Со оглед на тоа што ја изигнорира оваа моја констатација И продолжи да се закопуваш сам: Да ти кажам нешто што и сам сигурно го знаеш, ама најлесно е да се правиш паметен.. Rainer Weiss, Barry C. Barish и Kip S. Thorne само потврдиле нешто што Ајштајн го открил во 1916 (гравитационите бранови). Тогаш едноставно ја немало технологијата за ова откритие да биде потврдено. Исто како што моментално ја немаме потребната опрема да потврдиме дека црните дупки зрачат. Теоретски физичар не може да добие Нобелова награда сам. Само доказ колку овој свет не го заслужуваше Хокинг
Можеби во иднинa ќе се потврди дека зрачат и Хокинг ќе добие аплауз за неговата претпоставка, а можеби ќе се потврди и дека не зрачат. Научниците не можат да се фалат со иднината у стилот: Еден ден ќе се потврди дека сум у право Некои биле у право, некои не. У маало имам еден што има претпоставено дека постои живот на Марс. Можеби еден ден ќе се докаже дека има живот на Марс и тој ќе биде у право, а можеби и ќе се покаже дека нема живот и дека бил у криво.
@EvAngelos Секако, кога ќе бидам во можност а и кога ќе имам послободно време (бидејќи моментално подготвувам материјали за едно мое научно истражување на кое се уште работам во институт...) - се надевам дека нема да ми замериш Знам дека последно пишував критичка анализа посветена само на првото поглавје од книгата, односно The roots of science (од 7 до 23 страница) поврзано во врска со принципот на реалноста од научна но и од психолошка перспектива; Во моето опкружување, мислам дека не, и покрај тоа што во библиотеката на факултет ја има книгата на Penrose која претходно ја споменав, никој не ја позајмувал и читал освен јас. Хаха, баш и поради тие причини и не прашувам, а и сум забележала дека мнозинството од луѓето или не ги интересира или не ја разбираат неговата работа. Инаку, сум го разгледала заедничкиот труд на Rainer Weiss и Barry C. Barish: LIGO and the Detection of Gravitational Waves. Освен тоа, делот од трудот каде пишува дека силата на гравитационото поле е изразена преку бездимензионалниот напон, како и формулата дадена под тоа (со која се доаѓа до h) ми е особено поврзано со аеро-вселенско инженерство, кое ми е добро позната област бидејќи на тоа всушност се базираат и две мои најдобри научни теории, во врска со вселената, иако сум во фаза на прецизирање на пресметките. P.S. - Се извинувам до модераторите доколку сум off topic...
У однос на физичарите - можда и Карл Саган не добил Нобелова, ама мене пак ми е еден од омилените физичари, заедно со Хокинг. Затоа што понекогаш способноста да го пренесеш знаењето на лесен и разбирлив начин до широките маси е исто толку важно (ако не и поважно) колку и правењето на нови откритија. П.С. И Кип Торн го знаат сите после Interstellar.
Па да, тие се повеќе надарени како професори, писатели, научни просветители, научни мотиватори и популаризатори на науката. Космос од Саган ја читав уште во 3то одделение и таа книга несвесно ме задои во натурализмот т.е. имаше најголем удел во оформување на мојот натуралистички (а со тоа и атеистички) светоглед кој го имав од 8 години до 20 години
Затоа Саган/Нил Деграс Тајсон/Лауренс Краус ги поштувам, не сакав да спомнам интерстелар, ке се посрамев ке сакав сите други да се мртви. =покушај за хумор= Треба да се пренесе полесно кон масите науката. Пардон ако одам оф=топик.
Не можам да редактирам, а сега го гледам ова... Нема што јас да ти наведувам, твоја струка е ова (right?), а не моја... Јас сум само поштувач на науката - онаа реалната, а не прилагодена на (протестантското) христијанство. Јас мислам дека ти да си посветил олку време и труд на нешто реално во науката, наместо на пресметки со енормни степени на броеви во врска со неверојатноста на непостоење на Бог - можда и ќе си бил познат барем приближно колку Хокинг... Кога сме кај застрашувачкине бројки со кои сакаш по систем на елиминација да го побиеш натурализмот - што правиме еве ако претпоставиме дека нè убеди... како понатаму ќе го рационализираш и докажеш постоењето токму на христијанскиот Бог како што е опишан во Библијата, наспроти сите други подеднакво полни со натприродни елементи религии? Спојлер: #хехе И друго нешто ми се мота у глава сега вака ко што те читам во кој правец одиш сè подлабоко... Расчистивме дека не е точно оти во Библијата пишува дека Земјата е рамна, баш напротив (добро, некои и не расчистија ни тоа али нема везе, различни левели ). Дали ти Евангелос, да пишуваше навистина во Библијата дека Земјата е рамна, ќе останеше на страната на разумот и сите научни докази - или пак ќе се држеше до Библијата и само до Библијата и ќе поддржуваше псевдонаука со "mind-blowing" километарски пресметки и теории во кои само ти тука си веруваш, како она за митохондриска Ева, делење мориња и претворање вода во вино? Можеби смешно ќе биде за овие што се за незамарање, ама знам што зборам, and I'll stop now оти ќе звучам веќе премногу во твој стил.
Имплозија нема да се случи, затоа што Универзумот со забрзување се шири, а не со забавување како што порано се мислеше. Оттука и сознанието за темната материја и темната енергија која е одговорна за ширењето на Универзумот. Космичката константа е воведена од Алберт Ајнштајн и ја претставува густината на енергијата во вакумот или позната како Dark Energy. Таа глобално делува на оддалечувањето на галаксиите. Нејзината вредност е околу Λ = 2.036 × 10^-35 = 0.00000000000000000000000000000000002036 Физичарот Стивен Вајнберг, кој е Нобеловец, иако не е верник (веројатно заради предрасуди кон организираните религии), сепак бил зачуден колку оваа константа е добро нагодена во наша полза. Еве и директен цитат: „Ако е голема и позитивна, космичката константа ќе делува како одбивна сила која ќе се зголемува со растојанието. Таквата сила во раниот универзум би ја спречила материјата да се состави, а тоа е процес којшто е првиот чекор во формирањето на галаксиите, ѕвездите, планетите, луѓето. Ако е голема и негативна, таа би делувала како привлечна сила што се зголемува со растојанието, сила која речиси моментално би го свртела назад ширењето на Универзумот и би предизвикала да се збие како на почетокот.“ Сепак тој после ова не заклучува дека очигледно некој ја нагодил и тоа многу прецизно таа константа за да воопшто постои Универзумов денес, туку оди со научната фантастика дека можеби постојат милијарди паралелни Универзуми и дека Космолошката константа има секаде различна вредност, а ете случајно кај нас се погодила да има таква вредност за ние да постоиме денес. Од ова гледаме дека тој е спремен во секакви хипотези да поверува, во секакви прикаски, дури и во безброј паралелни Универзуми кои никогаш не ги видел, ниту чул, ниту осетил, али затоа никако не е отворен за опцијата дека можеби постои Творец на Универзумот Таа можност е неприфатлива за него. Тоа ме носи до заклучокот дека не е интелектот на еден научник пресуден за верата или неверата во Бог, туку предрасудите можат да лежат и на друго поле, емотивно, социјално, гордоста често знае да биде клучна, или некоја емоционална траума од детството и сл.
Краток одговор на темата, незнам каде чув за имплозија @EvAngelos , но од кратко пребарување дека се шири, и дека е глупо прашањето кон што се шири, туку само се шири, дефиницијата е дека Универзумот содржи се, ако нешто има вон универзумот, би било дел од него.Немора до толку да објаснуваме. Повеќе знаење стекнав од документарки, интервјуа, подкасти, поп-сај книги итд. Други интереси имам. Пак навлегуваме во причини за да бидеш атеист базирани врз лични искуства, ад хоминем спомнувам 2 пати на ден, се дебатира идеја/објект не луѓе и нивни искуства, знам дека е темата Причини. Edit: Лошо изразување.
Човеку, не се погодила случајно кај нас, туку случајно кај некој од сите универзуми. Да се погодеше во друг, таму ќе постоевме и ти таму ќе викаше ,,како бе баш кај нас се погоди?". Не знам како не можеш да ја зграпчиш работава. Каде гледаш ад хоминем на темава, освен кај една членка со прашањето за злото некоја страна поназад?
Тоа е барем лесно. Малку се религиите со проверлив историски контекст, кои можат да се тестираат во наведеното време од човековата историја. На пример вистинитоста на Илијада и Одисеја не можеш да ја проверуваш, затоа што тоа се апстракни приказни. Библијата е карактеристична и уникатна по тоа што содржи стотици пророштва поврзани пред се со раѓањето, животот, делата, страдањето, смртта и воскресението на Исус, а потоа има и многу пророштва поврзани со евреите, Ерусалим, Храмот во Ерусалим, па и за други градови како Вавилон, Тир итн. Овие пророштва се напишани десетина векови пред да се случат и тоа во време кога човечка мудрост не можела да ги прогнозира со помош на рацио и логика (како што може да се типува на пример дека Јувентус ќе го победи Реал Мадрид Потоа исто така и чудата на Исус може лесно да се истражат и тоа од две перспективи: 1. Зошто следбениците на Исус би загинале маченички за нешто што со свои учи виделе дека е лага? 2. Зошто чудата на Исус се потврдени дури и од непријателите на Исус и христијанството? Потоа исто така може историски да се истражи и веродостојноста на Исусовото воскресение и тоа од повеќе историски аспекти. И мислам дека за човек без предрасуди ова е доволно, но човек кој има предрасуди за Божјото постоење, тој нема шанси да биде отворен за доказите кои насочуваат кон тоа дека Исус е вистинската објава на Бог. Таквиот човек секогаш ќе наоѓа изговори и кривини за сите следни аргументи. Затоа, јас со атеист не дискутирам за тоа дали и како Бог се објавил на човештвото, ако прво не се сложиме со тоа дали Бог воопшто постои. Да пишуваше во Библијата дека Земјата е рамна, ќе ја отфрлев Библијата уште при првото читање, а со тоа и христијанството во целина. Поздрав, излегувам сега, се читаме покасно!
Не гледам, туку екстраполирав од начин на фразирање на причини за атеизам, моја грешка. Тоа само го приметив.
Тоа те прашувам, од кои начини на фразирање низ странициве што ги испишавме го заклучи тоа? Секако дека некои верзии на ad hominem ќе бидат искористени бидејќи атеизмот е негативна позиција, но на начинот на кој го спомнуваш претпоставувам дека мислиш на fallacious страната, па затоа побарав да посочиш каде мислиш дека е применета.
Да не бидам многу off topic, само сакам до @Scott Weiland да забележам дека доколку се интересира повеќе за теоријата Big Bang, имам веќе отворено тема за тоа https://forum.femina.mk/threads/Што-постоело-пред-big-bang.28460/
И ние луѓето имаме таква моќ и сила да уништиме се околу нас, послабите од нас да ги убиеме, да им наштетиме. Се грижиме и чуваме миленичиња или домашни животни, ги негуваме и покажуваме љубов, а сме посилни и можеме да ги повредуваме наместо да ги сакаме. Можеме да палиме пожари, да убиваме луѓе, имаме способност за многу работи па сепак не ги правиме. Барем јас. А можам. Не значи дека ако некој може се, ќе направи се.
шала на страна и сите ваши мислења и сите научни докажани и недокажани теории, мене не ми е толку апсурдно да верувам дека живееме во некоја компјутерска симулација, дека сме машини или роботи кои служат за играње на некоја суперцивилизација