам. Пред речиси две години бев шатирана и одвај се ослободив од прамените и не би ја чепкала повторно, најискрено.
Јас си ја сакам мојата природна боја на косава.Ме маваа некои филмови да се фарбам,црвена,плава али сепак не си останувам на она моето - приорно си е природно.Еднаш сакав да е затемнам да ми дојде уште поцрна,ама пак се премислив и не се офарбав.Мислам дека си ми е убава вакава како што ми е. Е можеби некогаш после неколку години би е фарбала,а сега за сега нека биди ваква како што е ми е дала мајка природа Вака ми е нормална : Спојлер А бидејќи понекогаш знае да нијаснира,вака ми е на денска светлина :
Meне косата ми е темно кафена(природна), а од пред една недела се имам како Хурем Султан портокалова офарбано
Прв пат сакам да се офарбам со природна боја ама ова објаснувањво е катастрофа.. Ако има некој искуство ќе ве молам да ми објасните..
И мене ми е природна кафена. До пред некој месец кога си миев коса, ја миев со јајце, за да ми се осветли малку, ама не помогна. Инаку имам другарки кои што уште од сега се фарбаат. Незнам зошто толку брзаат да пораснат, кога и онака цел живот е уште пред нив...
Јас што да кажам, до вчера бев плава и конечно ми дојде памет, дека не бива веќе со толку оштетена коса (а ептен ми е) и се префарбав темно смеѓа (како природната), која ми излезе накај црно и сега со душа си ја чекам мојата природна косичка, која ми беше како свила. Ама, ќе си почекам за тоа.
Јас сеуште не сум ја фарбала мојава темно кафена коса. Само се убедувам и преубедувам а ептен сакам да пробам. Сигурно би си ја осветлила неколку нијанси, ете вака нешто од прилика.
Здраво Феминки COLOUR B4 е фантасичен, одличен производ. Презадоволна сум со резултатот. Го купив во ДМ го има и во КОСМО. COLOUR B4 не го допира природниот пигмент на косата и не ја оштетува, не содржи избелувач или амонијак, така што косата ја остава во добра состојба. Ја вратив мојата природна боја со само едно нанесување. повеќе информации на следниов линк: http://tocka.com.mk/3/109197/colour-b4- ... ja-za-kosa
Имам кафеава коса, некоја чудна нијанса, затоа што ни јас не знам каква ми е точно, некој ми вели дека ми е темно кафеава, некој светло кафеава, некој ми вели темно плава дека ми е, а некои кои не знаат да прават разлика меѓу кафеава и црна,ми велат дека ми е црна. Имам некој златеникав сјај на косата и сега дали да ја фарбам или не?
Имам кафеава коса, измеѓу. Не е ни премногу темна, а не е ни премногу светла. Јас сакам посветла ама нема фарбање, мала сум уште.
Ако ти е темно кафена нема да ти фати посветла па ќе мораш прво со осветлувач/бланш на темни коси ништо не фаќа за жал
Прашањето ми е малку глупо ама навистина ли со сонцето се осветлува косата.Природно со тек на времето.И ако си исфарбана како можеш да си ја вратиш природната боја на коса?
Да,осветлува но немој да замислиш којзнае колку, некој сјај само ќе ти даде и ништо повеќе. Во врска со фарбањето, бојата паѓа при миењето ама целосно неможе да падне тоа ќе мора да се шиша,поготово ако си црна-темно кафена фарбана
Се осветлува малку да , А ако си исфарбана можеш да ја вратиш со фарбање и да избериш нијанса која е слична на твојата природна боја и паралелно со шишање па кога ќе добиеш иста боја прекинуваш да се фарбаш и тоа е Јас успеав да ја вратам.
Па секогаш во продавниците гледам фарби и земам прамен од мојата коса и на скоро сите фарби бојата ми е иста со светло кафеавата или темно плавата боја
Природно косата ми е кафеава но ја имам фарбано и шатирано, имам правено многу промени, не затоа што не ми се допаѓа природната боја, туку затоа што бргу ми станува досадно и сакам нешто ново. Имам испробано најразлични фарби и досега, неочекувано, ме изневери Syoss а мислев дека се квалитетни. Сите ми викаат дека најдобро ми стои црна затоа што имам светли очи и светол тен. И јас го делам тоа мислење но напорно е да се фарбам постојано, сепак вака сум створена и сметам дека треба да си останеме доследни на природното.