1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисок од страна на родителите за врска со богат партнер

Дискусија во 'Врски' започната од Look, 22 април 2012.

  1. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Истото како што вас ве учела мајка ви може и некој друг неговата мајка го учи.
    Таа му вели на брат ти немој со сиромашна девојка,богата најди си така? А зашто па богатата да го погледне него?Што ќе и пружи тој?Значи за тебе богат маж а за брат ти (што како МАЖ нема да е богат)богата жена?
    Мене искрено ми е смешно и страшно малограѓанско,снобовско и срамно размислување.
    А можам и тебе да те разберам Лоок не ти е лесно секојдневно со вакви притисоци дома,некој само да ти стои над глава и да ти труби едно та исто.Како што разбрав и си имаш дечко,што е многу безобразно од нејзина страна.Не размислува дали ти ќе бидеш повредена и несреќна без него,само парите се важни :^)
    Тешко е на крај да се излезе со вакви родители,најчесто на крај деттето ќе пати,доколку ги послуша и доколку се лета само по пари.Кругот се врти денес имаш утре немаш и обратно.
    Моите родители никогаш не ме советувале на вакво нешто,тие мене ми рекле ако си ти среќна ние уште посреќни.
     
  2. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    После цело мое измачување, сфатив дека никогаш вака нема да ги воспитувам моите деца.
    Никогаш нема да бидам она што мајка ми го бара од мене.
    За жал таа никогаш нема да сфати колку греши и што ми прави, а повторно јас ќе бидам таа што ќе трпи се`.
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допадна темата и морам да го кажам моето мислење. Денес сите сакаат да си најдат богат партнер да не кажам иден сопруг за да имаат подобра иднина и детето да има секакви можности, убаво да се образова, да си оди на час по англиски, на фудбал, на музичко и ред други работи.
    Факт е дека нема богати мажи на секој чекор, ама па да бидам со некој кој нема завршено факултет и има средно скитачко не планирам :!: Сите сакаме најдобро, најубаво, а зошто да немаме. Јас сум материјалист не викам не, знам дека парите не се се, ама само од љубов не би стапила во брак со човек кој не стои добро со финансиите. Јас ќе работам не викам не, ама денес многу е тешко да се преживее од една плата. Сметки треба да се плаќаат за струја, за вода, па во иднина деца итн.
    Баба ми секогаш ми вика денес љубовта не го врти светот, парите го вртат. Во право е жената. Ги почитувам долгите и искрени врски, каде преовладува љубовта и добрите односи и согласувања со партнерот ама во иднина ако се двата без работа, нон-стоп ќе има кавги за пари :!:
    Мајка ми и татко ми ми викаат кога ќе стапиш во брак не дозволувај кавгите да ти бидат за пари и никогаш немој да бараш пари од сопругот за козметички прозиводи( шминки, парфеми, дезодоранси...). Не мора да е Бил Гејтс ама нека има завршено факултет и нека има убава работа.
    Досега сум била во 2 врски и двете момчиња биле послабо финансиски стабилни од мене. Со првиот можев да си ја замислам иднината, ама со вториот немаше теоретска шанса.
    Јас мислам дека советите треба да ги цениме, а со тек на време ќе сфатиме дека во право биле родителите :)
     
    На linija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Два типа на родители кои вршат притисок врз децата да си најдат богат партнер по секоја цена:

    Тип 1.
    Сиромашни, да не кажам голтари. Крива е државата, крив е комшијата, криви се сите зашто они не се добро ситуирани.
    - Срце на мама, гледај да си најдеш богат дечко/девојка, за да не патиш како нас.
    Сакаш да живееш цел живот вака?

    Тип 2.
    Богаташи, не е важно како го натрупале богатсвото, дали е наследно, со мака и труд заработено или дрпнато од некаде.
    - Срце на мама, гледај да си најдеш некој/а богат како нас, или уште повеќе, за да ги здружиме парите и да направиме повеќе.
    Што, сакаш брак од љубов, да ти потроши се', да те исцеди?
    Па да плачеш после?

    И не, нема оправдување.
    Не сакам да слушам аргументи како парите биле зародиш на СИТЕ проблеми на светов.
    Ги сакаш - заработи ги.
    Сам/а.
    Побарај помош ако е потребно, потруди се, наместо да се специјализираш за спонзоруша.
    Тука имам искрено повеќе почит и кон проститутките. Барем се знае, се е*аваат за пари бре, поштено, не влечат некое муле, не глумат љубов и почитување каде што нема простор за тоа.

    И не знам искрено која ми е сатисфакцијата ако прелажам некој гревник, 10 пати побогат од мене.
    Прво, не се лажете, каква и да сте, добра, фина, манипулаторка, лукава, вие во таа куќа ќе сте натрапник. Вечно. Некој од фамилијата секако ќе проговори дека типот ве извадил од калта и ви покажал што е живот.
    Никогаш нема да сте доволно добра за него, оти нели - немате исто банковно салдо.
    Секогаш ќе бидете потценети, маргинализирани и понижени.
    Додајте го на тоа моментот - срце, ај те молам дај ми пари за влошки или нов пар чевли, па после барајте женски права, глумете гордост и билдајте самодоверба.

    "Еј чекај ма, има исклучоци на правилото." :!:
    Има да, Есмералда и докторсито и Флор, мутава цвеќарка со богаташот.
    |( |(
     
    На Lolipop23, De-lovely, DELFIN-15 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. asm

    asm Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    твоите ги делат луѓето на класи...те разбирам потполно и моите се такви... дечко сиромашен никако дечкото треба да биде на твое ниво.. глупости.
    ако ти е убаво со некој и да не е богат продолжи си, твоите можат да зборат , гледај си ти да си среќна парите се најмалку битни :)
     
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Секој родител преку своето дете сака да го постигне тоа што не успеал кога бил млад.
    Па ај сега животот ми нуди втора шанса и удри.

    Секој може да си најде богат дечко, ситуиран, со пари кои секој ден се множат се повеќе и повеќе.
    Можеби ќе имаш среќа и ќе се омажиш, ама прашањето е каква ќе биде реакцијата од таа страна?
    Сигурно дека неговите родители нема да бидат среќни зашто синот им нашол сиромашна девојка која не е на негово ниво. И ете проблем
    Уште пак постои можност да се погоди некое терсен семејство (како поголемиот дел од богаташите) и ти да си ја имаш маката
    И фактот што не си од истата социјална класа да ти го набиваат на нос во секоја можна ситуација

    За џабе не рекле секое тенџере си има свое капаче.
    Не голтар ама не и нешто претерано
    Златна средина

    *Јас се извинувам што текстот изгледа како да е наменет за една личност. Не е.
    Вака најубаво можев да си го кажам мислењето
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Вака. Јас сметам кога мајката ќе и збори на ќерката да најде некој што добро стои финансиски сигурно не мисли само да е богат а другото не е важно. Си смета она дека ќерка и си знае да си избере добар човек, што смета дека ќе ја почитува и сака, не дека ќе ја тепа и омаловажува по дифолт оти не е сиромав па мора да е арогантен, туку да и овозможи поудобен живот доколку е материјално подобро ситуиран.

    Значи пред да се лутите здраво за готово, вашите родители биле на ваше место, и се земале и ве исчувале и знаат најубаво каков е семејниот живот, земете го советот како најдобронамерен. Не дека треба да го фатите за збор, и да го сметате како притисок, туку онака за да отворите очи малку, за кога планирате да создавате живот заедно да размислувате и од што ќе живеете заедно а не само колку се сакате неизмерно, оти да не дојде ред да ве свекор и свекрива чува, таа љубов низ носот ќе ви излезе. Нема баш ништо лошо во тоа некој, посебно родителите, да ви ставаат на памет да размислувате и за финансии, во тие луди години, го сакам и крај, па не дека мора да е богат, туку да е домаќин, да знае да заврти пара од тоа што веќе има, во тој стил нели да ве посочат да размислувате за утре како ќе живеете, планови и разговори да ви поттикнат, за да не се тепате утре по глава. И ќе додадам, без разлика тука кој е потенцијалниот финансиски подобро ситуиран партнер, се погледнете двајцата што имате да си понудите за вас самите утре.
     
    На srcekrsacka, MSkorpionka, AnimeHQ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.246
    Пол:
    Женски
    ете ти што прават премногу турски серии гледање. Се пореметуваат луѓево па мислат дека и во животот некоја кутра Шехерезада ќе се омажи за богаташ како Онур кој ја сака само заради нејизната чиста душа и добро срце. Ама за жал реалноста е сурова и тоа пресурова. Не се рекло за џабе пари се лепат на пари. Љубов да, ќе те шета, ќе те води додека сте во врска, ама кога ќе дојде време за брак, 1 од 1000 богаташи ќе ве земе ако сте посиромашна од него. Исто така ваквото форсирање од страна на мајките да си ги омажат ќерките за пари ми е рамно да проституција. Буквално така ја сваќам работава, шири нозе ќерко за пари, да те земе и да уживаш. Просто , грозно и ниско размислување.
     
    На tessie и PParaskeva им се допаѓа ова.
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Секогаш следето го сопственото срце а не мислењето на родителите. Партнерот кој ќе си го изберете ќе си го имате за цел живот. Со него треба да делите се и тага и радост и добро и лошо. Парите во ниеден миг не се предуслов за спокоен живот. Да потребни се но не се СЕ.
    Никогаш не сум ги слушала родителите за тоа со кој ќе бидам а ниту пак сум дозволувала да ги интересира колку финансии имале моите партнери. Сметам дека родителите го немаат тоа право да солат памет земи го овој или оној има 3 куќи станови и коли а тоа што е наркоман не е важно де.... А и првин нека им е јасно и на тие родители за да фати ќерка им добро парче треба да помине макотрпна работа и да има бар прилично доста кеш за да влезе во тие кругови. Општо секогаш сум си гледала златна средина да е бар на мое скалило
     
  10. traumhaft..90

    traumhaft..90 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    20
    Брее колку добри родители имате вие штом така ве учат,земи си ќерко богат маж и живеј среќно и богато |( мене татко ми неќе да слушне некој поклон за роденден да ми донесе оти можеби не сум заслужила не па да ме советува за такви дебилски работи.Со право значи жените се под мажите читајќи поедини коментари,браво за спонзорушите што уште и се гордеат дека љубовта не се јаде парите го вртат светот,а колку од вас ги заработиле па да кажуваат кој што врти? Студирам и работам истовремено и знам многу убаво колку ми значат парите и повеќе би сакала да имам некој што ќе ме подржува и ќе ме сака оти пари знам да заработувам и сама,а не утре некој да ми кажува како тој да не е јас за леб ќе умрам епа имам достоинство.Незнам само како може некој со туѓи пари да изиграва богаташ....
    Не би се ни менувала со таквите што вода у очите немаат ама нели богати се покрај дечкото џабе скапи парфеми кога душата им смрди,да не избегам од темата да се вратам кај родителите,наместо да ги учат децата да бидат самостални тие ги водат у пропаст- лежилебович :x неможам ни да си го замислам тоа не сум видела и слушнала такви работи,затоа не ми е јасно.Можеби нема секој можност да учи или да се вработи ама дај бе луѓе за достоинство не требаат пари и на крај краева испружи си ги нозете до кај што ти е чергата :fubar:
     
    На jagalskersverige му/ѝ се допаѓа ова.
  11. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    По логиката на мајката ти............. твојот брат не треба да се жена зашто нели сите требе богати да барат.......... иначе мајката ти је спонсоруша немој да се налутиш ама това ти је това.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Нена, јас проститутките ги почитувам многу повеќе од ваквите жени. Барем не се лицемерни како овие да продаваат лажен морал.

    Ќерките од Кога лисјата паѓаат се типичен пример за тоа што се случува со браковите на девојчиња кои по секоја цена се буцкани да се омажат за богаташ, особено Лејла која факт е дека (иако не ми беше лоша личност со никој друг освен со самата себе) со прст не мрдна да се надогради себеси и да постигне нешто. Така се случува кога, како што велиш ти, парата не легнува на пара.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Извини вака ама мајка ти нема појма од животот. Извини за коментаров ама стварно го мислам ова. Речи и дека нема да бараш пари од неа да не се секира. Себично створење, се плаши немој да и бараш пари кога ке се омажиш. Проста раја.
     
  14. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Богат сиромав или сиромашен богаташ? Трето нема... Ох да, Богат Богаташ? мислам.. да да..

    Животот не е филм, животот е реалност.
    Нажалост, денеска се повеке и повеке истото го има. Ако детето е воспитано да ги исполнува очекувањата на родителите, тогаш тоа и го прави. Не ретко родителите им вршат на притисоци на своите деца од емоционална до материјална основа.
    Но, има и такви кои што потајно сакаат партнер со пари ( без непосредно мешање на родителите ) за да ги задоволат нивните потреби. Ама пак, колку и да има злато ковчегот една ден ке пресуши, само вадиш, вадиш од него а никако да ставеш и... после што праиме? разводи .. триста чуда.
    Па јово - на ново по нов парнет со „пари„? :?:
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.246
    Пол:
    Женски
    Тоа велам , ова ти е прикриена простицуија зад потписот во матично. Јадни се тие родители што така размислуваат. И сите оние кои се уште се дома, на принцип тате носи мама меси, нека не велат МОЈАТА имотна состојба, зашто НИВНАТА имотна состојба е 0 се додека не заработат свои пари. Чест на исклучоци кои си заработуваат за џепарлак. Е па кога ќе слушнам неое такво мамино и татино да вика Овој е посиромашен од мене ми иде да си пукнам у глава!!
     
    На jagalskersverige му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Гледам дека повеќето го имате истото мислење како мене и тоа ми се допаѓа.

    Само да појаснам уште малку- Таа сака да се образовам, да завршам факултет, да најдам своја работа, ама и да се омажам за богаташ. Како што вика таа „ Најди некој од убава фамилија, појди во медот, да се знае си го средила животот, не се сиромашни за нас (пропратено со навреди за неговата фамилија поради тоа што не биле богати). Јас да умрам нема да попуштам ‘‘

    Ако види некој фатила богат дечко, после јас ги трпам последиците.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.649
    Пол:
    Женски
    Во ред е што настојува да се образуваш, да се осамостоиш, ама не е во ред што те притиска да си најдеш богат партнер. Не сакам да се повторувам, сите пред мене кажаа, тркалото се врти, денес си горе, утре долу. Башка што кај нас ретко кој се збогатил со чесна работа. Порадо би да имам чиста совест и пристоен живот со чесен човек, отколку да се омажам за богат човек и ноќе да не спијам од страв.
     
    На RainBow, bittersweet, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.246
    Пол:
    Женски
    а зашто па ти да не си заработиш пари на свој начин со свој труд и да си бидеш сама пред себе богата? Тоа не е е подобро или е подобро да одиш во богата фамилија, каде што секоја прилика ќе ти се ака од глава дека еве те земале кутра сиромашна и од нивните пари си прогледала? Мислам стварно не ја разбирам мајка ти. Еве јас сама живеам веќе 5 та година а работам 8 години. И нема тоа богадство на дечко ми кое ќе ми ја пружи истата среќа и задоволство од тоа што го имам кога си купувам со МОИ пари заработени со мој труд. Мислам во ред е да сте вие некое добростоечко семејство, кое има капитал, па мајка ти така да ти вели за дате заштити од среброљупци кои сакаат само да се вдомат кај некоја богата девојка и да цицаат од нејзиното бодатство, ама како што велиш вие сте просечно семејство. Сметам дека малку мајка ти треба да сисе подзапраша, дали на некоја богата девојка ќе и дозволат да биде со брат ти бидејки богатите девојки си бараат пандан на себе а не подолу од себе.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Разликата кај многу мајки во однос на ова прашање е тоа што едните ќе го кажат ова на глас, а другите не за да не побијат многу работи на кои ги учеле дотогаш своите деца...а дека голем дел да не речам сите го посакуваат тоа за своите деца-е точно. Посебно оние кои не стојат баш најдобро финансиски. Знаат што следува после љубовниот занес, знаат што следува после завршување на факултет ако немаш влијателен роднина или пријател да ти обезбеди работно место, знаат како стојат работите во нашата држава, си ги познаваат и своите деца и нивните способности и навики, го поминале истото па ете...да поучат нешто де...
    И сигурно не мислат на богат по цена да се со него без никакви чувства, по цена тој да е идиот кој ќе ја малтретира, мафијаш или сл. туку си сакаат комплет-фино културно детенце од добростоечка фамилија, за да ти бидеш дама која ќе влезе во наместен стан, куќа, спрат...а својата плата ќе си ја трошиш лично за свои задоволства...Да пукнам ако и јас не сакав такво нешто :D
    Не сум за притисок да не ме сфатите погрешно, љубов на прво место, само сакам да кажам дека донекаде ги разбирам и мајките што сакаат да кажат :angel:
     
    На Almin, imelda и sonce777 им се допаѓа ова.
  20. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45
    Само едно до сите Фемина пријателки, никогаш ништо не очекувајте од друг, на крај секогаш се мора да сработите, заработите и иживеете сами. Парите даваат слобода, но само кога се лично заработени, ни од мама ни од мажето. Па не очекувајте среќа со туѓи пари, никој никогаш таква не доживеал. И затоа богат партнер, фино, ама за него, не значи и за двајцата. Затоа сакајте но и работете, вложувајте во себе и заработувајте. Ќе бидете само тоагаш она што само вие сакате и какви сакте да сте. Па и родителите тогаш кој ги ,,мати,, што тие сакаат и ценат кој е најдобар за вас.
     
    На srcekrsacka, maca99, artemis и 6 други им се допаѓа ова.