1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пристапот на машките

Дискусија во 'Врски' започната од Superiska, 28 март 2010.

  1. borikanto

    borikanto Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Тој што е многу привлечен за женски не ја цени вистинската љубов затоа што му ја нудат многу девојки.Ја цени само тој што никогаш ја немал и чезнее по нејзе.На тој што е многу привлечен ако не му одиш малку по ќеф,одма те менува.Тој никогаш не се заљубува вистински во една девојка.Си има во секој момент многу лепотици и баш му е гајле.Тоа што го сакаат женските неможат да го најдат кај никого.Ги одбираат тие што се привлечни и лоши.Не се сакаат добрите
     
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Јас мислам дека изгледот не е пресуден,барем мене не ми е. Кога ќе ми пристапи некое машко битно ми е да е искрен,да знае да каже муабет повеќе од тоа да се фали колку коли имал и колку женски свртил, да има цврст карактер,да знае да се однесува и да направи да почувствувам дека ме почитува,а не дека сака да ме легни уште првата вечер. А,парите? Воопшто не ми е битно дали е татин син со пет коли и стан во секој град низ Македонија, па и по некој апартман низ странските метрополи, па нема да сум со неговите пари,туку со него. Мојот дечко кога ја почнав врската со него беа во криза и немаше баш нај нај пари,па не ми фалело ништо.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. borikanto

    borikanto Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Кога женските ќе треба да го докажат на дело тоа што го зборуваат,тогаш ќе го видиш нивното право лице.Нити една од убавите девојки не го докажала на дело тоа што го зборува дека изгледот не и е важен.Некои незнаат ни самите што сакаат,а некои се преправаат за да испаднат паметни и добри
     
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Јас реков дека не ми е пресуден изгледот,а не дека не ми е важен воопшто, но што ако е најубав на свет,ако има супер тело,совршени пропорции на лицето,а ни грам мозок,да не знае да сврзи две реченици и да не се однесува со мене како кон личност,туку како кон животно,бидејќи на форумов и општо заприметив како многу девојки од своите дечковци трпат секакво омаловажување. Кажи што е со таквите случаи?
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. borikanto

    borikanto Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Епа ако го гледале карактерот и изгледот не им бил важен,тогаш немало да дојде до тоа да се жалат.а кога ќе ги прашаш што гледаат,сите лажно ќе ти одговорат дека карактерот го гледаат
     
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Aма бе не можете да кажете ништо околу изгледот зашто тоа е индивидуална работа луѓе,мене може ми се свиѓаат високи момци со поцрн тен и пр плави очи и нз какви не раце... Арно ама на некоја пак ваков тип катастрофа ке и изгледа..

    Мислам најмалку може да дебатираме за изглед дал ни битен или не, и како тоа се гледа од страна на самите машки...
     
  7. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Па добро бе момци, што ако е убав?? Па да ќе го загледаш ама ако е неко глуп и сељак, веднаш ти се менува мислењето.
    Еве пример, излегуваш на кафе, здогледуваш некое убаво момче, ти припоѓа смрдиии корниии абе како од кочина излегнат. Првиот збор здивот му мисриса на кромид...Почнува да зборува и ти веќе сваќаш колку е тој „паметен“ па ќе почне да се прави „фраер“ и како горила ќе почне да вика по келнерот и тебе овде ќе ти пукне филмот и културно ќе си станеш.И милион вакви случаеви и немојте да кажете дека физичкиот изглед е важен , ви се молам...
     
  8. borikanto

    borikanto Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Чекај сега да разграничиме некои работи.Едно е тоа што зборуваш каква боја на коса и очи имал,колку е висок итн......А друга работа е квалитетот на изгледот.Да не ги мешаме тие две работи.Јас зборував за квалитетот на изгледот.А кога станува збор за квалитетот на изгледот,тука сите женски се исти.Само тие што не се убави прифаќаат некој што не е убав затоа што немаат можност за многу одбирање.Нити една од тие убавите не го докажала тоа на дело дека изгледот не и е важен.Не верувам на зборовите.До заклучок доаѓам од тоа што се случува на дело.
     
  9. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Идеален пристап, би бил средено машко, културно, да има манири, да знае да сврзе реченици, всушност да кажува паметни работи, а не да се фали колку фуфици поминал, па за делови за кола да зборува или колку му е рекорд во пиење!
    На првиот состанок пожелно е да чести, а ако не му се свиѓа девојката не мора да ја откачи во дел од секунда или да превртува очи дури е со неа, туку да се обиде барем пријателска врска да почне (тоа од чиста култура)!
    Е сега вие дрндајте колку што сакате, ама ИЗГЛЕДОТ е на прво место, потоа доаѓа карактерот! Нема жива сила која што може да ме разубеди во тоа!....
     
  10. borikanto

    borikanto Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Не веруваме на зборовите.Делата што се случуваат ја откриваат вистината.
     
  11. Caitlin

    Caitlin Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    26
    Битен е и изгледот НОРМАЛНО!Освем изгледот битен е и карактерот. :!:
     
  12. borikanto

    borikanto Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Точно така,ама ако го пресече изгледот,за џабе му е карактерот.А премногу ретко кој ги има и двете работи.Скоро и не постои таков
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.118
    Допаѓања:
    76.397
    Пол:
    Женски
    Машко може да ме освои со духовитост, позитивна енергија, искреност, скромност, интелигенција. Видов коментар џабе да го цитира Шекспир ако не е убав. Епа не е џабе, многу сакам и ценам паметни момци кои имаат познавања од повеќе области а не само спорт. Не дека не е битен физичкиот изглед, но не е најбитен.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.902
    Допаѓања:
    32.476
    Пол:
    Женски
    Не ми е многу битен физичкиот изглед. Сакам мажи што се културни, што знаат како да се однесуваат со девојка. Не сакам мажи што се фалбаџии. Сакам скромни мажи, позитивни, духовити, интелигентни. Џабе му е на некој маж ако е згоден, а не знае да сврзе реченица. Ако не ми остави впечаток при првата средба, ништо од бизнисот.
     
    На Херкул му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Кој е најдобриот пристап ( начин ) на машките кон женските според вас?
    Како треба едно машко да пријде на девојка која му се допаѓа и има само убави намери за нејзе?
    Сите спомнувате духовитост, шарм, изглед, енергија,харизма. Прашањето е кој е начинот ?
     
    Последна измена: 15 јули 2018