ЉУБОФ СЕ ЈЕ НАВИКА НАМЕ ЉУБОФ СФЕ ЈЕ НАВИКА кога вакво мислење доаѓа од Аналфабет не ме ни чуди истото. Погоре си напишала Да го најдеш добар и да те САКА , па сакањето не ли е љубов ? Со вакви ставови не ме ни чуди што има толкав голем број на неверства, и разводи. Најди си богат, омажи се, па после Е*исе со кого стигнеш и кај ке стигнеш. ПОЗДРАФ
Не ги прочитав сите мислења, но да си го кажам своето. Љубовта и страста се и те како важни, но кога ќе видиш дека во текот не неколку години си излегол 3,4 пати, кога ќе видиш дека немаш место каде да бидеш интимен со партнерот, кога ќе не можеш да си дозволиш ни еден викенд, одмор со него, не знам колку љубовта е битна. Бев со него речиси 4 години, се сакавме, но што ако кога ништо не искусивме. Немавме каде да се љубиме, не можевме никаде да прошетаме. Дремевме на клупи во парк, зиме-лете. Немаш кредит за да се слушнеш, немаш пари за да се видиш. И што ако имаше љубов? Битна ми е, но битно ми е и да можам да излезам со него, да се дотерам. Битно ми е да можеме еднаш годишно еден викенд да истераме. Не сакам во животов да имам 4 ѕида за со него. Да имаме еден душек на кој ќе се љубиме првите 3,4 месеци, а после ќе се мразиме. Не дека сакам партнерот да е богат, не сум ни јас. Но, сакам да можеме заедно да уживаме во задоволствата кои ги нуди животот. Ако нема/ш скршена пара нема да можеш ништо. Фамилија утре ден со што ќе гледаш? Ќе молиш твоите да ти дадат? Или ќе оди он за дневница да работи, а ти дома ќе го чекаш да му го испереш работничкото одело? Велев дека за него ќе одам било каде, ќе трпам се, но немав грам памет во главата, бев заслепена од љубов. Среќа се освестив.
marama ако ги прочита моите коментари мојот случај беше таков што од кога го послушав татко ми ја осетив убавината на животот тоа е токму она што овие дечињата не го сфаќаат си мислат заљубени се и се можат да направат, дека љубовта крепи Голем поздрав до тебе
Марамче ти опишуваш Пропалитет, мислам дека е јасно овде за што станува збор. По секоја цена да се најде БОГАТ а не „ богат “ да се разбереме,значи има пропалитети од човек кој што искрено кажано не вредат за ништо па колку и да ги сакаш колку и да сакаш да бидеш со нив не вредат. Но овде се става акцент стрикно на парата,не на човекот дали е способен дали вреди како човек значи единствено се битни парите и ништо друго. Продавање на самиот себе на оној кој што ке понуди повеќе.
Некаде прочитав дека за за брак потребни се 1.љубов 2.сексуална компатибилност 3.финансиска стабилност Ако ги имаш сите три тогаш рачунај си добил на бинго, ако имаш 2 сепак може да биде солиден брак, а со само едно пиши пропало... Се слагам.
Не знам јас на кого до каде му е границата богат-сиромашен. За мене тоа што го набројав ми е доволно, а мислам дека и секој млад човек го посакува истото со својот партнер.
Марама- во право си, за таков случај како твојот, ама мислам дека кај мене е малку подруга ситуацијата. Ние можеме да излеземе во кој ресторан сакаме, да пиеме и јадеме што сакаме, тој има цел свој спрат од куќа, можеме да си дозволиме одмор (секако ако беше поинаква ситуацијата од кај мене дома). Муабетот ми е што мајка ми бара големо богатство, а јас со дечко ми би имала добар живот, но не таков каков што бара таа.
Значи девојки полека, може на многу погрешен начин се изразува женава, но стварно не летајте до толку во облаци. Само од љубов не се живее, тоа може да го мисли некој што имал се што ќе посака во животот, но секој оној кој малце осетил материјален недостаток е свесен дека не е се така розево. И претходно имам пишано не е битно дали во моментот има пари, тие може уште утре ќе ги нема, ама барем малце да се гледа некоја надеж за човекот, некоја амбиција. Проблемот на Look конкретно е што како што кажа и сама, дечкото работи и заработува добро, но на нејзината мајка не и се допаѓа тоа што не е од богата и позната фамилија. И мајка и ужасно многу греши, бидејќи како што кажав моменталното богатство не е никаква гаранција за цел живот. А од друга страна вреди ли за пари да трпиш некој гнасен нарцисоиден човек (ко што се повеќето новопечени богаташи и мамини синчиња)? Ама дека љубовта утре ќе ви донесе покрив над глава, стварно нема.
Не сакам ова да испадне како само кукам, ама после дечко ми, форумот ми е единственото место каде што можам да искажам се` што ми лежи на срце. После се` сакам да кажам дека многу ми е тешко. Ова моево да се преживува воопшто не е лесно. Можеби ќе си речете „Леле оваа како зборува како цел живот да и поминал‘‘, ама јас навистина многу го сакам, а од тоа што најмногу го сакам ме разделуваат. Се надевам дека не грешам што сум со него додека скривам од мајка ми. Јас најмалку од се` би сакала вака да стојат работите помеѓу мене и неа, ама не гледам друг излез. Многу ми е тешко што таа мојата среќа ја гледа само преку парите, а не сфаќа колку всушност ме уништува. И јас сакам барем на еден ден да се ослободам, да станам наутро и да не се грижам што ќе ме снајде денес. Мојот страв оди до таму што дури во сонот сонувам како ме дознала за нас.... Не знам...Навистина не знам како да го сфатам овој живот. Се плашам еден ден да не испадне таа во право, а да не ме учеше цел живот како тие проклети пари се најважни, тогаш и да видев некогаш тешкотија за тие пари немаше да ми биде криво...а вака ако дојде до тоа секогаш ќе ме чукаат нејзините зборови во глава. Аххх...Ни со него, ни без него.
Прво да разјасниме што подразбирате под поимот богат? Дали подразбирате човек со нормални примања, кола и куќа/стан или екстремно богат, односно човек со сопствен бизнис, човек што нема потреба да штеди итн.. или што побогат тоа подобро Мене баш обратно мајка ми ми вика да бегам понастрана од такви и да не се плеткам многу многу со богаташи. Ја разбирам, сите богаташи (екстремни) што ми се пуштале, пробале да бидат со мене итн ги интересирало само едно нешто, побрзо да ме легнат, а за после ќе подразмислат што како. Не дека немало некој што бил позаинтересиран, ама самиот пристап дека може се да купи со парите мене ме иритира ма макар било тоа љубов на прв поглед. Друга работа е реченицата „родителите го сакаат најдоброто за нас„ , а најдобро е да му ја наметнуваш својата воља на детето, под изговор за „твое добро„ или да го оставиш детето само да го избере својот пат и да го поддржуваш без разлика на се, без разлика дали утре ќе згреши или ќе се покае за одлуката Сосема ќе беше друго Лук, конкретно за тебе ако дечкоти на пример не работеше и џаболебареше по цел ден, чекајќи да му се промени состојбата, ако не го интересираше учење или уште полошо ако се дрогирал или правел некаков криминал, тогаш да сфатиш зашто мајка ти сака подобра иднина за тебе. Ако дечкото работи и се труди, амбициозен е и сака да постигне нешто повеќе во својот живот не гледам што има тука мајка ти да се меша. Што толку и е филм да те гледа у најновото ауди, и да те накити со туѓи перја??? Млади сте, здрави и прави, работоспособни кој оспорува дека утре може да постигнете многу и да бидете погати ем во срцата ем во џебот. Јас пак ќе кажам, вистинскиот родител ќе те остави да одиш по патот кој ќе го избереш, ќе те советува но ќе те остави сам и ќе те поддржува без разлика на се, зашто винстинскиот родител сака да го гледа своето дете среќно. Лук не се оптоварувај со ова, избегнувај ја мајка ти и не и обрнувај внимание, ако те напнува кажи и дека никој неможе да знае што ќе донесе времето, може утре дечкоти ќе добие лото, па ќе го засака. Плус сеуште сте деца, којзнае каква иднина имате, можеби за сосема трети работи ќе раскинете, не дозволувај да влијае вака на твојата врска уште од сега. Ти учи си, заврши факултет, ќе се вработиш и тогаш ќе можете и двајцата убаво да планирате што понатаму и да си постигнете тоа што сте наумиле.
Само од љубов не се живее, само од љубов не се живее... А без љубов се живее ли? Па што дека ќе имате пари, што дека ќе се дотераш да излезеш, со кого ќе излезеш? Да не можеш да гледаш некој, тоа па живот ли е? Како некако ги гледате работите само од една страна. А од другата? Да, не се живее без скршен денар, ама млади, здрави, прави луѓе да кукаат само дека немаат скршен денар? И ние не сме биле идеални, да, се сакавме, се љубевме еден период по клупи, ама па видовме, не видовме земавме работевме. И ете, не е дека немаме скршен денар, ама се крепиме. Колку толку. И не би ја менувала оваа љубов за некој богат. Само ете, колку да биде богат. Никогаш. Ниту пак би дозволила некој да ми наложува такво нешто.
Више збориме за две различни теми: џаболебари и луѓе кои со пот и мака го стекнуваат заработениот денар. Марама има право, ама типот со кого идела не би бил добра прилика и доколку неговите се богаташи. Ама стварно, зарем мислите дека само финансиски послабите се гребат? Ееее колку богати муфтеџии само знам...како викаат постарите Кај богат ќе се нагледаш, кај сиромав ќе се најадеш. А од друга страна, според ова Лук шо го збори, дечко и` да живееше негде надвор каде ситуацијата е поинаква и каде на раце ги носат вредните и квалитетни луѓе, можеби досега и ќе заработеше за сопствен бизнис како што имаат и нејзините родители. Е тогаш мајка и` ќе и` викаше „бре што фина прилика“ за истиот човек само со куп хартии. Со воља и љубов се` се постигнува и баш ми е жал за оние кои „одат на сигурно, па шо сака нека биде“, не почувствувале како вистинската љубов те поттикнува да се искачиш погоре и те стимулира да бидеш подобра и поуспешна личност.
Би се надоврзала само дека кај богатите секогаш снаата кога ќе дојде и да е за нијанса посиромашна од нив, секогаш ќе ја гледаат како некј од друга класа. Особено ако се како родителите на Лоок кои немале ама стекнале. Одма ги етикетираат како новопечени богаташи кои сакаат пошто пото да ја омажат добро ќерка им и кутриот син нивни накапал на неа. Зашто она е е од генерации и генерации буџовани.
^ Ова случајно ме потсети на еден муабет од пред некој ден. Синот на нашите пријатели кои се вистински богаташи, веќе со години оди со едно нормално девојче од средната класа. Нормално, не му противречат, ама се гледа просто во очите дека не се воодушевени. И дечко ми ми вика - добро, она толку ли е сиромашна? - Не е бре, викам. Само не е доволно богата. Се изјаснив на темава, само да бидам искрена, јас досега не сум сретнала волку екстремен случај како мајката на Look. Има родители кои спомнуваат - еее, да си најдеш богаташ, па вака, па онака, ама повеќе на заебанција, на смешка, не сериозно секако. Изгледа помина времето на - не е важно да е ново, важно е да е чисто и закрпено и - биди си чесен и легни си со чиста совест. Сега ќе ме убедите дека и љубовта навистина ја измислиле партизаните и сиромашните.
Look уште еднаш ќе ти кажам, ако се караш со мајка ти кога ќе ја немаш ќе ти биди многу криво и него ке го замразиш, зошто да и свртиш грб неа ? не мора да биди милионер ама нека биде богат, пробај послушај не паничи, иако го сакаш овај отргни се малку послушај ја барем еднаш во животот мајка ти тааа не ти мисли лошо ? сакаш да умри да ја нема за да бидеш со него ? а таа те чувала толку години, те носела 9месеци мисли малку што и предизвикуваш, децата знаат да урлаат дека така мора да биди и само се жалат, сфати ја мисли малку како и е нејзе, таа за твое добро ти зборува, верувај еден ден ќе ти биде многу криво доколку умре, ќе се осеќаш крива ти , а да видам тогаш дали ке сакаш љубов
И шо? Да не треба таа пред мајка и` да легне во гроб од страдање? За некои луѓе љубовта не се купува со пари. Просто и едноставно. И шо ако ја носела 9 месеци? Оправдување ли е тоа за сите маки кои ги претргала. Постојат и наркоманки шо носат деца 9 месеци па ги продаваат за дрога. И децата по домови некој ги носел 9 месеци. Како сме ние дојдени на овој свет? Зашо да умре? Нејзиното време поминало за избор на партнер? Поминало. Некој и` се мешал? Не. Секако дека не затоа што да и` се мешал сигурно би размислила два пати пред да прави тортури на ова девојче. Taa избрала некој богат? Не, се омажила од љубов. Да немало љубов, ќе имало ли толкав поттик да створат толкаво богатство. Од искуство ти велам, не. Недостатокот на љубов носи разочарување кое најчесто е проследено со фрлање а не со правење на пари. И по стоти пат. Детево не е сиромашно. Работи и е со средни па и за нашава ситуација со невработеност и чуда и солидни примања. Ама госпожата сака некој со од прабаба алтаните. И на чичко ми таа бившата жена така мислеше битни се парите ова она, битни се парите, раскина прекрасна врска за ПАРИТЕ. И шо? Чичко ми, разочаран, пошо и тој раскина прекрасна врска со една под притисок на родителите, еејј пошо работела у дисконт, а он многу ја сакаше и така разочаран све фрли на коцка и сеа кај жена му си живее со мама нејзина и тате а и има начукано и две деца. Значи зборам за куќи, викендици, станови, коли, мотори, све спи**ано за 2 години. Шо виде таа од тие пари? Смешно скапа свадба и фалење. Па сеа напрај си математика дали парите се пресудни.
Леле немој вака да ми пишуваш. Во ред е да ми кажеш да ја слушам мајка ми (кога веќе имаш таков став, јас секакво размислување почитувам), ама да ме окривуваш дека нејзе ќе и` се случело нешто поради мене навистина не е убаво. Не, покрај се` што преживувам и овој огромен товар што го носам во себе. Знам дека таа ми го мисли најдоброто, ама мене ми е најтешко. Јас навистина не направив ништо лошо (барем не намерно),туку и покрај се` гледам на сите да им угодам. Навистина ми е многу тешко, навистина.
А да правиш тоа што ти мислиш дека е најдобро , наместо да слушаш наредби другите што ќе ти зборат? сепак е твој животот , ти кога ќе се разбудиш у кревет со дечкото и кога ќе го погледнеш да бидеш исполнета со радост и љубов а не со "Ајде уште еден ден во пеколот треба да живеам"