Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    И јас саκам млада да се омажев а, јас сега и на 30 години не сум мажена. На κој κога му е напишано, тогаш.
     
    На edna_malecka, Justicija, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    12.773
    За ова што го кажа за Албанците си во право. Тие до 30 години имаат по 2 деца или 3 родено. Мислам дека се поодговорни од нас, а ние тоа не сме. Семејствата се помагаат за се, а ние само си штетиме. Сите кои ги знам, а живеат во заедници си имаат маки. За плата од 25.000 денари, мислам дека и во Скопје многу луѓе сонуваат, а не пак во Источна Македонија. Платите се мизерија, да даваат по 25.000 во Источна, немаше да биде празно, останале само стари луѓе. Во Источна е катастрофа, работа скоро и да нема. Во Куманово во приватен сектор ретко каде даваат по 25.000, а не пак во малите градови на истокот. Се работи за минималец во внатрешноста или за 2.-3.000 над минималец и тоа е се, недоволно за живот.
     
    На Veta, mssuniquee, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Сите овде си го кажуваме своето мислење никаде не сум те цитирала нема ни потреба од реферати да ми докажуваш каков ти е животот секој има свои видици во животот според мене јас никогаш нема да се задоволам со трошки на почит и на семеен однос да и опростувам се на свекрвата бидејки ке си ставам во главата дека се ке и се врне тоа никаде не е гарантирано, и да носам кафиња на свекори, според мене тоа не е убаво според мојот ментален став ако за тебе е океј тогаш се е во ред.
     
    На baby-star, SummerGirl, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Така ако гледаме секогаш се ќе биде недоволно, на сите се ни е малце, фантазираме да живееме совршен живот како од филм, ама јбг реалноста е таа и треба да ја прифатиме и да се приспособиме, бидејќи мечтаејќи по таа некоја наша замислена стабилност можеби еден ден ќе се каеш зошто некој работи не си ги направил по со време.
    Нема идеална возраст за мажење и за деца, се е тоа индивидуално.

    И факултетот и образованието премногу се начнува на секоја тема што е за брак и деца, што е многу погрешно, не секој сака да заврши факултет тоа е прво, друго за разлика од порано денес факултетот нема никаква тежина, пола од мој клас што беа со 2/3 завршија факултет и тоа многу лесно и едноставно, денес како викаат "плати па клати" ако имаш да дадеш не еден и два и три факултети ќе завршиш, што за разлика од порано не било така и само деца што се капацитет завршувале високо образование. Така да не го ставајте толку тој факултет пред некој животни одлуки, зошто и да го имаш и немаш не си нешто повеќе или помалку, може само да се замислуваш и прскаш демек еве факултет имам.
     
    На tinka-mace и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Хахаххахахха од короната се теше оти не отишла во друга држава да работе, ауу шит какво тешење јадно, иначе абортусот не е убиство тоа може само некој екстремно примитивен и без право на избор да го каже.
     
    На FVP му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Za da ziveeme zivot so ideali, sme vo pogresna zemja rodeni.
    Sekoj od nas (koj saka sekako), se trudi da postigne nesto sto go zacrtal kako cel.
    Na nekoj toa mu e pienje kafe so komsiite, na nekoj letanje so avion...
    Dali toa ne pravi losi ili dobri vo zivotot?
    Ne!
    Toa e samo izbor sto sme go napravile vo momentot koga sme mislele deka e taka najdobro.
    Nikoj na nikogo nesmee da sudi za toa koga se omazil/ozenil ili kakov zivot ima,ednostavno toa e izbor, mozebi eden den ke se promeni vo sprotivna nasoka.
     
    На IRBBB, tinka-mace, Cherry333 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.706
    Пол:
    Женски
    Убаво било до 25 години да имаш три деца, да не работиш никаде и да чекаш на маж ти само он сирот си знае како му е да ве рани сите и сите да чекате на него.
    Ахаа да, верувам во тоа дека тебе ти е убаво нема проблем.
    Не можеш да се измочаш сама, не можеш да се избањаш, ама битно тебе убаво ти е и не убедуваш овде дека тој контент е океј, за малку да ти поверуваме во приказната за мали деца.
    Комплетно се согласувам со мислењето на @hellocity од збор до збор, колку и да е директна пореален и посвесен човек од неа нема на Фемина форум.
     
    На nena2010, The Saturdays, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    12.773
    Не мислев само на факултет. Тој сам по себе не значи ништо. Но, еве сега јас кога имам работно искуство нема да се плашам дека ќе останам без леб. Оние кои се омажија на 18 години, родија деца, па додека да ги израснат, веќе имаат над 30 и нешто години и веќе е доцна, затапуваат со седење дома, а на пазарот на труд знаеме како е, газдите уценуваат, а без знаење и искуство жената не му треба на никој како работник. Не им е лесно и на тие кои зависат од маж. Живеат од една плата, па деца, а тие кога ќе дојдат на ред да си купат нешто, никогаш. Друго е кога имаш свои пари. Не велам идеален живот, тоа само газдите во Македонија го имаат, другите не, но барем да имам свои пари во џеб. Денес мора многу да се учи и напредува. На работа секој месец нова обука, без нив нема пари, не си конкурентен, никој нема да те плаќа, туку ќе те шутне како партал. А сите генерираме трошоци, мора да се храниме, облекуваме, да одиме на лекар, да се капеме, грееме, а со тоа и сметки да платиме. Ако не придоенсуваш во домот само оди надолу и тоа е тоа. На 35 години жена без ден стаж и без ден работно искуство, кој ќе ја прими? Ќе ја прими во некоја текстилна фабрика да сече конци, скоро за без пари, и таа ќе си даде отказ по три дена оти никогаш не работела. Во Македонија животот е многу суров.
     
    На Purplelilac, FVP, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Сакам да напоменам уште нешто...
    Упорно се тврди дека зрелоста не значи бројка во години...
    А не ли мислите дека 70% од зрелоста е животно искуство?
    Во текот на годините правиш и добри чекори и лоши, носиш позитивни одлуки, а и негативни , со тек на времето се градиш како личност и карактер, се стекнуваш со зрелост и знаеш што сакаш за себе.
    Колку животно искуство имаш на 17 години?
    Како можеш да знаеш што сакаш од животот на 17 години кога само што си престанал да играш со кукли влегуваш во фаза на тинејџер?
    Образованието нормално дека се начнува на оваа теме зошто со 17 години немаш завршено ни средно.
    Факултетско образование не е задолжително, ама средно ДА.
    Мислам, да учиш средно вонредно, да не посетуваш настава, со бебе мало дома што попрво да фатиш...
    Ептен со квалитетно образование ќе се стекне детето......
    @Tanjamm 100% се согласувам со тебе.
     
    Последна измена: 6 септември 2020
    На baby-star, Mishela, Kitten и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Па свекорот кога ќе и побарал кафе му варела, кај неа. Што ти свекор ти (во идина) кога ќе ти дојде, нема да го понудиш ни со кафе? Или аковти побара нема да му направиш? Не ти го разбирам менталниот став јас тебе. Нема потреба со такви "индиректни навреди".
     
    На LadyLollypop му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Во Македонија ти е мала бара пуна крокодила дефинитивно ако си итар и газеш преку мртви ке имаш ако си осетлив и се потценуваш и задоволуваш со трошки паѓаш доживотно,
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ако сте толку сигурни дека сте успешни, зрели, паметни одлуки сте донеле, што ги замарате толку другите?
    Океј е да се дискутира, ама некои од коментариве не се дискусија.
    Кого го убедувате дека сте среќни, другите или себе си?
    Јас ако знам дека мојот живот и моите одлуки се топ, сигурно нема да одам да ги убедувам другите, од уживање нема да имам време за убедување.
    Примери секакви има.
    И на 18 год родиле, завршиле факултети, се вработиле, прошетале и на 28 родиле и ништо од ова не направиле.
    Значи се и сешто има. За некого е среќа да има деца, мајчинството му е на прво место, за тие што работата им е на прво место ова не можат да го разберат.
    Не знам што е толку тешко да се разбере дека дефиницијата за среќа е различна за секого.
     
    На LadyLollypop, Dalia93, marija305 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    21.408
    Пол:
    Женски
    Тргнете настрана факултет и образование, не секој сака да учи и го бива за учење.
    Ама најубавите години да си ги запустам чувајќи деца и грижејќи се за маж? Години и моменти од животот шо на 40години сигурно нема да ми дадат шанса да ги преживувам уште еднаш? И да не одам на факс, ќе работам, ќе се надоградувам со курсеви, ќе шетам, ќе се дружам, ќе експериментирам со животот. За тоа се 20тите години, не за да се тресам над бебе, над маж и негова фамилија.
    Не знам, не сакам ич да звучам некултурно за оние кои се решиле на таков чекор толку млади, ама сигурна сум дека ја пропуштиле младоста и сите убавини шо ги носи тој период од животот.
    Зрелоста ич не ја ставам како фактор пошто таа не зависи од годините, некој и на 18може да е зрел за брак, некој на 38 да е зелен сеуште.
    И да, се спомна тука сме биле спремни да си го убиеме детето ако не сакаме во моментот. Јас оправдувам во целост абортус, само што лично јас не би абортирала. За сето тоа се мисли пред време, 1000начини на контрацепција има. "Вадење на време" не е една од нив, ама која сум па јас да солам памет, возрасни сме.
     
    Последна измена: 6 септември 2020
    На Anna-Banana, strelec231992, The Saturdays и 11 други им се допаѓа ова.
  14. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Тој што е сигурен во тоа што сака и во одлуката која што ја донел, нема упорно да наметнува како позитивна во секоја отворена дискусија на оваа тема.
    Еве лично за себе ќе кажам.
    Се омажив на 24, родив на 25.
    На 24 имав магистрирано, но не и работено по струка.
    Детето наполни 2 години и почнав да работам по струка и ден денес работам.
    Е сега, да го имав ова животно искуство ќе се омажев и ќе родев малку подоцна, од кога веќе се средив со работа, зошто поинаку е кога мајката бара работа без ден работно искуство во струката, а друго е кога бара работа со искуство и поинаку се пласираш на пазарот на трудот.
    Јас го добив тоа што го сакав но по потешкиот пат, а полесниот би бил овој што го споменав.
    Плус, да останеш дома 3 години и да почнеш на работа е многу тешко за адаптација, а камоли да останеш дома 10 години и да тргнеш на работа....
    Изборот да бидеш домаќинка е личен, но премногу конзервативен наспрема стремежот на светот кон целосно инволвирање на жената во пазарот на трудот и искоренување на стигмата дека жената е за дома.
    Али секој со својот избор!
    Ова што го пишував е мој став и моја цел за градење,оформување на личноста и воспитување на мојата ќерка.
    Поздрав.
     
    На Purplelilac, M.B., baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А ти мислиш деца ако имаш си го упропастуваш животот?
    Ај ќе имаш деца и ќе видиш колку си грешела во врска со ова. Ќе видиш колку погрешно звучи оваа реченица. Тој што не поминал низ искуство, било какво, не може да знае дали тоа искуство е упропастување, нели?
    За маж никогаш не сум се грижела до степен да ми е напор, затоа се одбира самостоен маж кој нема да чека од жената па за да го доживуваш бракот ко напор.
    Јас од живеење сама и живеење со маж не ми се смена на полошо, баш напротив.
    Претходно сум пуштала машина за алишта сама, сум готвела сама и др. да не набројувам, сега ги делиме обврските на пола, одма полесно ми е.
    Ама обично муабети за уживање во 20ти, а не грижење за маж и куќа ги прават луѓе што уште мама пере, готви, чисти, а тие шетаат. Што за мене е друга крајност, ама таква ни е културата тука.
    На 25 години уште мама да ги фаќа гаќите и да ги пере ми е несфатливо.
    Затоа 20тите ги сфаќаат ко уживање, а бракот ко тортура, пошо тортура е да почнеш сам да се грижиш за себе. И додади на тоа маж што чека се од жената, значи наместо да ти олесне во брак, од сите обврски дома да се грижиш само за пола, тој ти додава и наместо за пола човек, ти се грижиш за двајца.
    Ако се двајцата самостојни, во брак можеш да завршиш и факултет и да шеташ и да уживаш.
    Штета што бракот се сфаќа ко тортура, а не уживање, прослава на двајца што се сакаат.
    Затоа испуцај се пред брак.
    Затоа никогаш не сум ги сфаќала, па мене со маж ми сите обврски ми се поделија на пола, и финансиски супер е да имаш две плати одколку една, со него сум прошетала далеку повеќе одколку што би можела само со една плата.
    Мислам, јас не се мажив млада, ниту родив млада на тие години, само ептен го има она кај нас "уживај пред брак после нема".
    Што е тажно скрос.
    А е вистиното за многу жени во МК. Вистинито пошо уште сме во шовинистичко општество.
    Секој ден сум благодарна што маж ми не е таков.
    Не зборам за тебе, општо зборам, да не ме сфатиш така
     
    На Stressed Out, LadyLollypop, Luminary и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    12.773
    Животното искуство се стекнува со годините. На 21 година се вработив во фирма со 238 луѓе. Тоа ми беше една голема животна школа од сите аспекти. Како да се справам со некултурни, подметнувачи, манипулатори, научив да купувам знаење, да ценам пари, да штедам. Од 21 година наваму моите не ми дадоа веќе ниту 100 денари. Но, тоа школо се поминува на 21 година, а на 40 години човек нема да има енергија за сето тоа.

    Многу пати сум се прашала што би било кога би било? Да се омажев на 18 години со тогашниот дечко, ќе имав деца на млади години, да, ама ќе испуштев и многу убави работи. Ќе бев покорна жена, ќе морав, ќе зависев од маж, и 100 денари дадени за влошки ќе ми се чинеа како некое големо внимание. Тој што на 18 години ти е идеален, не е идеален на 25 и повеќе години. Човек се менува. Тогаш гледав убавина, денес сакам стабилност. Убавината секако бледнее со годините.
     
    На nena2010, baby-star, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  17. wings12

    wings12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    195
    Карајте се колку шо сакате за глупости, мизерно е да се мажите на рани години. Сега сте задрудниле на 18 години, излезени од средно и веднаш на брак мислите? Чекајте бе малку, знаете ли што пропуштате од животот? Вие додека успивате дете во раните ноќни часови, ваши врсници се пијанчат, го живеат животот.
     
    На FVP и hellocity им се допаѓа ова.
  18. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Јас уште се осеќам како дете и во никој случај не сум спремна за брак. Најидеално според мене би било после факс или покасно малку
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    12.773
    Твојот пример е супер, и твојот брак по она што пишуваш не е ропство, но да не заборавиме дека многу од жените од стапување во брак забораваат што е пиење кафе со пријателки, имаат многу обврски плус, ограничувања, а немаат можности да шетаат. Дури сум имала и колешки на работа, интелектуалки кои платата ја носат и ја даваат дома на мажот, па потоа од него бараат пари за јакна, чизми и слично. За жал така е.
     
    На baby-star, Kitten и Mantub им се допаѓа ова.
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Леле ако се пијанчиш живот живееш? :rofl:
     
    На Purplelilac, LadyLollypop, Jana06 и 18 други им се допаѓа ова.