Природно чистење на црниот дроб

Discussion in 'Алтернативна медицина' started by okcenzi, Aug 8, 2014.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    3,522
    Likes Received:
    9,563
    Феминки ме интересира дали знаете некој начин за природно прочистување на црниот дроб?

    Пред некој ден бев на преглед и ми кажаа дека треба да го исчистам, но ми понудија лекови (приватниов самобендисан доктор), за навистина астрономска цена. Знам дека црниот дроб може да се чисти по природен пат и за тоа барам помош. Иако ми кажаа дека може и по природен пат, сепак рекоа дека подобро било со лекарства ( аха да), дека природното лечење траело подолго време.
    Мене не ми е нешто загрижувачка состојба, па не гледам причина зошто да не е природно.

    Предлози некои како чаеви, рецепт, храна ....?
     
  2. luci22

    luci22 Популарен член

    Joined:
    Jun 7, 2014
    Messages:
    742
    Likes Received:
    1,503
    Gender:
    Female
    okcenzi likes this.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,343
    Во литар вода се става сок од 1 исцеден лимон и таа вода се пие во тек на ден-по природно здравје
     
    mal.ecka and okcenzi like this.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Joined:
    Nov 29, 2013
    Messages:
    5,035
    Likes Received:
    36,201
    Gender:
    Female
    Чистење на црниот дроб со помош на суво грозје

    Црниот дроб во човечкиот организам има улога на „фабрика за крв“, а воедно помага и да се зајакне и стимулира работата на дигестивниот систем. Но, неговата најважна функција е прочистување и елиминација на сите токсини и нечистотии од крвта.
    Бидете внимателни кога ќе го купувате сувото грозје. Не купувајте светло жолто суво грозје.
    Органското суво грозје, без хемиски додатоци и со добар квалитет е без сјај, не премногу меко, збрчкано и е темно кафено.
    Начин на подготовка:
    Во чаша со топла вода додајте пола чаша суво грозје и оставете го 15 минути. После тоа добро исплакнете го. Добро исплакнатото грозје ставете го во чаша која ќе ја наполните со превриена вода на собна температура до врвот. И оставете ја така до следното утро. Кога ќе се разбудите испијте ја на празен желудник и изедете го грозјето. После тоа, на саат или два легнете во кревет и на десната страна од стомакот ставете топла облога.

    Оваа постапка е најкорисна ако се повторува 4 пати во месецот, два пати годишно.
     
    okcenzi likes this.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    3,522
    Likes Received:
    9,563
    Лажичка здравје секој ден: За чистење на црниот дроб


    Комбинацијата од маслиново масло и лимонов сок, му помага на организмот да се ослободи од токисните.
    Првите резултати ќе се појават за еден месец, но важно е да ја зaпочнете својата утринска пракса и да издржите.

    Секој ден помешајте лажичка маслиново масло и лимонов сок и испијте го овој мини коктел, пред да јадете или пиете било што друго. Потоа уживајте во вообичаениот појадок.

    Машавината од маслиново масло и лимонов сок помага за работа на системот за варење и било какви дигестивни проблеми.

    Резултатите се подобро здравје и повеќе енергија.