1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисок од страна на родителите за врска со богат партнер

Дискусија во 'Врски' започната од Look, 22 април 2012.

  1. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Што мислите за ова „учење‘‘ на децата од страна на родителите, да се биде само со БОГАТ партнер и никако поинаку?
    Еве лично јас се соочувам со тој проблем. Мајка ми е толку строго убедена дека треба да бидам со богата личност што мислам дека попрво светот би се свртел наопаку отколку таа да го смени својот став. Дознала како едно девојче кое е на моја возраст дека имала богат дечко и мене ме отру само со едно исто, па исто „Леле гледај .... како знае да си се намести каде што треба, браво за неа, е онака се зафаќа место, а не да се заломиш каде што не треба. Леле како си знаат луѓево, колку си се паметни. Еее од дома се така научени, си знаат тие, а не како некои ништо што не сфаќаат‘‘ (сето тоа ми го наговара мене). Со истото му ја полни главата на мојот помал брат, како никогаш да не фаќа сиромашна девојка, да отвори четири очи со која ќе биде понатака. Тој потполно ги прифаќа нејзините ставови и сега истото и нему му е всадено во глава. Исто и на татко ми му го вика - „Види ја онаа, е онака треба да ја учиме Лук, никогаш да не дозволиш да биде со сиромав дечко....‘‘.
    Мене ми вика дека во љубов не требало да верувам, дека љубовта била за глупите и наивните, а паметните знаеле како да го искористат животот. Кога се имало пари и да настанеле проблеми (дури и развод), со парите ќе сум била независна и среќна, а без пари ќе сум била никој и ништо.

    Што мислите вие за овие ставови на родителите? Еве немора да се однесува на мојот проблем, но темата ја отворив со цел да видам ваши ставови дали ги оправдувате овие поуки од родителите? Дали се правилни или не?

    Што се однесува до мене јас знам дека никој родител не му мисли лошо на своето дете, но овој притисок според мене е сосема погрешен.
     
    На Miss-HeLL му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Значи за темава имам доста зборено со мајка ми.
    И можам да ти кажам дека е доста погрешен ваквиот став. Дури имав и комшии чии годители се меѓу првите шо почнале да живеат у градот , имаат две ќерки од по 40 години и се сами, баш затоа што на нивните родители почно на мајка им не и се свиѓало нивните ќерки да бидат со некој кој не е староседелец, кој нема педигре шо се вика ..
    епа на 40 и нешто год си седат и двете неодадени со мајка им, зашо немало никој достоен за нивната ќерка.


    Најпогрешно нешто. Факт е дека се битни парите ,а ама врска или брак за пари никако.

    Зашто пази, пр ти, ке ја послушаш мајка ти, ке си земеш некој апла богаташ, шо би се десило, по 5год може и да го снема богатствотот да дојдете на нула ?? Шо треба д аправиш тогаш по логика на мајка ти ?? Да се разведувапш и нов богаташ да бараш ??


    ја имам еден совет за тебе, познавајќи ти ја ситуацијата од тука.
    Ако навистина има љубов у врската ваша, и општо кај секого кој наидува на ваква пречка. Ако се има љубов у таа врска, вреди да се бори за неа.

    Значи те советувам, бори се за љубовта твоја, макар тоа значело и заминување од дома, АЛИ ако и само ако сте доволно силни и уверени у таа љубов.

    Твоите и ничии родители неможат туку така да избришат свое чедо. Зашто утре кога ке имате дечиња нивни внуци веруј ми нема шанси да не го погледнат тоа мало суштество и да им се стопли срцето.
    :)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Секако дека секој родител си го сака најдоброто за своето дете, и сите родители се распрашуваат со каков партнер одиме, од која фамилија е, дали работи...Во вакви кризни времиња мислам дека дури им е најбитно на родителите, нашиот иден партнер/сопруг да има постојано работно место. Без малку, сепак, ако човекот е добар и се однесува добро спрема мене, значи човек од доверба, постојан, умерен, човек кој се грижи за мене, мислам дека моите родители нема ни малку да земат во предвид да ме предомислат да се гледам со тој човек, само затоа што нема пари. Напротив, би се осигурале тие да ми помогнат финансиски, ако се најдам во ситуација да се земеме, а да немаме пари, нормално во мера.
    Секој родител сака своето дете да се осамостои и да биде амбизиоцно, да сака да работи и да не бара пари, зашто тоа е процесот на растење, не бива 40год да незнаеш да раководиш со парите, да ги трошиш без врска, па после да му бараш на родителот (има и вакви луѓе).
    Јас би се, и сум се имала впуштено во врска со партнер кој бил финаниски нестабилен, немал работа, а потекнувал од поскромно семејство. Тоа не ми сметало нити мене нити на моите, она што би ми сметало е тој човек колку и да е добар, да нема никаква амбиција ниту цел да си се подобри финансиски, ниту да си најде работа, туку да безделничи и да чека на мене.
    Меѓутоа, упорен притисок за избор на партнер, кој кај себе нема никакви квалитетни особини на добар човек, што може утре да ме тепа, ама битно има пари...такво нешто е ужасно и треба на ваков родител да му се укаже добра лекарска помош (лошо е де).

    И друга работа, можеби погрешно, но ако твоите родители се такви какви што ги прикажуваш овде, и ако ти си растена во такво семејство, не ме разбирај погрешно, но сметам дека и ти би била таква сега. Ако твојот родител цел живот те учи на такво нешто, ти тоа ќе го сфатиш за правилно и безрезервно ќе го прифатиш. Така да, твојов случај ми е чуден и нелогичен и мислам дека има плус уште нешто...но тоа е само мое мислење
     
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    23.019
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто не го оправдувам ова.
    Имав една другарка, мајка му окупирана е со тие работи, ќерка му да има богат дечко, да биди богата, да патува, да не се мачи, памтам имаше една случка, си фати дечко, и му кажа неа кој е шо е и како е, и рекацијата нејзина беше: Сместа да прекиниш со него, јас ќе ти најдам некој богат, тој клошарот да го остајш :o , луѓе јас не можев да се изначудам, ми идеше пепел да ја напрам, али ај си поќутив.
    Сега има дечко, не е баш финансиски стабилен, али детето е супер, предобар е, супер карактер, и има добра фамилија, едноставно се труди, работи и слично.
    Памтам еднаш се видовме со неа со дечко ми, и само го измерка, и после се сретнуваме насамо со неа и ми вика, алал да тие си го најде богат ќе уживаш, јас шо да речам, досега требаше да го остам овај мојов, мојата реакција беше :o :o , Изненадена бев
    Со мајка ми имам многу зборано на ова тема, фала богу дека секој родител сака своето да биди амбициозно, да работи и да не бара пари, но некој веќе претерват со своето мислење :x
    Факт дека се битни и парите, но јас немам ваков проблем, мојте никогаш вакво нешто не ми рекле, со богат, со вака, така, ако е некој добар , добро да се понаша спрема мене, секако дека би помогнале, но со одредена мера.
    Ако има љубов во врската, не се битни ни пари ни ништо.
     
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Мене мајка ми дури ми рече дека ќе се откажеле од мене доколку сум била со дечко ми. Јас ќе сум тргала маки, а таа не била должна и немало да ми помага финансиски (што како прво ни јас, ни тој не би го дозволиле тоа ), затоа што тој не и` бил ништо и таа не му била виновна што тој немал пари (не дека нема пари, зема солидна плата, ама сепак тоа е многу далеку од нејзините критериуми).
     
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Чоек бе никад не знаеш живот што ти носи. Ако денес е некој горе за миг е долу и може да биде никој и ништо. Извини вака ама мн плитко размислувања.

    Парите не се сигурност за убав, стабилен и сигурен живот.

    ја ти викам да се бориш за љубовта твоја доколку слно веруваш дека вреди. Никој нема туку така да се одкаже од тебе , едноставно и да не ти зборат утре, кога ке дојде време за деца, кога ке дознаат дека се баба и дедо нема туку така сеедно да им е и да не го признаваат тоа дете.
     
    На Filiposka, tessie и Look им се допаѓа ова.
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас мислам дека треба да и објасниш некако на мајка ти дека амбицијата е тоа што е важно, а не моменталната финансиска состојба. Тој што е амбициозен вака или онака цел живот ќе се снаоѓа, а за пари тој што има денес уште утре може ќе ги изгуби. Кажи и го ова со убаво, ако пак продолжи по свое на крај краева ризикувај, секој родител му мисли најдобро на своето дете, ама ова е веќе претеризам и учење на многу погрешни вредности. Богат цел живот ќе биде тој што е вреден, а не тој што во моментот има пари од мама, тато, чичко итн. Пари се трошат за момент, а треба многу повеќе за да се создадат.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hе само тоа, на крај краева девојкава е 18 години, од каде мајка и да знае дека ќе остане со овој дечко за секогаш... Mожеби патиштата ќе им се скрстат во индина, ништо не се знае. :) :)
    Tи ако си доволно паметна, нема да ја слушаш мајка ти, поготово не за твојот приватен живот. Jас таков проблем немав од моја страна, никогаш и не ми се мешала, за било што со дечко ми :) A и да се мешала, јас па многу ќе ја слушав :D што си наумам тоа си правам, мојот приватен живот си е мој :) Mене да ми е убаво со него, јас сум со него на крај краева, не родителите
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  9. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Ооо Боже Господе :x Извини немој да се навредиш али мене ваквото размислувањ на мајка ти и било кој што размислува така ми е толку просто толку ниско незрело.Те учи мајка ти како да земеш некој богат,а не те научила дека парите се трошат денес ги имаш утре ги немаш или обратно.Знам многу примери каде што девојката се омажила за пари ама оди прашај ја каков и е сега животот што и значат сега парите кога најбитното најубавото не го осетила,додека други парови што немаат толку имаат среден живот па на секој предмет што ке го купат за дома се радуваат сами стекнале сами граделе ама со љубов.Не викам јас омажи се за некој клошар па од љубов ке живееш,сакам да кажам и да нема пари ако гледаш дека е способен се труди гледаш дека од едно прави две зошто да не?Можеби утре тој ќе стане некој и нешто.
     
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Мене моите за ништо не ми суфлирале, ниту во изборот на стил, образование, ниту партнери.
    Ме оставаат да го терам својот памет, ама од страна мудро ме набљудуваат и пазат.
    Конкретно за темава, јас повеќе сум таа која сум рекла и уште стојам на тоа дека од љубов не се живее, а и без неа не се може, и затоа сум за златна средина.
    Убаво е родителите да те обезедбедат ако се во можност за да бидеш своја, никој да не ти команда, да не делам покрив со 100 луге , а јас им велам дека нема потреба, на што мајками од поодамна ми велела дека никогаш не се знае што љубовта и судбината можат да ми направат, иако јас знам што нема да дозволам да ми направат по секоја цена.
    Имам другарки на кои мајките од мали ги учат за тие материјални вредности, се со цел да не поминуваат некои тешки патишта на нивните и да не се мачат ко нив, и затоа денес на некои вакви теми другаркиве знаат да речат дека ако е условот љубов а сиромав- нема воопшто да се омажат.
    Донекаде ги оправдувам, покрај љубовта ќе фалат и други битни работи, од кои се живее.
    Нормално е секој да најде партнер движејки се во својата или сродна околина, со слични примања и амбиции, и доколку се прати тој терк, нема да има ни притисоци за поголеми амбиции ни форсирања.
     
  11. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Ќе се осмелам да речам дека мајка ти е многу проста жена кога вака размислува. Животот е тркало еден ден тој богатиот може да биде и најголемиот бедник. Најбитно е ти да си среќна и задоволна па парите и не се најбитното во животот ако се најпотребното нешто за опстанок. Тие можат да купат куќа но не и дом, можат да купат секс но не и љубов. Што ако ти со тој богатиот немаш мирен и спокоен живот. Проблемите секогаш не настануваат од немањето на пари некогаш е и од спротивното. Таа има право да се цени но не и да се преценува. Тој што бара многу може на крајот и ништо да не добие. Парите секогаш ќе ти требаат во животот и да се малку и да се многу никогаш нема да ти бидат доволни. Јас мислам дека повеќе се работи за завист кај мајка ти. Примерот со девојката на твоја возраст ме натера на тоа прво да помислам. Но не и се лути. Го има и тоа право да те посоветува но да ти го бира животниот сопатник не. На моја другарка истото од дома и го викаја дечко со факултет, богат и убав. Најде таков да ама е во друга држава и сега таа како ќе одржува врска со таков човек, ќе пати ќе страда само за дома да им погоди.
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јас имав познајничка која од мајка и исто така беше учена...и пази шо збори..Овој е убав ама не го сакам оти нема пари :puke: Мајка ми ми рече ке ми бара некој богат.А девојчето има само неполни 17 години еј.

    Оф мори мајко,до кај ке стигнат со ваков памет :|
    Срека мојава мајка не е таква за да ми дава лоши совети.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека изговорот им е „Па да имаш поубав живот, ова она, јас за твое добро.“
    За жал, се` повеќе слушам мајки што советуваат ќерки да се омажат за богат, а притоа забораваат да ги советуваат како да се однесуваат во случај на насилство, неверство, понижување пред луѓе и тн. Аман, само пари да има и што и да ти прави, не му давај развод, да не си го пропуштиш „златниот рудник“.

    Ама чашата, јест е полна, ама и се пие од чашата. Животот толку е непредвидлив што не можеш да знаеш кога може да се струполиш до дното, а кога ќе се искачиш горе. Да, со пари се купува комфор, скапа гардероба, накит, излегувања по елитни локали, одмори на егзотични места, но се купува и алкохол, дрога, "играње" во казино, проститутки и тн. Човекот ги прави парите, така што најважна е самата личност на тој човек. Не велам дека воопшто не се важни и од љубов може да се живее и во шатор, туку важно е човекот да се труди и стреми кон создавање на тие средства, пред се` за безбедноста и здравјето на неговото семејство, па луксузите доаѓаат на второ место. Значи, врти-сучи човекот е битен, а не тоа што го има. Без`рбетник и насилник ќе биде таков и со пари и без нив.
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не го оправдувам таквото однесување од страна на родителите.
    Разбирам дека секој родител го посакува најдоброто за неговото дете, тоа е и повеќе од јасно. Но денес имаш утре немаш. Парите се многу важни, но не и најважни за среќен живот. Каде е слогата, љубовта, разбирањето, довербата? Без овие работи, па колку и пари да имаш, заедничкиот живот ќе биде катастрофа. Амбициозниот, паметен и вреден човек е способен да заработи, па кој знае што ќе биде утре?
    Да, родителите може да те посоветуваат но не и да се служат со вакви уцени. На крајот на краиштата, изборот е твој, ти ќе живееш со него а не тие. Ако ти сметаш дека треба да се бориш за таа љубов, само напред. Секако добро процени ја ситуацијата пред тоа, дали навистина вреди.
     
  15. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Нормално е секој родител да го сака најдоброто за своето дете, но понекогаш љубовта е тоа најдоброто. Парите не можат да те направат среќна, како што љубовта и тој што те сака може. Оние личности кои не веруваат во љубовта и сметат дека таа е само за глупави и наивни, никогаш не се го почувствувале вистинското чувство на љубовта.
    И не мора да значи дека ако е сега богат некој, ќе биде цел живот богат.
    Жив пример за тоа се моите родители.
    Мајка ми потекнува од богата фамилија, а додека татко ми е од сиромашна. Порано живееле во мало станче и немале пари за леб(што се вика). Но моите родилети биле упорни и не дозволиле тоа што немаат доволно пари да им го уништи животот.
    Тие не однеле на одмор во Бугарија, кога сме биле мали, иако немале доволно пари.. Само сакале да не гледаат среќни.
    Но сепак упорноста победува. Моите родители напорно раболете, отворија фирма и сега имам се што ќе посакам.

    Никогаш не се ми забраниле да одам со дечко ми, само затоа што нема пари. Ниту пак ми кажале дека треба да гледам само богати..
    Најважна е љубовта..
     
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Веќе видено,сум била сведок на истата ситуација бидејќи и се има случено на една моја пријателка, демек немој со него ваков е таков е нема пари нема ова нема тоа,ма дајте ви се молам ? А ако ќерка ви има врска со богаташ кој само си игра со неа,ја прави будала пред сите,тогаш пак ќе ви бидат важни парите ?? Јас сваќам дека секој го сака најдоброто ја своето дете, но дали некој гарантира дека тој партнер утре нема да ги изгуби парите,тогаш ќе ја тера да се разведат? :x боже мој,среќа голема што мајка ми не е ваква,и тоа многу голема среќа
     
  17. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Страшна работа.
    Секој си има свој живот,а посебно за тие работи секој сам треба да си донесе одлука.
    И што ако има пари,а неможеш да го собереш од по туѓи куќи?!Битно богат е.
    Незрело размислување.
    Парите воопшто не се битни.Денес ги има,утре не ! пролазна работа.
     
  18. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    уф воопшто не се согласувам со вакви работи..навистина е дека се кризни времиња и дека секој родител мисли за добро на своето дете ама ова НЕ ова е претеризам точно е дека не само родителот туку и самото дете сака да има убав живот,кој не би сакал....ако родителот ти врши притисок за одредена личност тоа значи дека се мажиш/жениш за парите а не од љубов и така родителот иако мисли дека му прави добро на детето тој уствари појке му наштетува.
    Саканата личност треба да си ја бираме самите ние,оти ние ке живееме со ние,нема нашите мајки и татковци.
    Се соглусувам со фактот дека сепак треба да се знае од која фамилија е дечкото,да не е некој што ке те малтретира,тепа,навредува пред сите итн.
    За мене најбитно е дечко ми да ме сака,почитува,да има едно разбирање мегу нас двајца,па за другото со слога и труд се се решава.
    Нај искрено верувам и посакувам дека мајка ти ке го смени ваквото мислење оти тоа е толку ниско од нејзина страна..мајка ти ми личи на една гладна особа за пари (со извинување) таа мисли дека ако те присилува на вакви работи дека ке постигне нешто ама нема да постигне ништо..или ке те натера и ти ке се омажиш за богаташ со кој после некое време ке се оставиш (во повекето од случаеви што ги знам е така) или пак ке ти ке бидеш принудена да избегаш за тој што го сакаш,има таков пример во фамилија ,каде што после тоа родителите се помирија и ја прифатија одлуката на керката.
    ти посакувам среќа
     
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Ова со извинение е најглупавото размислување. Не знам како може некој така да размислува. Не ми е јасно. Ама најчесто оние родители кои така ги учат своите деца, на крај доага до контраефект. Најбитно е тоа да се има слога, срека, и љубов со избраната личност и мило ми е што моите го разбираат тоа. Не би можела да издржам да бидам под притисок да ме трујат така сопствените родители. Инаку познавам девојки на кои тоа не им е наметнато од дома а трчаат по пари и добро ситуирани дечки. Жално жими се. |(
     
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Уфффф најискрено тоа за мен е примитвно мислење. Што ако е богат,а нема памет во главата,што ако пие,се дрогира и е насилен кон тебе? И тогаш мајка ти ќе рече ако сине богат е трпи??? Хмм не мислам баш така. Парите час ги имаш, час не. Според мене подобро е помалце пари да има,а повеќе памет отколку обратно. Мене фала ми на мога никогаш не ми рекле за некој колку има пари и дали е богат, туку дали ок се однесува кон мене,што е и најбитно.