Не може човек лесно да се снајде во денешниов луд свет. Едноставно, не може! Треба да си мноооогу силен и цврст карактер и да си го тераш животот онака како што сам си сакаш, без да прифатиш сугестии и примери од другите.
Нити сум се одгледувала на други, нити ќе се огледувам. Не целам по никакви идеали, не се трудам да бидам нешто што не сум. Љубопитна сум по природа, па ако здогледам нешто пр.шминка, парче облека или било кој тренд наметнат, чисто да пробам ете, ама тоа е моментално. Брзо ми здосадува. Естетски зафати и форсирање со диети и вежбање, тоа не. Не патам по совршена силуета, не би сменила ништо на себе. Eдинствено за здравје конзумирам поздрава храна и гледам да пешачам колку што можам. Еве сите околку ме прашуваат како не ми здосадила природната боја на коса и должината. Не менувам ништо де, си ја сакам косата. Имам свои принципи по кои се водам, нема сила што би ме натерала да ги сменам. Природна сум и не се трудам да се докажувам.
Се разбира дека немаш таква потреба...колку што успеав да видам од една твоја слика овде, ти си многу убава, згодна става, надмено држење..па и на форумов си уникатна...Но што со луѓето кои не се физички убави, е, тешко е во денешно време да се прифатат такви како што се...само немаат друг излез и мораат, сакале, не сакале, тие се.... Мене ме нервира што сите подлажнуваме дека не ни значи ништо кој што мисли за нас...и те како се тепаме за туѓи мислења.
Ти благодарам бабо! Некој дури и ми рече индиректно дека сум била никаква што сум имала само еден фраер и сум се фалела. Мене ми значат само мислења на блиски, а тука спаѓаат само луѓе од фамилијарен круг. Сите имаме недостатоци.
Ова е многу тешко, зошто во денешно време општеството бара, дали на емотивен план или на финасиски или на професионален. Многу луѓе се на несигурно тло и не знаат каде да згазнат. Ајде бе, светот е толку голем, во ред и да се има деца и да се нема, и да работиш и не, и да имаш диплома и не, и косата да ти е ретка или не, ТОЛКУ многу животи, нема време за комплекси.
Сметам дека степенот на развиеноста на една земја и едно општество игра многу важна улога кога станува збор за себеприфаќање во денешното општество. Ако една нормална држава е доволно развиена, со напредни размислувања, широк ум и поинтелегентен менталитет, тогаш сигурно нема толку да се става акцент и да се посветува внимание на „правилата за убавина“ кои ги наметнува општеството. Ама не мора да значи дека секогаш е така, затоа и потенцирав дека нема толку да се обрнува внимание. На пример да ја земам Кардашијан којашто иако е од Америка - доволно развиена земја во секој поглед, таа/тие сепак и понатаму ги диктира/ат „основните правила за убавина“ на многу девојки и во Америка и надвор од неа. Е сеа тоа е друга приказна што Македонија е место на концентрација на луѓе со испрани мозоци кои следат и што треба и што не треба. Затоа и се прати една иста мода, едни исти правила, сѐ е исто, затоа и постојат „клонови“, што не можам истото да го кажам за една Норвешка или Холандија каде што секој е различен според физички изглед и едноставно не се копираат толку многу. Всушност претходно споменатите клонови ги прават останатите кои се разликуваат да мислат дека нешто не е во ред со нив, почнуваат да си создаваат внатрешни конфликти и не можат да се прифатат онакви какви што се поради овие луѓе, а овие луѓе се мнозинството и го градат Македонското општество. Иако мене ми е најмногу жал што тие луѓе создаваат деца баш како нив кои ги дотеруваат уште од многу мали години. Не зборувам за нормално дотерување, туку дотерување кое оди во ектрема и го прави девојчето да изгледа како мало теткиче. И така после тоа е еден циклус. На ова можам и да го надоврзам оној момент кога видов една Норвешка фамилија. Девојчето изгледаше како мало циганче. Такво разбушавено, со морков у рака, со панталони и суќња на неа и баш ми беше симпатична за разлика од Македонското девојче кое од 5 години е со наочари и кармин на уста. Како и да е, не ми беше поентата да забегам или да се фатам само за жените и девојките. Најпрво коментирав за нив зашто сметам дека ние сме најосетливи на оваа тема или барем поголемиот дел. Постојат и такви машки, нормално. Но, секако на крај сѐ се сведува на самата личност. Значи без разлика во какво општество живееш, ако се имаш прифатено со сите свои маани и предности - никој ништо не ти може.
На личност со ниска самодоверба не и треба ниту Инстаграм ниту Кардашиан за да секој ден најде нешто ново на себе за да го мрази. И да не постојат социјални мрежи луѓето сепак ќе се споредуваат меѓусебно и тоа не само физички. Едноставно нема човек кој не сака да е најдобар. Исто така нема човек кој е сосема задоволен со тоа што е. Може да си кажуваме колку сакаме дека сето тоа е од социјални мрежи ама баба ми нема Фејсбук и сепак сака да има најубава фризура в црква. Имаат удел да, но наместо да гледаш како да бидеш лоша Кардашиан копија гледај да бидеш најдобрата верзија од себе.