1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисок од страна на родителите за врска со богат партнер

Дискусија во 'Врски' започната од Look, 22 април 2012.

  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Малце и он заебава. Зошто ако успеам? Нема ако. Сериозна е работата меѓу вас двајца, ако ти можеш против сопствената мајка да одиш може и тој да запали кола, или да се качи во автобус/воз и да дојде да те види.
     
  2. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Не, не погрешно си ме разбрала.
    Тој секако ќе дојде да ме види, ама муабетот ми беше да најде работа во градот каде што ќе бидам, па и тој постојано да биде таму.
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Потекнувам од фамилија што била богата, но ете животот си се врти за миг, па сме станале просечна...на моменти дури имало и многу тешки финансиски кризи.
    Но, мило ми е што родителите никогаш не го насочиле воспитувањето во таа насока. Ниту за мене, ниту за брат ми. Цел живот се обидуваат да ни објснат како љубовта е двигател во животот, нешто без кое се осеќаш празно и во најтешките моменти во животот ти е потребно како воздух.

    Далеку од тоа дека ме учеле како парите не се битни за среќа, но дека најслатко е кога сам ќе ги заработиш, кога ќе застанеш на нозе и ќе станеш човек...а утре никој тоа да не може да ти го мавне од нос.
     
    На HappilyLoved му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Душата ми ја извади веќе. :@

    Сега се расправавме и преку глава ми дојде и и` реков „Остави ме веќе еднаш на мир! Цел живот сум била паметна и сум го слушала секој твој збор, а тие што направија милион глупости пак си го живеат животот како што ќе им се посака.‘‘
    Потоа повторно јас испаднав крива и повторно ми се развика како таа била во право.
     
  5. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Ne nikako ne mozam da gi razberam semejstvata Majki Tatkovci Braka Sestri koj sto se mesaat vo vrskite na nivnite deca, od aspekt bogat siromav , postar pomlada. Takvite mislejki deka pravat ubavo za sopstvenite deca,samo gi zaglavuvaat se poveke i poveke gi teraat da si ja brkaat srekata od sebe i da trcaat po pogresni vrednosti.
    Koga ja citam temava NEMATE poim kolku sum srekna sto moeto semejstvo ne se takvi i ne gi gledaat lugeto niz taja prizma. tokmu vbo vakvi momenti mi se ide da ja gusnam majkami i da i kazam kolku e prekrasna licnost,i kolku mnogu sum srekna sto taa mi e majka.
     
  6. HappilyLoved

    HappilyLoved Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    Речи и добро ти си во право и терај по свое, гледаш дека неможеш да ја разубедиш во спротивното. Затоа кога ќе збори од едно уво влага од друго излага, добро мамо и продолжи како што тебе ти одговара.

    Само ме интересира, татко ти има исто мислење со мајка ти ?
     
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Tатко ми не знам дали има такво мислење за материјалната страна, но тој моментално не би ја дозволил оваа врска поради што си има некои замисли како прво требало да завршам факултет, ова, она... па да имам дечко.
    Но сепак мислам дека тој не е толкав материјалист поради некои негови ставови (на пр. еднаш рече „И што дека имаат пари ете пак не се среќни...Понекогаш не е се` во парите„
    Никогаш не сме правеле муабет за тоа поради што имаме малку подалечен однос кога станува збор за дечко/врска.
    Можеби чудно изгледа, но моите родители се многу строги.
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Колку е само грешка татко ти по прашањево за тоа дека прво треба факултет, нема врска, важно е како човекот ќе влијае на тебе и дали ти ќе дозволиш така да влијае. Ако си некој е**ветар, не мора да имаш дечко за да заглавиш на факултет, ама ако си силна личност со свое јас и знаеш шо сакаш, ќе успееш да најдеш време и за двете. Баш една постара колешка на работа се фали за девојката од син и` и вика „Девојчено ко шо е такво амбициозно и син ми го поттикна да дава поише испити. Коа ќе заврши, прво неа едно фала ќе и` кажам“ :lol: Сакам да кажам нема правило, луѓе може на нас да делуваат поз. или нег. ама ние сме тие кои ќе го прифатиме или одбиеме тоа влиијание.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  9. portokalcemace

    portokalcemace Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    сите коментари на темава ги читав и искрено се зачудив :o јас сваќам дека секоја мајка сака добро за своето дете и може да му даде совет за да си бара богат дечко ама толку да инсистира па дури и да превзема некои мерки :^) претерале
    јас лично би барала богат дечко ама не од македонија и не македонец,а и секако да го сакам.
    имам вакво мислење затоа што бев мажена и мажот ми беше прилично сиромашен.јас не дека бев некоја богаташка ама се што ке посакав имав.
    е сега вака:трпев сиромаштија,ама го сакав и не ми беше воопшто тешко.по некое време почна да си пие па ме удри неколку пати и плус балкански менталитет.мојте ми даваа пари буквално за се.работите станаа неподносливи кога на "тортата" му додаде "шлаг" т.е. ме изневери.
    е сега богат дечко можда истото ке го прави ама друго е кога си нервозна одиш на шопинг и ти поминува нервата (кога сум нервозна спасот ми е шопинг) а ако си со сиромашен,за шопинг има да сонуваш.
    и сиромаштијата стварно придонесува дополнителни проблеми во бракот.јас знам многу такви примери,и со сиромашни и со богати.
    а инаку јас би сакала да живеам странство бидејќи таму лугето имаат друг менталитет,немаат комплекси итн
    сепак секој си има свое мислење и право на избор :)
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Tвое искуство и твој избор се разбира, ама тоа што ти го правел мажот не било последица на неговата имотна состојба туку на неговата затупеност, заостанатост и комплекси од кои пател. Богатството доаѓа и си оди, а табиет си е табиет.
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Добро Лук, тргнуваме од тоа дека секој родител сака детето да му биде на вистинскиот пат, најпрво, па да биде обезбедено, богато, да тера луксуз(можда не е прав збор ама се сфаќаме) и да не се грижи за ниту еден финанскиски проблем. Но, јас од твоите постови искрено се запрашав, мајка ти, татко ти го зела од што имал пари, бил богат, или имало ептен љубов меѓу нив?! извини, прашањево не е за вака, можда ќе те повреди, не ми е намерата да ги омаловажувам, напротив, ценам што како родители изгледале ваква супер карактерна девојка, но кога веќе се запнала мајка ти да бидеш навидум среќна во врска која тебе не те исполнува, нека ти објасни што всушност таа сакала и добила од животот. Е тек тогаш ќе нема одговор. И искрено, ваков притисок е целосно меч со две острици, ќе имаш богат дечко/маж кој ќе те гледа како капка вода на дланка, или цел живот ќе ти пее како тој те издржува. Парите се битни, да, но до која граница?! Кога еден ден би опаднале, пропаѓа цело богатство, тогаш што? одново богат некој?
    извини, навистина не ми е намерата да те увредам, само си давам мое мислење, не дека ќе ти е од помош, само објективно размислувам за ситуации како твојата :)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Читам и не можам да си повервам како можи сопствените родители да газат на среќата на своите деца. Тие мислат дека го мислат најдоброто за нас и сакаат се најдобро,но дали некогаш се запрашале дали и колку ќе бидат среќни нивните деца со некој богат,отколку да е некој средно ситуиран. Јас кога почнав да одам со мојот дечко не беа финансиски ситуирани многу добро,па не ми сметаше мене тоа,па ни на моите. Лук треба да си цврста на својот став дека го сакаш и дека тој те сака, тоа е доволно,па мајка ти ако сака и на гла нека се намести. Велиш дека ќе студираш во друг град. Еве ви шанса за да ја продлабочите вашата врска и да разберите во кој контекст ви оди,дали ќе преминете и преку тоа што ќе бидете во други градов. Рекол дека сака да најди работа во твојот град,уште поубаво, кога ќе разбере мајка ти можеби ќе се запраша и ке свати колку тоа момче те почитува и сака,па ќе се смени ситуацијата.А,за татко ти јас не го прифаќам неговото мислење дека додека не завршиш факултет да не фатиш дечко,тоа не е мерило дали ти ќе учиш или не. Ако ти си цврста во својот став и останиш на своето мислење и жечба да си со него,а и тој тогаш се ќе се надмине.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Не, не Кате, воопшто не ме увредуваш, баш супер си напишала. :)

    Вака...Кога моите родители стапиле во брак, татко ми работел, но земал ниска плата (неговото семејство воопшто не било богато). После некое време фабриката во која што работел се затворила и татко ми опстанал без работа. Почнале многу мизерно да живеат, мајка ми, ми вика „Немав едни пижамчиња да ти купам‘‘. Потоа почнале со помал бизнис, кој денес е многу проширен и ова ќе испадне како фалење, ама нагло сме се збогатиле. Денес можаме да си приуштиме што сакаме, на финансиска основа (благодарение на огромниот труд на моите родители, за кој вечно ќе им бидам благодарна колкава жртва даваат) стоиме многу добро.
    Сакам да кажам дека мајка ми не го зела татко ми за пари, но во тие години таа не размислувала така за материјалната страна како денес. Денес вика „ Не бев паметна да си земам некој богаташ, да не тргам маки. И баба ти (нејзината мајка) не знаеше да ме подучи да си барам таков богат, ама затоа јас ќе ја исправам нејзината грешка и никогаш за ништо на овој свет нема да дозволам да се омажиш за некој кој не е богат‘‘.

    Јас ја сваќам неа какви маки претргала кога биле на дното, затоа можеби сега е олку огорчена кон животот, ама никогаш нема да ја оправдам олку што ме измачува, што толку ја ослепеле парите, што сега животот го гледа низ призмата на парите. Сега не е во ред да го потценува и навредува неговото семејтво само затоа што немале толку пари колку што сака таа.
     
    На tessie и kate21 им се допаѓа ова.
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е, шта би било кад би било, нели?
    Јас сфаќам, недај Боже и нема да оставам мое дете да заглави во некоја дупка па да ми трпи за леб, ама дека ќе му нагарам дење ноќе да бара богат партнер, е нема. Богатството е ралативна работа, денес е, утре не е, но среќата и разбирањето се сосем друга ствар, за која малце отповеќе треба да се грижиме. Што фајде ако мајка ти во тоа време нашла богаташ, ќе седела скрсраце по цел ден и ќе чекала на готово? сигурно не, вака имала причина повеќе да се труди и да ствара :) Заедно под рака со нејзината љубов.Значи јас те „советувам“ да биде вреден, промислен и барем школуван, ама така богат, не, зашто ако ги има сите предиспозиции да биде човек, ти ќе бидеш среќна. А ако е само до парите, не вреди верувај. Мислам ако веќе мајка ти еве сака да биде некое видно бате, со добра сметка и убава кола која ти не ќе мора да ја спечалиш :) Арно ама низ животот дупки еден куп, не знаеш што ти носи утре :)
    Мајка ти е, сака најдобро за тебе, не сака да го проживееш она што таа го преживеала на твои години, сега те навикнала на убав живот и сака секогаш да го имаш тоа, но верувам дека кога би бирала таа, повторно би одбрала да биде со татко ти :) А ти си голема девојка, добро знаеш и сеуште ќе спознаваш која е разликата меѓу она што ти го кажува срцето, и она што ти го диктира разумот :)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Да, но добриот родител според мене треба да го научи детето да биде самостално во создавање на сопствениот комфор, а не да биде гребатор и да чека за едно пакетче влошки како некој изнудувач на долг. Па мајку му стара, колку и да е сиромашна и необразована, нека оди бе нека исчисти една куќа, нека почува некое дете или постар, нека чисти по влезови...еее ако е млада здрава и силна, не гледам никаков проблем.
     
    На srcekrsacka, Look и kate21 им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски

    Добро ама не верувам дека свекрва и свекор со некоја видна професија пример доктори или професори или што и да е ќе сакаат снаата да чисти влезови :tmi:
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Да, ама правам муабет за тоа дека ако сака мајката детето да и` е обезбедено, т.е. да го обезбеди за цел живот, треба да се осигура дека е оспособено и само тоа да го постигне. Е сеа сакале или не сакале свекорот и свекрваата, снаата не треба да биде крлеж и главен цицач во фамилија, па ќе се жали „ама ми спуштаат“. Епа и ја би и` спуштала на таква. Кога веќе не сакала/немала можност да се дошколува, епа ќе чисти влезови, никој не е должен да ја издржува.
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски

    Во право си, а во таков случај јас мислам дека нема ни свадба да има зошто ќе има озборувања лелеее овие ваква фамилија таква снаа ли ќе земат и ќе му биде незгодно и непријатно и ќе го притискаат синот да си земе некоја образована, со факултет со работа, ама барем така нема да има расправии за пари :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Еее мене тие деца на богати родители кои со прст не мрднале сами да вложат нешто во животот ми се вистински слабаци и ги рачунам за посиромашни од питачи. Нека инвестира во себеси, не мора едно лето да оди баш во најскапиот хотел пример. Родителите треба да ни помогнат и да не поддржат на почетокот,збор да нема, но во нашето осамостојување, а не да не` учат на стратегии како да фатиме и задржиме богат маж/жена. Ти зборам од искуство. Јас и мм откога се осамосталивме со своја работа и своја заштеда (до денар заработена, немавме ни свадба па дел од парите да се од некој гост што ни ги дал) е тогаш почнаа сите да трчаат по нас, одеднаш јас бев добра за мм, тој беше добар за мене...мразам родители кои на некој начин користат тоа што денес е мн потешко да се осамосталиш отколку во нивно време за да ги уценуваат децата да прават по нивно и да ги остваруваат нивните неостварени соништа од младоста.

    Јас баш се гордеам со маките кои сум ги претргала, што сум научила во секоја ситуација да се снајдам, шо научив со 3 мали јајца и малку зејтин да испржам 9 кришки или пак да спремам солиден ручек за двајца кој трае два дена со 75 денари. Да биле цел живот богати, да се прашаме дали твоите ќе основале бизнис со толку труд и ентузијазам и ќе биле толку успешни... Да се оспособиш е најважно во животот. Што и да се случи недвижниот имот останува недвижен, при пожар, поплава, земјотрес е беспомошен, но човек е „движен“ и треба да знае да се снајде, преживее и почне одново во таква ситуација. Треба да се научиме прво ние да не бидеме беспомошни па потоа да му ја мислиме на луксуз. Баш ми е жал што мајка ти не ја извлекла вистинската лекција од нејзината мака туку ја протолкувала сосем погрешно.

    Човек нека изгуби и се` во животот, ако е способен, еден ден со гаранција повторно ќе створи барем 70% од она што го загубил. Неспособен богат човек има додека се тука мама и тато, после коа цело богатство ќе падне во негови раце, единствено е способен да прокоцка барем 70% од истото за три саати во казино.
     
    На srcekrsacka, Annath, La.Reina.Del.Sur и 5 други им се допаѓа ова.
  20. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    ЈАс на цевава тема можам само уште едно нешто да додадам и да кажам................. на сите пари,успех,моќ малко е потребно човек да свати колку је немоќен и колку је мал, за момент може да свати дека и сите пари на овој свет не вредат ништо.
     
    На srcekrsacka и Annath им се допаѓа ова.