1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисок од страна на родителите за врска со богат партнер

Дискусија во 'Врски' започната од Look, 22 април 2012.

  1. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    леле девојкоооопупи.грл каде бре со овој памет???...те читам и ти се смеам искрено да ти кажам!...си сакала маж со факултет финансикси способен???...ами свесна си ти дека живееш во македонија??? место каде факултетот не игра никаква улога???...место каде луѓе со 4то одделение се директори и можат да те закопаат со пари???
    Боже, Боже мноооогу убаво те воспитале твоите алал нека им е!...со тој мозок верувај дека ќе имаш лош брак или никој нема да те сака да те земи за жена!!...извини ама добронамерно ти го кажувам ова со цел да размислиш какви глупости пишуваш оти мн ме изиритира!....точно е дека без пари не се живее ама свесна ли си дека има луѓе кои едвај преживуваат па се среќни во животот на поинаков начин?..и дека има луѓе кои вријат од пари но за џабе им се?!....не знам што да кажам......толку е плитка младинава и затоа во последно време не опстојуваат браковите и затоа е зголемено присуството на разводи токму од овие глупости и од луѓе материјално опседнати! извини ама ова морав да ти го пишам за а се освестиш за што зборуваш! поздрав и се најубаво
     
    На HappilyLoved и jagalskersverige им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски


    А извини кој рече дека јас во МАКЕДОНИЈА ќе останам? Па да ти кажам убаво ме воспитале. Јас кажувам реално како што е, а не како што вие сметатате дека е. Не планирам да се карам. Ова е форум и секој си има право на свое мислење 8)
     
  3. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    точно јас во никој случај не сакам да се карам, дај боже да ти се остварат соништата само сакав да ти кажам дека вредностите на животот се во другите работи а парите се само пропратна работа која може да ти помогне да си дозволиш материјални ствари но не и духовни поздрав
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Знам дека парите не се и јас ти посакувам ако не си мажена да си најдеш нај нај партнер, ама ставрно сите пишувате како да само љубовта е најважна. Важна е и таа, без љубов нема брак ама и без пари нема иднина. Без добра работа не се хранат деца. Биди ми поздравена :*
     
    На srcekrsacka, Nastjaaa4 и sonce777 им се допаѓа ова.
  5. Blue-eyes-girl

    Blue-eyes-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    30
    Ќе му се плукнам и во парите и во се бе, кога ќе го немам чувстовото кое ќе ми ја полни душата. Ако треба нема да имам за храна ама има да бидам среќна со човекот што го сакам. А родителите?! Тие да мислеле за нив.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.831
    Допаѓања:
    65.659
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам за некој со вакво мислење и што се води по оваа работа. Нажалост и познавам вакви девојки, едната се омажи за ваков, ама игра како он свири. За свадбата ги уценуваа, ретко нешто беше по нејзина волја, свекрва и си нареди се по нејзино бидејќи речиси се неговото семејство плати.
    И? Среќа ли е тоа?

    Ова никогаш не ми било важно, богатството не е трајна работа, времињата се менуваат. Не за џабе се вели во добро и зло, сиромаштија и богатство. Утре ако го снема, што? ќе го оставиш бидејќи не е веќе богат? Ќе фрлиш се во вода?

    Кога веќе некоја стасала за мажење, а да се води според родителите што да кажам, нема ни свое јас, не е ни изградена како личност, а за таквите немам ни тронка поштување.
     
    На Trendafilka и teddybear им се допаѓа ова.
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Се согласувам дека сам треба да си ја обезбедиш иднината, да си завршиш факултет па и да си најдеш некоја добра работа, да не очекуваш од друг.

    Лично јас секогаш во прв план би ја ставила љубовта и допаѓањето. Без тоа нема ништо, што ќе ти е некој кој е богат и се ако не го сакаш и ако не те на било кој начин привлекува, каков ќе ви биде заедничкиот живот? Така да материјалното во случај кога нема љубов не вреди ништо. А од друга страна пак не е убаво поради љубов да сум спремна и во подрум да живеам. Така да, некоја си златна средина. Само искрено мене би ми било проблем да бидам со некој кој нема планови за во иднина или нема некои амбиции. Мислам, свесни сме сите дека овде тешко се наоѓат бизнисмени со не знам колкави куќи ама сепак доволно е да изучува факултет, да се ангажира околу својата иднина а не некој што апсолутно нема поим што планира да прави понатаму. Од тој аспект сакам некој што се труди да постигне нешто и да биде некој во животот.
     
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Look мој совет ти е , води си ја врската до кај ке си ја водиш, земи запиши факс, и заврши го , создади свои сопствени финансии и така после тоа биди си со кој сакаш без оглед дали имал или немал доволно пари за мајка ти...

    Сепак така финансиски послободна ке си и нема да зависиш од дома. Секој за својата среќа треба да се бори. Да ти биде јасно :!:

    Стварно немој да дозволиш да појдеш по патот мајка ти кој ти го налага зашто нема да ти биде лесно нема ни најмалку .. Утре дотичниот Богаташ ке треба да го молиш за едни влошки а он да се иживува на тоа ко копиле некое ... Да не знае да те погледне преку ден а да си му у кревет секоја вечер ...

    Слушај си го срцето...
     
    На jagalskersverige и Look им се допаѓа ова.
  9. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    мама миа што тоа читам јас??? :puke: ми се гади од такви луге озбилно. Знам дека секој си има право на избор и почитувам тоа, ама ова ги миснува границите абе дај... еден бивши ме праша ке бидеш ли со мене и да живееме под камени... му реков ДА без двоумење. некогаш и парите не биле средство за преживување... ке се вратам и во село ако треба ама да земам маж од таа приЧина ма самоубиство ке напрам веднаш.... се знае секој ЧОВЕК што сака... душата да му е полна а не џебот... ако е Човек и ако има душа секако |( СРАМОТА!!! не сакам да коментирам повеке тоа ке е се од мене :puke: ми се поврака од темава
     
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Со љубовта , разбирањето и слогата богатството само по себе доаѓа..
     
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Мене никогаш ми немаат ништо вакво кажано.
    Моите се сами направиле во животот, и немале скоро никаква помош од родителите, па мислат дека не е толку важно од какво семејство потекнуваш. Сега, нормално дека сакаат да сум со некој што е паметен, што е вреден :D и што студира или работи, ама не им е важно дали сега на оваа возраст има пари или не. Се дури се труди и е самостоен, а не седи по цели денови дома и спие, на нив ќе им биде ок :)
    Да ми кажат сега нешто такво, демек ако најдеш дечко без пари ќе се откажеме од тебе, стварно не знам како би изреагирала...
     
  12. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20

    Добро бе зошто мораше да ја отвориш оваа темаааааааа!!!!!!!!!!!!!! ;(

    Значи ова е мојата животна приказна. Бевме заљубени, бевме заедно долго време, се знаевме од деца од 7 години учевме заедно од прво одделение па се до трета година на факултет. Бевме среќни, прекрасно ни беше заедно, имавме иднина, си ја планиравме нашата иднина, што после дипломирањето.. да јас сум богата, неговото семејство живееше само со платата од мајка му, ама јас никогаш не ги гледав парите бидејќи го гледав него и само него. Но еден ден, мајка ми нашла некој дебил со кој беше упорна да ме запознае и да сум со него.. и тогаш почна се!!! Почнаа проблемите со дечко ми, почнаа кавгите, почна најлошото.. избегав од дома, не бев дома.. месец дена живеев кај него дома му.. ми кажаа дека ме отпишале од ќерка, дека јас за нив не постојам и такви работи.. но мене ми беше најважно да сум со него. Бевме најсреќни, најмногу се сакавме во тие моменти бидејќи ни беше тешко... И баш кога мислевме дека се заврши... дојде мајка ми кај него дома.. и почна да измислува лаги за мене, како јас сум го изневерувала, како сум била верена за друг.. МОЈАТА РОДЕНА МАЈКА ГО КАЖУВАШЕ ТОА ПРЕД НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ ПРЕД МЕНЕ И ПРЕД НЕГО!!! не можев да им поверувам на ушите... после сите нејзини лаги и манипулации, таа не успеа во тоа.. бидејќи јас бев 24 часа на ден со него.. се слушавме постојано, беше доволно долго со мене за да ме познава доволно, ми веруваше доволно за да не и поверува на мајка ми, која сакаше да ни ја расипе врската... почна да измислува работи во стилот на тепање и дрогирање и полиции.. Тоа беше тоа.. неговите не можеа да го поднесат тој притисок тие лаги, тоа засрамување... раскинавме.. една година бев во тешка депресија.. ги изгубив сите другарки и другари.. целиот живот ми се смени за 360 степени. Останав потполно сама.. сама без никој околу мене. Каде и да се обратев за утеха добивав шамар. Ја мразам мајка ми најмногу од се на светот.. и ден денес иако поминаа години од овој настан плачам за него и се молам некогаш пак да ми прозвори, пак да сме заедно... сакам да сум со него, го сакам.. уште го сакам.. тој ми беше се, цел мој живот, се што ми беше најдраго и се што ми беше прво. ;( ;( ;(

    Јас немаше да се откажам од него, да не се откажеа неговите... ;(

    Борете се за љубовта!! Само тоа е важно!!! ;( ;( ;(
     
    На srcekrsacka, Nine25, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. HappilyLoved

    HappilyLoved Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    Едно не ми е јасно, ти си можела да тргнеш се настрана, да застанеш против твоите, да си отидеш од дома а он неможел ? Искрено ја те подржувам во се што си направила, ама он погрешил.
     
    На srcekrsacka, mims-89, jagalskersverige и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Уште нешто да додадам...

    Денес сум во врска со тип кој е калибар на мајка ми. Не го сакам, го мразам... :puke: немам другарки, немам другари.. немам никој со кој можам да разговарам да му кажам како се чувтсвувам. Горам од внатре, не ми е добро.. душава ми плаче. Типот има пари, има куќи и станови, има кола.. има се што ќе посака некоја како мајка ми.. но не и јас. Не сум среќна, тажна сум, затворена.. порано излегував секојден, одев секаде сега, само седам дома.. гледам љубовни филмови и од време на време гледам наши заеднички фотографии и се прашувам што ќе беше со нас, ако не дојдеше до ова? ;(
    Иако имам се, што не сум ни го посакала некогаш.. немам среќа, немам љубов, немам некој кој духовно ќе ме исполни.. џабе е се. Мајка ми е среќна и не ја интересира како се чувствувам јас.. пред некој месец се верив.. ми доаѓа да се убијам. Типот е добар, фин дечко.. но е далеку од тоа што јас го сакам. Не можам да го сакам.. не можам.. срцево ми сака друг.. плаче за него. ;(

    Џабе се парите. Со пари среќа не се купува. Материјалното ќе те задоволи само привремено. Ми купија кола.. која ја возам еднаш на три месеци.. така седи скапува.. ми најдоја работно место каде земам плата месечно 20.000 денари.. секој месец ме фаќа тешка депресија по бившиот, само на него мислам, таа депресија трае по 10 дена и цела плата ја трошам на работи кои не ми се потребни. Имам 1000 ташни и штикли и еден тон козметика.. која само ја фрлам бидејќи и поминал рокот а не сум ја искористила.. постојано шетам по тренерки.. и ретко кога сум насмеана... не се сеќавам кога последниве три години сум излегла некаде со некој и сум поминала супер. Немам ниту роденден прославено. А да, плачам на секој негов роденден.. и се молам да најде некоја со која ќе е среќен. ;(

    Родителите можда ни мислат најдобро.. но не секогаш. Заканите кои јас ги претрпев од мајка ми.. лагите кои му ги кажа на него.. психичкото малтретирање кое го претрпија неговите родители... не можам уште да верувам како сум жива и како уште не сум ја отепала таа жена.. :envy:
    Да. Баш така. Тој ги одбра нив, наместо мене.. мајка ми му се закануваше дека ќе го стави в затвор за поседување дрога и за тоа дека ме тепал. Можеше.. има јаки врски во полиција.. до некаде ги оправдуам неговите родители.. до некаде и не.. можевме да избегаме некаде.. и не бевме деца имавме по 23 години. Судбина.. тоа е.. не можам да променам ништо сега.. касно е.. се деси. Ама уште го сакам без оглед на се што се деси. ;( :(
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Само едно ме интересира - што кај тебе, по она како се опишуваш, му се допаѓа на сегашниот дечко?
     
  16. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Очите ми се наполнија со солзи! ;( Дури сега не можам да и се изначудам на човековата алчност. :?: Можеби родителите сметаат дека тоа е најдобро, но тебе тоа ти донело нешто токму спротивно. СЕКОЈА ЧЕСТ НА ХРАБРОСТА ШТО СИ ИМ СЕ СПРОТИВСТАВИЛА НА РОДИТЕЛИТЕ ЗА ОНОЈ КОЈ ГО САКАШ! :clap: :bow: Но Господ гледа, заслужуваш огромна среќа за твоите дела. Животот е суров, љубовта е болна, но никој не заслужува толкаво страдање само затоа што сака среќа! Тој што го сакаш треба да биде горд и благодарен на твоите дела за него, но зачудувачки е што не го ценел толку тоа. Но не би го осудила, бидејќи можеби причините за да раскине со тебе му се позначајни од другото, сепак ти посакувам премногу среќа, зошто З-А-С-Л-У-Ж-У-В-А-Ш!!

    Инаку со мајка ми често пати сме зборувале на оваа тема. Секогаш ми вели дека никогаш не би се противела на моите желби. Доколку нашата љубов е вистинската и го сакам, нема што таа да ми вели како би била задоволна со материјално, а не сум. А баш тој притисок за богат партнер ми е :puke: и старомоден! Не би дозволила друг да одлучи дали ќе го ценам материјалното! Доколку сакам да постигнам такво нешто, сама ќе достигнам, со сопствен успех и труд и ќе имам пари колку ми се доволни. Парите не треба да претставуваат пречка!!
     
    На Miss-HeLL му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Мислам дека не се опишав себеси ... ја опишав само финансиската состојба.. |(
    Не знам што му се допаѓа кај мене искрено и не сум се замарала со тоа.. не сум се ни запрашала зошто е тој со мене воопшто? :?:
    Јас сеуште живеам во минатото.. мислам на други нешта воопшто не мислам на сегашниот како да не постои, не сум му ни дала повод да мисли дека го сакам. Ме задума и мене со прашањево. Стварно не знам.. можеби ме сака.. не е со мене заради пари тоа знам бидејќи има повеќе од мене.
    Искрено не ми е важно.. знам дека морам да сум со него.. и дека немам друг избор. :puke:
     
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Ништо во животот не е морално, со твои 29 години неможеш да се спротиставиш на родителите? :?:
    Ти градиш свој живот, своја иднина, ти ќе живееш во таа иднина не твоите родители. Сепак можеш да се потрудиш барем да се оттргнеш од сегашниот чим неможеш да се вратиш на бившиот дечко.
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.125
    Допаѓања:
    21.015
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека имаш избор. Не крај на светот ако го оставиш, не е единствен. Можеби и со бившиот ќе се смириш. Не можам да те разберам. :?: Ако не го сакаш сегашниов -вереник- ти е како што сватив, како ќе се мажиш за него за некој месец? Како ќе живееш уште така како што велиш ти во минатото? Не е фер ни спрема него ни спрема тебе. Ти и него го повлекуваш со тебе, каков брак ќе биде тоа????
     
  20. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Да, ќе раскинам со него сум размислувала и за тоа... и што после? Со кого ќе излегувам? Немам ни другарки ни другари сите ми свртеа грб откако раскинав со него. Како ќе најдам некој друг? Како ќе запознаам некој друг? Каде?? Плус ќе морам да сум приморана да живеам со мајка ми.. сега барем не живеам со неа.. живеам со него.

    Пред некој ден пишав на една друга тема... нема да се смирам со бившиот.. се видовме случајно се разминавме на улица.. не ме ни погледна. Бев сама и тој беше сам.. срцето ми застана.. не знаев што да направам сакав да му се стрчам.. ама кога видов дека не сака ни да ме погледне.. сфатив дека тоа е тоа, дека завршил со мене.

    Иначе, имам 26 години... поминаа три години после тој настан со бившиот, тогаш имавме 23 години. Не можам да ви го опишам чувството како е кога ќе се осетиш сам!

    Каков ќе ми е животот со сегашниот .. не знам. Стварно не знам... тој знае се за бившиот. Знае и кој е и како се вика.. и што се случило и дека иако сум со него дека сеуште не го сакам него туку дека го сакам бившиот. Па не сме имале секс сеуште.. не можам да му се предадам.. бившиот ми беше прв.. ако имам секс со некој друг ми се чини дека ќе го уништам и тоа нешто што останало од него неуништено..

    Не знам.. нема да се трудам да сменам било што сега. Немам волја пак да се натпреварувам со мајка ми после се што направи и после се што видов дека е во состојба да му направи на свое дете. После три години болка и солзи.. да умреше бившиот мислам дека помалку ќе ме болеше од ова сега што знам дека сеуште живее без мене... ;(

    Да слушнам нешто од него.. да ми каже нешто.. дека ме сака сеуште.. е тогаш би сменала многу работи. Ама од него немам ни глас слушнато.. не знам дали сеуште му значам нешто..