За дочекот на оваа Нова година нема некоја радост како што имало претходните неколку години. Зошто е тоа така? Некако луѓето не се радуваат. Како да им е сеедно. Па и мене ми е сеедно.
Ne gi mrazam praznicite i praznicnata euforija koja ja pravat lugeto. Vakvite denovi samo mi budat ubavi no i tazni spomeni najiskreno. Dovolna mi e elkata koja mi sveti momentalno, okolu koja se vrtka sinceto i otvara i zatvara paketce koe skromno mu go skockavme. Na masa ne mi e vazno dali ke imame samo kafe i nekoja gricka najbitno momentalno mi e sto ke sum so semejstvoto,bidejki stanaa retki denovite koga mozeme da sedneme site zaedno. Iako moite dragi, najdragi se daleku i ne e celosna mojata sreka no sepak se nadevam deka eden"ubav soncev den" ke bideme zaedno.
Претеризам е станато славењето на Нова Година, ко синкир смак света е. Никогаш не сум се притресвела за славењево. Секој како си се осеќат така нека си славит. Мене појќе радост ми се Божиќ, Водици и Велигден.
Не ги мразам новогодишните празници, ниту нешто ги обожавм или се возбудувам поради нив. Едноставно не се замарам. Стандард, секоја нова година правам торта, бидејќи ми е роденден. Не организирам никогаш ништо, не ни сакам.Не ни размислувам каде би отишла за нова година. Тоа што ќе се договорат друштвото-тоа. Не приговарам, не се мешам, ниту давам мислења и идеи. Не трошам, не правам новогодишни шопинзи. Ми одговара што друштвото ми е таков тип кој преферира мирни места, без гужви и турканици. Ја носам тортата таму каде што се договориле. По 12 часот ја сечам и ги послужувам сите. И тоа е тоа. Никакви посебни спектакли, или да се губам нешто ау демек и нова година и роденден па дупло ќе славам....
Ратке мори. И 2029 ќе дојде а ти уше нема да научиш дека не се отвора тема за секоја мисла што ќе ти прелета низ ум
Бабо , те осетив последниов месец коментираш по темите без желба, се осеќа дека ти е паднато расположението. Не знам низ каков период поминуваш, немам намера да ти се мешам во животот, но мораш сама да се мотивираш и да се вратиш во форма како порано. Зар немаш приметено што имаме заедничко сите членови кои сме тука : анкциозни, депресивни, со црни мисли, разочарани од љубов, со пропаднати бракови, со здравствени проблеми, зар не ги читаш оние поактивните кои сами имаат спомнато дека земаат лекови за да се осеќаат подобро. Кај тебе не е тоа дека мразиш празници, има нешто подлабоко. Ако ти менува нешто верувај дека јас не славам никаков празник, еднаш годишно одам во црква, перам на празници, јадам кога се постело, значи се обратно, апсолутно никакви празници и имендени не славам. Тоа е измислено од народот па да се соберат демек за празник. Знам од култура да честитам празници , но лично не славам. Пред да ми речиш дека не сум со сите, знам, бааги се разликувам , ама учам од северно -европјаните, ладен народ кој се фокусира на кариера, на успеси во спорт, ако е за пиење, ќе пиеме на утакмици , на стадион Биди ми поздравена, натерај се сама да го промениш тоа што те спушта долу, консултирај се со стручно лице и главата горе , здравјето е многу битно
Јас па не мразам ама ништо посебно не ми значи нова година. Да е божик велигден василица таков стил на празник ок е некако ама нова година??? А за украсување па сакам да украсувам утедувам прередувам ама д празнувам баш и немам ќејф
@baba Rada манифестирањето на овие емоции за време на празниците е сосема нормално и нема никаква потреба да се загрижуваш околу тоа. Бидејќи темава си ја отворила во подфорумот Психологија, ќе се обидам од психолошки аспект да ја објаснам мојата (субјективна) перцепција кон оваа психолошка состојба. Имено, ти сметаш дека не е "правилно" или "нормално" за одредени луѓе да не чувствуваат радост, среќа и возбуда за време на празниците бидејќи кога генерално го перцепираш надворешниот свет, или барем твојата околина, доаѓаш до заклучокот дека мнозинството од луѓето ги сакаат празниците, додека ти и можеби малцинството од народот не - и бидејќи мнозинството преовладува над малцинството, и во ова сценарио ти си дел од тоа малцинство, почнуваш да се запрашуваш зошто не развиваш чувства како останатите, или како што си имала порано. Ова доаѓа од посакуваноста да припаѓаш во одредена група на луѓе, најчесто онаа која е доминантна во едно човеково општество. Овој заклучок е сосема логичен и очекуван според природата на човекот кое инаку претставува социјално, а не самостојно суштество и сака да се однесува како што се однесува и самото општество. Бидејќи во раното минато човекот не можел сам да преживее во природата, денес тој инстинкт се манифестира во вид на блага вознемиреност кога човекот забележува дека се оддалечува или не се однесува според одредени стереотипи, или стандарди креирани од самото општество. Реалноста во овој случај е дека општеството уште од самиот почеток на неговото постоење не обрнувало внимание на фактот дека секој човек не е ист, туку е различен - па дури и еден човек се однесува како сите останати во почетокот, тоа не значи дека истиот понатаму во иднината не може да се промени поради одредени причини или околности. Ова е навистина иронично бидејќи луѓето го претставуваат самото општество. Самата перцепција во врска со"нормално однесување" (што во овој случај е е да се биде среќен за време на празнците) е само креиран од страна на општетсвото и е засекогаш минлив. Луѓето само се обидуваат да се вклопат во оваа дефиниција поради страв дека нема ќе бидат посакувани во општеството. Затоа секогаш велам дека нормалноста ја сфаќам како илузија, главно поради фактот што таа не ги гледа луѓето како што навистина се, односно како посебни индивидуи. Наместо тоа, општеството има стремежи да функционира како еден ентитет. Како што годините поминуваат, сосема е нормално луѓето да ги немаат истите чувства и мислења како што ги имале порано. Вкусовите и навиките се менуваат, како и самите луѓе поради искуството низ кое поминале. Исто така, многу е важно да се разбере дека среќата, по психолошка дефиниција, претставува ментална состојба која манифестира благосостојба и истата се дефинира со позитивни емоции. Со самото тоа што среќата претставува ментална состојба, тоа значи дека таа не е манифестирана од страна на објективната реалност (иако објективната реалност индиректно влијае врз нејзиното настанување), туку од страна на субјективната реалност - ова означува дека секој има различна дефиниција за среќа. Мозокот на еден поединец има различни делови каде настануваат различни емоции (среќа, тага, страв, гнев), но и за различни видови на емоции. Исто така, овозможено од невроните, човечките умови имаат способност доброволно да ги контролираат различните области на мозокот. Така можеме да активираме или инактивираме различни емоциони центри по желба. Оваа особина, или подобро опишана како способност, е примарниот фактор кој ја создава среќата кај луѓето - со тоа што умот се адаптира на одредени ситуации преку неактивирање на мозочната област за тага и притоа ја активира мозочната област за среќа. Кога станува збор за славење нова година, одредени луѓе може да сфатат дека тоа е само причина за луѓето накратко да избегаат од монотонијата на животот. Реалноста е дека самиот живот претставува чувствување болка и страдање, како и среќа и радост во одредени моменти. Она што некои луѓе не го чувствуваат празничното однесување кај некои луѓе само ги потсетува на она од кое што сите се обидуваат да избегаат - монотонијата на нашите животни рутини, како и субјективната осаменост. Драстичната промена во однесувањата за толку кратко и ограничено време само создава притисок од останатите да се забавуваш и да вложуваш труд за нова година, што е навистина абсурдно. Исто така, луѓето во текот на нивниот живот постојано имаат одредени желби очекувања. Некои од нив се реализираат, додека другите не, и тоа зависи или од фактори на кои човекот има влијание, или од фактори врз кои човекот нема никакво влијание. Но новата година многумина ја гледаат како еден крај и еден нов почеток. Ова за мене барем, е нелогично бидејќи времето константно тече, ништо реално не започнува и не завршува, дури ни според имагинарниот календар кој е несомнено само човечка креација. Но претпоставувам дека човекот има потреба од симболика, па така тој го претвора во универзален настан она што според природните закони е сосема нормално, како и природен начин како нашата планета функционира веќе 4,54 билиони години - достигнувањето на арбитрарната точка во орбитата на планетата Земја околу сонцето. "Мразење" е навистина силен збор за да опише ваква моментална ментална состојба. Од психолошки аспект, омразата претставува длабоко и екстремно недопаѓање и во овој случај, тоа е насочено кон поимот за тоа што претставуваат празниците, со фокус на нова година, како и стандардниот начин на кој луѓето ја слават. Но последните две реченици кои си ги напишала многу објаснуваат од каде потекнуваат твоите чувства... Имено, како што успеав да разберам, ти манифестираш однесување кое е слично на она што скоро сите верници го манифесираат. Правиш добро и мислиш добро со очекување дека и тебе треба со добро да ти се врати, односно очекуваш дека добрите настани во твојот живот треба да претставуваат право кое тебе треба лично да ти следува само бидејќи ти така си се однесувала. Во овие случаи, најчесто верувам дека оваа т.н. добрина е лажна бидејќи мотивите за нејзиното манифестирање се со цел човекот да придобие некаква корист, без разлика дали е емотивна или материјална. Or in other words, It's just good business... Но реалниот свет едноставно не функционира на тој начин. Добрите настани во животот не настануваат според нашите однесувања, туку тие претставуваат само статистичка не/веројатност или шанса (случајност) да се случат одредени работи во зависност од околностите што се случуваат околу нас или надвор од нашето поблиско опкружување каде немаме влијание врз нештата. Ова ме потстетува на традицијата на Шпанците кои секоја нова година на полноќ јадат по 12 зрна грозје со надеж дека ќе ги следи среќа во секој месец од новата година.
Се дава големо значење на овој ден и се преувеличува. Ако некој каже дека нема да оди никаде за ,,најлудата ноќ", некој ќе речат дека нема друштво, нема каде да оди..како да не може дома да се седи или тоа не е опција. Јас повеќе ценам домашна атмосфера со семејство и роднини, него ли ,,лудување" по дискотеки, исто како и секој викенд, само нели тоа броењето 10, 9, 8.. е дополнително.
Јас не ги мразам празниците, особено сега кога почнав да работам пред некое време, убаво си доаѓаат, едиствено што мразам, т.е ми пречи е што некои наместо да уживаат во ноќта или празникот, целата приказна како поминуваат и што прават ќе ти ја сервираат на фацебук или инстаграм сториња, и е одвратно кога ќе погледнам утредента 50 сториња од најдобрата песна , од види јадењево , од види другариките/другарите што кога не сум со нив се убиваат од оговарање, од леле колку убаво си поминувам и сме сите пијани... итн... страшно и одвратно, наместо да уживаш со луѓето, цела ноќ на телефонот и да им покаже на другите колку убаво си поминува.... Е тоа ми смета за празниците... Другото си е супер.
Јас ги сакам празниците и со години ја чувствувам еуфоријата и магијата. Сакам празнични колачиња, млеко и Дедо Мраз. Новогодишни пакетчиња и филмови. Сакам да се дотерам за секој празник. Едноставно ме усреќува тоа.
Толку еуфорично се осеќам што сеуште се немам ни избањато, а за само неколку часа треба да излезам од дома бидејќи друштвото мое прекрасно ме натера да излезам од комфор зоната.. Многу ми е тешко на градиве. Кој ќе ги јаде руската, кифлите, топлото прасенце што го испече баба? Зошто едноставно не може да легнам и заспијам на овој ден. Да ми биде топло, комфорно, тивко и прекрасно? Да ми пеат звуците од спржените свинчиња и јагненца на ражен? Да ми играат кифлите како секси дебели жени околу бирото и креденецот? Потоа да го сонувам Павле како ми денса со неговото свиснато либидо во крисмас аутфит околу креветот додека надвор вее снег, а од таванот ме опсипуваат млазови пари и златници? Тежок е овој живот..Ах, депресијо.
Светот и онака е полн со негативности. Зошто да мразам нешто што е повод за среќа? Нормално дека не мора баш на 31ви декември да ни е ноќта каде најјако сме поминале, тоа може и останатите 364 ноќи. Нова Година и Божик ми се едноставно симбол за среќа и надеж. А надежта е она што најмногу ме турка напред во животот, ме мотивира и ми дава до знаење дека секогаш може подобро и не е се' црно-бело.
@Briar Rose Зарем немаше да биде полесно само да пишеше каде ќе славиш или зошто не ги сакаш празниците гледано од твој субјективен аспект? Чуму толкав пост? Рада неоти ќе прочита како што тргнала со лоша волја, а веројатно ниту останатите членови... Пиши некогаш по нешто за себе, не мора секогаш форумот да го користиш како истражувачко катче и простор за евалуација..
Не ги мразам празниците само рамнодушна сум, од секогаш сум била таква освен кога бев дете, ама некако веќе и времето е сменето и ја нема таа празнична еуфорија по улиците што се ширеше, веќе 80% од луѓето од тоа секојдневие, брз живот и монотонија што владее се депресивни, од друга страна и зрелоста си го прави своето и сфаќаш дека не е ништо посебно за да се возбудуваш или радуваш.
Порано празнувањето како да имаше некоја топлина. Едвај се чекаа првите честитки, јавувања, па припреми од почетокот на декември, пакетчиња, огномети, красење на домови, установи, улици. Општо деца или возрасни, млади или стари сите се радуваа на новиот почеток. Сега како сите да се рамнодушни