Лоок те читам веќе некое време, и колку што сватив сте ставиле крај на врската.Трги ја на страна мајка ти ајде знаеме дека не ја подржува оваа врска, ама тој да те сакал вистински немало да се откаже.место сега баш да се држите ете ќе дојдеш во скопје и на тоа да гледа како шанса за зацврстување на врската па да дојде и он да најде работа ќе си бидете постојано заедно без никаков притисок он се откажува.Па тој не е маж според мене, утре потешки проблеми ке му надојдат во животот за секој еден он само ќе крева раце и ќе се откажува, а ти ке изиграваш мажот и ќе се бориш?Уживај си нема ништо поубаво до младоста, учи си го факултетот од септември ти стои убав период не се замарај Мило ми е што си донела конешно одлука
Јас само да кажам, гледам го напаѓате дечково а Лук е херој во приказната...Какви борби си водела кога си немала храброст ни да признаеш на твоите дека си со него...Тој бил спремен да се соочи со нив и да разговара а ти си се уплашила...Јас не би сакала со некој да сум и 3 години да ме крие од сите за мајка му да не дознае, мислам како вие би се чувствувале? Се чудам што дечкото уште порано не здувнал...
А извини како да признае на мајка и дека е со него кога гледаш какви хистерии ја фаќало во врска со дечково, а и се уште зависи од нејзините од каде да знаеш каква е мајка и и што би можела да направи во случај ако лоок признала?Е тек тогаш дефинитивно ќе мора да бира помеѓу фраеров и нејзините,замисли и скрати пари факултет напнување секој ден и како после би се гледала лоок слободно со него со огромен притисок од мајка и е тек тогаш ќе немаат мирна врска .
Јас пак сум сигурна дека Лук би ја прекратиле врската што почне на факултет. Тогаш ќе ти се отворат многу нови работи што не си ги знаела, искачања, дружења, нови пријатели, нови дечковци, удварања, шетање ... и толку е. Ќе си се прашаш зашто да се нервираш и да се замараш за типов кој мајка ти ти го забранува и да имаш притисок од сите страни. Еве ти гарантирам дека кога ќе се преселиш и ќе почнеш на факултет многу лесно ќе го заборавиш ова и по некое време ќе се запрашаш како си можела да бидеш толку глупава што се замараш со вакви работи. Подалку ќе си и од мајка ти и од дечкото. Слободна и отворена за нови дружби и создавање нови пријателства, па и по некој дечко Греота е на 20 години само со еден да заглавиш, а плус и да се замараш со „недозволена љубов„.
Јас не се правам херој и не сум херој, признавам дека не бев доволно храбра да и` признаам на мајка ми, затоа што после знаев што ме чека, туку јас се борев сама во себе. И не кукам, не се жалам (да не ме сфати некој така, најнормално си правам муабет), но само јас си знам што претргав од мајка ми. Чист сведок до кај можат да одат мајките е девојката што на почетните страници има раскажувано за се` што направила мајка и`, така да и јас немаше да поминам ништо подобро. Нека најде девојка што ќе го сака и што ќе може да го претстави на родителите, како што неможев јас. Си се тешев себеси барајќи му нему грешки, ама можеби и не е виновен. Можеби и ти си во право, можеби и тој има право, можеби вака е најдобро за двајцата. Но тоа `можеби` знам дека вечно ќе ми се врти во глава.
А штом толку мислиш на тоа, и уште те мачи зборот можеби, што не му го свртиш бројот во моментов и со него еден отворен асален муабет да си направите?
Ги исчитав сите страни, со некои мислења се согласувам со некои не, но можам да кажам дека капа и симнувам на tessie секоја ти чест жено за секое твое мислење, толку реално и вистинито, алал да им е на твоите деца со ваква мајка. Иначе да си кажам мое мислење на темава. Секој родител го сака најдоброто за своето дете, не сакам ни да помислам дека има родители кои би пречеле на среќата на детето (иако знам дека има такви, јас тие не можам да ги наречам родители). Секој разумен возрасен човек е свесен дека парите го вртат светот и се потребни многу, потребни се за се, за да излезеш, да се облечеш, да се образуваш, буквално за се. Но, парите не носат среќа и слога кои се толку потребни за еден хармоничен живот. Од љубов не се живее ама ни без неа не се може. Каде без љубов, како ќе се создаваш семејство со некој кој не ти е драг на срце? Како ќе растеш деца? Јас неможам да се замислам среќна со некој со кого ќе сум само заради неговиот длабок џеб. Потекнувам од семејство од средна класа, мајка ми и татко ми никогаш ама никогаш не ни се мешале ни мене ни на сестра ми во нашите избори. Но не значи дека биле рамнодушни, па велеле што сакате правете, туку секогаш се тука за совети и за да ни кажат некои работи. Татко ми често вели “кога сиромаштијата ќе влезе низ врата, љубовта излегува низ прозор, ама ако слогата остане ќе сфатиш дека љубовта не заминала туку само се скрила“. И во право е. Еден ден, здравје боже и јас сакам да имам семејство кое можеби ќе нема се, но ќе има доволно за да се издигнат вистински образовани личности кои ќе ги знаат животните вредности. Искрено јас неможам да се замислам со некој кој е неколку финансиски сталежи повисок, тој ќе сака луксуз, а јас скромност, ниту пак можам да се замислам со некој кој еве да кажам трпи за леб оти не сака да работи, па како јас со него ќе создавам семејство?! Како ќе гледаме деца?! Затоа е најдобро партнерите да бидат на исто или приближно исто скалило. А и не верувам дека некој богаташ ќе се загледа во некоја сиромашна и обратно, можеби ќе биде кратка хемија која ќе избледи од самите разлики меѓу нив. Тоа луѓе мои го има само во филмовите и сериите. Затоа велам, ПУШТИ СИ ГИ НОЗЕТЕ КОЛКУ ШТО ТИ Е ДОЛГА ЧЕРГАТА.
Секоја мајка го мисли само најдоброто за своето чедо, во спротивно, тоа не е мајка, само жена што те родила. И јас се обидов да се внесам во случајот на Лук. Како и да е, ние не сме судии и не можеме да си земаме за право да судиме кој каков е. И онака нема доволно сведоци и знаеме само една страна од приказната, нели? Сепак јас имав слична приказна пред некоја година и вака ќе ти кажам: -Еден ден ќе се смееш на сите овие проблеми. Да ти ја раскажам мојата приказна. Имав дечко 1 година и мислев дека многу го сакам. Јас требаше да тргнам на факултет тој септември, а тој почна да станува болно љубоморен, дури и на улица ако сретнев другар и се поздравев тој го сметаше за конкурент. И јас колку и да го сакав, ми скурчи народно речено и реков КРАЈ. Инаку да кажам дека и јас имав проблеми дома, ама не беа многу страшни, само мало негодување од татко ми бидејќи дечкото беше една година помал од мене, а и багабонт. Кога се скаравме знаев дека и тој ме сака уште, ама бргу после тоа тој си фати друга. Јас почнав да станувам љубоморна и само за да проверам дали ме сака се' уште му реков да и раскине и да се муваме додека да тргнам на факултет. И прифати. Кога дојде септември и отидов во Скопје сфатив дека целата врска ми била без врска. Чувствував неизмерна страст кон него кога бев со него, но на далечина ни малку не ми недостигаше. И ден денес ми ѕвони за да си го истури бесот бидејќи е многу импулсивен, а јас не се чувствувам ни малку виновна. Денес му ја знам негативната страна и не ни помислувам некогаш да му се вратам. Страста те заслепува и и да сакаш не можеш да ги видиш темните страни на нештата. Запамети: Гледајќи од страната на сонцето, никогаш не ќе ја видиш сенката. И само уште нешто, имам братучедка која оди со дечкото 5 години. Он има 24 години, невработен е, нема гола вода во очите, нема факултет, нема понашање, од никаква фамилија и згора на тоа пуши трава редовно. Од дома и забрануваа уште на почетокот и имаа право, ама не успејаа, а она тврди како тоа многу го сакала и дека заедно ќе успееле да се средат. Ма дај молим те, која и е иднината со ваков човек Јас сум далеку од парољубец, ама освестете се луѓе.. Не одиме во Европа со вакви размислувања за нејзиното височество - љубовта! Јас само ќе ти кажам, кога и да помислиш на него сети се на сите негови негативни страни кои те иритирале за време на врската. Така ќе сфатиш дека не е се така сајно како што изгледа. И ќе преболиш и плус ќе бидеш побогата со едно искуство. Сите луѓе грешат. Немој да ги повторуваш грешките и да му се вратиш NEVER EVER! Те гушкам и ти посакувам се најдоброоо!!!
Cтално се расправам со мајками за оваа тема.Tаа стално ми ја полни главата со истите зборови:Aии гледај ги луѓево како се вметнуваат кај богатити леле леле лелее ајј гледај ја онаа како беше растурена на врамето сите ја озборуваа па гледај ја за кого зе омажила за каков богаташ.Tи исто така треба да бидеш со богат пошто ако не е богат нема да го изживееш животот.Hе викам дека мајками не е во право , ниту дека е во право , пошто од една страна не е тоа се во животот пошто еве ако имаш пари а немаш деца, зошто ти се тогаш парите ? Hо од друга страна мајками е во право пошто ако денес намаш пари немаш ништо.Hо сепак јас највеќе го подржувам зборот на бабами пошто бабами секогаш ми вели: Oмажи се за некој што го сакаш и што има пари колку за живеење исхрана облека одмор децата и све остало шо го има најобичен човек, но најважно е да те сака и да те почитува.Oд една страна има некои богаташи шо стварно би те сакале и почитувале цел живот , но тоа се само 3% од целиот свет , значи се мнооогу ретки. Eве ти мој совет како да не ги трпиш овие глупави зборови, само климај со глава и викај добро , исто како да потврдуваш и мајкати да мисле дека тоа ти влегло во главата поздравче
Aло бе ти нормална си ? Свесна си што збориш или збориш од памет ! Што е ова, уцена па или слушај ја мајка ти или таа готово ќе умре уште утре ? Тешко на твоите деца ако ги воспитуваш на тој начин.
И мене ми е навистина криво што се така завршило. Ама тоа не значи дека треба да потклекнеш на барањата на мајка ти. Дотичната nicenicegirl можеби мисли дека љубовта не е вечна, но кој ќе ти ги гарантира и парите дека засекогаш ќе ги имаш ? Од такт ме извадија незјините постови најискрено, бидејки такво размислување имаат само незрелите личности. Колку пати сум велела дека се е послатко кога сама ќе го заработиш. Дури и црешата или кајсијата што сама ќе ја скинев од дрво ми беше послатка отколку таа купената од пазар. Сега за сега живеј си го животот како што тебе ти одговара, доста патеше заради други.
Ова ме потсети на разговор меѓу мои две другарки. Едната и вика на другата: - Епа тоа ти е, парата по пара оде. И оваа: - Да ги попаре по џигеро! Мама и тато никогаш, мене баба ме замара. И тоа гледа во пакет, факултет, место на живеење, родители, пари. Јас си го користам тоа едино како смешка да ми испадне, па да и кажам на моите и они да се смеат.
Луѓее и јас имам еден проблем ... јас сум нова на форумов , имам 19 години и сум во врска 8 месеци. Со него пред 2 месеци го имав и првиот сексуален однос ( и мн сум срекна сто се деси баш со него ). Се сакаме многу и планираме за посериозна врска, дури неколку пати ми има напоменато дека му доаѓа да ме праша едно мн тешко прашања ( веројатно за брак ) но проблемот е во моите, мајка ми исто постојано ми збори за оваа, онаа која имала богат дечко ( иако родителите на дечко ми се доста културни луѓе и имаат доста добра плата ). Но има и друг проблем . моите се селски луѓе, премногу старомодни, и не ми дозволуваат да го носам дома Единствено нешто за што се караме со дечко ми е таа причина. Дојде само за матурата и пред 2-3 неделиај ги убедив едвај ги убедив да ми дозволат да дојде и тоа со неговите внуки под изговор дека сакале да дојдат на торта Денес еве пак исто .. му имам кажано усте на почетокот дека моите се такви што не дозволуваат доаѓање на дечко дома толку често, ама еве денес од сабајле ми вика : ке правиш сладолед да поминам ? пуста јадна јас како да му кажам од срам , па почнав со изговор дека моите се на работа и дека не ми останале пари , дека друг ден ќе правам, и не спомна ништо и сега вика Ке правиш ли кафе да поминам ? јас не му одговорив ништо цекав прво да прашам дома и му реков ќе ти се јавам за 2 мин. И кажувам на мајка ми и вика нема шанси , сто било тоа толку често доаѓање кај нас, не знам , комсиите само ќе ме збореле, срамота било јас на 19 год толку често да ми иде дечко дома, да сум имала 22-3 ајде де ... и после сите слушнати муабети морав да му се јавам и да му кажам дека моите се договориле за на гости и дека морам и јас да одам ( во стил не доаѓај нема да бидам дома ) И почна да ми вика на тел . на што ти личам јас, играчка ли сум ти , мораш ли да одиш или се заебаваш со мене , што мораш да одиш ти кога ние се договоривме и не знам уште што .. и јас така само го слушам и солзи ми течат од очите не знаејки каков проблем имам јас И само му реков Кога ќе знаеш како ми е мене тогаш ќе разговараме и почна Што е проблемот? Пак ли твоите ? јас викам Не ми дозволуваат толку често доаѓање на дечко дома ( што да праам , срам не срам тоа ми преостана ) и ми вика ( со убав тон ) Па зошто не ми кажа одма, зошто да се караме ти и јас не знам што уште и само ми рече Јас не знам што да ти кажам ( јас плачам за цело време ама не дозволив да примети ) и Чао - Чао и толку . Сакам да избегам од дома не можам да ги поднесам ( ги мразам ) мислам дека ќе се омажам уште на 19 год само за да избегам од нив ( зосто ова не е единствено нешто, милион други работи ги тераат според нивно селско размислување ) Тие се единствена причина за која ние се караме. Ве молам дај те ми совет , сто да му кажам кога ќе збориме после , што да им кажам на моите , како да го решам проблемов, ВЕ МОЛАМ .....
^^^Ама и дечко ти ја претерува. За која потреба тој толку да иде кај тебе? Ти му требаш или татко ти и мајка ти? Маж да ти е нема толку да иде, а не уште пак дечко. Мене така да ме притиска тој што ќе ми биде дечко би му се налутила. Јас како прво не сум ни помислила да однесам дома дечко (колку тебе сум) и донекаде ги оправдувам твоите, затоа што едноставно нема потреба да иде кај тебе. А ти биди задоволна што можеш да се гледаш со него, идењето дома не е никаков проблем. Мене татко ми да ме види со дечко по улица ќе ме убие, а не пак уште дома, па еве не се жалам. Таков став си има човекот и тоа е. Не барајте влакно во јајце.
А каква врска има тоа колку идете ? Јас и дечко ми сме 4 години заедно па он се на се околу 3 пати има дојдено кај мене дома, кај мене татко ми е како твоите. Не викам дека се во право ама и ти треба да ги сватиш, они уште неможат да се помират со фактот дека не си веќе дете и дека имаш дечко, па чудно им е да те гледаат со него дома, сигурно и ја немаат уште сфатено вашата врска сериозно. Остај им малце време, треба да се привикнат. А на дечко ти можеш да му ја објасниш ситуацијата со твоите и да му кажеш да не те става во незгодна ситуација. Не се потресувај толку за глупости
Devojki znaci.. mojot decko e mnogu fin epten epten epten mnogu me saka... se ponasa so mene kako da sum bozica.. megutoa imam problem.. jas navistina go sakam i znam deka zivotot so nego ke mi bide epten super. Meguto moite doma velat deka e super decko fin i se no toj nema mnogu pari i nekako sakat da go otkacam. mi velat deka sum na povisoka klasa od nego i znam deka mi mislat dobro no ne sakam da go izgubam... Mu kazav se sto mislat za nego i ne se otkazuva, mi veli deka ke raboti mnogu i deka ke ima mnogu pari eden den i deka ne saka druga tuku samo mene... sto da napravam ednostavno seokogas koga ke stane zbor za nego me ismejavat... nemozam nisto da se pofalam sto e napravil za mene... nemozam da ziveam taka stvarno kakov sovet ke dadete ??
Значи имаш само 16 години, може ти е и прва врска и одма далеку во иднината ти се гледаш со него? Мене ми е нормално родителите да ти кажат што мислат за него, но да го ИСМЕЈУВААТ извини ама немаат никакво право, без разлика дали е твој дечко или обичен познаник. Доколку сте спремни и двајцата борете се за врската да опстане и успее, млади сте, многу ве чека во животот, може ќе успеете да направите пари (ако тоа е најважно). Ако вие сакате и ако сте истрајни во се ќе успеете.
Е да ми кажуваше некој дека ова уште го има немаше да верувам. Единствено на што ме учела мајка ми, а таа го немала, е да бидам со човек кој го сакам. Дечко ми навистина можеби не е некој си богаташ ама се труди и работи колку што може и не може за да постигне нешто повеќе. Мајка ми заради тоа баш го сака, зашто ми има речено таа самата, ние бевме доста богати порано ама мајка ми беше и е со човек кој не го сака и сега кога сето тоа го снема настанаа триста проблеми кои не можете да замислите до која мера можат да дојдат кога во семејството нема слога, љубов и разбирање. Остајте вие тие од шпанските и турските серии срања, од љубов не се живеело, демек парите пак вечни се. Прашањето останува што кога ќе ги снема. Е тогаш пекол. А не здрави, прави, млади луѓе способни за работа, место да се осамостојат, се прашуваат дали треба да го послушаат затупеното мислење од мајка си дека парата светот го вртела. Абе ај... Почитта, љубовта и разбирањето се најважно нешто во еден брак и кога тие двајца со свои раце и заедно ќе го изградат својот дом и живот тогаш можеме да кажеме дека навистина се среќни. Зашто во бракот ќе се појават милион проблеми од секаква природа и ако ги нема погоре наведените нешта парите нема да ви ги решат. Можат само да ги одложат и да ги направат поголеми.
Da 16 sum i imam goooolem zivot.. megutoa problemot e vo toa da gi prestanam da zborat taka.. prv pat gi osejkam peperutkite vo stomakot i dobro mi odi megutoa me terat da go napustam kako i tie samite da me gledat so nego ushte dolg period... sakam da uzivam dodeka sum so nego megutoa mislam deka ke imam ushte mnoogu deckovci no dodeka sum mlada da uzivam vo tinejdzerskiot zivot so se sto vleguva vo nego. Sto mozam da napravam.. i vednas ushte edno prashanje.. ako me naterat da mu raskinam.. sto da mu kazam bidejki nema sansi da mi dade da mu raskinam mnogu me saka... :/ [mod-kirilica:ca2f8vo0][/mod-kirilica:ca2f8vo0]
Епа како да не те гледаат во иднината со него, кога прво ти се гледаш во иднината со него. Колку години има дечко ти?