Освен нега на коса, се друго (лице, тело..) најчесто гледам да се на природна база(секогаш има исклучоци) . Имам од Логона, Lush, Konopka, Hauschka, Natura Siberica, Olival, Organique, Уves Rocher... Презадоволна сум скоро од сите производи, само 2 утки имам направено (балзам и к'на)
Драги девојки, дали знаете случајно каде може да се најде масло од шипка, знам дека имаше на bare origin, но тие се повлечени?
Драга koritsaki, го има во Македонија некаде или треба online да го нарачам ? Има некоја проверена страна за нарачки кои сигурно стигнуваат кај нас ?
Кај нас нема да го најдеш. Има тема за The Ordinary на форумов, па можеш и таму да разгледаш и прашаш. Читам дека доста нарачуваат од https://www.beautybay.com/ и дека нарачките им пристигнуваат. Само не знам како е со испораки периодов, додека е ваква ситуацијата.
jas veke nekoe vreme koristam kokosovo maslo (demek organsko e) i na lice i telo i na kosa i sum zadovolna,mn poveke mi odgovara od razni kremi sto imam probano ovaa teglicka veke otide, i jadev cat pat od nea mislam deka pak ke prodolzam so nego
Драга порано имаше чито органско масло од шипка на Bare Origin ама за жал ги повлекоа од пазарот не им се исплаќаше кај нас да ги продаваат затоа што беа доста поскапи како производи иако многу убави и валидни. Како алтернатива може да ти го препорачам серумот squalene + на True Alchemy Кој во составот содржи голема количина на масло од шипка. Дури и самиот серум е накај портокалова боја и мириса на шипка. Многу е убав како производ содржо сквален кој е одличен за кожата, потоа масло од шипка, витамин Е и други масла (сега не ми текнува) јас го имам и многу сум задоволна. Поздрав.
Уште да кажеш дека си со екстремно сува и сензитивна кожа, а ти одговараат. Те частам! Баш си барав сега мицерална, гел/млеко за миење на лице и крема за околу очи, речиси и ги заборавив лаверата дека постојат, па не се ни сетив да погледнам што има кај нив. А ја користев кремата со Q10 порано и ок ми беше.
Веќе 3 години како користам производи на Алверде и Хаушка , лицево мислам полошо ми стана. Не мора да значи дека на секој би му одговарала природната- органската козметика , ете јас сум меѓу тие
Здраво, каде може да се најдат кај нас raw путери од шеа, кокос и сл. на големо за производство на козметика?
Знам дека биокосмос пакуваат, така да може да ги исконтактираш и да ги прашаш дали продаваат на големо. Тие пакуваат какао и шеа путер. За кокосово масло има во Зегин(за здрава храна) едно големо пакување од 2,5 кг. кое е органско и со доста пристапна цена околу 1000 мкд. (ако земеш предвид дека 300 мл. кошта околу 300 мкд.).Поздрав.
Драга ако имаш чувствителна кожа земи ја Лавера сензитив линијата. Пената и кремот се фантастични. Поздрав.
Потврдувам за Лавера, за пената конкретно, ја имам веќе два месеци, фантастична е. А имам комбинирана кожа, не ми ја суши, остава убаво чувство на чисто.
Не зна дали беше @eva993 која пред извесен период пиша дека во ДМ на штандот за природна и органска козметика може да се најде сѐ и сешто кое не е ни природно а да не правиме муабет за органско. Комплетно се согласувам со тебе драга. Пред некој ден гледав што сѐ е ново на тој штанд и освен Алверде која е ок, Лавера која е органска и Пулп де Ви која исто така е органска налетав на две линии (буквално рамо до рамо со органското) едната е на Ревокс (масла од авокадо и шипка кои беа органски и тоа е ок), а другата беше Ревуеле или така нешто што кога ги свртив производите (земав два производи по случаен избор серуми мислам беа) на втора позиција по водата еден куп силикони. Освен таа линија имаше и уште нешто што не беше органско ама сега не ми текнува што. Еден апел до ДМ доколку го читаат овој форум, правилно да ги групираат производите затоа што има еден куп на луѓе кои не се разбираат од декларации и ќе го купат производот верувајќи дека е природен. Значи тие нивната Балеа ја имаат ставено на друга страна (а голем дел од производите се со доста добра декларација и би можеле комотно да се стават во природна козметика) за да стават производи кои ете содржат и силикони и кои во никој случај не може да претставуваат природна а уште помалку органска козметика.
Да, јас го имав тука спомнато и за ДМ и за Космо (во еден постар пост). Значи општо кај нас фалат кадри кај ланците, кои ќе вршат контрола врз она што е вистински природно/органско, а што не. Не е сериозно, ланци со стотици вработени и милионски промети да не можат да имаат барем едно лице (нема ни потреба од повеќе), кое ќе се разбира во составите и ќе прави селекција. Тоа за жал покажува колку сеуште несериозно се сфаќа кај нас трендот со природната и органска козметика, која несомнено сѐ повеќе и повеќе зема замав низ цел свет. Ние како и во речиси сѐ касниме, па дури и во работи, кои не подразбираат речиси никаква инвестиција. Жално е тоа во 21-ви век, со пристап до секакви информации преку социјалните мрежи и интернетот, сеуште да не се знае што е природна козметика, а што не.