1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прифаќање на себеси во денешното општество

Дискусија во 'Психологија' започната од CoverGirl10, 30 октомври 2017.

  1. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Константно опкружени со фотошопирани слики, убави моменти на другите рекламирани на социјалните мрежи и замавот на ботокс и естетска хирургија, не е невообичаено што процесот на прифаќање и сакање на себеси е потежок од порано. Споредувањето со другите, иако варира од личност на личност, е неизбежно.

    Земајќи во предвид дека се идеализирани исклучиво западните стандарди за убавина и совршеното тело во облик на песочен часовник(најчесто постигнато со купишта интервенции), како до надминување на овие стандарди наметнати од општеството, прифаќање на себеси во целост и откорнување на она внатрешно чувство кое ти вели дека нешто не е во ред со тебе?

    П.С. Инвестирање во себе и променување на делови над кои имаш контрола исто спаѓаат во сакање на себеси, да не бараме изговори. :)

    Свесна сум дека постои тема за самодоверба, можеби и други слични на оваа, но сметам дека оваа се диференцира заради условите при кои е отежнат тој процес. Доколку има премногу сличности, you know what to do :)
     
    На Tanjamm, Lolo5, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Не е можно една обична слика од личност која не сум ја сретнала во живо да влијае на мојата самодоверба и да се чуствувам лошо затоа што таму некој имал подобро тело. Прво имам на ум имам дека секоја фотографија пред да биде објавена претрпува корекции. Тоа го прават голем дел од оние кои ги познавам особено сега, во време кога секој поседува паметен телефон на кој може да избере и да симне куп апликации за разубавување а пак за познатите фаци да не ни коментираме воопшто. Секако дека после професионална фотосесија не ставаат туку-така слика без да и го променат личниот опис. Освен тоа, се имам прифатено онаква каква што сум. Секој има свои јаки страни и свои недостатоци, сеуште немам запознаено некоја перфектна личност за моите критериуми. А и да запознаам, истата таа личност на некој друг можеби нема да му биде ни близу до идеална.
     
    На glosipgirl, PaLaVa и Lolo5 им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно многу се сакам себе си.
    Ретко може некој да ја види мојата внатрешна убавина.
    Воопшто не може некоја слика или друга убавина да ја наруши мојата самодоверба.
     
    На hermosa, Petra777 и Lolo5 им се допаѓа ова.
  4. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Се имам прифатено себеси и задоволна сум од сопствениот изглед иако знам дека не сум идеална но и никој не е. Сликите што се објавуваат се една голема лага. Сите се споредуваме, луѓе сме но она што за една личност е многу привлечно за друга може да не е.
    Пример пред некое време другарка ме викна на излегување со две нејзини колешки кои лично не ги познавав. На социјалните мрежи девојкиве изгледаа бомбастично па си реков чекај и јас да се потсредам повеќе. Кога ги видов во живо беше разочарување. Ниту висина како на сликите, проблеми со кожата, лошо држење на тело и одење.
    Нормално е секој да се труди да изгледа добро на слики но секоја слика да се фотошопира е бесмислено. Луѓето кога ќе ве запознаат повторно ќе ве видат онакви какви што сте.
    Затоа трудете се да изгледате што подобро но немојте да паѓате во депресија поради тоа што мислите дека друг изгледа подобро.
     
    На Rama, PaLaVa, Lolo5 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.677
    Пол:
    Машки
    Прифаќањето на себеси е од витално значење за самата индивидуа.
    Функционирањето на новото време не бара никакви промени да правиме во самите нас. Едноставно и просто е кажаното Ти сам си доволен, не треба на никого ништо да докажуваш.
    Со прифаќањето на себеси се ослободувате од теретот од другите да чекате да ве прифатат вас.
     
    На hermosa, Tanjamm, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  6. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Ah yes, сите оние ретро слики со скапи пијалаци, јадење да го чукнеш ќе тргне, како и куќата, филџаните, прекрасните долги двометарски нозе, веѓите насликани... знам за што зборуваш. Тоа е тоа, не треба да дозволиме да ни влијае до толку. Да останеме што е можно по присебни колку и да е тешко тоа денес. Верувај, природни и присебни луѓе секогаш ќе се најде да бидат ценети од некој, иако можеби не од секој.
     
    На PaLaVa, Someonespecial, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
  8. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    А кога ќе видите обична личност со по 300до 700лајкови на фотографите, и во живо летат мислиш којзнае што се.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Прифаќањето себе си во денешното општество е неопходно за да се остане индивидуа.
    Самодовербата е силна особина која не одразува како личност и влијае во секој сегмент од нашето битисување. Приклучувањето кон толпата е не/свесно губење на идентитетот и слепо следење на промените кои сами сме ги прифатиле.
    Реалната слика што ја оставаме пред другите е онаа по која луѓето не запознаваат и така не прифаќаат.Таа е единствената во која треба да вложиме труд и време за да ја одржиме самодовербата.
     
    На hermosa, Tanjamm и Rama им се допаѓа ова.
  10. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Јас си се прифаќам себеси како личност и се гордеам што сум создадена иако животот баш и не е цветка за миришање. Понекогаш се разочарувам од самата себеси но тоа е животот тоа се грешки што учиме од нив а јас научив дека за да живееш треба и да плаќаш.
    Треба да се гордееме на тоа што сме какви и да сме.
     
  11. Vitomir2

    Vitomir2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2017
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Машки
    Работава е што сум прифатлив за себи си,проблем е тоа што другите неможат мене да ме прифатат:D
     
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Се занесуваат. Лајковите не се никакво мерило за убавина и популарност. Ете на пример на фб., некој може да има само мал број на прифатени блиски пријатели и според тоа логично и мал број на лајкови. А некој ќе додаде 5000 небитни фаци кои никогаш во живот не ги видел и од толкава маса јасно дека ќе насобере многу лајкови. Имавме една очајна по лајкови во средно, дознавме дека има еден куп лажни профили за да си става лајкови сама. (facepalm):headbang:
     
    На hermosa, Rama, Crnookata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Абе и на метлата да и стават толку лајка ќе мисли дека е правосмукалка па...вие видете....јас искрено од славниве личности нагласувам Кардашијанс ги следев секаде на сите социјални мрежи ама кога размислив и видов дека во мене се повеќе недостатоци наоѓам те задникот ваков те устата онаква... зедов фино лепо и културно не ги следам веќе и не си набивам комплекси....едноставно така на некој начин прекинав да размислувам за светските трендови и за тоа какво треба да ми биде телото...сега веќе и не обрнувам многу многу внимание за тоа и си го сакам телото такво какво што е :makeup:
     
    На Rama, Crnookata, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно најлошиот пример си го следела во животот. Добро што ти дошол паметот на време(y)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Ужас, повеќето луѓе денес се опседнати со лајкови да имат што повеќе.
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Ова можеби е, во мои очи, повеќе застапено кај тинејџери. Ќе тргам од брат ми сега кој е исто така основец и во последните две недели забележав пресврт кај него, негативен. Почна да е незадоволен од себе од сликата што ја има, од алиштата кои ги носи, па зошто толку време пари чувал- сакал брендирана облека. И јас цела прашалници и два дена веќе зборев со него, онака да му кажам дека е убав, дека не е важна цената на алиштата и дека убавото можи да е и поевтино, дека ако не му седи коса со кркма, ќе си стави коса каква што му седи и дека не е убаво да биди еден од масата, и дека е лошо да си ја потиснува уникатноста. Ќе сфати накратко и после исто, вчера запознав два другари негови- и тие исто. Опседнати со колку фолоуверс имаат на Инстаграм, како видеа ќе правеле на јт, какви алишта им требаат и дека мора да направат промени на телото за да влезат во тој шаблон на популарни машки.
    За разлика од него јас сум имала кратка ваква криза, но не често. Јас сум или премногу егоцентрична, но во моите почести депресивни моменти, причината не е мојот изглед, мојата популарност, облека и дали сум дел од масата. Но, мислам дека денешното општество е тешко прифатено од страна на помладите, а дека ваквите кризи се намалуваат каки што расти и се спознава индивидуата.
     
    На zhap4e, Someonespecial и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.041
    Пол:
    Женски
    Кога луѓето ќе сфатат дека живеат за себе а не за другите и дека единствена споредба што треба да ја прават е тоа какви биле самите некогаш а какви се сега, тогаш би биле посреќни. Не е тешко да се сакаат себеси такви какви што се. Зарем човек треба да се споредува со другите и да се стреми да биде подобар од некој друг? Погрешно, човекот треба да се стреми да биде најдобра верзија на себеси. А да, и не е се во изгледот. Квалитетот вреди повеќе од квантитетот.
     
    На hermosa, Tanjamm, Таа Сум и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    Доколку се прифатиш себе си онаков каков што си, секогаш ќе бидеш посебен и различен од останатите, само на тој начин ќе се издвоиш од толпата на едноличност и безбојност.
     
    На hermosa и Luciferovog zlo♧ им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Да бидам брутално искрена овде, ни најмалку не ми е грижа за начинот на живеењето на луѓето, како и бесмсилените правила кое самото општество ги налага за да бидат поедниците ,, прифатени ,, од околината.

    Тоа е веројатно едно од најглупавите нешта кои сум ги слушнала и што е најтрагично, луѓето кои и онака им се испрани мозоците од желбата за популарност и поради немање на свое лично ,,јас,, слепо ги следат правилата на општеството како овци, без притоа да го согледаат нивното вистинско себе и да се сакаат онакви какви што навистина се.

    Како и да е, јас никогаш не би рекла дека ,, се прифаќам себеси во денешното општесво ,, бидејќи не ни барам да бидам ,, прифатена ,, како и дека општеството и луѓето - клонови во него нема апсолутно никаква важност, ниту пак значење за мене, моите желби, потреби и за мојот живот.

    Јас не сум роб на денешното општество и никогаш нема да бидам бидејќи го живеам животот како што јас сакам и најмалку не е важно што мислат останатите луѓе за мене, сепак, и јас воопшто не се интересирам за нивниот живот.

    Свесна сум дека треба, и затоа и живеам само за себе и никој друг - можеби затоа и се разликувам од толпата која е патетично монотона и еднобојна.
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Reader00

    Reader00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2017
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Изминативе години имав проблем со самодовербата, односно прифаќањето на себеси. Но после тоа сфатив дека доколку самиот не се почитуваш и сакаш тогаш немој тоа да го очекуваш од другите. Сфатив дека денес никому не му е гајле за другиот и секој гледа да те турне во пропаст. Ете тоа е денешново општество. И како да се прилагодиме во такво општество!? Се прифаќам себеси таква каква што сум и горда сум на тоа да се разликувам од другите. И уште нешто, во денешново општество е привилегија да имаш добар човек покрај себе!
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.