Црвенокоси Како се справувате со вашата коса, па дури и шминка, облека. Специфичната боја на коса не ни дозволува голем избор. Дали има некои и на фемина?
Само 2 % од светската популација имаат природно црвена коса. Па ако се најдат неколку феминки, браво за вас
Јас познавам само една природна црвенокоса, една моја другарка од средно. Ама баш баш црвенокоса, дури накај морков боја мава И точно дека црвенокосите се ограничени во однос на боите на облеката. Црвенокоса во црвено некако ич не ми оди, ама затоа зелено преубаво стои. Другарка ми за матура носеше зелено фустанче и преубаво и прилегаше! Најубавата црвенокоса:
Кога сум била помала сум ја имала оваа морков-боја на коса. Потоа со тек на време ми се изменила и сега ми е светло кафеава. Важно сум ја имала таа привилегија неколку години да бидам една од ретките хахах
Не знаев дека и портокаловиве се сметаат во црвенокоси. Има некои како очајната домаќинка што маваат стварно накај црвено, ама има портокалови што маваат повеќе накај жолто и светлокафено отколку на црвено и нема врска. 2% се само да, а ако ги сметаме сите портокалови ко моркови за црвенокоси ќе бидат 20%. Што да кажат Ирците тогаш, имав прилика на натпреварот да ги видам околу мене беа скоро сите беа портокалови со пеги како Рон од Хари Потер. Сакам да кажам, не се портокаловите црвенокоси барем не за мене.
Знам едно девојче, онака познаничка, она е баш црвенокоса и тоа некоја преубава нијанса. Мнооооогу е слатка, ептен убаво девојче. Мене лично ми се ептен специфични и убави, само искрено не сите. Некои ми делуваат онака како измиени во фаца не знам да објаснам.
Видов денес едно дете, ама баш беше црвено, машко, коса имаше пигмент како на очајната домаќинка баш и веѓите такви му беа! Е тоа е црвенокосо, а не морков-бојата.
И морков бојата спаѓа под црвенокоси. И обавезно таквите природно црвенокоси луѓе имаат пегички на лицето. Имав војничка другарка со црвен пигмент и била косата само она ја фарба плава. И многу симпатично и стојат пегите Мене ме потсеќаат на вечно дете
Темата не е дупла,а друго...Плавуша,со дужна почит,ама јас го чувствувам истиот анимозитет кон плавушите,особено вештачките! Ексузе муа,ако увредам некој,ама тоа е сеа.А овие баш ми се симпатични и научно докажано е дека се поватрени во кревет од било кои други жени заради присуство на икс нешто,не обрнав внимание. Така да,гоу редхедс!Всушност,портокаловите се природни црвенокоси,ретко се среќава природна црвенокоса ама потемна. Сепак,не би одбрала риѓокос дечко,женските ми се далеку поатрактивни и убави,исто ко што не би избрала бланширан дечко на пример.
Значи тие се природни за кои јас зборувам, а ти збориш за фарбање. За фарбање, многу девојки се фарбаат. Никој не рече нешо против тие шо се фарбаат портокалови или црвени. Само викам дека не може морков боја коса мене да ми асоцира на црвена зошто не е иако спаѓа, кога имам видено типична природна црвена коса секако не баш црвена како со фарба што искача туку како на очајната домаќинка. Кои се тие вештачки плавуши? Има природни и фарбани, ако си фарбана не значи дека си вештачка со ова не ги навредуваш само плавушите, туку сите кои се имаат фарбано друга боја од природната. Ако се фарба црнка во бринета, таа е вештачка а природната бринета како што сум јас пр. е за фалење, природна е? Секако не, само ја променила бојата на косата како многу други. Да мислеа сите ко тебе, фарбите немаше да имаат толкава побарувачка
Познавам две девојчиња црвенокоси. Едната е онака слатка, со густа портокалова коса и нема многу пеѓи. Другата пак е со огромна виткана коса и многу пеѓи. Впечатливи се како и да е
Една другарка имаше преубава портокалова коса ама она будала се исфарба црна........ Патем и јас не би одбрала фарбан дечко се знае машко како треба да изгледа без разлика дали е фарбан со портоклавa боја или има природна порткалова коса едноставно не се атрактивни фарбаните машки барем не според мене се согласувам со лилит . Ех кога би имала прородно портокалова или црвена коса не би се фарбала никогаш.
И јас зборував за природните црвенокоси де,не знам каде не ме разбра,а успат спомнав за плавушите кои имаат целосно умртвена коса од бланш.Ниту знам каква ти е тебе косата (иако си плавуша,можда си природна од каде да знам),ниту било која друга на форумов,ко што тебе не ти се допаѓаат тн моркови,така мене гореспоменатитие,о,да вештачки плавуши кои го носат *гордо* брендот Барби со себе.Бела плавуша постои,само ако има генетска мутација и е албино,инаку не постои,да изведеме форумула > делува вештачки.А што се тиче црнките,костенливите,медовите кои да се,сите тие нијанси постојат нависитина природно и многу брендови прават посебни линии на тн природни нијасни во кои начесто...нема плави нијанси,евентуално бејби блонд кое е прифатливо и убаво,ама не е жуто,не е бело,не изгледа евтино и изгорено. Не вади од контекст. Да редхедс ака моркови,се секси и ватрени,фулстоп. И не знам шо се вреѓаш,препрочитај се погоре како ги испоруга.
Не ги испоругав, туку кажувам дека мене лично не ми асоцираат морков-боја луѓето на црвенокоси зошто се портокалови, а портокаловата е блиску до црвената ама не и црвена.Е сеа, и медова боја бринетите, и костен боја бринетите сите се бринети да, може и затоа по некоја логика што не ја прифаќам портокаловиве и црвениве се сите црвенокоси, ама како што пишаа погоре тие се смета дека се само 2% од светската популација, а јас искрено имам сретнато многупати портокалови и си викам: Брее, ако се сметаат сите овие за црвенокоси, ќе се накачи драстично процентов.
Плавуша ако ти не ги сметаш портокаловите за црвенокоси, тогаш овие научнициве глупости пишуваат ондак. А ако портокаловите, немаат црвенкаст пигмент и не се црвенокоси како што викаш тогаш во која група да ги ставиме? Бринети? Блондинки? Црнокоси? или Црвенокоси? Се знае кој е одговорот. A eве читајте си википедија за црвенокоси природни http://en.wikipedia.org/wiki/Red_hair И да ептен ми се слатки тие девојчици. Посебни се некако. Поразлични. Детинесто ми изгледаат со тие пегичките. А пак жени грациозни црвенокоси со поблед тен... дами бре лепоти! Јас знам црвенокоса т.е портокаловка која за жал црно се фарба. Ама добро ќе дојде времето кога ќе свати дека е една од 2-3% од популацијата и се надевам ќе си ја врати природната боја, а и тие жени треба да се гордеат со тој дар
Реков во постовите дека јас не ги сметам, не реков дека не се сметаат општо секако дека се сметаат зошто сигурно нема да им направат нова категорија Оринџис или Портокалови.
Обожавам црвенокоси и тие со посветла коса која им оди на кај портокалова и со потемна. Особено ми се слатки оние со црвено-портокалова коса кои имаат пеги. И прекрасни ми се оние со блед тен,зелени очи и темно црвена коса, некако ми делуваат грациозно,елегантно,прекрасно. Јас не познавам некои црвенокоси,но оние што ги имам видено ми изгледаат некако различно,посебно,ми зрачат со некоја чудна(во позитивна смисла) енергија. Инаку не ми се верува само 2% се црвенокоси природно? Интересно, не сум знаела
Мене природните gingers со пеги ми се троа грдички. Ми нема ништо слатко во тоа пегавото. Пеги не сакам. Црвената боја за коса си ја љубам. Во која и да е нијанса. Си носам гордо една, минус пегите, I have the best of the Redhead deal . http://www.noob.us/humor/south-park-ginger-kids/