Па не е исто. Религиозните институции си се водат по други правила и прописи, не по земните. Државата се води по овоземски правила и нема што држава да се плетка во религија, ниту има право религија да се плетка во државни работи. Башка што, како што напоменаа, религиозните институции не плаќаат данок во државава, со тоа го оштетуваат буџетот, и со тоа + им се скратува правото да носат државни одлуки. Доктори и професори, работат во друга функција, се водат по државни правила, плаќаат даноци.. и не наметнуваат на државата нивни докторски или професорски 'правилници', како што е 'Библијата'.
За да има за политичарите повеќе? Тие пари таму се слеваат по желба на народот. Таа институција не е создадена со цел да остварува толкав приход. Во друдите држави не е вака, тоа го има само овде. До вас народот е не е до црквата проблемот. Никој не ве тера да оставате пари по икони. Доволно е да се помолите и свеќа да запалите. А атеизмот е религија само што антихристот ја води.
Кој па тебе ти ја наметнувал Библијата или пак на државава која не ни може веќе држава да се нарече. Сакаш читај ја сакаш не, никој никого не тера со сила ниту да се водиш по неа ниту во црква да одиш. Тоа што свештеникот си ги искажал своите политички ставови нема разлог цела црква да ја обвинувате и клеветите. Како иначе го оштетуваат буџетот? Ќе нема за политичарите? И самата гледаш дека црквата не носи никакви државни одлуки овде туку само си го искажува својот став.
Настрана моралното дно што го допираш со ова, не сакам да си го спуштам нивото да ти го искоментирам. Ама пак ги споредуваш правата и обврските на свештениците со оние на обичните, „земски“ (лол) професии. Зошто тогаш да не плаќаат данок како останатите?
Оваа тема води до бесконечност. Порано беше актуелно атеист да води дискусија и да кажува мислење, сега веќе е јасно дека на верниците длабоко му е врежано во што и како веруваат и тоа не можи никој да го смени. Проблемот е што најчесто верниците отвораат тема и напаѓаат како атеистите не биле во право, со муабети од типот "prоcitaj ja biblijata pa ke vidime". Јас како атеист не морам да докажувам ништо во што не верувам. Ако речиш дека постои зелена табла која лета, јас треба ли да докажувам дека не постои или ти што првобитно го изјави тоа?
'Антихристот' е теистичка философија на натприродно битие... некој вид на религија е. Атеистите не веруваат во било какво теистичко творение и доктрина - апропо, немаат религија. Христијаните. Муслиманите го наметнуваат 'Куранот' како законик. Види Шеријат по религиозни правилници како изгледа. Исто би изгледала и државна творевина која се води по 'Библија' како законик.
А гледам еве, поповиве крај со крај не можат да сврзат. Значи политичарите крадат, овие не? Ама сепак остварува голем приход, машала. Глисерче од 180 000 евра
. Атеизмот не е религија Тој е само знак за човекова интелигенција. Еден ден можеби и вие ќе еволуирате до истото ниво на свеста,, самопочитување и слобода на умот и телото.
за последново. А за попон... Eте му го facebook профилот, облечен во мантија, со фирма, со се... Не е баш приватен профил на лице во цивилка. А за вртењето муабет накај парите...Кога веќе си имаат тарифи за се, а не велат да остави кој колку може, нека издаваат фискални сметки и нека си плаќаат данок како сите други фирми. Ама не беше тоа поентата на мојот пост. МПЦ и нејзините свештеници не смеат да бидат партиски пристрасни, а факт е дека се цртаат во први редови на нечии митинзи и пропагираат нечии ставови.
Прва грешка на неинформирани верници е ова. Мешање на атеизмот и сатанизмот. И сатанистите се вид на верници (колку и да ви изгледа чудно), а атеистите не се. Атеист не ги возвишува злите сили, демоните, сатаната, не ни верува во нивното постоење како ни во Бог. И тие се исто плод на религиската фантазија за нас.
Атеистите како симбол најчесто го користат атомот затоа што и двете зборчиња почнуваат на буквата А, но и затоа што атеистите се уфилмани дека науката е синоним за атеизмот, дека таа им припаѓа на нив, дека тие се предводници во науката итн. Секако ова нема допирна точка со реалноста, но интересното е што овој симбол - атомот - многу добро го отсликува атеизмот. Зошто? Затоа што зборот атом (а том) на грчки значи не-делив. Ова е една застерена и погрешна научна идеја дека атомот е неделив т.е. дека е најситната честичка што постои. И бидејќи ова е застерена и погрешна научна идеја, токму затоа атомот најсоодветно го претставува атеизмот како гледиште кои претендира да биде синоним за наука, но сепак нема благе везе со неа.
Не, сигурен сум дека никој не те тера со сила да бидеш Христијанин. Тоа што одредени секти одат од куќа на куќа и мене ми смета и јас сум против. Шеријатот е далеку од Библијата. Ако ја прочиташ ќе ти стане јасно, нема да станеш верник ако ја прочиташ не се секирај. Ахахаха ти си знак за анти интелигенција. Атеизмот теоретски не е религија но тоа е маса на луѓе која цели кон нешто и следи одредени правила така да тоа е еден вид религија. Не е твоја работа нечија политичка определба, тоест никого не треба тоа да го интересира не само тебе. Законски секој има право на глас и политичка определба. И свештениците се државјани на оваа држава и тие се луѓе. Дошло ред неверник да кажува правила на верник како и што треба да прави во врска со религија.. Не би требало да те интересира црквата доколку не си верник како што мене не ме интересира некој геј клуб на пример бидејќи не сум геј или слично. Се сложувам само што атеистите малку повеќе го пикаат носот во религијата, посебно Христијанството па затоа велам антихрист.
Исто така скоро благе везе нема сликата со вистинскиот изглед на атомот, а во вистинската негова престава не можеш да најдеш А. Не знам стварно зошто уште вака го преставуваат атомот И не е синоним, ама ако земеме во предвид дека религијата негира некои научни теории...би рекла дека до негде се спротивставуваат религија и наука.
Пиши на Google "atheism symbol", ќе видиш дека прв ќе ти излезе горниот симбол. Исто така и многу форумџии атеисти го корителе тој симбол за аватар. Еве ти еден пример. Исто така една атеистичка група на македонски атеисти на фејсбук разговараа да прават веб сајт за атеизмот и најмногу гласови доби домејнот atom.mk баш заради тој симбол Сега проверив, изгледа го купиле домејнот, ама им поминал ентузијазмот за правење таков блог. Така што, како што кажав погоре, атомот совршено го претставува атеизмот како симбол.
@Vitaly Религијата ќе нѐ интересира и ќе „пикаме нос“ во неа сѐ додека се турка во општествените, државните работи и човековите права, додека се користи на секој чекор за да се ограничува, понижува, дискредитира – посебно кога станува збор за сексуалност и права на нас жените. А и свештениците сосе неа, бидејќи огромна маса луѓе ги сметаат за безгрешни role models при сето тоа иритантно однесување. И затоа што се лицемерни и привилегирани во однос на сите нас. Инаку не, не сме само против христијанството, ниту пак имаме храброст само за неговите ограничувања да критикуваме, тоа е само уште една заблуда и мит. Ѕирни ја еднаш фб групата Асоцијација на македонски атеисти и ќе видиш дека подеднакво се исмеваат фанатички лудости и од исламот, хиндуизмот, јудаизмот итн.
Гледаш ли колку негативно влијаат медиумите на народот? Тоа што ќе ви кажат, тоа верувате... Голем број од научниците се религиозни и се креационисти, и низ минатото и сега. Можеш да го истражиш тоа. Како што можам да приметам низ дискусиите на форумов а и на други многу поголеми форуми во темите за религија најчести во дискусиите се атеисти и тоа исклучиво критики и навреди искажуваат. Целта е да нема религија, за да може човекот да глуми Бог и да контролира се. Тоа што го промовира запад кон тоа целат атеистите.