Моментално на коса имам самоделска маска за коса - ставив што ми беше при рака: јајце, банана, праска, мајонез и маслиново масло, ја имам ставано и порано, ќе испадне нешто добро од неа сигурно покриена ми е со најлонска кеса и малку ја затоплив со фенот преку кесата
Најефикасна маска за коса против првут и опаѓање Маската од кромид го снабдува коренот на косата со минерали и витамини. Покрај тоа ја хидрира кожата на главата, спречува опаѓање на косата и ја обновува структурата на влакното. Оваа маска ќе ви помогне да се ослободите од првутот и седата коса, а ќе ви го подобри и волуменот и сјајот на косата. Заборавете на козметичките препарати за кои не сте ни сигурни дали вашата коса ќе ги прифати, туку направете сами домашна маска која одговара на сите типови. Состојки: 2 супени лажици свежо исцеден сок од кромид 1 супена лажица мед 1 супена лажица мајонез 1 супена лажица маслиново масло. Доколку сакате, наместо мајонез може да додадете рицинусово масло од кое побрзо расте косата и едно јајце, ако имате масна коса. Подготовка: Сите состојки мешајте ги додека не добиете компактна смеса која ќе ја втриете во кожата на главата. Ставете капа за туширање или обична кеса, а потоа замотајте околу неа и пешкир. Ефикасната маска држете ја околу 1 час, а потоа исплакнете ја со топла вода. Препорачливо е маската да ја ставате двапати неделно, на немиена коса, за да добиете позитивни резултати. Доколку се плашите дека ќе ви остане мирисот на кромидот во косата, не се грижете, бидејќи по вообичаеното миење на косата со шампон и балзам, мирисот ќе исчезне.
Маска за побрзо растење на косата Маска од портокал – Измешајте шолја сок од портокал со шолја јогурт. Смесата нанесете ја на косата, завиткајте ја главата со ќесе и со крпа. Оставете да дејствува 30-40 минути, а потоа измијте ја косата. *ја користел некој во скоро време? ефективна е?
Потребни состојки: четвртина чаша мед и четвртина чаша маслиново масло подготовка смесите се сооединуваат и тоа да отстои на косата еден час пред да се миете коса. Јас пробав стварно има резултати и на долниот дел косата ја прави помазна а не рапаво. Пробајте и пишете 100‰ има резултати.
Убава тема. Еве една од мене маска за коса. Т.е. не знам баш дали е маска или врело масло . Ставаш маслиново масло во некој стаклен сад над врела вода што врие и во неа стави гранче рузмарин. Количината на масло зависи од должината на костата. После 5-10 мин. Нанесете го тоа на косата и оставете да отстои барем еден час, иако понекогаш јас и преспивам со ваква маска. Косата следното утро по миењето е мека како свила.
Пред 1 недела и ставив 1 јајце, а денес пред да ја измијам и ставив маслиново масло да отстои и сега ми е многу мека.
Си правам маски со кокосово масло во последно време и косата никогаш не ми изгледала поубава Го ставам маслото да се загрее за да стане течно, го нанесувам рамномерно низ косата, го оставам саат-два и после си се галам со косата цел ден
Темава е од дамна и можеби веќе си нашла кокосово масло или пак некој ти одговорил ама во случај сеуште да бараш се наоѓа во поголемите супермеркати во одделот за здрава храна или пак во природните продавници како биокосмос и биокулт. Цената на една тегличка од околу 310 гр ако не се лажам беше околу 400 денари. Внимавај при изборот да земеш чисто кокосово масло нерафинирано затоа што со рафинирањето се губат голем дел од хранливите состојки. За мене лично ова масло е бр. 1 и го употребувам за милион работи како во кујната така и за убавина на кожата и косата. Поздрав
Здраво и јас го имам пробано ова со коприви навистина дава прекрасен сјај и ја прави косата мека само што приметив дека почна да ми ја затемнува бојата на косата и затоа го заменив со јаболков оцет. Во една шоља вода ставам една супена лажица јаболков оцет (ако најдете органски уште подобро) и од 3 до 5 капки есенцијално масло од лаванда. Со прелива на косата после шампонирање и не се одмива. (за да бидам сигурна дека косата ќе добие максимум од средството обично не го нанесувам од шољата туку го ставам во чисто спреј шише убаво го протресувам шишето за да се помешаат добро сите состојки и го испрскувам на целата коса особено на врвовите. На тој начин не ми се истура течноста за џабе туку оди директно во косата) Со сушењето на косата исчезнува мирисот на оцетот а останува оној на лавандата.
Планирам и оваа маска да ја пробам. Најдобра домашна маска за коса: Ја зајакнува, обновува и го спречува опаѓањето За да би го спречиле губитокот на косата, да ја зајакнете нејзината структура и да го поттикнете растот, потребно е да ја направите оваа исклучително хранлива маска за коса, и да ја користите еднаш до два пати неделно. Состојки: – 1 ампула од витамин Б6 (Bedoxin) (се продава во аптеките) – 1 ампула од витамин Б12 (OHB12) (се продава во аптеките) – 1 г. витамин Ц во прав (се продава во аптеките) – 1 лажица на рицинусово (или чичково) масло – 1 лажица мед – 2 лажици балзам за коса Подготовка и начин на употреба: Помешајте ги сите производи додека не добиете еднолична смеса. Нанесете ја на немиена коса, најпрво на коренот, а потоа распоредете ја и по целата должина. Ставете на главата најлонска кеса и обвиткајте ја со пешкир или капа за да го постигнете „сауна“ ефектот. Маската држете ја на косата еден час. Косата измијте ја на вообичаениот начин. Маската лесно се плакне, а ефектот кој и го дава на косата е веднаш забележлив. Совет: Наместо ампула, можете да користите и квасец, кој е еден од најбогатите извори на Б-комплекс.
Jas najcesto koristam kokosovo maslo momentalno,go stavam na kosata od vecer i taka prespivam... Cesto pravam i maska od jajce i kantarionovo maslo izmesani mn pomaga i za ostetena kosa i protiv opaganje ja ostavam nekolku casa da deluva...
-Маслото од руэмарин е 100 % природно.редовна употреба на маслото помага во ослободување од првут на косата и помага эа побрэ раст на косата. Цена 200 ден
СЕКОГАШ УСПЕВА, А РЕЗУЛТАТОТ Е ТРАЕН: ОВАА МАСКА ОШТЕТЕНАТА КОСА ЈА ПРЕТВОРА ВО СИЛНА ГРИВА Оваа маска го стимулира растот на косата, што и не треба да нè чуди со оглед на фактот дека нејзина главна состојка е квасецот. Дали имате оштетена коса од бојадисување, пеглање и фенирање? Овојпат ви пренесуваме рецепт за маска којашто ќе ви помогне да ја обновите и зајакнете. Оваа маска е погодна за сите типови на коса, а помага и за да се намали нејзиното опаѓање. Всушност, оваа маска го стимулира растот на косата, и тоа токму поради фактот дека клучната состојка овојпат е квасецот. Се применува 2 пати неделно, а за опоравување на оштетената коса и за постигнување на максимални резултати, треба да се употребува најмалку два месеци. Резултатот од примената на ваквата маска е траен, а може да ја зајакне и тенката и кршлива коса. Состојки: 1 лажица топло млеко, 1 мала лажичка мед, 7 грама сув или 20 грама свеж квасец. Подготовка: Во топлото млеко растворете го медот, па потоа додадете го квасецот. Оставете ја оваа мешавина да стои на топло место, додека да ферментира, или отприлика 15 до 20 минути. Добиената смеса нанесете ја на чиста, влажна коса. А потоа, обвиткајте ја коата со најлонска кеса, па со пешкир. Оставете ја маската да делува еден час (а ако можете оставете да делува и подолго, на пример до два часа – колку подолго, толку подобро), а потоа исперете ја косата на вообичаениот начин. Оваа маска е исклучително делотворна бидејќи квасните габи го зголемуваат количеството од витамини, протеини и минерали коишто се неопходни за растот на вашата коса. Хранливите материи се впиваат во фоликулите на косата и на тој начин ја зајакнуваат оштетената коса.
Дали знае некој било какво средство за расчешлување на коса?Пошто имам голема виткана коса и секој пат маки си имам додека да се исчешлам пола коса на чешалот ми останува
Млекото на балеа со манго и кокос е одлично за расчешлување, ако не се лажам беше околу 120 мкд а како маска после миење (која се одмива пробај ја онаа на Гленова со кокос. Ја има во Веро 98 денари за пола кило маска. Штом ја нанесеш веднаш ја омекнува косата и ја прави полесно да се расчешлува. Поздрав
@Biodevojka Маскава за коса јас ја користев во траење од два месеца,сега правам пауза, и е вистински благодет за косата. Ниту една друга маска не ми ја направила косата така убава, сјајна и значително ми го подобри квалитетот на влакното.