Да, точно е тоа, но во Европа, САД/Канада атеизмот доминираше и сеуште доминира. Буквално доминира. Тие трендови ќе се менуваат во наредните децении. Не се тоа трендови коишто јас ги диктирам.
Ниту во САД, ниту пак во Канада атеизмот доминира. Религиите никогаш нема да исчезнат, бидејќи се додека постојат, ќе може народот да се контролира и заплашува. Тоа е и целата поента на религијата, доминација и борба да се остане на власт.
Никаде во САД, Канада и Европа не владее теократија. Децата учат дарвинизам по училиштата. Религијата е исфрлена комплетно од образованието, мејнстрим културата и се останато. Атеизмот е институционална религија. Доволно е тоа да се наброи, но има и многу други примери.
Тоа се вика секуларност. Секуларноста не е доминација и поставување на атеизмот како „институционална религија“, туку одвојување на религијата од државата и институциите
Мислев нешто друго ќе зборуваш, од типот на десничарски конзервативни партии кои се радикализираат и се повеќе го практикуваат религиозниот аспект и во законодавството, политиките... ко со правото на абортус и други теми, ама ова со Амишите итн.
Исто така се учат и религиите. Се слават државни религиозни празници. Како што веќе кажа @Someonespecial тоа е секуларизам. Религијата ниту е забранета, ниту верниците се попречени да веруваат, ни тука, ни Европа, ни Канада, САД па најмалку.
Секуларност не е исто со отсуство на религија. И не може религијата да не биде дел од мејнстрим културата во земји со максимум 9% атеисти. Особено не во Америка, каде што во многу држави единствено сексуално образование е ,,Немајте секс пред брак'', каде што во некои држави дозволено е родителите наместо со вистински лекови да го лекуваат детето со т.н. ,,faith healings'' и каде што има цркви со голема економска и политичка моќ. Ова не се случува во места каде што не е мејнстрим религијата, дури мислам дека САД е порелигиозна и од Македонија.
Значи различно размислуваме во поглед на темата што е нормално и нема потреба да докажуваме кој е во право, а кој не е во право во поглед на оваа проблематика. Јас имав професорка по математика која беше атеист и беше една од најстрогите професорки во училиштето, но беше една од најправедните во поглед на оценувањето. Беше една од најнамуртените и најголемиот намќор во училиштето и никој од учениците не ја сакаа дури имаше некои кои ја мразеа од дното на душата. Еднаш случајно ја отвори темата за верата и си кажа дека е атеист и дека верува само во природните науки кои според неа се најважни во нејзиниот живот и дека со нив не можело да се докаже постоењето на Бог. Рече дека не верува во Бог бидејќи и се случувале многу лоши работи и страдала во животот. Јас еднаш по завршување на часовите и кажав дека ја почитувам нејзината искреност и нејзиниот став, единствено ја советував почесто да ја користи насмевката бидејќи на тој начин полесно ќе ја прифатат учениците (додека доколку е намуртена тие нема да ја слушаат и ќе се занимаваат со други работи кои им се поинтересни). И ден денес ја среќавам и ми се заблагодарува за советот и ми вели дека учениците полесно ја прифаќаат и немаат повеќе предрасуди кон неа. Што сакав да постигнам со овој пример и приказната која ја споделив? Верата не се базира само на верскиот дел (молењето, одењето во верски објекти, исповедувањето и слично) многу е важно да си воспитуван според вистинските вредности (чесност, праведност, добрина и искреноста) бидејќи тогаш ќе бидеш многу подобар човек и верник. Одењето во верските објекти, молењето и исповедувањето не те прават подобар верник од некој друг кој не го прави тоа, напротив доколку го практикуваш претходно споменатото а не ги почитуваш и применуваш вистинските вредности кои ги споменав ти си само грешник кој се обидува да се искупи за своите гревови. Верник се станува кога ќе ги испочитуваш сите претходно наведени работи. Друго не мешајте добар човек и лош човек со верник или атеист. Познавам луѓе кои се атеисти но ги почитуваат и применуваат претходно споменатите вистински вредности и не ги омаловажуваат оние кои веруваат, бидејќи знаат како е кога некој има предрасуди кон нив. Одењето во верски објекти, молењето и исповедувањето на некои луѓе им помага да најдат душевен мир, за разлика од некои кои духовниот мир го наоѓаат на друг начин во сосема нешто друго. Затоа не треба никого да осудуваме и да имаме предрасуди кон него без разлика дали е верник или атеист, за мене е важно пред се да биде добар човек и да ги почитува вредностите кои јас ги почитувам и применувам во секојдневниот живот. Има една реченица која сметам дека треба да ја напишам за крај: Прв нека го фрли каменот ,оној што е безгрешен.
На темата „На која религија припаѓате?“ обично ја пишуваме на која религија (или светоглед во твојот случај) припаѓаме, а овде се дискутираат причините зошто да се биде атеист. Кои се твоите причини, ќе сакаш ли да ни споделиш?
Јас сум биолог по заниманје и самата свест за нештата не ми дава да верувам во религија зошто знам како одат работите во природата
А работите во природата одат по следниов редослед: Си шетале молекули на органски соединенија, си шетале, си шетале и си рекле: „Ај да си направиме клетка!“ и си направиле. Така или грешам нешто? Спојлер Честитам за кириличната поддршка!
Не го сфаќам аргументов или причинава. Има многу познати биолози, молекуларни биолози, биохемичари, медицинари, физичари, астрономи итн. кои се професори, доктори по природни науки, академици, скоро сите Нобеловци итн. кои одлично знаат како одат работите во природата, во микро и макро светот, па веруваат во Бог, повеќето од нив се и христијани. Така што науката нема врска со теизам или атеизам.
Точно, со ретки исклучоци на религиозни/атеисти научници, но да не бидам перфекционист, сметам дека има и добри научници атеисти но повеќето се агностичари би рекол што ми паѓаат напамет.
Па дека повеќето научници се Христијани не би рекол. Сигурно ќе ми постира некој статистика у која 90% се Христијани (нема потреба). На такви статики не верувам пошо во општествово кој има пари,кој има големи донации, кој има потреба да се докажува дека е веродостоен ? - Црквата И кога некој научник ќе каже Бог дека постои, Христојаните одма го присвојуваат дека тој и тој научник за Исус збори хаха. А можеби научникот мисли на некоја материја "xy". Така шо се што не може да се протолкува не е = Бог Тоа се случува бидејќи не секој зборот "Бог" го толкува подеднакво.
@Читател, никој никому не може да му влезе у срцето и да види дали тој навистина верува или не верува. Ние можеме да знаеме само тоа како тие (научниците) си се изјаснувале по прашањето на вера/религија. Е сега нормално атеистите ќе велат дека тие само така кажале дека се христијани а уствари внатре у срцето се атеисти и обратно. Ама тоа се само паушали. Еве на пример во статистиката за Нобеловците, самите Нобеловци си се изјаснале по прашањето што вероисповед се и никој со пиштол не ги приморал да се пишат христијани. п.с. Скоро сите христијани се протестанти.