А бе се зафркавам, дека му велиш него браво. Не сфаќај сериозно, навистина се зафркавав. Да му кажам пример за пристап демек. НЕ се лути, искрено
Јас лично никад не сум одбила тип у стил: Губи се бе сељак... Не ми личи да се спуштам на тоа ниво. Ако културно се постави, културно ќе вратам, па макар и да одбијам. Ама машки што се влезени во филм "Маче, шо сакаш да те частам", сосема заслужиле да бидат не само одбиени, него и дигнати на клоци А највеќе ме нервирало да ми го прати другарот. Он се забутал у некое темно ќоше, едвај силуетата му ја гледаш, а другар му вика топ дечко е. Е да бе, на гравчиња ќе гледам каков е. Не викам дека лепота е небитна, али не е ни пресудна. И најружниот да ми дојде и културно да побара да се запознаеме, па нема круната да ми падне ако му го кажам името. Може уште во први три реченици повеќе ќе ме воодушеви него најубавиот во градов. Така се имам запознаено со којзнае колку, физички гледано некои подобри некои полоши, ама во моите 7-8 години dating може број сум дала на помалку од 10 (сега додуша фејсбук бараат наместо броеви ) Што ми беше поентата? Шанса да се покаже вербално се дава на секој, не знаеш кој може да те изненади. Ама нека не се чудат ако не им паднам на гз пошо се понудил дома да ме донесе во мерцедесот, да ми ја плати пијачката или ме пофалил колку ми е долги нозете или колку ми е длабоко деколтето (а најчесто од ова се состои муабетот во првите 5 минути). Менѓушите или штиклите пофали ми ги, па може да праиме муабет
Znaci jas vo gradov sto gledam top devojki so ruzni tipovi,ne bilo toa sto tipot ima jaka kola,pari,nego bil dobar,pameten,karakteren,znae kako da se odnesuva,sarmanten.vo kakva zabluda sum bil.c c c.sram da mi e.
Извини што дечко ми имаше стара кола кога се запознавме, а си купи нова пред една година. Ја изглеа првата година бев со него од љубов, оваа година ради колата. (најтрагично е што не ни знам што марки се колите)
100 % се сложувам со Boyfromtown.Ако немаш изглед имај каков сакаш пристап и карактер,кај убава девојка за џабе е.Никоја убава девојка што може да бира не прифаќа ружен дечко,освен ако има пари.Тој што е ружен треба да си бара приближно негова категорија.И каков сака нека има пристап и карактер за џабе е се.Сите го кажуваат тоа дека е битен карактерот а не изгледот,ама кога ќе треба да го докажат тоа тогаш ќе го видиш нивното право лице.Сите се заљубуваат на изглед.Гледаат да има добро тело и симпатично лице.Обично не се сакаат добрите.Ги сакаат само тие што се лоши и што не трчаат по нив,а после цело време се жалат дека се лоши машките.А тоа што се однесува до пристапот треба да се процени психата на девојчето и да се прилагодиш според него.Некои се помирни а некои се со жив карактер.
не е точно дека се заљубуваш во изглед,туку изгледот е прво нешто што може да те привлече ако некого не го познаваш,но откако ќе го запознаеш ако не ти оговара во карактер,ако нема хемија меѓу вас и Бред Пит да е на изглед,џабе е!
важно ми е тој некој си да е убав и привлечен да секако, ама во слушај да се запознаеме (во кафич, дискотека) не е важно а да незнае 2 реченици да каже, или пак да нема харизма.... пиши од тога пропало па дури и да има незнам колку пари, прескап автомобил, џип или незнам што
Ама ако не ти се допадне физички,ако гледаш во него нешто одбивно физички за џабе му е се друго.И каков пристап сака нека има се му е за џабе.Никоја девојка што има телце и убаво лице не прифаќа ружен или дебел дечко.Тој има шанси кај некоја девојка што е физички приближно на негово ниво или ако е поружна од него.Сите викаат дека не е важен изгледот дека се гледа карактерот ама кога ќе треба да го докажат тоа тогаш ќе го видиш нивното право лице.После цело време се жалат дека им се лоши дечковците и пак ги сакаат и неможат без нив.Добрината и романтиката не привлекува.Не се сакаат добрите.Привлекуваат изгледот,да им бидеш забавен и интересен,стилот на облеката и парите.Ама најпрво пред се е изгледот.Сега на ова секој може да си каже што сака,ама ете тоа го докажуваат женските на дело
Сакам да има шарм дечкото, онака што би рекле 'прописен шмек'. Изгледот не ми е толку важен,освен ако не зборуваме за екстремни случаи нормално. Треба да има став на МАЖ, да биде културен и среден на него и да знае муабет да ти направи,а не да се фали колку пички може во една вечер да има или каква кола САКА да има или мотор w/e. Еј,да. И облеката ми е клучен фактор дефинитивно. Да видам некој со рамбовка и најпаметен да е и најубав нема да ми остави позитивен впечаток воопшто.
Да биде среден, на место, добро облечен пред се културен и со добар речник. Нема потреба од кој знае каков надворешен изглед, туку како целина да наликува на нешто. Да започне фино, со став, да покаже дека стои цврсто на земја, ама не да ми се однесува како да го држи светот во раце. И на крај, да каже нешто по кое ќе го запаметам.
Точно е тоа дека треба и убавина и карактер но ретко кој ги има и двете Спојлер Иначе ми треба помош за една другарка на која и се случи нешто и ми побара помош што да прави.. но ни јас не знам па решив тука бидејки всушност е пристап од момче. Додека биле на училиште на одмор и биле излезени во ходникот момчето ја гушкало и она него и така на момчето му се кренал и та не знаела што да прави и глуми како ништо да не се случило но вели неможи повеќе така и дека ќе му кажи него за то дека осетила. Јас не знам како да ја убедам да не му кажува или веќе ако му кажи да не биди насилно... ќе ја убијам џизс крајст Помагајте
Витомир....што да ти кажам брат, нема правила... Некои сакаат кутурен пристап (како што ти велиш), некои сакаат да бидат насмеани, некои сакаат „галантност“. Се зависи од тоа кој им е „системот на вреднсти“. Најточно е да кажеш „јас сакам девојки кои сакаат културен пристап, харизма,шарм и самоувереност“. Не може сега да ги учиш што сакаат.
некои сакаат харизна, некои убавина, некои тело, некои насмевка, некои културен...ама сите сакаат пари
Болдираново, колку само не! Прво јас нема да зависам од неговите пари туку ќе си имам свои. И второ, не ми е важно колку има во моментот туку ако има дали е способен да ги задржи и умножи и ако нема дали е амбициозен и дали е способен да направи самиот. Оти џабе се парите од тато ако утре ќе ги покоцка сите.