Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисок од страна на родителите за врска со богат партнер

Дискусија во 'Врски' започната од Look, 22 април 2012.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Од она што сум забележала од мојата околина, во врска со ваквите притисоци на родителите, излегуваат реално следниве исходи -

    1. Како за инает, децата си наоѓаат победен имотно партнер, ама со кој се среќни во љубовта;

    2. Ја исполнуваат желбата на родителите неволно, ама отпосле увидуваат дека богатсвото реално ни оддалеку не е колку проектираното претходно во нивните глави, а неретко доаѓа и до нагли влошувања на состојбата, ама и натаму си го играат орото, на кое се фатиле;

    3. И најмал дел се оние (за среќа), кои се прави синови и ќерки, на своите родители среброљупци и стапуваат во брак од интерес и се среќни со својот избор на... кхм, конто во банка...

    И сите среброљупци, родители и деца, ама сите без исклучок, ќе горите во пеколот :devil: :geek: ...
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Лично познавам еден друг ваков специмен на мајка на која само парите и беа важни. Има две деца, ќерката нејзина ми е другарка. За среќа другаркава беше малку постара од ЛООК и после преживеани безбројни трауми во период од 4 години на свои 25 гидини си отиде од дома и се вери со дечкото. Поминаа 5 години и успеаа да се смират страстите меѓу неа и мајка и, колку толку, :wasntme: иако никогаш нивните односи нема да бидат совршени. Е синот нејзин ја послуша си зема жена како од каталогот на мама и еве сега разбрав дека после 3 години брак се развеле.... |(
     
  3. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Look па така е јас сум мајка на две деца и знам како е да мислиш на своите деца, ке ги имаш ке видиш дека ке ти бидат најзначајното на светот и се би направила за нив, размисли за мајка ти, сигурно нема да сакаш да умри бидејќи во постарите години лугето кои се нервираат можно е до нагли промени во здравјето,не дај господ мајка ти да умри но рачунај дека таа најдобро ти мисли, подобар пријател од мајка ти нема да најдиш, а ти девојче штовикаш дека никој не треба да и вика шо треба да прај да оди да се пусти ?? ако не ги слуша родителите ? шо ке биди , децата дур се со нив треба д аги слушаат родителите бидејќи мајката секогаш знае најдобро што е за ќерката, прекини ја врската со дечкото пробај види, а ен ти си се запнала ко пијан за бандера така и така ,е нема така мисли малце, постарите сеогаш се во право, не ги слушај овие сите овде што ти кажуваат дека твој е живоотот и така натака дека имаш право шо сакаш да правиш, не е така, таквите најчесто не завршуват добро, сакаш мајка ти да си ја изгубиш, те молам девојче свести се ! прибери се малку !! направи ја мајка ти горда! таа се во животот ти пружала еднаш барем направи така, нема да се покаеш верувај ми ! мајките не грешат ! :)
     
  4. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Не само што е притисок од родителите,едноставно денес луѓето се такви,веројатно и секогаш биле
    такви,и ќе бидат такви,само сега е малце поизразено.Она што не е во ред е што кај одреден процент
    на девојки статусот,моќта,парите се единствениот и пресуден критериум.Пр.помеѓу неписмењак а богаташ,и паметњакович а солидно(не одлично) ситуиран,изборот паѓа на првиот момак. :D
    А,и од психолошки аспект статусот,моќта,парите се фактор број 1 за одреден процент на девојки,потоа
    доаѓаат смисолот за хумор,висината итн.Лова до крова е работава :D .Инаку мене главно ми одговара
    што ваква е ситуацијата,затоа што можам релативно брзо да го филтрирам доброто од "лошото".
    Што?Како?

    Па ја собирам на почеток со нали АУДИ.Девојката е воодушевена од удобноста,сите нејзини другарки
    дознаваат колку се удобни седиштата(маче толку се меки,онака дупе ми пропаѓаше,па ние немаме така
    удобна фотеља по дома),како добар outfit имаше дечкото,па како мирисаше.Боже!Па една музика што
    имаше пуштено,а,да,и местото каде бевме беше фантастично.Дефинитивно ќе се видиме повторно.

    Следниот пат го оставам АУДИТО у гаража,и ја собирам со некоја скапана пеглица.Онака и се јавуваш
    у 22.00h,ja собираш дури у 23.30.Идеш малце несреден(сеуште избричен),но тоа не е тоа.Она опнала
    20че Лабудинки,и на нејзините 175цм тоа е многу,особено кога се работи за пеглица.
    И тука застануваш и доаѓа време за фамозната реченица "Aj,пробај влези".
    Па типката едвај влегува,онака лошото расположение веќе се чувствува,ти и кажуваш дека си го шитнал АУДИТО затоа што се е поскапено и време е на оскудација,немаш ЦД у кола,имаш некоја импровизирана антена од 1.5м што фаќа Радио Београд,па и они се фатиле за нешто побрзо.
    Реге,реге,атмосфера е одлична,но она се бурси.Па ја носиш у некое не толку ИН место,и тука веќе работите сериозно се измрдуваат.Забележуваш дека рука и се тресе од нервоза,комуникацијата е слаба и по само 15-20 мин. слушаш само ај да си одиме.Им раскажува на најдобрите другарици и доаѓаат до заклучок дека треба да му се даде...уште една шанса.

    Третиот пат момакот ја собира со старата добра пегла,овојпат видно зашљакана у некој вир,повторно
    момакот е несреден(овојпат и неизбричен,секое влакно пее своја песна),у колата сеуште е тесно и загушливо,она сеуште има проблем со влезот а уште повеќе со излезот од аутото,а овојпат има проблем и со Радио Београд кое емитува сериозна(класична) музика,како совршен предвесник на она
    што ќе се случи.Луто е агресивна затоа што го нема Питбул,некој Шарпланинец,Териер или Кучешка Тенија на play-листа.Овојпат ја носиш у Богу иза леѓа,у некоја рупа.Јадете салата и пилешки прсти,и
    се гледате у очи.Се обидуваш да воспоставиш контакт и комуникација ,но е залудно.Овојпат е толку накурчена што наместо пилешки,твoи прсти би сечела :D .Ја враќаш и тука е очекуваниот крај.Нема
    повторни средби ;( :D .Радио Београд продолжува да пичи сериозна музика кoja совршенo одговара
    на очекуваниот епилог.

    Доаѓаш дома,и идеш право у гаража.Го гледаш АУДИТО,и слатко се насмевнуваш.Влегуваш у него и се
    издуваваш у непознат правец.Затоа што ваквите вечери се се почести од ден на ден :D .
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Ај па ти, пеглица, кал, радио Белград... Бред Пит да си не влегувам, поарно оди пешки повеќе шанси ќе имаш...
    Она што Госпоѓата над Хардсекс, т.е неговиот пост сака да го каже, а го кажува на лош начин па нормално не е прифатливо, може да го разбере само девојка која лудувала по својата љубов, одела против сите, се жртвувала...и често после некое време сфатила дека родителите се во право, дека таа имала превез на очите и дека се било залудно...Но тоа не значи дека и случајот на Лук ќе биде таков...Така е кај сите, не можеме да знаеме дали утре ќе се каеме за своите одлуки или ќе се гордееме...само смирено и со ладна глава, мала си, со тек на време сами ќе се искристализираат работите па ќе знаеш точно што сакаш и како и дали да се бориш за тоа што го сакаш...Сега за сега, олади и не се преокупирај со љубов, мајки од шпански серии, богатсво и сиромаштија...Играј форумски игри :D
     
  6. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Јас не се преокупирам, самата ситуација ме прави да се преокупирам. Неможам/Би требало во една секунда да раскинам со него, па да не се преокупирам.
     
  7. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    да се скараш а иначе моето мислење мис скорипионка е таква какво што е а ти ако не знаеш што да направиш или си мислиш не знам шо таму нека ти е госпоѓице!
     
  8. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    @MSkorpionka

    1.Ако девојката мисли дека нејзиниот златен триаголник е повреден од мојот дијамантски цилиндар,јас ја нејќум. :D

    2.Пеглицата и АУДИТО се употребени чисто како споредба која може да се искористи речиси на секое
    друго ниво помеѓу човек кој е ОК ситуиран(но е на дното на "скалата") и тип кој е "елита".

    3.Кажав,немам проблем статусот,моќта и парите за девојката да се битен фактор,но не и единствен и
    пресуден критериум.

    4.У денешно време,не бираат само девојките,туку и машките бираат девојки,тоа имам да ти го кажам околу шансите...

    5."Јаки" типки трчаат по супер богати момци.Тоа е факт.За добар дел од нив друго ништо не е битно.
    Факт е у Македонија,факт е у Франција и Германија и насекаде у Европа,факт е и у Америка и Канада.
    Глобален факт е,нормално не сите девојки,но солиден процент.
     
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Добро...Ти си го изјасни својот став околу темава и јас го почитувам.

    Сега имам едно прашање за тебе- Да претпоставиме дека еден ден твоите деца се вљубуваат во некој на финансиско рамниште како дечко ми. И ти ли ќе ги учиш исто како мене мајка ми иако гледаш дека со таквиот притисок им доздаваш стрес, правиш да бидат несреќни, создаваш контра ефект?
    Нема ли тогаш да ти биде жал за нив, ете како твои деца?
     
  10. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    не бидејќи подоцна ќе бидат среќни и ќе сфатат дека се било за нивно добро :)
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ќе бидат среќни бе... |(
    Со што ќе бидат среќни жити се’? Што толкави, а уште одат на мамичка по газот и и’ лечат хирови?
    Вроден ти е материјализмот или и тебе мајка ти ти бирала за кого да се мажиш?
    Од срце на ваквите ви посакуам децата за што е можно посиромашен да ви се омажат, ама да бидат најсреќни. Чисто за да ве научат лекција.
     
    На HappilyLoved, srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  12. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625

    Немој да имаш грижа на совест! Не правиш ништо лошо! А размислувањата на мајка ти и госпоѓата на која си и одговорила едноставно игнорирај ги..
    Ако те носела 9 месеци, треба да го живееш својот живот како што она смета дека е правилно? Не раѓаат родителите за да ни го диктираат животот?
    Најмногу што ме иритира е ко ќе каже „немој ќе ја умреш мајка ти“! Или она ко ќе даде таков коментар... Зарем она не те „убива“ тебе? Не ти ја уништува младоста и љубовта која ја имаш за дечкото?
    Толку ниско и ограничено размислување. Да се дрогираше, да идеше со секој можен дечко, да си пропалица, да, тогаш би ја сфатила нејзината грижа. Ама ова размислување кое го имаат некои луѓе се граничи со глупавост. (Навистина извини мајка ти е, ама и мајка ми ова истото да ми го збореше , јас ќе го кажев истото)
    А како ти треба да го најдеш дотичниот богат дечко? Преку оглас? Пред да сте заедно ќе му побараш имотен лист и сметка у банка, за да видиш колку се богати неговите? А можеби и треба да и даде на мајка ти гаранција дека засекогаш ќе остане богат!?

    Сум била во слична ситуација. Само што не беа проблем парите. И никогаш не зажалив за мојот избор и спротивставување, па и по цена да изгубам некој кој не го цени мојот избор. Мој живот, моја грешка, моја лекција!!!
     
    На srcekrsacka, Dgirlll, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Ах не се секирај :) Она што највеќе го презираш те снаоѓа во животот. Само што таквите луѓе многу често/никогаш нема да ја сфатат суштината на љубовта и животот. За жал..
     
    На srcekrsacka, thelittle17, calliope и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    ЛООК почнувам да мислам дека финофинодевојче е никот на мајка ти :rofl:
     
    На srcekrsacka, thelittle17, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    значи мајка ти, преку тебе сака да си ја поправи нејзината грешка... :^) Tаа не се омажила за богат, па ајде тебе да те омажиме, многу мразам вакви родители, сакаат своите грешки преку децата да ги поправат.
    Tаа не завршила за доктор, ајде детето нека и учи доктор, таа не нашла богат, ајде детето нека и најде богат. Aјде да речеме ќе ти најде богат некој, па не ли размислува ти дали ќе бидеш среќна, да му раѓаш деца на некој што не го сакаш, да имаш односи цел живот со некој што не го сакаш, да го поминеш животот со некој што не го сакаш... :worried:

    и замисли утре твојот богаташ снема пари, а сиромавиот се обогати, и што, ќе те тера на развод ли? :D
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Ќути, од вакви родители шо си умислуваат дека ако ги родиле имаат авторски права над детето ми се крева коса на глава.
     
    На srcekrsacka и ludoto19 им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.993
    Пол:
    Женски
    Со ризик да ме исфрлат од форумов наместо по ЛП овде пред сите јавно ќе ти кажам што мислам. Имаш ли ти совест за секој твој збор што го ставаш овде?? Ако умре мајка и па вака па така. Припази малку што зборуваш. Добро де еве ме носела мајка ми и мене 9 месеци и сега што?? Па не сум бре јас Пинокио па да ме прави од дрво по нејзина желба! И за што да ја гризе совест ?? Ајде кажи ми? Затоа што била добра ќерка, што не правела пробелми освен , пази боже се заљубила во паметен, трудољубив човек што ја сака и кој ја прави среќна а не се е***а со некој со пари само за да и купи скапо ланче и прстен??? Аферим, нека е здрава и жива, ќерка за пример е. Би се гореела да ја имам за ќерка. А тебе nicenicegirl очигледно те јаде некоја љубов која твоите не ја дозволиле, те омажиле за богат па сега овде си переш совест??
     
    На HappilyLoved, kate21, srcekrsacka и 9 други им се допаѓа ова.
  18. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    која сум и шо сум да не ве интересира , не разбирате, ќе порасните ќе видите а до тогаш поздрав ;)
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.993
    Пол:
    Женски
    Јас сум постара од тебе па можам многу убаво да ти кажам дека секој си е кројач на својот живот. Само едно ме интересира, како би реагирал мажот ти, во кого велиш дека си вљубена и дека го сакаш ако прочита овде дека си сречна што е богат и што е како што велиш на позиција?? Таа жена која е вљубена не го зборува тоа наоколу. Ако имаш мислење и совет, дај го ама да навредуваш и да набиваш совест и слично, особено кога ни ја знаеш ни познавач личноста на која и се обраќаш навистина не е во ред.

    Еве јас за мене зборувам, и јас сум од добростоечко семејство, единица , ама .. ако мајка ми или татко ми ми се постават како мајка и на лоок одма ги бришам. Не совест ни ништо. Знаеш зашто?? Затоа што тие не би имале совест доколку така ми прават во животот. Мада јас никогаш не сум дозволила да се мешаат. Без разлика врз која основа не им се допаѓа мојот избор ( дали пари, дали тоа што е плав а не е црн, дали затоа што е друга вера) ЈАС го сакам , ЈАС го бирам а ако сте родители радувајте се на мојата среќа, и бидете тука да ми дадете подршка кога сум тажна и кога ќе имам проблем. Зашто родителот не треба да го вози детето по автопатот на животот, туку да биде банкина за да го спречи да не застарани , а да го остави само да управува со својот живот.
     
    На HappilyLoved, srcekrsacka, Dgirlll и 4 други им се допаѓа ова.
  20. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    хахаа уживај :)