Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисок од страна на родителите за врска со богат партнер

Дискусија во 'Врски' започната од Look, 22 април 2012.

  1. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^^^За жал тој не е спроти мене, разликата помеѓу нас е голема.
    Не дека јас сум некоја којзнае колкава богаташка или тој леб да нема да јаде, ама сепак разликата и не е баш така мала. :( Мене никогаш не ми сметаше таа разлика, ниту некогаш би му ја спомнала дури и до брак да дојдеше некогаш, ама тој се откажа пред време.
     
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Можеби едно машко мислење нема да биде на одмет тука.Во право е трендафилка за многу работи НО мислам дека греши со ставот нема каде да сретнеш богат човек .Сепак и богатите во Македонија барем се мешаат меѓу средната класа .Не се они виновни ако се "богати", внимаваат од користољубиви луѓе така наречени пријатели а се разбира и од оној брачен другар .Сакам да кажам дека се прави и големо лицемерие коли на кредит ,одмори и слично гардероба делумно позајмена од блиски понекогаш естравагантни одела и сл за да се прикаже моќта ,ако некоја девојка е флегма во животот и очекува секогаш да има маж лидер дома ке си бара од таквите така наречени богаташи.Иако нема ни некое класично мерило за богат човек може да се каже богат само она материјално кое се гледа ,има богаташи на поинаков начин без големи куќи, приложување на нивните сметки од банка во секој кафич но тие се тука некаде меѓу нас тешко дека некој би ги разоткрил
     
    На Annath, marama, Ordinary и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ^ Токму така Дволичен, сосема се согласувам, темата има многу нијанси и не можам убаво да се искажам целосно, ама еве го најпростиот пример - ќе си најдете некој кој е духовно богат колку вас.
    А како реално тој или таа ќе бидат духовно богати, ако некои работи не можеле да ги видат/допрат/искусат како вас и обратно?

    Се надевам дека бев малку појасна.
    Не дека нема примери каде се земале двајца од различни социјални слоеви, со екстремни финансиски разлики.
    Зборот ми е дека тоа се ретки исклучоци, кои за среќа кликнале во голем дел од сферите и така им се погодило.
    Тоа за жал, не е реалноста.
     
    На Annath и JuLleE им се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Tемава е баш како за мене и едно мое искуство од блиското минато :D .Имав девојка нормално,кога ке ја испратев секогаш сакаше да си оди до дома со тахи иако имам кола .Бев запрепастен колку инсистираше на некој начин .Не сакав недоразбирања дозволував .После х време јас напнав нема тахи и ГОТОВО .Возевме до кај што возевме си се поздравувавме влегуваше во еден двор на искрено една куќа WAUY .Не обрнував внимание кој се што се мене ме интересираше она само .После мал период испадна дека се е лага таа куќа е на комшијата а она од другата врата од дворот си влегувала дома.МЕ ПОЛУДИ тоа веднаш ставив крај без да размислам 2 сек без да ми треба никакви објаснувања .Како да имам доверба во некој што се срами од сам себе ! БЉАК
     
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    А јас камо да можев да не се обвинувам за овој крај.
    Цел живот ќе ме мачи доколку не беа овие забрани. `шта би било, кад би било`.

    Секогаш ќе викам „еххх да беше сега тој покрај мене.‘‘
     
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Од тоа што те прочитав си некако многу наивна, поштена, мирна и послушна а ова не се комплименти :) . Мајка ти зела доминација во домот а ти сѐ слушаш без поговор. Девојки како тебе се обележани да крахираат во живот освен ако немаат ненормална стреќа па да да налетаат на дечко со борбен дух а поштен па покрај него твојот мирољубив карактер да не доаѓа толку до израз. Ако пак немаш среќа секој ќе те осети каква си и или ќе те користат или ќе те вараат. Мисли на време дека може треба и да смениш тактика во животот, оваа досегашнава некако не ти личи на успешна (нема лутење).

    Знам неколку парови на кои воопшто не им цветаа рози и имаа големи проблеми со родителите па пак останаа заедно така да ако на дечко ти си му била толку битна немало сега да ти раскине. Тоа романи се пишувани за забранети љубови па имало и такви кои се самоубивале за да не бидат разделени а дечко ти ни две ни три ти раскинал. Комотно му е вака а тоа за факултетот страв му било се чисти комплекси а со искомплескирани луѓе секогаш ќе си имаш проблеми.

    Што и да правиш во животот мораш да бидеш итра и снаодлива (не лоша) а таков треба да ти биде и партнерот. Дали ќе имате во старт пари тогаш ќе биде неважно затоа што заедно или поединечно ќе ги заработите.

    Малку (повеќе) борбен дух ти фали, доста си слуга покорни :).
     
    На glow, Filiposka, nitokris и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Потполно си во право, капа ти симнувам како ме опиша. :bow:

    Знам дека сум премногу наивна, ама што да правам, како да се сменам? Неможам едноставно.
    Тетка ми ми вика „Ти си премногу мека и кршлива, што ќе правиш со ваков карактер се чудам.‘‘
     
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Можеш да се смениш а првиот чекор е кога ќе сфатиме какви сме навистина а не какви сакаме да мислиме дека сме :). Освен тоа треба и да сакаш да се промениш и да си спремна да вложиш труд и напор за таа цел а тоа скоро никој не е способен посебно ако е оставен сам на себе (твој случај).

    Да имаш дечко или супер другар што ќе те бутка би било супер ама немаш така да на тебе е целата работа.

    Јас би ти дал совет да се запишеш на некој курс по борбена вештина за малку да ти влијае на психата и во твој случај би ти препорачал Аикидо. Не одиш да научиш да се тепаш туку да смениш и малку зајакнеш психа и карактер. Аикидото нема удари така да од таа страна си мирна и ќе останеш сосема женствена но телото и психата ќе ти зајакнат (баш тоа што ти треба). Ете тоа е трудот кој го спомнав зашто инстант промена без труд скоро никогаш не се случува.

    Треба да знаеш дека силна, способна и одлучна жена (девојка) никој не може да манипулира и кон тоа треба да се стремиш.

    Кога ќе почнеш да менуваш психа и понашање ќе почнат и содема друг тип луѓе да ти пристапуваат и тогаш ќе ја осетиш вистинската промена.

    Така да ако си спремна и да загрееш столче а не само да викаш таква сум што да правам ете ти еден сигурен и проверен метод :).
     
    На HappilyLoved и Look им се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Трендафилка, не се согласувам овојпат. Јас го запознав дечко ми виртуелно, контактиравме долго, по неколку часа секојдневно и она што ме привлече кон него беше неговото духовно богатство, најдов човек кој ми парираше интелектуално повеќе од било кој друг претходно, се поклопивме за доста ставови од многу сфери на животот, да не нагласувам колку се прерадував кога видов дека имаме премногу близок вкус за уметностите - литература, музика... Дури, и откако се сретнавме не беше веднаш поставена темата за статусите и финансиските прилики на двајцата, баш и самиот ми напомена подоцна низ смеа - како толку долго не сум го ни прашала што работи... Никогаш не ми било тоа приоритет, меѓутоа се испостави дека тој заработува доста солидно, неговата финансиска состојба е неколку класи над мојата, дури и неговите родители се статусно повисоко поставени општествено од моите, искрено...

    И верувај имам подобра комуникација со него од било кој претходен дечко, со кој сме биле на поизедначено рамниште. И функционираме совршено, делумно тој, делумно јас се прилагодуваме на навиките, пр. тој инсистира повеќе на ручеци и вечери надвор, ама јас сепак му готвам во домашни услови :) ...

    И верувам дека ми е местото покрај него, бидејќи независно од неговото конто, јас да бирам - повторно би го одбрала него :) ... Имав и јас етички преиспитувања за гаповите кои би се јавиле меѓу нас во некоја си иднина, ама едно, нема врска практично отпорна на проблеми, бидејќи животот неминовно ги носи, а од друга страна, не планирам да го напуштам, иако би усреќила на тој начин бројни спонзоруши, а и тој не планира да ме напушти мене, ваква Пепелашка, така да, продолжуваме, до кога - не знам, никој и онака нема гаранции за трајноста на сопствената врска или брак... Ама, додека трае, знам дека барем финансиите не се причина за нашата нехармонија :) ...

    **

    Околу дечково на Лук, немој да ме сфатиш погрешно Лук, не сугерирам лично за тебе дека ќе постапиш така, ама огромен број девојки од по 18 или 19 год. кога заминуваат на студии во друг град, се случува да ги изневерат и/или напуштат своите дечковци од родниот град. Така да, оваа причина барем јас не ја сметам целосно за неоснована, разбирам јас и малдост и лудост и се‘, ама врските на далечина успеваат повеќе кога луѓето се постабилни во ставовите, а кај бруцошите стабилноста и не е баш најјаката страна.
     
    На Libera, LilBaby, Nine25 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Во право си, но лично јас никогаш не би го сторила тоа.
    Тој многу добро знаеше дека ни за една најмала ситница не сум го излажала, а не уште таков потег да преземам. Едноставно нема шанси! Доколку ете толку би ми дошло за друг, јас би му кажала во лице, па потоа со мирна совест би започнала со другиот. Јас се стремам кон тоа „Она што не сакаш да ти го прават тебе, не прави му го и ти на другиот.‘‘
    Јас сфаќам дека нему не му е воопшто едноставно (и кому би му било едноставно) јас да заминам во друг град, ама барем да им дадеше шанса на промените. Да пробаше тој да најде работа, па ако не успееше да видеше како ќе се одвиваат работите, па ако јас направев некоја глупост тогаш да ставаше крај. А тој што направи?- Се исплаши пред време. Барем за миг да помислеше на цел напор што го вложував овие три години, вистински кошмар е секој ден да се бориш против сопствената мајка. И сеуште ќе се борев, и немаше да потклекнам како што никогаш не ни помислив да потклекнам, ама тој растури се` како кула од карти.
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    И сама нагласив :!: дека не мислам дека би постапила ти така :) , туку како став го коментирав...

    Те разбирам дека си вложила многу во врската, не е воопшто едноставно да се спротивставиш на домашните поради партнер, практично си се нашла сама на средина, без вистинска поддршка и разбирање од двете страни.

    Тој е веројатно моментално претерано несигурен, па ја одбрал линијата на помал отпор - се повлекол од тебе. Не знам дали дефинитивно е крај меѓу вас, ама ова е сериозен тест за вашата врска, ако тој се врати, спремен и самиот да се вложи себеси пожртвувано и дојде со тебе, тогаш се исплател целиот твој досегашен труд, ако не, во иднина ќе најдеш некој кој ќе знае да те цени, бидејќи дефинитивно си девојка со разбирање на вистинските вредности. Иако, мајка ти ти дала и некои погрешни сугестии, сепак одгледала и девојка со силен смисол за етички исправни судови носење :) , јас не сметам дека си лесно сугестибилна и слаба личност како Иксмен, прилично борбено си се поставила во случајов ;)
    ...

    Останува тој сам да се потврди или потфрли, сега твое е да чекаш и видиш.
     
    На kate21, Annath и Look им се допаѓа ова.
  12. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Јас мислам дека убаво те посоветува XMan. Треба да бидеш посилна.
    А, според ова последново што го пиша, испаѓа дека ти сепак си била силна цело време, а дечко ти бил тој што се откажал.
    Штом е така, не вреди да си ги губиш нервите поради него. Тој се откажал, а не ти.
    Плус, млада си бе девојко, ќе најдеш некој што можеби и пак да не сте на ист социјален статус, нема да се откаже и ќе го цени тоа што ти секогаш си се трудела врската да опстои и нема да се откаже затоа што му наеднаш така му дошло.
    :)

    Еве ќе ти кажам и мој личен пример. Јас сум од провинција и без навреда на кој било тука, општо познато или да речам разгласено е дека девојките од провинција доаѓаат во Скопје да си најдат богат Скопјанец.
    Мене цел живот ми се врти околу тоа пусто Скопје и досега сум имала тројца дечковци заклучно со сегашниов и сите тројца некако имаа врска со Скопје, меѓу кои бившиот и сегашниов се чисти Скопјани, израснале таму.
    Е, после бившиот, реков уште еднаш јас со Скопјанец НИКОГАШ! Ама ми се врати тоа како бумеранг по глава и значи не требало никогаш да се вели никогаш.
    Зошто реков никогаш повеќе со некој од Скопје?
    Во таа врска, значи во мојата претходна, јас бев многу лошо изиграна .. секако после сфатив дека тоа може да му се случи на секого и секаде, ама ова е многу општ и чест пример за тие што живеат во нашиот главен град.
    Одев со дечкото некои 3 и нешто месеци, имавме врска на далечина, и на средината од третиот месец од никаде додека бев во Скопје, без да ме предупреди претходно, ми рече утре доаѓаш кај мене дома на ручек, моите сакаат да те запознаат. И јас вака :o останав, значи без никакво предупредување. Па уште се дрзна да ми рече не и кажувај на мајка ти дека те викнав дома :^) , значи мене требаше уште од тоа да ми смрди нешто, ама како што бев заслепена, не видов ништо.
    Ама јас сепак и кажав на мајка ми и таа нормално рече дека не доаѓа во предвид, рано е, ова-она, ама ајде за да не испадне лоша, ми рече да одам.
    Отидов јас на ручек и ок, фини луѓе, така изгледаа. Ајде и тоа помина. Подоцна сфатив дека бев однесена на ручек или „запознавање со родителите“ како стока на проценка - дали сум доволно добра и дали трчам по богатство! Ало бе! |(
    Си заминав дома два дена после тоа и после само 3 дена поминати дома, дечкото ми раскина. Јас се чудев зошто, значи не ми беше јасно, бев скршена.
    Наредниот ден, се стави во врска со девојка од многу моќно скопско семејство. За малце што не добив срцев удар.
    Подоцна не излезе ништо од таа наводна врска, значи пак мене ме бараше, ама јас не попуштив бидејќи не сум будала, сфатив што му значеше тој ручек и зошто ми раскина. Типот мислеше дека ЈАС ДЕВОЈКА ОД ПРОВИНЦИЈА сум се залетала по некој скопјанец како него мислејќи дека тој има Бог знае колку пари и дека затоа сум во врска со него.
    Тажниот дел од приказнава, тажен за него, е тоа што тој никогаш не дозна колкав имот имам јас и колку поубаво живеам од него и дека НЕ бев со него поради тоа што мислев дека е од Скопје и дека има пари. ЈАС ТОА НЕ ГО БАРАМ ВО МАШКО.
    Припаѓам во средна класа, да не ме сфатите погрешно, но ете имам голем имот во наследство, а тој живееше во едно станче метар на метар и најверојатно си мислел дека немам ништо
    и затоа ме откачи и се фати со таа богатата. Го почитував и мислев дека е многу добар, а испадна сељак како ниеден друг.
    А, да, неколку дена пред да ми раскине кога го барав ми велеше/лажеше дека ќе граделе куќа на Водно и дека ќе одел да му помага на татко му, со тоа мислејќи дека јас ќе се запалам по куќата на Водно. |( Абе не дај Боже!

    Не си сама, на сите ни се случиле вакви или слични ситуации, треба само гордо да се излезе после такви случки и да се продолжи со животот не вртејќи се назад.
    Среќно. ;)
     
    На XMaN и Look им се допаѓа ова.
  13. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884

    Не знам дали кажав, ама еве пак ќе повторам. Дента кога раскинавме тој ми пиша „И мене ми е многу тешко, и мене душата ме боли, ама ако сакаш да продолжиме со врската ова да го средиме со твоиве, ако треба јас ќе дојдам да разговарам со нив‘‘

    А знае дека тоа не е возможно. Едноставно светот би се свртел наопкау, ама мајка ми нема да попушти.

    Така да, мислам дека нема што да чекам на него..Тој направи еден чекор и мислам дека повеќе нема да ме бара.
     
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ах бре Лук бре. Мене мака ме фаќа читајќи те.
    Немој така да се самообвинуваш, не е цел свет на твои рамења.
    Секаде кај што има постојан притисок, мора еден ден да пукне.
    Јас и двајцата ве сфаќам, а гледам и ти си свесна дека и него го боли, и сам си признал.
    А и кого не би? Дечкото се чувствувал потценето, ко демек не вреди за тебе, и мал милион други работи. А секојдневниот притисок си го прави своето, држи, стискај, и се’ си има лимит - ќе пукне.
    Тоа што не ти честитал роденден, не значи дека сега не те мисли и дека не би дал се’ да е таму со тебе, туку едноставно знае дека ако ти пише - готово, ќе ги изгуби силите и ќе подлегне, ти ќе му вратиш и ќе биде по старо, а решението за проблемот уште ќе е непознат поим. Само ќе тапка во место, ќе пука и ќе го крпите постојано, и пак без никаков финален производ.
    Лоша одлука е така што го снемало во, за тебе, битен момент, не велам не, ама been there, done that и во тие моменти на збунетост и измешани емоции, се’ ти изгледа логично.
    Во почетокот е тешко да прифатиш, си мислиш вау, готово, се откажа и ме шутна, ама после сфатиш дека треба ладна глава, малку да се тргнат чувствата на страна, да се размисли за се’ убаво и да се собере сили за понатамошна борба. Верувај дека ќе ја има, оти кога навистина се сака, не е тоа така „Ај готово, веќе не постоиме еден за друг, чао.“

    А за мекоста и наивноста ќе те карам. Малце оф топик ќе е па нека иде во спојлер.
    Иста сум, и како на сестра ќе ти кажам - немој да си го дозволуваш тоа ако сакаш среќа.
    Мора да се научиш да минуваш низ се’ со ладна глава, оти со емоции и солзи ништо не се добивало.
    Не дека сум ау, сменета преку ноќ, ама полека си се редат коцките еднаш штом почнеш.
    Проверено и докажано од емотивно створење ко мене. А јас кога можев, секој може.
    Е сега јас го одбрав потешкиот, ама побрзиот начин. Ќутиш, стегаш, се’ што сакаш да кажеш и направиш во момент на слабост, го потиснуваш во себе. Абе боли, голташ кнедли и поматува ум, шта да ти причам, ама со секој изминат ден те зајакнува и размислуваш подалеку од оној затворен, емотивен круг, кој е полн со „Ама-ама“, „Шта би било кад би било...“ и фамозното „Зошто јас?“
    Епа кога ситуацијата ќе те натера да си го поставиш тоа прашање, докажи си себе дека не мора да биде „зошто ти“ и дека може да имаш контрола врз работите.
    Не дека ќе ја изгубиш секоја емоција, само ќе знаеш да ја исконтролираш и да оставиш на разумот.
    Најбитно е да не ни помислуваш „Толку, не можам веќе, ќе попуштам.“
    Не бре, една самоконтрола удри му и за некое време ќе бидеш способна на цел свет да му се спротиставиш. Не мајка, на Света Мајка има да се спротиставиш успешно.
    А мислам дека дечко ти токму тоа го прави сега, така ги собира силите.
    И после кога ќе се споите, „Ја батка, не ебам жива сила“ ќе е гола вода за вас.
    Ти се плашиш од мајка ти, а бидејќи си кревко суштество, доволно ти е малку да го покачи тонот на тебе и се повлекуваш. Те сфаќам, уште си зависна од неа, ја сакаш, ама за некоја година ќе бидеш своја и може ќе те јаде чувството што си оставила така да помине се’.
    Мајка ти сега ти ја користи слабоста и ранливоста да те разубеди. Кога истите ќе ги тргнеш како слаби точки, иде вистинската борба. Ќе и’ дозволиш да извојува победа во твојот живот и среќа?
    Допрва ќе се борите вие. Кај што има љубов - нема лесно откажување, а ако едниот се откажал, тогаш не ја ни имало. И во двата случаи е емотивна борба, но на крај секоја со позитивен исход.

    Ах да, и најсреќен нека ти е роденденот. Ти пожелувам се’ да ти излезе онака како што посакуваш.
     
    На LilBaby, kate21, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ах, Лук, баш ми е жал што вака испаднало, иако мислам дека е привремено и ќе се смирите.
    Некои го нападнаа, но јас го разбирам-којзнае како се осеќал цело време и колку комплекси му се набиле. Звучи клише, ама мислам дека баш во вашиот случај е чиста вистина-ако навистина се сакате, ќе видиш дека ќе бидете заедно.
    И навистина, редно е да си малку поцврста со мајка ти, претпоставувам дека вака знае да се меша не само за дечко, туку и за други твои лични работи и мораш да најдеш начин да ставиш крај на тоа и да не се откажуваш.

    Инаку, што се однесува до врските со екстремни финансиски разлики мислам дека успеваат само во позрели години, кога веќе секој гледа и бара нешто повеќе во другиот од тоа што носи, дали пие цедевита или цеден сок, дали минатото лето бил во Дојран или преку океан. Мене, најискрено, не би ми сметало ако тој има помалку од мене и ако утре би требала јас повеќе да вложувам, доколку знам дека тој човек вреди, ме сака и го сакам и е трудољубив, па ќе вложува во себе и ќе гледа да направи од ништо-нешто. И да не успее, нема да ми смета, ќе знам само дека се потрудил.

    Повеќето мои другарки имаат дечковци за кои комотно можам да кажам дека се богаташи, некои од девојкиве се исто богати, некои не толку, ама една работа приметив.
    Дечковциве, нели саде џентлмени, не дозволуваат девојка им денар да потроши макар и за мастики, на почетокот буквално борби се водеа-он ја плаќа сметката и на неа и на другарките со неа кога се сите искочени, секогаш и секаде, он ги плаќа одморите, па понекогаш и шопингот. После неколку месеци, веќе приметуваш како почнуваат неговите захтеви-ваму сакам вечер да одиме и на ниедно друго место, летово сакам строго таму и таму на море, да се зафркава нешто на негова сметка :o Цела недела носот ќе му е до небо.
    И баш се прашувам, дали сето тоа частење и џентлменство е однапред смислена тактика за да завладее со тебе, а ти и да не приметиш?! :wasntme:
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Премногу ми е криво што поради мајка ми изгубив таков дечко.
    Иако имавме кризни моменти, знаеше да ме направи најсреќната личност на светот.
    Секогаш кога луѓето ќе ме разочараа, секогаш кога се чувствував немоќно тој беше тука да ми подаде рака, а сега го нема. ;( ;( Бев цврста како карпа. Не се плашев од ништо и од никого зошто знаев дека тој секогаш е тука, а утре можам да видам друга на мое место. Многу ми е тешко. Да знаев дека до мене или до него е проблемот барем немаше толку да се секирам, а вака од некој трет навистина боли. ;( ;( ;( ;( ;(
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Лук, јас мислам дека премногу се измачуваш. Океј, настрана од мајка ти. Да, тешко ти е, ама ќе ти помине, имаш само 18 години и животот е тек пред тебе. Ти се однесуваш како да ќе го поминеш остатокот од животот сама во стан со три мачки и паштета.

    Ти озбилно планираше иднина со човекот? Мислам, имаше сериозни намери, или...?
    Јас од моја гледна точка, да ми рече некој дека треба да си фатам дечко моментално и да останам со него до крајот на животот, во брак и слични заедници, јас ќе избегам како ѓавол од крст. :^) А сум една година постара од тебе.

    Не дека те осудувам, твое право си е, но знај дека ретко некој останува заедно со дечкото со кој се влечеле во средно. Сте можеле да раскинете и од која било друга причина. Кога ќе отидеш година во Скопје, ќе запознаеш толку многу нови луѓе, ќе излегуваш, ќе се дружиш... може дури и ти да си посакала да му раскинеш.

    Тешко ти е, но ќе ти помине. Само немој да се самосожалуваш, да кукаш... почни да се расположуваш, што е твое ќе си дојде. :)
     
    На Annath, MSkorpionka, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Дузи, јас знам дека е така, и знам дека од страна изгледа смешно, патетично и глупаво, ама сепак тоа е една долга, преемоционална врска (барем од моја страна) во која е вложено премногу труд, затоа ми е толку тешко. Знам дека напнувам (и јас да читам би си рекла „што и е на оваа, 19 год. има кука како цел живот да и се срушил), ама да го доживуваш и не е баш така лесно. А форумот ми е еднственото место каде што можам да искажам се што ми лежи на душа,
     
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Лук, тоа што ти се случило е многу тажно но не си единствена со забрана од родител за одредена врска, не знаеш колку има такви случаи ама не сите ќе напишат на форум и не сите ќе реагираат исто на таква забрана. Има девојки што иако родителот им збори едно ако сметаат дека не им користи ќе сослушаат, ќе речат аха ок и пак ќе си тераат по свое. Од друга страна има дечковци што пет пари не даваат дали некој ја забранува нивната врска туку ќе те праша дали сакаш да си со него и ако речеш да ништо друго не го интересира и ќе седи со тебе и ќе прави се можно и неможно да останете заедно и што побргу да се осамостоите. Така да што тука сте кикснале има делче и кај вас зашто многу парови биле во слична ситуација но не сите се разделиле. Дечко ти баш требало да те стимулира да се самообразуваш и да станеш побргу независна (и во негов интерес е тоа) а не да му биде страв ако одиш на факс. Ова во никој случај не го сфаќај како критика туку гледање на работите од малку поинаков агол.

    Моите имале ист случај (кај мајка ми) ама татко ми не само што не се откажал туку никогаш не се разделија а баба ми сеуште не може да се помири дека не ги раздели и со години пробуваше безуспешно да ги скара а мајка ми имала 20 години кога се запознале. Ако ти кажам дека баба ми ја има бркано мајка ми со нож замисли каков „убав“ живот имала.

    Убаво ти рече Дузи без самосожалување, размисли што станало и како станало ама онака од неутрална позиција (колку можеш), извлечи заклучок за иднина и терај напред.

    Секако ќе имаш период на жал (нормално е) но ќе имаш и други тешки животни ситуации кои ќе мораш да ги решаваш а ова е една од тие и многу е важно да не паднеш психички туку како разумна и зрела личност да одиш напред, со тешко или лесно пак твојот живот е само твој и ти највеќе ќе имаш влијание дали ќе оди во позитивна или некоја друга насока :).
     
    На sweet25, Doozy и Look им се допаѓа ова.
  20. macigv

    macigv Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    луѓе не се залетувајте по богаството нечие. имам еден пример за тоa. една комшивка моја на времето била најбогата во градот нема што немала и нејзините биле познати, абе се како што треба од фамилија размазена, се што сакала пробала во животот и се имала, а со тоа и навиката на пиење. и уште од млада се пропила, и кога се мажила исто, сега луѓе верувајте дека немаат леб да јадат, од тоа повеќе пијана од колку трезна не плакала струја па им ја исклучија, па се научи запишувај се во еден дуќан па во друг итн. во долгови е до небеси еве веќе 3 години како се без струја а 21век сме, немаат леб да јадат таа каква е испиена абе само коски и кожа децата исмеани од секого, маж му пак е подобар од неа ама тоа е кога жената не ти чини и кога е алкохоличарка ѓабе е се, ги ставија да работат во еден елитен хотел таму таа повеќе пијана од колку трезна па и почнала да краде пијалоци ја фатиле и двајцата ги избркаа од работа еве сега немаат работа двајцата а деца имаат. ги исмејуваат во школо никој не ги дружи и ред други работи. еве ова може секој богаташ да го снајде ако подпадне на вакви искушенија. таа била богата и размазена, се му било удоволувано и до преку мера замижувано за некои работи. не значи дека ако си богат дека треба да пробаш се и алкохол, и дрога и коцка тоа се 3 најголеми пророци на човекот. затоа внимавајте со кого животот ќе го делите не е тоа блуза од бутик па ако не ми се допаѓа ќе ја вратам тоа е брак, а бракот е тешка и деликатна работа за која треба трезвено да се мисли а не во пијана или дрогирана состојба, плус деца кога ќе дојдат тоа веќе станува обврска ти тие деца да ги извадиш на прав пат а не да замижуваш за секоја глупост направена од нивна страна па било да е богато или просечно семејство парите се трошат можат да се заработат а животот само одминува и ќе жалиш што до толку си замижувал пред твоето дете зошто со тоа веќе пола живот си му го уништил можеби не сум достојна да давам совети има овде многу постари од мене но верувајте луѓе не е се до парите со парите не можеш да го повратиш уништениот живот на твоето дете.
    поздрав