Поголема секта од Христијанството, не постои на планетава. Најмногубројни се Христијаните. Земи во предвид само како ги рачунаме годините. Која година сме? 2018та? Од кога почна броењето? Со кое Христијанско тврдење е поврзано денешното сметање на годините? И не тера со сила.. секојдневно. Тие по врати што одат, се мали и сиромашни секти. Христијанството ти влегува преку разно-разни празнувања, медиумска покриеност, печатени материјали, дистрибуција на обележја, да не зборуваме за колонизацијата преку 'мисионерската' работа, а на времето и со насилство, преку религиозни убиства и Крстоносни војна...па сега и преку државата се обидува да ми влезе во приватниот живот. Полека малку... Полека. Поп в црква може да биде, не во институција.
Aма јас како иден научник не верувам во сe'. Патем и стандарднава слика за еволуцијата ги тера многу луѓе да речат како постојат мајмуни ако сме настанале од нив, не е точна. Ако те интересира ќе истражиш повеќе и подлабоко, така да до самиот човек е. Ќе поверувам кога ќе ми покажат, а не кажат. Затоа и не верувам во Бог.
Тоа е тоа, два различни света. Јас го прифаќам тоа и можам да ти кажам само да си продолжиш вака. Да се бориш и да се стремиш кон својата цел. Единствено што ми смета е тоа што не прифаќаш критики кон атеизмот додека ти и навреди икритики и се пишуваш кон верниците посебно христијаните. За ваше разочарување најбројни се, за наша среќа. Секако дека ќе се брои времето според Христовото раѓање бидејќи на планетава најмногубројни се христијаните па така како ќе одлучат повеќето така ќе биде. Никогаш и никаде не се слуша зборот на малцинството, почнувајќи од семејство па се до држава и цел свет. Тоа неможеш да го промениш се додека сте малцинство. Јас сум православен христијанин, за Крстоносни војни не ти е место со мене да дискутираш бидејќи мојата црква а ниту јас не сме учествувале во војни.
Исто и со сликава. Можеш да ги видиш последното и првото, тие во средина ги нема, нема докази од нив, само слики кои се производ на нечија замисла и идеја. Ти ќе станеш се само научник не, може да станеш индоктриниран ученик кој ќе следи нечиј идеализам и тоа е тоа. Какви мислења на ниско ниво и навреди имаше пишувано кон верниците и Библијата се сеќавам и според тоа мислам дека си далеку од научник бидејќи наука и некултура не одат заедно. Ако тие се секти тогаш што се религии? Прво оди религијата па потоа секта која е огранок од некоја религија или верување кое се поврзува со некоја религија.
Така ако гледаш и Православието и Католицизмот се ограноци на Христијанството. Поделбата на два правци е направена од политички причини, не од религиозни Што се ако не се секти?
Сите научници се глупи и наивни зошто следат нечиј идеализам. Океј, да ги изгорам книгиве по анатомија на растенија, хемија, цитологија и остали оти сите само ме лажат. Инаку атеистиве навредувале? Чекај да се потсетам кој ги измисли термините чист/а и нечист/а
За религија, нема поголем трн во око од науката Иако се користат со илјадници производи на науката секојдневно... сепак мораат да глумат 'нетолеранција' кон науката. Тоа се тие двојни стандарди.. Ради политка де, а не од Божја милост
Тие биле заедно некогаш и потоа доаѓа поделбата така да мора да има религија за да има секта. Би требало да останат неподелени еден дел за да православието и католицизмот бидат секти. Точно дека од политички причини но имаме и разлики во верувањата. Инаку неможе да гледаш така, Христијанството не е само верба во Бог туку и начин на живот така да Библијата учи на се, не само кон верувањето во Бог па така да нека не те чуди што поделбата се случила поради политички причини. А и подобро поделба а не конфликт во кој би загинале милиони луѓе. Не не го реков тоа туку поентата ми беше да имаш почит и кон противникот. Ако ти си еволуционист и ја проучуваш еволуцијата нема потреба да навредуваш и плукаш кон религијата и креационистите туку треба да докажеш дека тоа не е точно. Но за жал не ве научиле на култура а за еволуција ве научиле..
А има ли вистински атеисти во Македонија? Бидејќи овие од асоцијацијата на македонски атеисти на фб скоро сите беа за atom.mk да им биде сајтот и се гордеат со тој симбол.
Има.. нормално дека има. Се' има... Ја и ти сме многу добар пример, за тоа какви се' има Зошто да има различни верувања, кога сите 'учите' од иста книга? Библијата е слободна за интрпретација?
За пред неколку века, дискутабилно е бидејќи знаеме дека религијата била еднаква на законот, да се признаеш и отвориш како атеист значело да си ја ставиш главата во торба. Но, како и да е, сигурно ниту еден од реномираните научници кои ги знаеме по своите откритија, не бил верник по твој терк и дефиниција. Да имаше некаква допирна точка со науката држењето до „природно си е природно“ како слеп за стап - сега немаше да имаме ни струја, ни телефони, а најмалку интернет за да ти можеш да се инаетиш против сите А денес е сосема друга приказна, секој втор може на интернет да се нарече и научник со лековерни и игнорантни луѓе зад него, како што може и секој да е новинар, писател ради луѓе без вкус итн. Секако дека рамноземци, приврзаници на телегонија и апологети со нови „откритија“ прилагодени на библиските бајки - не се научници за мене.
Nikogas nema da mozam da gi razberam ateistite edno prasanje do site ateisti dali mobilniot ili laptopot se napraile sami od sebe ako ne togas kako mozete da mislite deka celiot svet se napravil slucajno kako mozete da vikate deka nema gospod i kako sto se pretsavuvate mng 'inteligentni' kako moze da veruvate deka lugjeto se majmuni
За мене не што не е научник туку не е човек оној кој пробува да направи циркус, да се мајтапи да исмева и навредува поразлично размислување и став од неговиот. Сакала ти или не, имало, има и ќе има научници кои се верници, кои научно ја докажуваат Библијата. Томислав Терзин е еден од нив, имаш видеа на интернет, ако имаш време погледни некое. Имаш и на англиски и на српски. Изумите човекот ги прави за да му бидат од корист, тоа со природно си е природно никаква врска ти нема со муабетов ама ајде колку да се каже нешто. Ако некој рекол природно си е природно кога се дискутирало за вештачко оплодување, клонирање, гмо храна, немора тоа да значи и за алатки и работи кои човекот ги направил за да му го олеснат животот без притоа да наштетат, да ја уништат природата..
Море дете... пошто Библијата ви е слободна за интерпретација, секој верник, може да си ја толкува како сака. Може некој да биде и научник и верник. Не како тебе, дефинитивно, ти не можеш да бидеш научник, можеш само верник... Ама има такви, кои баш убаво можат да ги вклопат и двете работи
Da de ve prasav dali mobilniot sto pisuvas ili laptopot se napraile sami od sebe cim veruvate deka cel svet e napraen onaka na zaebancia.... I drugo prasanje kazete mi koja e poentata togas za sto ziveeme nie vo ovoj svet ajde pametna si ti...
За да правиме лаптопи и мобилни. На Бог му требале лаптопи и мобилни, ама в природа не се правеле сами, затоа не направил нас, за да ги направиме ние. Voila'