Во право си за ова од што се водиш „Она што не сакаш да ти го прават тебе, не прави му го и ти на другиот.‘‘ И јас истото секогаш го размислувам и во реалноста се покажало дека е така кога тогаш тоа што си го правел ќе ти се врати......Можеби дечкото се има исплашено па решил да се повлече на страна и ако не би требало кога ти цело време се бориш за вашата врска можи и тој, на тој начин што би дошол со тебе во Скопје и таму да најде работа и тоа е Скопје мајку му и ако јас баш не го сакам ама реално шансите за да најдеш работа и те како се поголеми од колку во внатрешноста......можеби и тоа го има исплашено нова средина како ќе се снајди/те таму и ред др работи....Мажите многу повеќе размислуваат за таквите промени од колку нас и јас имам таков пр(мажот ми).....можеби во иднина ќе се смирите пак а можеби по некоја година додека си таму ќе си најдеш и посродна душа така да на ова ќе се сеќаваш како некое премрежје во животот.....како и да е што и да се случува понатаму се ќе зависи од тебе како ќе ти поставува услови животот ќе видиш понатаму твое е само добро да го изиграш .....можеби кога ќе стасаш на мои 30 год сето ова ќе ти биде и помалку смешно....никој не знаеме што ни носи животот ама сите сме подготвени добро да се бориме со се....можеби на почеток малку потешко ама сепак не се откажуваме од постојаната борба
Јас три години се борев против сопствената мајка (и не се жалам, барем знам дека јас испаднав `маж` во оваа врска), а тој уште непојдена се исплаши од едно Скопје. А да замислам вака: „Дали тој би одел против мајка му за мене, како што јас тоа го правев со мојата?‘‘ Мојот одговор е дека тој би се откажал уште првиот ден.
Не изгледа ни смешно, ни патетично, ни глупаво, нормално е. Не е важно дали ви била врската многу сериозна, со тенденција за заеднички живот или не, боли кога ќе биде прекината. Особено кога човекот кого си го сакала ќе потфрли, ќе те разочара, а си верувала во него. Сега си огорчена и разочарана, кога сфаќаш дека оној што си го сакала не е тоа што си мислела дека е. Како што реков, дај си време да преболиш. Нема ова да трае вечно, ќе помине. Ќе дојдеш во Скопје, ќе запознаеш нови луѓе, малку од малку сè ќе се промени. Животот допрва те чека, и тоа кога ќе се одделиш малку од твоите, ќе видиш како е. Можеби и тој ќе се премисли, којзнае...
Тоа што ти си одела против волјата на твојата мајка гледај го како виза за во иднина. Со тоа ти си и дала до знаење дека можеш и знаеш да се бориш за тоа што го сакаш . Родителите не сакаат и ни посакуваат се најдобро ,но тоа не значи дека секогаш тоа што за нив е добро ,дека е добро и за нас. Секоја чест за храброста и да останеш таква засекогаш. Немој да дозволиш овој прекин на врската да те обесхрабри ,излези од нејзе како победник ,затоа што тоа и си .
Епа затоа ти реков, настрана стави ја мајка ти. Далеку од тоа дека ти е лесно. Како што знам со месеци го имаш проблемов, цело време сте скарани/простени како што те читав... тоа е врска без врска, без разлика што проблемот е мајка ти, ама на таква врска и се гледа крајот, кај и да е. Не можеш ти да се притресуваш вака за секоја врска, за секој дечко, ќе се исцрпиш емоционално и психички, па ќе бегаш после од дечковци со години, ќе немаш ни сила ни волја да се замараш со некого. Не дозволувај толку да се внесеш во нешто, секогаш имај доза резерва, чисто за твое добро.
Look ги исчитав сите одговори кои ти ги дале и еве ти од мене еден заклучок. Ти дете посериозно си ја сваќала врската од него. Како прво на сите проблеми кои ти ги претрпе за него за да ви супее врската, он се дрзнува да ти каже дека ќе одиш во Скопје таму со првиот ќе го превариш?? Толку му била довербата во тебе? Не драга моја, туку него му дошло из дупета у главу ека ти кога ќе почнеш на факс ќе запознаеш нови луѓе, ќе проширош видици и нема да си онаа истата која ја знае. Верувај дека е така. ПА и јас иако сум од СК кога почнав на факс и самиот факс те осозрева, те формира како личност. Не кажуваш за неговото образование и години, но колку сватив он е со средно или се лажам?? Си се прашала ли дека можеби тој си е несигурен во тој поглед? И ако навистина те сака, ама она навистина па он бре одвај ќе чека да дојдеш овде сама да си градите врска без надгледувања на мајка ти. И ве молам во границите на македонија нема врска на далечина. СО автобус да тргнеп секаде си за 3 саата. Затоа не му го признавам тој приговор, дека ти овде ќе правиш лумперајки. Според мене , ти сега крени си глава, радувај им се на студентски денови, мсли на тоа како ќе ти биде ( а верувај преубаво ќе ти биде), ќе ти се отвори еден нов свет, нови луѓе. А он , нека остане каде што е кога не знаел да задржи и да се бори за она што го има.
^^Да само со средно е и има 23 години. А тоа за сериозноста, во почетокот беше многу загреан и многу сериозни муабети ми правеше, ама во последно некако неговиот однос олади кон мене. Повеќе не беше оној истиот како некогаш. Јас знам дека ниедна врска со тек на времето не е каква што била на почетокот, ама без да му речам прва тој едно `те сакам` сам не ми викаше. И да појаснам... Јас оваа врска морав да ја скривам од мајка ми. Таа кога дозна за нас полуде, сакаше на татко ми да ме каже, почна да ми се заканува, да ми вреска, му се јави нему да ме остави на мир (ама тоа беше на почетокот), дури ми рече ќе се откажеме преку весник од тебе. Едноставно беше/е спремна се да направи само да не сум со него и јас со тоа бев принудена да негирам дека сум со него и да викам дека сме раскинале. Таа иако се сомневаше, многу пати ме следеше, ми го земаше телефонот, се распрашуваше по други луѓе дали имам дечко сепак сакаше да верува на тоа дека не сме заедно и така успевав да ја туркам врската. И тоа реткото кога ќе излезев со него дома се враќав со тресење да не дознала нешто.
Ете видиш сама си даде одговор на твоите прашања. Уживај, оди некаде со другарки на одмор, изжуркај се како никогаш во живот и во спетември нова Лоок ќе бидеш. Верувај . Премлада си за вакви црни сценарија. Јас имав другарки кои раскинуваа средношколки врски за да можат да си уживаат на факс. Да си излегуваат да се дружат.
Лук баш ги читав овие сите коментари и во тек сум дека си се скарала со дечкото, баш ми е мило ќе видиш за брзо време дека тоа била најдобрата шанса животот што ти ја пружа, многу ми е мило и не се нервирај гледаш и самата дека не вреди )
Не се сложувам со тебе овојпат. Верувам во вистинска, искрена и пожртвувана љубов. Колку и да звучи филмски оние љубовни бајки кои ги сретнуваме по филмовите можат да будат и реалност. Јас потекнувам исто како тебе од просечно македонско семејство, но поголемиот дел од тоа што сме го имале е стекнато покасно(наследства). Имам израснато во куќа урнатина и многу години сум живеела по ќириите со самохран родител.Сме чекале некој близок да ни донесе тенџерето манџа па да имаме што да јадеме. Не можев ниту да си дозволам да седам во Скопје додека студирам, па со автобусот се клатев... Али ете имало господ се наместија коцките што би рекле и мајка ми се вработи, си купивме куќа..имавме и на страна доволно за нормален живот. Првиот одмор во странство(не беше ни оддалеку атрактивна или далечна дестинација) запознав еден дечко со кој бевме само една недела заедно. Значо не треба многу за случајно да сретнеш некого, он беше ве некој хотел со пет звезди а јас приватен смештај..али ете ни се сретнале погледите низ град. Се вљубив во него, и тој во мене. Две години имавме врска на далечина во која се видовме само неколку пати и киневме живци на скајп. Потоа ја отидов во неговата земја, не беше ниту богаташ ниту милионер...али споредено со мене кај кај повеќе. Ние кога правевме муабет на старт каде сме биле на одмор,што сме правеле у животот, интереси.. и јас кажував Охрид бидејќи прво патување во странство ми беше земјата него каде што него го запознав а он кажуваше дестинации кои едвај на глобусов може човек да ги најде тоа не му беше пречка. Напротив на нашата прва годишница дојде и уплативме скромен смештај во Будва, нешто што знаеше дека и јас можам да си го дозволам, не му беше проблем тоа што нема да отиде годинава во Дубаи. И двајцата се жртвувавме. ЈАс си имав факултет, практикум светла иднина за работичка по струка но се оставив и дојдов тука. Сега наново учам јазик и наново студирам економики математики на 2 странски јазици. Не ми е тешко ниту тоа, ниту домашните обврски ниту работата...зашто имам мир, љубов и поддршка. А неговата жртва беше тоа што го стави факултетот 2 години во пауза(дипломата само, испитите беа положени) за да рмба и спечали малку више, за после 2.5 години во мало тесно станче со намештај откупен од предходниот станар конечно се рашириме како луѓе на свое и ново. Не бевме спремни за брак, најмалку тој. Тој отсекогаш велеше дека никогаш нема да се жени. При првата пречка со моите документи веднаш резервира термин во матично... Така да постои чиста, искрена и безрезервна љубов.
Look читајќи ги до сега твоите мислења,јас прва ќе ти кажев да не потпаѓаш под влијанието на мајка ти.Секој си е кројач на сопствената судбина,па и да се изгореше никогаш немаше да се мачиш со прашањето што ќе беше ако останев со него.Се гледа дека си имаш амбиции и зацртани цели во животот така да за некоја година ќе бидеш самостојна и нема од никого да зависиш.Но,односот на дечко ти испаднал крајно некоректен.Ако не се лажам имате подолга врска,а тој ти кажува дека ќе го вараш во Скопје?Да не ме сфатиш погрешно,ама тоа е знак на недоверба.А можеби е свесен дека таму ќе запознаеш многу нови луѓе кои ќе ти одговараат и на интелектуално ниво ....Најлошо е што тој толку лесно се откажал од вашата врска и љубов.Запрашај се дали знае да го цени тоа што ти си ги лажела твоите,си се карала со нив,си живеела под постојан пртисок и страв дека ќе бидеш откриена.Тоа се работи кои што на секого влијаат многу лошо,а посебно на девојче на твои години.Мој совет ти е прво да си размислиш дали тој стварно е вреден за да правиш толкава жртва за него,зошто и самата кажуваш дека некако оладено се однесува.....
^^^Па како што сфатив, да ти кажам мислам дека не вреди повеќе да се замарам со него. Навистина сеуште многу го сакам, ама како да бидам со човек што ме остава на цедило кога ќе му текне? Тоа љубов е?
Апсолутно се согласувам со тебе.Знам дека сега ти е тешко,ама ако тој се откажува на првата пречка што се појавила,што останува за понатаму кога не знаеме што се може да се случи.Животот е непредвидлив и не знаеме што ни носи.Сеуште си млада и не се оптеретувај многу.Уште малку доаѓаш во Скопје,ќе запознаеш многу нови луѓе,карактери па можеби ќе си ја најдеш и сродната душа.Верувај дека на оваа ситуација за неколку години ќе гледаш со други очи.Ти посакувам се најдобро и биди силна
Јас цело време, на секое, буквално на секое наше гледање, па дури и по телефон го молев да најде начин да дојде во Скопје т.е да бара работа. Му викав „Те молам да дојдеш, што ќе правам јас без тебе, цело време ќе ми биде грдо... Ако дојдеш ќе си бидеме заедно таму, ќе се гледаме, ќе бидеме послободни...‘‘ Значи јас ако сакав да направам нешто таму ќе го викав така него да дојде? Па едвај ќе чекав да заминам, да се оддалечам од него. Покрај сето мое молење тоа требаше да го помисли? Ајде да не му спомнев ништо за Скопје, ај ќе го оправдав некако тоа негово однесување, макар што никогаш за ништо не сум го излажала, ама вака... Дали ако тој ме сакаше доволно, (како јас него) ќе трпеше и покрај проблемот од мајка ми? Навистина ме мачи ова прашање и поради тоа не знам дали да го оправдувам или обвинувам.
Лук, девојче аман, дај опрај се. На 20 и кусур страни, се оправа и расправа за твојава ситуација, сите сме имале проблеми љубовни, домашни, ама ти ептен се внесуваш. Незнам дали е до твојата наивна природа, дали љубовта е дотолку голема, ама како и да е, волку притресување не е добро. Постојано си под стрес, што лошо ќе ти се врати еден ден. Јас разбирам дека го сакаш, и дека мајка ти греши што гледа се низ призма на пари, ама едно е јасно, ако вие толку многу се сакате, заедно, ќе успеете против сите и против секој проблем. Сите ја осудуваа мајка ти, исто и јас, ама сепак не верувам цел проблем и целата нејзина одбивност спрема дотичниот да е само заради материјална состојба, можеби и има некои финеси плус кои што допринесуваат за секое категорично НЕ кое ти го вели таа. Е сега па и тој твојот, видел малце потешко и одма крај. Не го прифаќај тој крај толку трагично, се случил, барем ситуацијата дома ќе ти биде помирна, нема да бидеш под постојан стрес дали ќе се дознае или не, сега нема што да се дознае па мирно ќе спиеш. Јас до душа појма немам како вие досега сте функционирале, како сте се слушале, гледале, али нејсе, полесно ќе ти биде од таа страна. Емотивно си скршена, си вложила и претрпела толку за ништо, ама животот продолжува, ова искуство нека ти поука за изборите и постапките во иднина. Се ближи септември, за час ќе дојде, ќе дојдеш во нова средина, со нови луѓе, и се ќе се смени и среди, со текот на времето сите рани ќе зацелат. Затоа главата горе, и без толку притресување, молим те.
^^^^Вака Најубава2010, не пишувам јас овде за ти да ме `караш`, туку тој што има совет да даде, а не уште некој на глава да ми се качува со своите `јаки` постови. Јас знам дека многу постови се изнапишани, и пишав дека можеби глупаво изгледа, ама ова е форум и секој може колку сака да пишува, а на тој што не му се враќа и не му се чита едноставно нека одбегнува. Форумот не е ни моја, ни твоја, ни на било кој сопственост, па да кажува кој што да прави.
Прво не ме вади од контекст, јас нигде не пишав да не пишуваш, туку само дека претеруваш и дека премногу се притресуваш, што не е добро за тебе. Не ми беше целта да те карам, туку да ти укажам на нешто што ти очигледно несакаш да го увидиш. Како и да е, извини што не ти одговорив дали те сакал доволно, ќе ти одговорат другите. Твое си е, што сакаш прај, а од мене имаш само поздрав и секое добро.
А да ни кажеше нешто повеќе за типот освен тоа дека материјално е пониско од тебе? Да не има нешто друго што мајка ти го има видено а не сака да ти каже па ти вика за парите дека е работата? Ама да ни кажеш вака искрено не со розови очила на заљубена девојка. Зашто мене според неговото однесување не ми личи баш на толку заљубен како што го опишуваше до сега.
Не треба да го сфатиш како карање туку исто како совет. Никој овде не застана на страната на мајка ти и не рече дека е таа во право, но кога веќе не иде врската, не иде. Понекогаш едноставно треба да се предадеш и да продолжиш понатаму. Дури сега кажуваш како цело време ти си инвестирала во врската, ти си се трудела, се си правела, а тој при најмала препрека се откажува од тебе. Па што всушност си имала ти во врската, освен една кукавица за која упорно се бориш, лаги кон мајка ти, куп стрес и врска без врска, тајна. Од старт некако ми е осудено на пропаст. И може ќе сум скептик, но огромна љубов на 18год? Од личното искуство си кажувам, и ја сум сакала на 18, ама работите се менуваат. Ќе запознаеш нови луѓе, ќе стекнеш повеќе знаење, ќе се измениш, ќе созрееш, поинаку ќе размислуваш. Секако дека има такви примери, млади си ја наоѓаат вистинската љубов. Ама ова твоево да беше вистинска љубов, немаше да биде толку тешко. Теси ми се чини беше со ваков случај (ако го згрешам никот простете). Ама кај неа, кога нејзините и се заканиле да раскине со дечкото, тој и рекол да си ги собере парталите и да оди со него...не и раскинал и не се откажал Секако дека во љубовтта се има подеми и падови, треба да се потрудиш, да се докажеш, но ако двајца луѓе искрено се сакаат, тоа не треба да биде тешко, треба да иде само спонтано и лесно. Отргни се од сето тоа, од сите проблеми, заради себе и своето здравје. Биди си ти најважна на себе си, стресот е најголемиот непријател на нашето здравје. Ќе видиш дека од септември само убави работи ќе те чекаат
Нена, навистина нема што друго.. Ако имаше јас сум првата што сака да излезе се` на виделина, па така од моја штета е кога би скривала, а и немам потреба. Како и да е, и јас мислам дека премногу се замарав со него, и самата сфатив, а и сите вие ми го потврдивте тоа дека сето ова време бил само една обична кукавица. Доста е веќе, што сака нека прави, само подалеку од мојот живот.