Ко немам нешто да кажам за темава туку ''to vent'' и да најдам некој друг шо се осеќа исто, за да не се осеќам вака сама на темава. Фама околу празници ми створа притисок и како резултат на то никогаш не си врвам добро. Мислам дека е ради очекувањата дека „мора“ на Нова Година да се оди негде, „мора“ да се помини најдобро, „мора“ да завршиш се ( пример бинџам серии да си исчистам watch list за годинава оти МоРа) и дека „мора“ да напрајш некоја промена за годината да ти тргни итн. Ваквите очекувања ми створат огромен притисок кон самиот ден, и баш утрово зборав со другарка ми, и со стравот дека ќе ги изгубам личностите шо ми се во животот, не ме „боли“ еднаш годишно да одам на НГ, да одам на Први Мај ( иако е премногу со гужва, МоРа скара, МоРа пиење, а ни П од природа нема зошто се е л у ѓ е). И самото то дека „морам“ да одам и „морам“ убо да си поминам, го осеќам како притисок и ми створа одбивност околу некои вакви празници со очекувања околу нив. Најмногу го сфатив то лани. Ко останав дома ради 'рона. Прва НГ каква шо сакав. Мирна. Си легнав рано. Ко беа огнометите си го гушкав кучето да не се плаши. И помина уште тој, за мене обичен ден, ама кој го доживувам поинаков ради сите притисоци и очекувања околу него. И годинава пак ист притисок уште од Октомври. Па ме интересира дали уште некој има со ваков проблем, или „проблем“, зависи како си го доживувате. Ме интересира како се справувате, како прајте да си врвите добро, како уствари се соочувате со ваквиот притисок? Дали пробвате да најдите некој баланс ако да ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛЕТЕ FOR THE LOVE OF GOD! Шо мислите дека е то шо прај да имате ваква одбивност? Не знам, како мислите, така коментирајте. Мене ме интересира посекако.
Последниве години мислам ептен се форсира и се создава една извештачена атмосфера околу НГ. Славење, одење негде, коментари од типот е дома ли ќе седиш па што ќе правиш ајде нова година е. И што ако е нова година? Мене лично ништо не ми значи, ама ич не го сакам периодов ради сите околу. Ако одлучиш да останеш дома ќе се лутат останатите не си дружел, ако одлучиш да отидеш негде ти ќе се осеќаш мизерно само за да ги направиш другите среќни и нели да не дремеш дома за нова година. Тешко е да најдеш баланс, освен ако имаш можност да ги викнеш кај тебе дома друштовото, па ем си дома ем се дружиш, lifehacks со шери. Лани ради короната и тоа што мачката ептен ми беше болна останав дома и многу мирно чувство имав на душава и пошто мислам повеќето не славеа ради околностите го немаше тој притисок. Ама годинава пак е пуштен на најјако. Спомнувам неколкупати дека не ми се прави ништо буквално сакам да си гледам филмче, да си мснам некоја кифла, да седам со мачор за огнометите и да си легнам и сабота на први свежо да си ја почнам годината со пешачење, доручек со моите и мир. Ама реалноста е дека ќе бидам forced да правам нешто. Инаку што влијае за ваков притисок освен пријатели/партнер? Социјални мрежи. Сите знаеме што ќе биде на 31 и 1ви. Сториња, слики, честитки. Слика од личноста застаната до елката да се покаже оутфитот. Слика од денска прослава. Слика од ноќна прослава. Слика со пијалок. Слика со другарките и сите носат новогодишни уши. Слика од огномет. Премногу форсирање на една вечер што реално не значи ништо.
Не можам подобро од ова да објаснам: Врзано за анксиозност е. Мсм зборам за себе нели. Сепак вентинг прам тука ахаххаха.
Јас решив да си останам дома Затоа што ми е смачено од лажни честитки и лицемерие Сега немам притисок сега сум само тажен
3та година по ред, гасам телефон од уште за ручек време на 31 и го пуштам по 2 дена пошо ми е смачено од лицемерни честитки и остали работи. Си уживам во моментите со фамилијата, па така не чуствувам никаков стрес.
Одамна пресеков. За време на овие празници не сакам да идам кај други. Можда ќе отидам само на еден роденден и толку.Тоа е единствен компромис што можам да го направам со моите.Не сакам гужви. Плус,периодов ми е стресен. Дома ми е најубаво пред телевизор и со мачорите. И онака новава година ќе ми почне со куп обврски,па ќе немам време за шетање.
Капитализам дечки, како ќе се троши ако Нова Година не се рекламира како посебен, магичен нов почеток? Повеќето паѓаат на кока кола рекламите, па мислат дека си демон ако не се возбудаваш, ете ти од каде притисок. @theowndemon па ти веќе си демон, шо му се замараш.
Мене ова ќе ми биде прва година да одам некаде за НГ, затоа што не можам да одбијам другар што ми доаѓа прв пат во Македонија. ( што е по трагично сите ме прашуваат дали ќе се плеснеме ) А другите пати редовно ги одбивав поканите, сакам да си чилам дома со винце и даска. Не дека не одам на прослави, но ретко е тоа и одам со одбрано друштво. Затоа ако ви е се преку к**ац, кажете НЕ, и прославете како ви одговара вам.
+1 пишите. И те како чуствувам притисок околу празнициве посебно новогодишните. Не си сама Демонке, мислам се појше и појше не има Шала на страна ,единствено лани нели беше постегнато со коронава сум имала најубави и најопуштени новогодишни празници.Оваа година веќе се е како порано.Еуфорија пуштена на најјако.Мислам сепак најголемиот притисок е од социјалните мрежи,да се види кој имал најубава новогодишна или бадникова трпеза,кој бил наубаво облечен за новогодишната ноќ или кој имал најубава елка.Или пак кој имал наубави фамилијарни новогодишни џемпери се разбира пак само за на слика. Пред се лажната хармонија која ни се пласира мене лично највеќе ми ствара притисок.Едноставно не го можам тоа лицемерие. Гринч муд
Јас и годинава решив да си останам дома.. Оваа година и многу со кои се дружам одлучија така, пред се ради енормните цени што се бараат за прослава за неколку саати. Не ми кажал никој годинава "зошто не идеш за нова година негде?". Порано имаше некој што ќе праша такво нешто, ќе си одговорев "зошто така ми одговара" и толку. Ме нервира и мене тоа што се очекува дека мора некаде да одиш баш и нешто да правиш, па често и се прашува што ќе правите за нова година итн... Некогаш сум била расположена за гужви и забава и сум славела и на друг начин, но лани ради корона и годинава од онака личен избор еве вака си одлучив дома да си се одморам и да си седам, не ми е мерак за гужви нешто. Како ми е ќејф така ќе правам , исто важи и за славењето, ако некој сака зошто да не слави надвор од дома. Се е океј дур не се осудува ни едното, ни другото.
Лани памтам дека на 1ви јануари си излегов да возам точак зошто така да тргне годината нели. Беше убаво-пусто Не осеќам никаков притисок сега за сега, дома ќе бидам. Како помала имав притисок, сега научив што ми е мене важно и убаво тоа да го правам.
Мислев ќе го издржам притисоков и решив дома да останам од причина што се кренати цените, а не можам истите луѓе да ги гледам, за толку пари не вреди да одам , ама од сите страни се слуша музика и огномети и сега депресија ме мава што не излегов.
Мене денес малце ме мавна, дека ги преспав деновиве, а се изнагледав стприња Го повлекувам зборот од погоре хахах
Ги сакам празниците, ама ова усилувањето околу нив ми прави тегоби. Сите се нешто мора да направат, она трчање како да е крај на свет ми смета, како само тие денови да ни се за семејството. Спрема се храна како да нема утре, за најосновна работа ако си заборавил да си купиш неколку дена пред празник, моли се нога да пуштиш во маркет а не па да влезеш. Ми смета се што е нападно ама ова ми е премногу. Искрено кога поминуваат издишувам како издишан балон, е до толку ми олеснува.
Верувам дека им е тешко на тие што се осамени. Пред 2 години кога одев на работа, постара колешка од мене, мислам тогаш бев 20 години, таа 35, затоа постара, ми кажуваше колку и е тешко за празници така сама. Немала маж, деца, се каела многу за тоа што останала сама. Кога била мои години самотија не и пречело, но сега секој си бил со фамилија и таа сама немала што да прави. Овој период и бил ужасен. На повеќето луѓе што се сами празниците и овој период им се најтешки психички...