Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисок од страна на родителите за врска со богат партнер

Дискусија во 'Врски' започната од Look, 22 април 2012.

  1. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Точно е дека од љубов не се живее но има вистина и во тоа дека среќата со пари не се купува!!!Богатството се стекнува преку труд и работа , можеби ќе имаш најскапа облека на себе,најскап накит,најубав автомобил ,но ако немаш почит,љубов ,слога и хармонија во семејството и домот џабе ти се сите пари на светот тој лукзуз нема да може да ја потполни празнината што ќе ја чувствуваш еден ден откако ќе сфатиш каква грешка си направила. Моите родители никогаш не ми вршеле притисок и ако некогаш би се осмелиле на такво нешто би им се спротивставила ,затоа што јас сум таа што треба да избере партнер, да биде живее со него и да создаде семејство ,не сакам некој низ нос да ми го извади тој луксуз па да ми префрлува како тој се ми обезбедил инаку без него би била никој и ништо.
     
    На srcekrsacka, Annath, Filiposka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ехх да сум гледала каква кола вози, да сум се распрашувала кое му било семејството, што работеле, дали биле богати.....
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.994
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсети на едно девојче што го познавав. Она беше од тие што гледаа каква кола вози, од кое семејство е бла бла бла уште имотен лист што не му побара и најде еден според нејзини критериуми. Одеа што одеа,го фати на бебе, се зедоа. И оп еве ги роговоите. Типот да ти бил научен на тате носи мама меси, скоројевичко дете што мисли дека цел свет е негов ако има пари. Пиеше , се курваше а бе што да ти кажувам. Арно ама оваа страна ја заневме само ние , а пред нејзините она глумеше среќа дека еве има пари, богата е. Што би рекол овде некој не се секира за ништо. Мајка и цветаше а бе растеше како квасец, се фалеше со зетко, како да добила премија на лото. Арно ама после еден испад негов татко му го исфрла од дома, му зема се. Го остава без ништо, го бриши од наследство. И оп после тоа од марка облека дојде девојкава да купува во Еко, па почна караници тепаници и на крај се разведоа. Со него не знам што бидна, а она со детето си се врати како покисла мачка кај мајка и. ЗА жал ни од разводот не профитираше бидејки типот немаше ништо на негово име, туку се беше на неговите па немаше што да делат.

    Ете како заврши таа што гледаше по коли , фамилии и пари...
     
    На HappilyLoved, tessie и Look им се допаѓа ова.
  4. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Малку е глупо ова, да бараш богат партнер. Како само тие да се способни да стекнат богатсво и сега ние со нив да се мажиме и од нив да зависиме цел живот. Некако глупо ми звучи. Зошто ние самите не се потрудиме да завршиме добро образование и да најдеме некоја добра работа и самите да си унапредуваме а не ќе барам некој што има пари па после таму неговите да ме потценуваат или некој си да збори ее оваа за пари се омажи сиромашката. ццц
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Знам за сличен случај како тој шо го опиша Нена. Девојкава од семејство шо живеат со една инвалидска пензија а имаше помали брат и сестра. Еден дечко многу ја сакаше (лепотан, од чесно семејство, имаше ама не многу, сепак за неа беше премија). Значи немам видено некој толку да сака некоја девојка. Ама таа го влечеше за нос, од дома уште повеќе и` ги усијаа очињата, имаше команда од дома да најде богат, уште, уште пари сакаа тие вошките. И така го влечеше за нос дури и` беше интересен и го откачи. Се збори дека му побарала некој поголем заем а тој не успеал неговите да ги натера, ама се збори, колку е точно-не знам, демек затоа му раскинала.

    После се фати со еден клошар. Типов ја “намирисал“ дека оваа по пари оди како оган по сено и почнал да и` се чалами. Се зајмел од другари, од чичковци, ја носеше по најелитни локали, нон стоп и` купуваше облека. Ја лажел како скоро цела фамилија му се печалбари во странство, и` викал дојди со мене ќе видиш живот уживанција, одма ќе си купиме едно станче, ќе ми те вработам на убаво место, да не ми се мачиш, трт, мрт. Ама типкава не е свесна дека ова е Скопје и е многу полесно да излажеш некого. Тап, отиде, се омажи за него. Значи во три соби се десет души напикани ко зајци у кафез. Таа трудна по трети пат (единаесеттиот човек е на пат).

    Поентата ми е, убаво е шо некои од нас се праат лисици ова она, ама машките, верувајте, во најголем процент од случаите ги намирисуваат таквите од прва. Ма колку и добро да му глумите и ѕвезди да му симнувате. Природа е тоа, одма се насетува.
     
    На koritsaki, Look, DebbieLegg и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Народната поговорка ретко кога згрешила, велат Што си барала тоа и си добила.
    А има уште една која што повеќе ја милувам. Бараше рогови , главата си ја скрши.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    При нашата последна караница (т.е при едно нејзино урлање врз мене) конечно отворив уста за да и речам дека животот ми го згорчи, дека никогаш не беше родител каков што заслужувам да имам. Леле кога почна да вреска, цел зграда ја стана на нозе, ме изнарече со секакви погрдни зборови од тоа како јас не сум била во ред со паметот, па за на крај да ме нарече со името на една пропалица (која е најголема курва, и` се развикува и ја тепа мајка и` на улица на сред бел ден, цел факултет го зафркна, ни учи, ни ништо) е со неа ме спореди. ;( ;( ;(
    Ми вика „Мене не смееш еден збор да ми проговориш, а на други луѓе зборувај колку што сакаш. Тоа јасно нека ти биде‘‘

    Најмногу од се` ми е тешко што цел живот од кога знам за себе бев примерна, еден збор на страна не знаев и не знам да им кажам на родителите, учев, додека сите врсници лудуваа/т како што сакаа/т јас гледав и гледам на училиште да извадам најдобри оцени, додека сите ги лажеа своите родители и правеа милион глупости, јас не знаев еден збор да скријам од нејзе и на крај јас сум таа најлошата, нејзе Бог ја казнил со такво дете. Ако купам и едно најмало парче облека одма низ нос ќе ми го извади како ми удоволувала (безразлика што тоа пред да се купи било еден месец молено за да го купам).

    Еве дојде лето јас дома прикована стојам, неможам да излезам зошто одма во беља ќе паднам, а за одмор да не правиме муабет освен со родителите, а мене не ми е интересно со нив и јас сакам да уживам како секој млад човек.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Зошто толку голем притисок, па ти нема да бидеш во врска со неговите кола и куќа побогу, ти ќе бидеш со него. Е не знам како ќе изреагирав моите да ме притискаа на вакво нешто. Среќа, никогаш не ми рекле да бидам со некој богат, секогаш ми викале со паметен и добар некој што ќе те заслужува.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Девојки, сакам да ви кажам дека раскинавме.
    Оваа врска претрпе премногу, не знам зошто, можеби се` ова влијаеше на него, тој почна да ме обвинува за се` и сешто, за работи за кои немав ни ронка вина, додека јас упорно се правдав дека ништо не сум скрила од него, тој упорно продолжуваше да ме обвинува, за потоа да стави крај на се`.

    Криво ми е, тешко ми е најмногу за тоа што се` сторив за да бидеме заедно, колку маки претргав, која жртва ја дадов за секунда да се откаже од мене, од нас, но нема да западнам во депресија како претходниот пат. Ќе продолжам со животот таму каде што ме остави тој, затоа што едно сфатив- „на тој што не му требаш, не треба ни тој да ти треба.‘‘

    Само јас си знам колку ми е чиста совеста, не мора никој друг да знае, но за жал понекогаш не треба да си со „крстот на чело‘‘ затоа што моево може човек да го снајде.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Look навистина ми е жал што излегло ете баш така, но се ќе се поправи, можеби и така било најдобро, секој со својата среќе, ете сега можеби мајкати ќе биде "среќна."
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Моите никогаш не ми се мешале во врската, ниту во мојот избор, така што поштедена сум од муабети од типот: Ќерко, да си најдеш ти некој со куќа, кола, стан во Охрид, викендица на Маврово и такви ми ти работи. Мене ми е многу побитно да е снаодлив, затоа што утре не знаеш што те чека во животот. Како што вели татко ми - На човек можеш да му земеш се, само знаењето не.
     
  12. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Поради алчноста на мајка ми нашата врска се распадна.
    Тој не издржа, стави крај. Иако три години се борев на крај во ништо не успеав.
    Тој не сакаше да верува во мене, се исплаши дека ќе одам на факс.

    Иако понекогаш добивам сила, јас сум скршена.
    Ми недостигаат неговите очи, неговиот мирис, неговата насмевка. Денес сум тотално скршена. ;( ;(
    Си викам да не беа овие забрани од мајка ми, можеби ние сеуште ќе бевме заедно.

    Денес ми е роденден, се надевав дека барем една порака ќе ми прати за да ми честита, ама него го нема.
    Кажал на негов другар дека од нашето врска не бидувало.

    Сфатив дека решил да ме избрише од своојот живот. ;( ;( ;(
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Ако тој толку многу те сакал, ќе го ценел сето тоа што го правиш ти за него.
    На крај покажал дека не вреди. Врската е за да се надминуваат кризите, а не да се става крај кога ти се бориш со сите сили.
     
    На Filiposka, JuLleE, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. problematicgirl

    problematicgirl Нов член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    тој сеуште те сака, само што не е доволно силен да се бори со притисокот од твојата мајка, верува дека таму нема шанси да победи против неа бидејќи е твојата мајка сепак, зато се трга оти му е тешко многу а верувај дека те сака и ќе те сака, можиш да му се јавиш да зборувате, оставија мајка ти настрана тоа е твој живот бори се за то што сакаш, не знаеш дали ке најдиш некој како него..
     
  15. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^ Дај Боже да е така, барем нема да се окривувам себеси за овој крај.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.799
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на Марама, врската ја чинат двајца, и ако тие двајца навистина си значат еден на друг, и двајцата треба да ја градат таа врска, па и да се борат против евентуалните пречки, во случајов мајка ти. Не ми е јасно зошто се исплашил дека ќе одиш на факултет - што има лошо во тоа што сакаш да се образуваш?
    Можеби ти направил услуга, којзнае... ама тоа со тек на време ќе го видиш. Дај си време да преболиш ако веќе е дефинитивно ставен крај на врската.
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Што ти значи ова?
     
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    MSkorpionka-Сигурно се исплашил дека таму ќе најдам друг поради тоа што дома кај мене не знаат за нас (макар што јас никогаш тоа не би го сторила). Многу јасно му беше дека јас сум најголем противник на тоа неверство, милион пати сум му укажувала дека никогаш, ама никогаш не би била со друг додека сум со него... Тој мене премногу добро ме знаеше дека јас не сум манипулатор, дека и на крај на светот да појдам пак ќе мислам на него, а ете се исплашил.

    Цело време ми ветуваше дека и тој ќе дојде во Скопје, дека ќе бара работа таму, па ако не успеел да најде пак ќе сме биле заедно, никогаш немало да се разделиме...Така ми ветуваше, а сега тоа го слушнав од другар негов.

    Дента кога се разделивме ми пиша порака „и мене ми е многу тешко, душата ме боли, ама ако сакаш да сме заедно реши го проблемот дома‘‘, а знае дека зависам од мајка ми, неможам против неа, таа лебот ми го дава, а плус треба да одам на студии.

    Неможам целосно да го обвинам поради тоа што тој цело ова време ги прифаќаше сите забрани, никогаш проблем не ми правеше поради мајка ми, во најтешките моменти беше со мене.... ;(
     
  19. problematicgirl

    problematicgirl Нов член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    таа тебе ќе те пушти на факултет да знаеш и да си со него и да не си, таа е должна да ти дава пари да се грижи за тебе, за тоа уживај нема да те остави на улица, подобро бркај го сонот ако мислиш дека е тоа детето за тебе а за студиите сепак ке ти плати се :)
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Мене една работа не ми е јасна, како може богаташ/ка да се вљуби во апла сиромашен, да не речам голтар/голтарка (ќе се служам со вакви термини, за да објаснам посликовито, со цел да ја доловам таа разлика, не за да навредувам)?

    Јас се водам по онаа - за секое тенџерче си има и капаче. И во пракса многу често ми се покажало како точно.
    Јас потекнувам од средна класа (која е на работ на бришење во Македонија, па многу веројатно е дека ќе се споиме во сиромашните). И сите дечковци ми биле досега деца од пристојни, домаќински фамилии ко мојата, без некое посебно расфрлање, расипништво, никакви есктреми значи.
    Ако сакаш да одиш на одмор ќе штедиш, нема по 10 работи купување месечно, овој месец ќе купиш нешто, наредниот друго... имало лимит на нештата кои ми биле овозможени, а исто и кај моите дечковци.

    Зборот ми е - прво како би го нашла тој екстремно богат тип?
    Каде ќе го сретнам? Не излегувам на тие места каде што реално се движат богатите и оние кои можат да си приуштат солидно излегување.
    И да го сретнам - што би разговарале? Факт е дека сме малтене два различни света, тој лани бил во Дубаи, а јас во Охрид. И љубовта наша ќе проработи тука, се се плашам дека е така. |(
    И како би функционирале во иднина? Тој научен на луксузи - од храна и облека, до излегување и шетање, а јас на поскромно, во секој можен аспект и поглед од животните сфери.

    Јас мислам дека премногу романтични филмови ја нарушија перцепцијата за тоа - кому каде му е местото. Нешто од типот 3 метри над небото, богаташката со пропалицата (мада и они нема да успеат во врската), или филмчиња каде типот галантно изнајмува цел ресторан, да биде празен за неговата омилена касиерка од супер-маркетот, се вљубуваат и среќно си живеат заедно, без оглед на огромните социјални разлики меѓу нив.
    Огромните социјални разлики влечат многу карактерни особини и влијаат врз обликувањето на една личност. Како што не би сакала да бидам со некој што во живо присуствувал на Виенскиот бал, така не сакам ниту да сум со некој што не слушнал за Кармен или Лебедово езеро.

    Да се разбереме, јас сум за љубов, вистинска, пожртвувана, искрена, но и во други теми сум дискутирала како некои работи не успеваат и не се мешаат.

    Немојте по секоја цена да барате екстремно богат тип, и немојте да завршите со клошар од улица.

    Барајте си некој спроти вас, ако сакате мирен и хармоничен живот.
     
    На The-Queen, LilBaby, thinkerbell и 11 други им се допаѓа ова.