1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Горниов цитат ме поттикна да ја отворам темава.
    Сакав прво да ја отворам во Психологија, и да поразговараме од психолошки аспект, но на крај сепак се решив за овде, ајде не мора до толку филозофии.
    Прво не сакам да се најдат навредени сите оние коишто стапиле во брак малку порано, да речеме од 18 до 23 години максимум. :!:
    Целта на темава ми е да дискутираме и да слушнам мислења баш од тие личности, значи
    -кои биле причините за брак на помлади години;
    Дали мислат дека веќе виделе доволно во животот па се решиле да навлезат во оној посериозен начин на живот, се почувствувале спремни за таков чекор, или имале долга врска од неколку години па не им се чека повеќе.......

    -Има случаи кадешто студентки се одлучуваат на ваков чекор например. Јас се прашувам, зошто прво не би ги завршиле студиите па потоа да се венчаат? И онака 4 години не се многу, едноставно зошто да го одберам потешкиот пат, кога ете прво можам да завршам и комотно да се мажам? Зошто да мора да студирам и евентуално да гледам бебе истовремено, кога можам да БИРАМ и да го одберам убавото и за мене и за сите.
    Зошто прво да не се изборам за мојата иднина, да стекнам високо образование кое понатака ќе ми помогне да имам убава работа и да му обезбедам подобар живот на моето семејство?
    -Друга причина. Зошто да си ја скратам на еден начин младоста, кога во брак ќе бидам цел живот? :)
    Кога ќе можам пак да уживам во најубавите години, да шетам за викенди по дискотеки со друштво, да флертувам, да запознавам дечковци, да се журкам и сите тие убави работи што ни ги носи животот во тие години?? НИКОГАШ. Колку и да ми тврди некоја дека може и во брак да се прават овие работи, се лаже. Нормално дека бракот е убава и света работа, но сепак за некои работи си има граница, не можеш исти навики да имаш како кога си била девојка, да се разбереме. :)
    -Трета причина, нешто слично на постот горе кој ептен ме изиритира. Значи, ќе зборувам општо, да не се налути девојката.
    Што мислите за тие личности кои ете таа уште несозреани стапуваат во брак? Запознале некого на 18 години, имале за прв пат секс, се заљубиле за прв пат во животот и мислат тоа е тоа.
    Знам точно како е чувството како и многу од вас, кога прв пат ги доживувате овие работи, но тоа е далеку од подготвеност за брак бе луѓе! Едно е да се лета во облаци, а друго е да бидеш зрел за таков сериозен чекор! Се прашувам каде се тука родителите да ги посоветуваат своите деца? :^)
    Да не должам многу, се надевам ми ја сфативте поентата. Пак ќе напоменам не сакам никој да се најде навреден, туку сакам да дискутираме , ме интересираат мислењата од едните и од другите.

    Значи, која е причината поради кога тие помладите се одлучиле на брак, дали не мислат дека пропуштаат убави работи во младоста за нешто што сепак може некоја година да почека?

    Моето мислење е дека за брак треба да бидеш доволно зрел и пред се психички подготвен а не само летај, бидејќи е сериозна работа, нема играчка со тоа. Искрено јас би сакала да уживам во овие години, да ги дозавршам студиите па после здравје магистратура, да уживам во излегувањата со друштвото и евентуално дечко, да шетнам некаде надвор ко досега, максимално да проживеам за после да можам комотно да му се посветам на светото нешто - БРАК! Па дете, нормално. :)
    А за годините, според мене е најдобро од 24-27. :) Не е убаво ни прерано, ама ни прекасно.

    (Дали ви се случило често да слушате од жените:"Ееее, уживај си бе немој си се мажила рано, камо јас да бев на твоето место") :lol:
     
    На srcekrsacka, LadyN и girl1985 им се допаѓа ова.
  2. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Па најчеста причина во 90% од случаите кои јас ги знам е останување бремена ! Мислам дека е и тој главниот разлог што се мажат толку млади!
    Мислам дека оваа е причина за и тие кои покасно стапуваат ( пошто на машките им е тешко да се одлучат а бременост е честа причина...машките да се одлучат на ваков чекор) Сите кои се во поозбилна врска зборуваат за иднината и за тоа ќе се земат, за општо заедничкиот живот...Ама никако конкретно без некоја си причина машко не побарува женско за жена...Клучниот момент е бременоста! Да не ме сватите погрешно има и такви кои и без бременост стапуваат ( ама денеска е реткост ) :)
    Што знам според мене најубаво е од 24 до 27 како што пиша Лакримоса...некако тогаш не лети мозокот и си приземјен....Не ги осудувам младите ( освен оние под 18 или одма после средно школо ) Не верувам дека нешто виделе ама ете се дешава многу често...Можеби сакаат да бидат млади мајки ( ова порано на тие години и ја го мислев :rofl: ) Ама подоцна сватив дека за се има време...и за факс и работа и чување деца...Мислам дека е потребно за секое женско да се исфура ( под фурање не мислам со сите, се и свашта ) али она и искачање со другарки...шетање...студентски живот,без дечко, со дечко, озбилна врска....работа...за мене е најубаво така! :) Исто така не би се омажила 1вата година од врска...кога љубовта е слепа ( според мене е најголема грешка што се прави ) Сакам да се запознам да го видам во сите изданија лоши и добри ( не дека ќе го знам во се, далеку од тоа ) ама ќе знам што можам да очекувам од него :$ Еее сега не и завлечување по 10 години :^)

    Секој за себе си знае кога е правото време за мене е вака! ;)
     
    На Milobebence, Hipster, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Секој има различно сваќање за поимот брак,но сметам дека многумина и не го сваќаат вистинското значење на бракот,туку само гледаат да рипнат во тавче.
    Од моја гледна точка еве неколку причини:
    -Најчесто причина е недоволната зрелост,заљубеност и изгубеност како викаат младост-лудост.
    -Недоволната сигурност,имав другарка која мислеше дека никогаш нема да најде дечко,да се омажи патеше од некои комплекси,се ожени со првиот дечко од страв дека друг дали ќе има.
    -Интерес,токму така добрата материјална состојба игра многу голема улога.Многу девојки се запишуваат на факултет со цел да најдат некој,да се омажат и да се извлечат од калта.
    -Неповолни услови во домот,има несигурни,растурени семејства каде родителите ги малтретираат своите деца и во таква положба не и преостанува ништо друго туку да ја искористат секоја прилика.
    -Непланирана бременост............и многу други причини,но овие ми текнаа во моментот.
    Јас сум против рано стапување во брак,не ги осудувам тие кои што тоа го прават,секој си има свои причини и цели.Но сметам дека партнерите прво треба добро да се запознаат и сум за заедничко живеење па потоа стапување во брак.Така најдобро може да се запознаат,во секој слуај сметам дека е позитвно заедничкото живеење,само да не се замараме и да не ги слушаме конзервативните сваќања од другите.Навистина се трудам да ги сватам тие што се мажат на мали години,па што се виделе од животот,брзаат сега а подоцна прават грешки,но тоа е резултат на неизживеаната младост,што се може тука?...
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас се мажив млада,не ги имам годините ставено на профил,ама млада сум :) се мажив на помалку од 18,причината не беше-бременост,туку бевме на голема далечина,а требаше да ме чека да завршам школо уште неколку години,и за џабе ке ми било средното,кога овде во Aвстралија сум имала повеке можности,моите баш и не се согласуваа,не ме даваа :D ама на крај така испадна,мажот ми тогаш го сакав и уште го сакам,воопшто не ми е криво за него :inlove: Cега да признавам ми недостига животот нашколо,другарки,кафенца :) има луге што ме осудуваат-леле си го упропасти животот,детството,демек не заврши средно :@ и има и од другата страна-кои имаат убаво мислење :) за образование ке си завршам средно овде,имам можности и ништо никој не ми брани,имам керка 1 год е и во брак сме 2год
     
  5. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Да си го кажам моето мислење...Несакам да ја навредам цитираната девојка,ниту пак никој друг несакам да навредам,ама како прво каква е таа девојка што ДАВА на вториот состанок???Можеби јас сум старомодна незнам,ама мене тоа не ми се допаѓа.Како второ не сфаќам,како може да се мажи со него(значи колко што сфатив околу еден месец е во прашање се на се)?Таа не го познава тој човек,сеуште не му ги знае навиките,незнае каков е и какви му се всушност вистинските намери,денес можеби е добар-утре можеби ке ја крши од ќотек(ова беше само пример).А бракот барем според мене е еден многу важен и голем чекор во животот,чекор што не се прави од занимација,туку свесно,да се сфати сериозно,бидејќи носи голема одговорност со него.Но како и да е,ајде со среќа нека им е.Не се ни прв ни последен таков пар.
    А причините за рано стапување во брак најчесто е несакана бременост.И колку и да велат луѓето дека се е ок,дека им е супер,бла бла мислам дека не е така.Не велам дека им е лошо,туку велам дека на нас ни е подобро :D а и на нив би им било подобро покасно да го направеле тој чекор,сепак треба максимално да го искористиш животот и што повеќе од него да видиш.А бракот.....Бракот нема да побегне нигде,каде и да е,сите тоа не чека. :)
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Мислам дека основна причина за ова рано стапување во брак е токму непланираната бременост. Ама, тука под наводници би го ставила тоа непланирана, затоа што сепак сум на мислење дека едниот можеби и намерно направил некоја беља, со цел да го врзе другиот за себе, а полесен начин од ова, здравје. Не дека бременоста е гаранција дека некога ќе задржиш крај себе засекогаш, ниту пак гаранција за вечна љубов, сепак, многумина се решаваат на брак поради малечкото што треба да дојде на свет. И притоа дали се сакаат или не, е најмалку важно. Важно е детето да не дојде на свет во вонбрачна заедница, поради нашиов конзервативен и традиционален менталитет.

    Освен тоа, причина може да биде и несозреаноста, т.е недоволното искуство на девојчињата кои мислат дека оној со кој што се во моментот е ТОЈ вистинскиот, и нема да најдат подобар, а всушност се плашат да бидат сами и да уживаат во животот, чекајќи го вистинскиот момент и човек за брак. И тука може тие малку да поиграат на картата бременост, иако не се се' уште доволно информирани околу тоа. Ама овде една работа не ми е јасна: размислувањето на момчињата, т.е дали воопшто размислуваат? Ако е некој постар што навистина сака да си го среди животот и да се ожени, во ред, му успеало да намами некоја неискусна и незрела девојка со бајки (не му палат тие приказни кај повозрасните, поискусни девојки што знаат што сакаат, па мора да најде неискусно девојче), ама што со оние помладите момчиња кои уште не виделе ж од животот? Толку ли е лесно нив да ги наведеш да се оженат?

    И најчесто ваквите бракови се распаѓаат. Не сите, секако дека има и исклучоци, но во најголемиот број случаи завршуваат со развод. Зошто? Затоа што после неколку години и двајцата ќе сфатат дека не е се' така розово, и дека пропуштиле доста работи во животот. Секако, тука не ги вклучувам само уживањето во младоста и забавите со пријателите, тука ги вклучувам и школувањето и можноста да се биде свој човек, можноста за осамостојување без сите оние обврски кои бракот ги носи.

    Секој со среќата, никој не знае што ќе му донесе животот. Ама :!: сами си ги бираме патеките по кои ќе одиме ;)
     
    На Hipster, Espadrila, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Хмм не знам дали се квалификувам во оваагрупа. Имам 22 се верив, не сум мажена се уште, ама тоа ќе биде по едно две години. Живееме заедно и јас ова веќе си го сметам за брачен живот.
    На овој чекор се решив од неколку причини.
    Веќе се ми беше изживеано, искачање, пијанчење, акање до ситните часови, менување на дечковци...
    Се чувствувам постаро за годините, имам сериозна работа.
    И најважно од се знам дека тој е човекот со кого сакам да бидам до крајот на животот.
    Зошто кога сум го нашла, кога е се друго подредено да се мачиме со излегување, со негледање, со немање место за приватност и да се нервираме? И така секако дека ќе се земеме :)
    А инаку, и според мене најглавната причина е бременоста. 90%од паровите и јас што ги знам и што сум слушала се земале токму од оваа причина.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Главните причини за прерано стапување во брак се несакана бременост, несозреаност и стравот да не се остане сам/а.
    Немав апсолутно никаква идеја колкав е бројот на разводи во Македонија, се' додека мојата другарка не почна да стажира кај адвокатка.
    Се фрапирав од податоците :o
    Сум за тоа дека првин треба да се изживее животот, да се постигне максимум сам со себе, да се постигнат неколку цели пред да се одлучиш за брачен живот, но животот обично се случува додека планираме и не секогаш плановите се движат како што сме си замислиле, по строго утврден распоред.
    Па малку сум поделена во врска со ова прашање.
    Ќе кажам - веројатно секој си знае најубаво за себе. ;)
    Еве, мајка ми се омажила на 19, а на 20 години ме родила, па не зажалила никогаш досега.
    Од друга страна, имам многубројни примери кога девојките стапиле во брак после 25-тата, ќе си речеш дипломирани, изживеани, сигурни во себе, знаат што сакаат, а повеќето во неуспешни бракови или со развод позади себе.
    Денеска нема гаранција апсолутно за ништо.
    Некоја девојка можеби е зрела за брак и на 21 година, а некоја нема да биде зрела ниту на 30.
    До човекот си е. ;)
     
    На sj *O*, Buterfly2576, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Се пронаоѓам во мислењето на виножитка. Јас сум само верена, но и пред да се вериме ние си живеевме заедно, убаво ни беше така. Веридба правевме чисто да стане официјално се, бидејќи моите од време на време брмчеа" ајде кога ќе биде официјално да си частеме " :D А официјално го направивме зошто така си сакавме, а се поклопи и со тоа што останав бремена.
    А инаку како се решив рано толку официјална да ја направам врската, да живеам заедно со саканиот?
    Па правев споредби со некои мои другарки, што на 22-23 години уште се влечат со кого стасат, се пијанчат, некои не знаат веќе на кој к*р да се набодат, се однесуваат ко мали деца и имањето на сопствени деца не им паѓаше на памет.
    Јас сум целосна спротивност на таквите.
    Ми прекисна да излегувам и по цела вечер да дремам во некој кафич, дискотека, ми се смачи на журки да гледам пијани и издрогирани фаци, повраќаници на сите страни...
    Од друга страна и не сакав да бидам разделена со саканиот долго време, далеку живеевме еден од друг, околу 1 час возење. Плус факултетот ми е при крај, уште некој испит, си имам супер работа.
    Така течат работите во животот, а плус и кој колку се чувствува спремен за се. Еве јас на 22 години сум спремна за бебе, сепак се чувствувам постара (во размислувањата) од она што сум.
    П.С Доволно шетав сама низ светот, сега е ред тројцата да шетаме, поинтересно ќе ни е :D
     
    На sj *O*, hermosa, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Една колешка на мама се мажила млада бидејќи неможела да ја поднесе ситуација дома. Тоа е веќе страшно. Многу не одлучуваат да студираат бидејќи, поради х причини, не се многу интересираат за студиите, и и преостанува да се мажат. Секоја им чест на оние кои си тераат и брак и студии. Јас сум многу против раното стапување во брак, прво ќе си обезбедам самата добар и пристоен живот со мојата упорност и со моето знаење, нема да чекам ништо од мојот маж, или пак во најлош случај да се тешам со тоа дека ќе најдам некој богат. Никако!
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со Trendafilka се е до човекот едноставно. Јас сум во слична ситуација со Rainbow и blond верена сум затоа што не се чувствувам дека сум пропуштила нешто и зашто шлаење со години ни ваму-ни таму кога си знаеме и 2та на што сме.

    При крај сум со студиите и животот со него (живееме заедно откако се веривме) воопшто не ми попречува во тоа. И тој максимално ме поддржува. Така што, индивидуално е, да.

    Инаку од искуство преку другарки од средно ми покажало дека сепак бременоста (сакана или несакана) е причина за прерано стапување во брак.

    Сепак мислам дека возраста е едно а зрелоста друго. Возраста е само бројка. Сепак не зборувам за екстремности како на пр малолетнички да стапуваат во брак (15,16 години) но далеку од тоа дека им судам., напротив, секој има право на свој избор во животот
     
  12. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Ако некој/а се чувствува доволно спремен/на и доволно зрел/а, да превземе еден таков голем чекор на ете помлада возраст, зошто да не! Тука играат многу фактори, и неможеме да им судиме на луѓето туку така! Некои личности сметаат дека не би пропуштиле ништо во животот ако стапат во брак, впрочем тие размислуваат како квалитетно да ги поминат тие млади години иако се во брак, како што се патување, излегување со друштво и слично! Бракот сам по себе не смее да се рачуна како ропство за обете, ако се знае како да се искористат можностите кои ги нуди, не гледам ништо лошо! Е сега од друга страна ги има и таквите личности кои не се врзуваат на млади години во такви врски, туку сакаат да проживеат се до одредена возраст па потоа да стапат на лудиот камен!
    Како и да е, сметам дека ако врската помеѓу двајца е успешна и полна со љубов, потписот во матично претставува само документ! Се е индивидуално, секој си има свои причини, размислувања, фантазии, без разлика дали е 17 или 25!
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Неможам да се изначудам на некои незрели девојчиња. Имам другарка што зема многу мала плата, не се запиша на факултет и ќе се мажи на 21 година. Добро и викам зошто толку брзаш, не си бремена, а она ми вика епа што ми преостанува друго во животот. Лелеее не ми се веруваше ејјјјј, на 21 година да немаш што да праиш, ко таа се да иживеала, па ајде сега до мажење стигна. Со ова сакам да ви кажам дека има многу несозреани девојчиња, што мислат дека ќе им избега тенџерето, па од таа причина стапуваат во брак.
    Ја читав Блонди и баш ми е мило за неа, стварно. Си има супер работа, ќе дипломира и си чека бебенце. Ама некој што е без основни средства за егзистенција, уште што си лета со паметот....неможам да ги сфатам... :x
     
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Си ги упропастила најубавите години од животот па одозгора и се фали што се омажила (не се каам, чао и не ме критикувајте). Сега не се кае, дај Боже никогаш да не се кае што се омажила но како што вели волфче ке и недостигаат овие години но нема да може да ги врати (Баш попладне ја слушав мајка ми како зборува со една жена и и вели: баба можам да бидам, друго неможам). А и тоа еден месец одење? -Колку можеш да запознаеш една личност за еден месец, може некој цела година да те лаже па да не го откриеш а камо ли за еден месец да го научила. Можеби подоцна ке запознае некој друг што повеке ке и се свиѓа од сегашниот и маж и ке свати дека тоа не е тоа ,,плукни залепи,, се омажив си ја решив судбината. Но еднаш си решила веќе назад нема. Затоа во брак туку така не се стапува. А кој ти знае и од дома како била држана, можеби е од оние што ги викаат ,,врзано куче кога го пуштат незнае што попрво да направи,,. Ехх луди години и јас мислам дека се што лета се јаде, но до толку разбирам што ке изгубам и колку сериозна работа е бракот за која не сум спремна. Но како и да е за секој биднало па нека им е со среќа на сите млади невести во брачните води. :)

    П.С. Една моја школска лани се омажи, беше во брак неколку месеци и се разведе. И што направила? само проблеми по дома. Толкаво искуство на 17 години да имам. Па ги разбирам малите деца кога си играат големи девојки (докторки, учителки) но мажење и разведување и сето тоа да го доживеам дур сум малолетна, мислам треба да се чукнам по глава.
     
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Сестра ми е скоро две години помала од мене, а се омажи пред 3 години и сега има 2 деца. Со зет ми одеа 3 месеци и напорно им било да се гледаат што се од различен град ( како на мене лесно да ми беше), решија да се земат. Првата година и така и така, ама сега она ми се жали дека ни најмалку не и е лесно,вели од дома не излегувам,се сум со децата, а он по цел ден работи бидејќи нема стална работа. Мислеше дека немажена ќе остане, па ајде за првиот што ја побара. И зборев тогаш, ама не ме послуша,мислеше не сум среќна за неа. Исто така не оправдувам некои што велат дека се земале само затоа што останала трудна. Па уште и ненамерно се случило. Не ми се верува, толку неодговорност. Како и да е бракот е сериозна работа, треба трезвено да се размили, а не влетај како пијан во кафеана, па после оф мори мајко.
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    еве ќе си кажам и јас имам 24 годинки врена како што веќе знаете но свадба и детенце малку покасно ќе правиме за отприлика 1 година. ете на овие години решивме да правиме веридба поради фактот што веќе 6 години сме заедно (што ли уште ќе се запознаваме) живееме во скопје но од еден на друг крај и бевме 24 часа заедно меѓутоа не преспивав кај него. вака е полесно кога сакам си одам си спијам, уште сум дома и двајцата работиме и ни е супер. меѓутоа морам од друга гледна точка да кажам дека ме замисли постот на девојчето и сметам дека раната в9озраст за стапување во брак е бременост пред се, како второ без да ми се налутат девојките од другите градови, меѓутоа познавам голем број на девојки кој фаќаат дечковци од скопје и за 6 месеци ајде свадба. не плаќа стан, кирија сите трошоци ги презема дечкото .... како и фактот на ситуираноста на дечкото има куќа, кола, пари и мислат ќе живеам како божица ?? сите овие причини некако ми водат после до големиот број разводи во македонија. се земале на 18 се развеле на 21 ??? каде исчезнува љубовта ако воопшто нели ја имала???
     
  17. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Карак па не ги навредуваш девојките од другите градови. А скопјаните што велиш со кола, куќа пари.. па нели и тие глупаци место да си земат убава, паметна и образована жена на свое ниво, па да си функционираат убаво и убаво да живеат, тие земаат некои девојки што гледаат само да си го олеснат животот и поубаво да живеат. Кај им е умот пак на нив. :^)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    пак ќе речам без навреда тука во делот за коли станови пари ги ставам сите
    не сакам темава да стане кавга меѓу градовите ве молам
    но сметам дека било од каде и да се особено кога ќе видат добро ситуиран дечко му се лепат
    како мува на гомце
    мора каква чест знаат да прават тие девојки како што би рекле постарите.
    нозете да им ги мијат водата да им ја пијат
    ќе им се бутнат и под кожа а машко како машко мислат ја нашле жената на својот живот. а верувајте жена неможе да глуми многу тие не знаат дека парите носат кафани, доцни седенки и веќе им прекипува и оп развод бар мислам познавам 1001 ваков случај и ми се гади :puke:
     
    На srcekrsacka и Kitten им се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Имам 24 години, 6 ипол годишна врска и се чуствувам тотално незрела и неспремна за брак, деца, семејство.
    Не ми е тоа приоритет, не чуствувам обврска да се омажам само затоа што имам долга врска.
    Оние што решиле да се омажат млади, тоа е нивна одлука. Сепак така тие животот го замислиле.
    Јас сакам сеуште да сум сама, без маж покрај себе, да уживам уште малку, не дека во бракот не би уживала, ама обврските ти се на твоја глава тогаш, тогаш ти си една од главните во семејството, не е бракот играчка, па ај ќе се земеме, ако не оди има развод. Ајдеее бе, стана бракот исто како една врска, оди, раскини, оди, земи се, разведи се, најди друг/а, пак омажи се, разведи се...
    Иако младите треба да размислат 5 пати пред да се земат. Иако најчесто немаат опција ни еднаш да размислат, најголемата причина е бременоста. Не внимавале, ќе си ги сносат последиците.

    Иако може еден брак склучен од тинејџери да е одличен и многу поуспешен од брак на двајца возрасни луѓе со долга врска, кои се земале во крајни дваесети години.
    Нема правило за бракот.
    Многу побитно е да се има памет во глава за како ги одбираме партнерите, а и не треба да се избрзува со свадба.
    Ако имаш момче со кое сакаш да се омажиш само за да не ти избега е НАЈГОЛЕМА ГРЕШКА, еден дечко ако сака да ти избега и во брак тоа може да го направи.

    А за примеро 19 години, после прв секс одма свадба. Зашто? Ни се познаваат ни ништо.
    Немој немажена да не остане |(
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.399
    Според тоа како е поставена темата, и јас сум од тие кои рано стапиле во брак. Ситуацијата ми беше многу слична на онаа од Виножитка. Се верив само што наполнив 23 години. Веќе работев 3 години, саканиот мој (кој ми е врсник) доби сериозна работа, заедно бевме веќе 5 години и некој месец, и знаев дека тој е тој - само беше прашање на време. За време на факултет не доаѓаше во предвид, но само што дипломиравме, решивме да живееме заедно.

    Со саканиот мој се знам мнооогу пред да стапиме во врска. После само една недела врска, знаев дека тој е човекот на мојот живот. Знаев точно што барам - и го најдов. Имавме секс после некои две недели од почетокот на врската. Мислам ќе имавме и после една - т.е. кога сфатив дека е тој вистинскиот, туку немаше каде :D Тогаш имав неполни 18 години, и да, ми беше прв, и ми остана последен.

    Не мислам дека сум неизживеана. Сум излегувала, и излегував до пред една година до ниедни времиња, но изгледа ова тројкава напред си го прави своето, па во последната година некако изгубив волја за излегување до касно. А може и ми се здосадија исти места, ликови и муабети. Сега ми е побаво дома со друштво, винце, мезе...

    Не ми е и некој проблем тоа што сум имала секс со еден човек. Супер ми е со него. Би ми било ли поубаво ако сум сменила повеќе парнери? Не верувам. И да, и јас него сум му прва.

    Родив дете само што наполнив 24. Прво не планиравме, ама некако се смени ситуацијата. Не ме примија на постдипломските што ги сакав, и некако имав желба да не го губам времето :)) додека чекам нов уписен рок. Исто така имавме и едни комшии што не можеа да имаат деца, па некако ми влијаеше целата таа ситуација и од еднаш ми се јави ненормално голема желба да имаме дете. И ден денес не знам дали избрзав со тоа. Отсекогаш сум сакала да бидам мајка на тие години, ама тешко беше да си различен од врсниците. Беше тешко неколку години, ама сега е сосема поинаку. Сите се со мали деца, ги гледам со потенки живци, а моите се пораснати, и сега можам да се посветам многу повеќе на учење, кариера и слично. А факт е дека 30-те години се најпродуктивни.

    И да не должам многу: причината за моето рано стапување во брак (иако не мислам дека е рано) беше - љубов. Го најдов вистинскиот, бев со него 5 години и нешто, заедно имавме поминато многу работи, завршивме, се вработивме, купивме кола, имавме каде да живееме... и сакавме да живееме заедно. Сакав да се будам со него, и да заспивам со него. Кога се враќам од работа да бидам со него, да правиме заедно нешто за јадење, да си купуваме работи за по дома... сакав се да правам со него.
    Седум години подоцна: и да можам да се вратам назад, пак би го направила истото.

    Единствено нешто што ми е криво што не сум го направила пред да имам деца, и тоа сум го напишала на повеќе места низ форумов, е што не отидов некаде надвор на постдипломски. Ама тогаш не ни мислев на тоа, подоцна сфатив колку е важно.
     
    На poi, sj *O*, Belgin1 и 9 други им се допаѓа ова.