Болдираново ме потсети на еден случај од Норвешка. Типкава (Норвежанка) се развела откако добила нова работа затоа што почнала двојно повеќе да заработува од сопругот (пријателка на пријателка на мајка ми што живее и работи таму). Глупости на триста...Демек, не ми се исплати веќе инвестицијата, ај чао.
Ти само стоиш во место и чекаш од "бога здравје" , преземи ја ситугацијата во свои раце не чекај ништо од никого. Со тек на време ќе стекнеш нови пријателства, само повеќе се уништуваш во ваква врска, стоиш и тапкаш во место, доколку знаеш дека нема ништо ни со бившиот а веќе поминале 6 години терај напред едноставно така требало да биде.
Ме расплака. И јас се наоѓам во таква ситуација и знам дека еден ден скрос истото твоево ќе го живеам. Мојата мајка е ПОТПОЛНО иста како твојата, како неа да ја опиша. И истото и мајка ми би го сторила (во повеќе наврати ми го има кажано тоа). Потполно те разбирам како ти е, и навистина не знам како да те утешам затоа што нема утеха.
Неможам да се разделам од него, премногу го сакам, а знам дека ќе дојде и тој ден. Од есен морам да студирам надвор од мојот град и ќе биде многу, многу потешко за нас. Секогаш кога ќе го погледнам во очи си викам: „Боже, можеби ова е за последен пат‘‘.
Зошто потешко?! Нема да си со мајка ти, таа нема да знае за секој твој чекор, ќе имаш поголема слобода!!! Баш е момент кога можете уште повеќе да се потрудите! Тој ако сака може да работи било што колку да има за карта да доаѓа да те види! Не се откажувај Look, јас сум секогаш за тоа дека родител не може да му мисли лошо на дете но твојата ситуација и на другата девојка, ме згрозуваат! Јас никогаш не би ја ставила љубовта на прво место, туку почитта и чувството на пријатност, ништо повеќе од тоа не барам. Мене само тоа ми треба, таква ме направила околината! И завидувам на сите вас кои сте нашле права љубов! И затоа не ја испуштајте!
КОнечно увидов дека мојата мајка не е единствената која ме убедува со тоа. Имам дечко но тој не е некој богаташ има онолку колку што треба, но таа не и не .Требело да е богат ... За тоа многу размислував и мноѓу ме навредува што таа зборува на таков начин но последно време гледав мн тави филмови и читав некои книги и како дел од цитати имаше нешто слично на ова „љубовта ја има, но кога е зачината со пари, таа е идеална“ и се натака ... Така да верувај ми иксрено незнам шо да мислам и шо да ти кажам во врска со таа тема. Иако мислам дека не е важна сегашната состојба на парите од причини што кога ке се најде работа, тогаш се зборува
Мене ќе ми простите, ама ваквиве „мајки“ би ги нагостила со една флаша солна киселина. Ме потресовте бе луѓе. Дотолку во шпански серии живеат вашиве? Свои хирови лечат на вас? Тоа е она „најдоброто“ што ви го посакуваат? Фала ти мајко што никогаш не си отворила уста ваков „совет“ да ми дадеш. Ќе те мразев од дното на душата. Но напротив, дури и кога сме биле во потешка финансиска состојба, самата ми велела „И еве, што имаме ние што дедовците твои биле едни од најбогатите во град?“ Навистина. Што имам јас? Поради тие нивни хирови за пари, се разболеле и умреле пред да ги запознаам. Парата се истрошила, а имам ли јас меморија од нив? Случка со нив? Сум ги видела ли освен на фотографија? Да ги допрам, да ме гушнат ко внуче, да прошетаме. Ништо нема од тоа, па и парата ја нема, да и’ се плукнам во вредноста шугава. Јас од пред 4-5 години имам загарантиран кров над глава, и имам за да живеам најнормално, со помош на тетка ми од странство и нешто плус да имам што сакам, и пак мајка ми секогаш ми вели „Немој да трчаш по она што сјае, ќе те заслепи, па ќе изгубиш чувство за вистинските вредности. Богат е оној што останал со душа и срце во себе. Тие се ретки денеска, а до пари секој може да дојде на секаков начин.“ Ко од народна приказна звучи, знам, ама тоа ми го вели, и ја ценам најмногу за тоа. И да, тотално ми вели дека кој и да е, каков и да е, таа секогаш би ми помогнала колку може, ако треба. Но никогаш нема да си го дозволам тоа. За возврат ќе и’ покажам дека благодарение на тоа што ме оставила сама да си го бирам најдоброто за себе, јас сум станала свој човек и дека со човекот кој ќе е до мене, заедно ќе се избориме да изградиме стабилност. Е тоа е нешто со кое ќе се гордеам на себе, а не седни си ќерко на златна лажица, па нека те сркаат како сакаат, трпи за пара. Е златна е, ама и студена. Што ќе ми е мене богаташот со каков ти знам таму имот, ако секое сабајле јас станувам во студена, празна постела без никој до мене? Ќе се облечам во мојот Шанел фустан, ќе ставам бисери на врат и ќе седнам да појадувам во најскапиот Италијански ресторант? Сама? Не фала, преферирам паштета и топли очи полни љубов. Кај што има слога, има и Бога, велат. Другото само ќе си дојде, амбиција, слога, упорност, кликер и ќе се постигне што се сака. Еве имав школска во основно, абе за секое можно машко мајка и’ ја испрашуваше кој е, од кај е, колку има, кои се неговите до 5то колено, и удри око на еден дечко. Јас се запрепастив кога ја видов мажена за истиот тип, со бебе во рака. Еееј, на 20 години со запечатена судбина. Битно мајкава си го излечи комплексот и сега се куропеца наоколу ќеркава за кого била мажена, абе од уста не го вади муабетот. А се гледа јадниве дури и на слика колку се среќни. Кај што влегува материјалното, духовното излегува. Факт е дека ако зграби човек малку, ќе сака повеќе, и повеќе, и повеќе, дури не изгуби се’ и пак дојде на дното. За жал не се и само мајките и женските кои парата ја ставаат на прво место.
Девојко, застани на свои нозе, спротистави се, ти ќе го живееш твојот живот или мајка ти ? Не дозволувај да ти се мешаат во изборот на партнер, ако ти мислиш дека е идеален, дека е добар и дека те сака. Не дозволувај алчноста за пари да ти ја уништи љубовта, да го пропуштиш него и цел живот да си ја лупаш главата од ѕид. После за каење е касно, подобро да се спречи отколку да се лечи.
Знам дека е така, ама не е воопшто лесно да и` се спротиставам, особено сега кога зависам од неа (од есен ме чекаат студии). Мајка ми нема лоша душа, ама кога се работи за него таа станува полоша и од ѓавол. Не знам како подобро да објаснам, ама мислам дека попрво земјата би се свртела наопаку отколку таа некогаш да попушти за него. Многу, многу, многу е заслепена од парите. Само со тоа главата ми ја тупи, само ме контролира, само да не сум со него (а само парите се во прашање ). Немам никаква слобода, едвај излегувам од дома да се видам со него, од страв.
И јас вака мислам.Ако тој работи ке има колку за карта да доаѓа да те види.Ти сигурно нема да и кажеш на мајка ти дека се гледате или па она да ти виси таму па да те контролира толку.Како бе може така стварно не можам да си поверувам.А ти во иднина ако продолжиш со дечково ако навистина мислиш дека е за тебе и се сакате бори се не дозволувај да бидеш нечија марионета па дури ни на мајка ти застани на свои нозе и имај свое јас и пред неа.Знам таков пример каде што родетелите се мешаа расипаа врска и девојката се омажи не поминаа ни 4 год се разведоа и пак се зема со бившиот и сега се заедно така да не и покажувај слабост
^^^^ Тој веќе работи и заработува добро (независен е, не сака ни пет денари да побара од своите), ама ми вика ако успеам ќе гледам да дојдам каде што ќе бидеш.
Запомнете луѓе: Поднебјето ни` е такво да родителите упорно се мешаат секогаш кога ќе видат плодна почва за тоа. Но, вие (и двајцата) не треба да дозволите да има плодна почва за толку мешање. Сеа не велам ај удрете на disregard се` шо ќе ви кажат, постари се и тука се за совет, но се` си има своја граница. Во никој случај немој да си се чувствувала виновна. Тој е тој што треба да се чувствува така и ти си таа што не треба веќе да го погледне. И на мојот му се закануваа и неколку пати виде дека заканата може да се оствари, но не се откажа од мене. Еее да знаеш на неговите моите шо им збореа за мене, се` само да ме остави пошо на него видоа дека не делува. Па првиот месец во таа куќа ми беше баеги лош, да не речам кошмар. Ја оправдувам свекрва ми, мм и` е сепак дете, а за неа и` беше непоимливо родители да клеветат сопствено дете и мислеше дека јас сум уште полоша од сликата моите што и` ја направија за мене. Си се плашеше за детето да не и` фати лош пат, како и секоја мајка. Од неа особено го чувствував притисокот пошо свекор ми цел ден не беше дома. Не она директно, туку преку погледи, индиректни подбуцнувања и тн. И еден ден не издржав, почнав да си ги пакувам куферите, малце моите шо ми правеа па уште и од неа да трпам. Спојлер Мм коа дојде дома ме виде со спакувани куфери. Сакав да разговарам со него пред да одам, не сакав да заминам без да разговарам (не планирав да се враќам кај моите, туку да се обидам самата да се снајдам). Кога му кажав во што е работата и тој си ги спакува работите и заминавме заедно, ми рече „Ќе спиеме и во кола некое време ако треба, јас сама не те оставам. Ќе им покажеме дека како што можеме без твоите, ќе можеме и без нив.“ После триста перипетии, не е битно, татко му сакаше да разговараме сите како луѓе и прифативме. Ги седнав сите на маса и им реков дека треба да ми дадат шанса да се покажам дека не сум таква каква што родителите ме претставуваат. Им реков „Нема да ве преколнувам и молам да ми ја дадете таа шанса, мм е покрај мене, тоа ми е единствено важно, но за вас ми е. Еден ден сигурно ќе ја дознаете вистината и ќе ви биде криво така погрешно што сте се поставиле и што не сте ми дале шанса, а веќе еднаш кога ќе ме отфрли човек, јас не простувам, едноставно не можам, не дека не сакам. Ако ги немам моите за поддршка, не значи дека секој може да ми го опне самарот, сте се излажале малку за тоа.“ Се подзамислија и заќутаа. Јас им реков „Нема да чекате повеќе од 4 месеци за да ја дознаете целата вистина. И порано ќе почнат некои работи да се наѕираат, но тогаш цела слика ќе ви се оформи за тоа кој е кој.“ И така и бидна. Тие 4 месеци шо ги реков тогаш ко од тепка буквално си го покажаа своето. Ама во тек на тие месеци беа коректни со мене, што е право-право е. После да ги видиш...како други луѓе сосема. Сите тројца како рисови се бореа за моето добро. Ми помогнаа во најтешкото (можам слободно да кажам дека да не беше нивната жртва, немаше денес да одам кон магистратура), ми дадоа поддршка кога имав проблеми со золва ми, веќе никој не можеше да ме наклевети на нив затоа што подобро ме научија која сум и каква сум дури и од моите родители. Сега кога ќе седнеме со свекрва ми да правиме муабет, нема да не се потсети и да не се расплаче и да ме прегрне. Ми вели „Како можев толку да немам жал, па на сериине ќе ти падне жал за некое девојче па ќе се расплачеш, а јас за некој свој...“ И оттогаш навистина направија премногу за мене за да не им простам и да не им вратам со иста мера. А на мм му реков „Алал да ти е, покажа дека имаш м*да и дека не сум тргнала со некое девојченце на патот кон брак.“
Ме расплака Не можам да разберам дека има такви родители, кои се спремни на своето дете да му ја расипат среќата само заради пари... Страшно... Фала богу од моите ова не сум го доживеала. Напротив, за ништо не ми правеле проблем, се додека јас сум среќна. Еве и јас сум од добростоечко семејство. Никогаш не ми рекла мајка ми Барај богат дечко. Или немој со овој сиромашен е не ни е на ниво. Само ми велеше, гледај само да е човек, да е нормален , без криминално досие и да те почитува и сака. Се друго се стекнува.
Ни давале затоа што ги сфатиле вистинските вредности во животот, знаат дека семејството и љубовта се на 1во место, а не парите. Мене искрено ама баш ништо не ми значат, не сум материјалистка и се нервирам кога некој ќе ми каже е тој има коли има пари живее во голема куќа. Ме заболе. Иначе уште поубаво што ќе студираш во друг град. И ја сум студентка и знам како е, имаш поголема слобода, твоите и да сакаат неможат да те контролираат добро. Мој совет ти е да разговараш со партнерот твој, да му објасниш убаво на се што е мајка ти спремна да направи за да ве раздели и ако сакате да останете заедно и двајцата да се борите. Немој да се откажеш пошо стварно многу ќе се каеш после. Леле, стварно имам среќа што не се моите такви.
Навистина е жалосно колку денес се ценат погрешните вредности . ЈАс бев мажена , значи , живеев во такво ситуирано семејство, од страна звучи убаво , да. Во огромна куќа со базен, со огромен двор, си седев на терасата со кафенце и цигара, додека две жени ја чистеа куќата и готвеа, а друг човек се грижеше за градината... Можев да уживам во природата.... Но, можев ли? Значи од страна ми завидуваа мислејки дека уживам, но вистината е дека јас им завидував на другите.. Точно е дека не морав да мислам за трошоци, но немав живот . И златен кафезот си останува кафез... Ги изгубив другарките, бев осамена...не смеев никаде да мрднам сама , па и до продавница да отидев бев потоа испрашувана,кого сум сретнала , како , дали некој ми направил муабет... Од најдруштвена личност со безброј пријатели јас станав тотално затворена, осамена... Посакував да има помалку, но да сме си негде сами, среќни. Да смеев да излезам кога сакам ,да смеев да идам кај сакам, да имам контрола над својот живот , никогаш немаше да го изневерам... И не го изневерив, но морав да го оставам... Тој тоа не го сфати.... Не сфати дека да ме пуштеше да дишам, како првиот ден, така секој ден со радост ќе му трчав во прегратка.. И точно е , сите знаеме дека без пари не се живее, ама без слога животот може да стане неподнослив ... Најважно е да има слога, љубов, разбирање, зашто со тие квалитети една врска може да му донесе повеќе среќа на човек, отколку да може да има се , а всушност во душата да е празен .
Човек секогаш треба да го брани своето мислење и кога родителите ни даваат совет треба да ги слушнеме, но немора да ги послушаме кога станува збор за вакви работи. Навистина од кожа ме вадат несовесни родители. А обично тие што ги тераат децата да бидат со некој богат партнер сакаат преку децата да си ја осигураат и својата иднина, дека на стари години ќе имаат од кого да побараат пари. Сите чекаат од некој друг да им пружи се на тацна наместо со свој труд да го заработат лебот. Родителите имаат право над нас се до 18тата година, ама после тоа нема зашто да ми се мешаат во тоа со кого сакам да бидам, Јас го живеам мојот живот а не они, Јас ќе живеам со тој што сум го одбрала не они и тоа е мое право. А ако некој проба да ми го одземе на сила, па кој сака нека е, и родител и роднина си постои судот каде што ќе се изборам за моите права. Со закани може секој да се справи, ееее колку пати ми има помогнато voice recorder од телефонот за такви работи. За се има решение, само треба да се има волја да продолжите да се борите.
Зарем е можно да постојат вакви родители? Јас кога се фатив со дечко ми одма и кажав на мајка ми, а нејзината реакција беше само -па добро, сега само паметот во глава. Никогаш не ми спомна ни пари, ни семејство. Пред 4 години дечко ми не работеше, имаше пари колку само да ме части кафе, ништо повеќе. Мајка ми ја знаеше ситуацијата и ништо не викаше, ме гледаше среќна, тоа за неа е најважно. Ете даде Бог тој почна да работи, после си отвори негова фирма и сега се си е како што треба. Тогаш дури ми беше и поубаво, немаше многу обврски, имаше доволно пари за нас двајца без да луксузираме, сега можам само навечер да го видам, нема многу слободно време, и за џабе му се парите. Не ми е потребна ни убава кола ни оргинал облека, само тој. Ама тоа е тоа. И сакам да ви дадам совет, ако тој што го сакате го сакате со цело срце, можете се да надминете, кога тогаш родителите мора да ги прифатат вашите желби, сепак тоа е ваш живот, треба да си живеете на ваш начин. Тие можеби направиле грешка во минатото па не сакаат вие да ја повторите, ама не сфаќаат дека така само полошо прават.