Така како шѕо се опиша или ќе изгледаш со црно многу убава како порцеланска кукла или пак малку страшно. Знам по себе само јас имам темни очи и бел тен. Изгледав искрено како вампирка. Инаку и мене најмногу ме свиѓаат со природно кафеава ама пусто плаво
Со К'на, ROYAL или E'AGLSE. Костен боја или Brown зависи. Многу убаво фаќа, и долго трае. Со сварен Црн чај ја мешам, и ни хидрогени, ни амонјак ни ништо. И ги покрива белите влакна во целост.
Природната ми е далеку подобра од фарбаната. Пред пет години ја исфарбав демек кафена (не некоја драстична промена) и ми излезе: плава, црвена, кафена, црна и природната. И дури ја опоравив изгубив негде три години, морав да сечам коса долга до половина грб. Ниедна фризерка не се нафаќаше, едвај една и тоа со преливи кои ми ги отфрлаше косата и се мачев во месецот по пет-шест пати. На крај се реши мистеријата дека косата не е за фарбање иако никако не изгледаше оштетена, а не можеа да ги синхронизираат боите. Едит: Не ми текнало за фарбање.
Не се фарбам затоа што природно имам ретка боја на коса која е преубава и ја обожавам. Да ја немав, пак ќе ми се допаѓаше кај луѓето што ја имаат. Не оти не сум помислила на бојадисување, чисто да се проба нешто поинакво, ама не сакам од готово да си правам вересија. И јас доколку се родев со некоја позастапена боја, веројатно ќе експериментирав со фарби.
Може слика да поставиш каква боја имаш? баш ме интересира Инаку имам темна кафеава со години ја фарбав црна па ја враќав мојата. де црна де ќе ја вратам мојата. најсветла ми била кафеава светла . ама мојата боја нај убави ми стоела и посветла од мојата малку.
Мојата природна боја на коса е смеѓа. Си ја сакам косата. Не се фарбам, патем и никад у живот се немам фарбано. Можеби некад би се исфарбала или би вадела прамени, али у скоро време, не.