1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисок од страна на родителите за врска со богат партнер

Дискусија во 'Врски' започната од Look, 22 април 2012.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Една голема пофалба за tessie и pparaskeva мои истомисленици Поздрав :hai: Никогаш не можам да ги разберам таквите родители зарем не сфакаат дека нивните деца ќе постанат слабаци,верувајте јас велам едно големо браво за родителите кои дозволуваат нивните деца да ја вкусат и предадат љубовта на оној/ онаа која ја/го сакаат.Љубовта нема врска со парите пари можеш да имаш и за еден миг да ги немаш што потоа?Наместо со пари и статус да се замараат нека ги научат сами да пловат по животот на крајот на краиштата животот е тркало ако си горе мора да бидеш и доле,тогаш што ќе сторат.Нека ги научат како човек да стане среќен парите не го прават среќен во потполност,мора да има љубов онаа што се подарува од душа и прима тадури и да си гладен стануваш сит секој може да заработи за скромен живот и да биде посреќен од богатиот,ѓи жалам лицата што за пари ќе сторат се тоа се ,.без коментар.,кои никогаш не почуствувале што е љубов и како е да се бориш за да опстанеш па полека и да застанеш на свои нозе. :cash: Ова е поважно :l: инаку :u:
     
    На srcekrsacka, senjorita-v и tessie им се допаѓа ова.
  2. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Повторно најде прилика да ми префрли.
    Овој пат дознала дека девојчето од една нејзина пријателка раскинала со дечкото (кој патем е дрогираш), а мајка и` беше против таа врска заради тоа што тој користи дрога. Е сега девојчево дали раскинало заради мајка и` или поради самите нив нешто се случило не знам, а мајка ми го искористи тоа за да ми рече „Еее гледаш родителиве кога ќе намислат да раскинат врска како успеваат. Така треба‘‘.

    Секако цел муабет и` беше за да ми наговори мене.

    Уште колку ќе се плашам што ќе им се случи на луѓево наоколу, за после веднаш мене да ми биде префрлено. :@ :@ :@
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Немој да бидеш толку чувствителна де, нема потреба од толкав страв од нејзините зборови, таа нека си зборува ти терај си како што мислиш... затоа што ако се опседнеш со потребата на мајка ти да фатиш дечко по нејзин вкус, можеш да се најдеш во ситуација да бираш или браниш нешто што е чиста спротивност на нејзините барања, не за друго, туку само за да неа и пркосиш...Нека си збори, зборувај и ти ко на шала да види дека не се влијае на тебе лесно, ниту пак дека те засега нејзиното мислење доволно за да имаш страв или намера да ја послушаш...
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Луѓе неможам да трпам веќе, умот ми го извади. ;( ;(

    Почна да кажува: „Еее онаа дали е поспособна од тебе да земе богат маж, како госпоѓа да се вози со своја кола, дотерана секој ден...Ама паметна беше кога и` рекоа нејзините да раскине со бившиот одма ги послуша, гледај сега која богаташка е. А ти! Само да дознаам дека си со него тешко тебе ќе биде. За клошари без пари секогаш ќе има, ама гледај богаташ да најдеш, во куќа да се скрасиш. Абе јас да сум сега на твои години ќе направам триста финти, ќе се упикам најбогатиот ќе го земам. Толку ти кажувам тешко тебе ќе биде само ако дознаам нешто. ‘‘

    Животот ми го згорчи готово. Што малер ќе да бев јас?! Преку глава ми е се`! Психички потпаднав од секојдневниот стрес. И јас сум човек и јас сакам еден ден да го поминам без грижи и без страв, а мене секој миг ми е неизвесен. Еднаш неделно излегувам, и тоа е се`, се затворив во себе, додека сите мои врсници си ја живеат младоста. ;( Ќе ми пукне филмот ќе завршам со него, да видам тогаш дали ќе и` се оствари сонот, и онака секој ден пропаѓам во се` подлабока бездна од која нема крај...

    Најмногу од се` ми паѓа тешко што тој наивно верува дека таа еден ден ќе ја прифати оваа врска.
     
  5. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Те читам подолго време и едно не можам да сватам......зошто не ја игнорираш кога сето тоа ти го зборува?
    Јас да би била на твое место таа си зборува јас во моментот си мислам на нешто што ме весели......зошто да те полудува? и зошто да не излегуваш?
    Ако продолжиш вака ќе се разболиш.....
    Ајде малку повесели и поведри мисли......таа зборува ти свиркај си......овај е ТВОЈ ЖИВОТ никој нема право за тебе да го живеее
     
  6. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Да, ама таа своите закани може без размислување да ги оствари, јас не и` можам ништо.
    Таа е спремна да направи СЕ`, апослутно СЕ`. (и многу пострашни работи од мајката на девојката погоре). Таа е цврсто убедена во своите ставови што попрво би прифатила да умрам, отколку некогаш да попушти. Не зборува само туку-така.

    Ми вика: „Како не ти е срам од мене да скриваш, се` парично сум ти удоволила во животот, тој што не ги слуша родителите секогаш пати во животот. ‘‘

    Јас сум и` скривала како таа мене да ми дала шанса да зборуваме како мајка и ќерка.Како јас да сакам да скривам, како мене да ми е лесно да живеам со овој страв, уште јас сум виновна. Тоа што јас го претрпувам од неа, никој не го трпи од својот родител. Ме прави да се чувствувам виновна иако знам дека не сум.
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Чекај бе девојче, што е најлошо што може да направи?? Да те убие?? Ти си полнолетна? Ако си полнолетна плесни и го бре во лице све што заслужува. Еве и јас сум единица од добростоечко семејство ама мајка ми а богами ни татко ми не смеат да ми се мешаат во изборот на дечко. Знаш што им плеснав еднаш кога пробаа? Вие си биравте си ибравте, оставете ме на раат. Или нема да имате ќерка. Од тогаш уста затворена и мир во куќа. Зашто јас сум толку тврдоглава и не дозволувам никој па ни мајка ми ни татко ми да ми се мешаат во тоа кој партнер ќе го изберам. Освен ако немаат сознание дека е криминалец со досие. Е тогаш е друга приказна. Ама затоа што на сметка има помалку нули од мене?? Извини ама тој филм не го гледаат. Затоа ти терај си ја врската, уживај. Остави ја нека дрдосува. А ти само свиркај си. И покажи им дека нивните пари не ти се најбитен фактор во живот и дека можеш и без нив. А зашто му е толу битно него твоите да ги прифатат?? Он со нив ќе биде или со тебе? Што му е него толку важно???
     
    На HappilyLoved му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Во право си Нена, ама јас така да и` речам на мајка ми навистина не знам што ќе ми направи. :x
    Јас не смеам збор да проговорам дома, и да полнолетна сум, за неколку дена правам 19.

    И нему не му е топлку важно таа да прифати, ама таа ако не прифати што ќе правам јас? Ќе избегам од дома? И да избегам (макар што немам храброст за тоа, ете после неколку години, да завршам факултет), пак нема да ме остави на мир. Таа ми рекла: „И еден ден да заминеш кај него и таму ќе дојдам и со сила за коса ќе те влечам, милион скандали ќе направам таму, ама нема да дозволам.‘‘
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    А што е работава со дечко ти, можеби имаш пишано извини, само материјалната страна и смета или има и нешто друго?
     
  10. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Само материјалната страна и ништо друго. Таа ништо лошо не видела од него. И покрај сите навреди што ги кажува таа за него, тој повторно зборува добро за неа.
    Тој работи од утро до мрак, зема добра плата, не сака да легачи и да чека од мама и тато, ама тоа не е доволно за неа. Таа сака големо богатство, фамилија која е прочуена дека има пари......
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Извини вака дирекна што ќе бидам ама мислам дека на мајка ти и треба психијатар. А татко ти што вели на сето ова?
     
  12. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^^^
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    И татко ми како татко ти имаше став. Да завршам со школо па да фатам дечко, и тоа до некаде го оправдувам, сака да биде нешто од тебе, се плаши да не останеш бремена па да го зезешнеш млада животот. Мислам дека треба да разговараш со него за притисокот што ти го прави мајка ти. не дека ти си луда па ќе оставиш факс и све за љубов , докажи му дека си зрела личност но дека притиоскот на мајка ти те оптеретува психички и не си среќна. Дека не се работи само за оваа врска туку воопшто за односот на мајка ти кон тебе.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Знаат родителите да го кажуваат ова од аспект на грижа, нешто во стил: во каква куќа ќе влезеш, така ќе живееш; омажи се богато, да не тргаш маки.

    Ама ако нема љубов, џабе ти е цело богатство. :!:

    И жал ми е за ваквите родители, кои наместо да ги учат децата на љубов, ги учат на `политика со партнерот`. :fubar:

    А, што ако истите родители се сиромашни и имаат син и никоја жена не сака да му биде невеста дека е сиромав? :^)
     
  15. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Моето мислење е дека твоите родители се во право, бидејќи мислат за твоето добро, значи да се биде со богат едноставно нема да ти фали ништо а ни на твоите деца, бидејќи ќе си речиш ехх да ја послушав мајка ми а сега децата кети бараат да им купиш нешто а ти нема да можеш и ете неслога, значи денес нема Љубоф, љубофта поминува кога децата ке дојдат, иди грижата за нив и само за нив и ке ти биде многу криво доколку немаш што да им дадеш, да ги школуваш добро,да бидат зад останатите, гледај едноставно само да имате слога во бракот, не мора љубоф, од љубоф не се живее, баш мајка ти е сосем во право, но тој богатитот да го најдеш добар и да те сака тогаш се ке биде во ред,а со текот на времето ке се навикнеш на него, и така љубофта е навика, нема љубоф се е навика Поздрав :)
     
  16. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Камо никогаш да не се запознаевме... ;(
     
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    :tmi: Се чудав какви мислења има!
    Па, ако ти немаш љубов и не знаеш за љубов, зошто другите да не ја имаат?

    Без љубов ништо нема! Љубовта е основна, главна, водечка сила во се.

    Јас никогаш не можам да се замислам себе си покрај некој парајлија, ама без љубов. :x
     
    На srcekrsacka, Look и Trendafilka им се допаѓа ова.
  18. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    ХХАХАХА мила, значи ќе видиш некој ден дека не е се до љубовта, јас сум среќно мажена со две деца, се надевам и вас ке ви биди добро но вие младите многу летате и цел живот ке кукате после..!
    ааа си мислитедека љубов има а то е само навика бидејќи си се навикнал на него , така тие шо викат љубов љубов на крајот ни љубовта не им помага, колку ке ви трај љубовта ? 5 години хаха а после ко ке немате на деацата пелени да им смените животот пекол и ете ја љубовта заминва, така викате вие сите тие "заљубените " демекк леле се ке направам за со него да сум а после ке им плачиш на твоите дома , не летајте многу, треба да се мисли со ладна глава а не заљубена сум се ке направам никој нема да ме спречи, то не држи вода и видени се таквите случаеви како излегват ПОздрав :)
     
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Како си среќно мажена, а кажуваш дека не постои љубов??? :o

    Постои ли среќа без љубов? Или самата љубов е среќа? ;)

    Ако твојата љубов имала рок на траење 5 години, тука не станува збор за љубов. Туку за: тоа е животот, ајде мажење, деца, пари, од љубовта нема фајде. :^)

    Љубовта може да биде вечна, бескрајна и нема рок на траење. ;)

    А, кои сме ние млади, гледам имаш 30 год., не си некоја многу постара, па до толку искусна.. :tmi:
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Епа еве јас ќе ти кажам дека јас сум од оние кои се бореле за љубовта и на крај моите ми плачеа, а не ја на нив бидејќи увидоа колку нивното размислување на темата (слично на твоето) им било погрешно. Се` се стекнува, секој интелигентен човек се бори за здравје, љубов, душевен мир и исполнетост. Ако го нема тоа, не може да го заработиш како што може да се заработат пари.

    Јас бев избркана од дома, имав 100 денари во џеб, мм имаше уште 200, значи се` на се` почнавме со едник мизерни 300 денари. А денеска сме и двајцата вработени и со сопствен кров над глава што е поголемо достигнување од сите наши роднини кои чекале на тестаментчето. Е сеа тоа тестаментче (ако не` има во некое) на нас ќе ни` биде само плус. Сме се сакале, сме сакале заедно да опстанеме и таа љубов не` поттикнала да створиме повеќе финансии за да поминеме долг и среќен живот...заедно и вљубени.
     
    На srcekrsacka, anste, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.