Маски за зајакнувања и побрз раст на косата. Ваши рецепти и искуства Еве една од мене 1 лажиче мед 1 лажиче топло млеко 1 жолчка 20 грама квасец Медот,млекото и квасецот се мешат, се остава да нарасне 15-10 минути а потоа се додава жолчката се промешува и се премачкува косата треба да се завитка со најлонска капа и крпа и да стои така 1час-За појака коса и побрз раст на косата.
@Biodevojka , линкот од твојата статија можеш да го објавиш и овде. Наскоро ќе ја пробам маската што ја препорачуваш и ќе споделам впечатоци.
Дечки ваква тема нели има ? Јас имам пишувано некаде за маски за коса. Ок, ќе споделам некоку познати-непознати маски за коса кои ги правам. Маска со ленено семе, која ја има објавено Биодевојка. Варам ленено семе, оставам да отстои преку ноќ, па изутрина го прецадувам и замрзнувам во коцки мраз. Пред миење, во комбинација со алое вера гел ( оној на Еси) нанесувам две коцки од лененото семе. По овој третман косата ми е мека, и поисправена. Маска со желатин. Во еден филџан се истура ќесичка желатин, и се полни со вода до пола. Откако ќе отстои половина час, се додава мед, жолчка, цимет и масло по ваш избор. Третман со кокосово масло. Кокосов путер нанесувам на бвлажна коса и преспивам со него. Наутро ја измивам. Не мора да спиете со него, но убаво е да отстои што повеќе време. Многу често косата ја измивам со јаболкова киселина растворена со вода, или исцеден лимон, по миењето на косата
Здраво драга мислиш на маската за коса од просо? Ајде да ја објавам и овде маската од просо. Земете шоља просо и варете го со три шољи вода околу 20 мин, на тивок оган (ако е потребно при варењето додадете уште малку вода оти просото буквално ја “пие“). Кога ќе се свари (она убаво меко) земете дел од просото (во зависност од должината на вашата коса) и ставете го во блендер сѐ додека да добиете убава кремаста каша. На таа смеса додадете една лажица масло по ваш избор и нанесете го на косата (благо навлажнета). Доколку имате масна коса ставете ја само смесата од просо. Држете најмалку саат време и убаво измијте со шампон. Просото го стимулира производството на кератинот кај косата и го подобрува целокпуниот изглед и здравје на самата коса. Од огромна помош е во зацврснувањето, а со самото тоа на некој начин го намалува или спречува опаѓањето на косата. Освен ова, просото видно го подобрува и нејзиниот квалитет. Косата станува повитална и има поубав сјај. Остатокот од просото конзумирајте го со додаток на зеленчук (за ручек) или јаткасти плодови и суво овошје како ужина. На тој начин уште повеќе ќе ја зајакнете косата (она што го внесуваме во нашиот организам се гледа и на здравјето на косата секако). Препорачливо е да се конзумира најмалку два пати неделно. Поздрав.
REGENERATIVNA MASKA 1-2 lazicki kokosovo maslo 1 lazicka med 5 kapki etericno maslo od name HIDRATANTNA MASKA 2 lazici med 1 fildzance jogurt(vo zavisnost od dolzinata mozi I poveke) 1 lazica kokosovo maslo
Да ви предложам една супер маска за сите оние што имаат сува коса 1 авокадо 1 банана 3 л. маслиново масло сето тоа се блендира и се нанесува на косата од коренот но најмногу на врвовите се остава да стои 30 мин до саат и се мие со нормален шампон. На косата и се враќа сјајот, се измазнува и е мека. Јас често ја практикувам и за лице.
@Ginger^ веќе има споделено рецепт за маска со желатин, ама еве уште еден: (ме мрзи да преведувам, ќе разберете) Ingredients: + 1 tablespoon gelatin + ½ cup milk + 1 egg + 2 teaspoons apple cider vinegar, + 2 tablespoons regular conditioner (for dry hair only), + 2 tablespoons olive oil. How to do it? 1. First heat the milk and add the gelatin. 2. Mix the two together and then add the remaining ingredients. 3. Wash your hair and apply the mixture on wet hair. 4. Put a shower cap on and leave for 30-40 minutes. 5. Rinse and wash your hair with regular shampoo. 6. If you want to have faster results use the mask twice a week. Желатинот има многу колаген, па тоа би било супер за коса. Пробајте и споделете. Не сум пробала, ама по нетов се фалат дека маскава е добра.
1 жолчка, 1 супена лажица мед и 4 супени лажици кокосово масло. Вчера си ја направив, косата денес ми е преубава. Мека и сјајна. Нанесов на малку навлажнета коса од врат надолу, ама нареден пат и на цела коса. Може да ја зголемам количината со 2 жолчки и 2 лажици мед оти имам долга коса.
1 банана, 1 јајце, мед, маслиново масло, кокосово масло заедно добро измешани. Косата потоа е мека и сјајна.
3 супени лажици ризинусово масло и едно јајце. Сето тоа се меша и се затоплува на шпорет. Се мачка коренот ако остане се продолжува по должина. Стои еден час и се мие со благ шампон. Маската е побрз раст и зацврстување на влакното
Насекаде гледам за јајцето како маска за коса. Како? Јас еднаш ја направив со јајце, потоа едвај се измив цела беше тврда не се плакнеше на крај кога ја исушив ми беше како истапирана цела, не мрдаше не се чешлаше како перика ми беше хахахах
требе да ја испалкнеш повеќе пати и со млака вода не многу жешка ни многу ладна и потоа откако ќе ја испакнеш и ставаш регенератор за да не биде сува косата ти како постапи