Исто и јас. Додека ја миев влажна ја чешлав. Не излегуваа парченцата банана. Мајка ми се чудеше вика кај се видело банана на коса, па нели знаеш оти се лепи. И така ја издрпав целата миејќи 300 маки си извидов. Од тогаш јок такви работи на коса
кокосово масло видов во Тедико и Веро, од истата фирма имаше и масло од лаванда, беше ептен евтино најмногу 50 денари.
маски наоѓам еден куп секојдневно и сите се различни.. де жолчка со мед .. де со маслиново масло де незнам што и веќе стварно незнам која да ја направам? ајде предложете ми вие која е најдобра за побрзо обновување на оштетената коса?
Еве една за оштетена коса: измешај еднакви количини мед и маслиново масло (во зависност од должината на косата). Нанеси ја смесата и замотај ја косата со ќеса. Држи ја 30 минути и потоа измиј ја. Ова се препорачува еднаш неделно. Мојата коса е сува и оштетена и помага.
Мене ми кажаа дека многу била ефикасна маската од соино млеко,да се раствори во вода и да се намачка косата,па така да поседи 30 минути. Дали знаете каде можам да надјам соино млеко,т.е. млеко од соја?
1-2 жолчки од јајце - неколку лажички масло од рицинус( го има во сите аптеки) - 1/3 од шишенцето АД капки ( маслен раствор/ уље) - Б витамин во ампули - 2-3 лажици пантенол *за раст на коса.
За тие што користеле маска со лук, ме интересира откако ќе ја измијат косата, дали лукот се осеќа или се губи миризбата?
Се губи миризбата, јас имам искуство со маските и домашните препарати со лук. Само што, јас мачкав на пример навечер, преспивав и после миев коса. По миењето се чувствува мирисот на шампонот, па и спрејот кој го користев.
Јас само што си ставив маска на косата. Се мати едно цело јајце со 2-3 лажици јогурт и покриена со ќесе стои 30тина минути. Косата ми е помека и посјајна.
Јас обично овие две ги практикувам: маслиново масло со мед. Мешам еднакви количини, нанесувам на косата и држам 35-45 мин. маслиново масло и жолчка. Исто се нанесува, ја мотам косата во фолија, држам некое време и убаво мијам со шампон од кокос.
Ке може ли некој да ми каже дали кога се мешаат маслиновото масло и јајцето, дали треба цело јајце или само жолчката, зашто негде прочитав мислам и цело јајце и колку мед да се стави во смесата
цело јајце треба, малку маслиново масло, 1-2 лажици мед-убаво ке ги измешаш и ке ја нанесеш на косата, од коренот па надоле.се остава најмалку 30 минути до 1 час, резултатот е фантастичен, косата е бујна и сјанјна, мека на допир. исто така имам прочитани и маска за коса со аспирин, во шампонот кој го користите ставате 1-2 издробени апчиња аспирин и ги промешувате-ова е за ревитализација и доста голем сјај на косата. исто така на братми му имаме направено за спречување на падот на косата шампон од коприва и во неа издробени 3 главици лук, 2 главици кромид изрендан-се остава на дневна светлина 14 дена со константно промешување со дрвена лажица, потоа се процедува и користи. кај братми имаше ефект косата е појака, нема опаѓање, сјајна е и убава на допир.Eднаш и јас го употребив шампонот чисто онака да видам што ефект ке има кај мене, можам да кажам дека косата ми беше сјајна како свила, дури бојата како да ми беше сменета и доста мека-само од 1 миење на косата. така да ако некој има проблеми нека проба ова што го имам пишано, се е испробано и има резултат.
Луѓе прочитав за убава коса треба да ставам филџан јогурт филџан сок од портокал да покриам со кеса и крпа нели на глава да постои 30 мин и после да исплакнам е сега прашањето ми е ДАЛИ ДА СЕ ИСПЛАКНАМ СО ШАМПОН? ИЛИ НЕШО ПРЕД ТОА КАКО ДА БИДЕ РАБОТАВА? ИНАКУ СЕ ПЛАКНАМ СО ШАМПОН ДВА ПАТИ КО НОРМАЛНО А СЕГА ПРЕД МАСКАВА ИЛИ ПОСЛЕ? АКО ПОСЛЕ НОРМАЛНО СО ШАМПОН ДА СЕ ИСПЛАКНАМ ИЛИ НЕ? И ДАЛИ Е ДОБРА МАСКАВАЗА 15 ГОДИШНА?
Регенератори не користам,ниту маски.Се што правам е следново во шампонот ставам апчиња витамин д и б12.Косата ми е многу поздрава и не сум видела до сеа толку брзо да раснее и тоа ме радуваа
1 разматено јајце и неколку лажици маслиново масло, нанесувам на цела коса, потоа ја мотам во ќесе и држам околу 30 минути. Косата е прекрасна потоа, мека и сјајна.