Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Знам. Затоа се отвара очи со кого се стапува во брак.
     
    На tinka-mace, Snowflake97, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  2. wings12

    wings12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    195
    Поетава ми е дека слобода ти се одзема.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    12.724
    Секако дека се согласувам. Тоа е најважно. Но, на 18 години мал занес е доволен човек да избрза.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Слободата не треба да ти се одзема ни на 18 ни на 28, ни никогаш.
    Ако се мажиш на 28 и чувствуваш дека слободата ти се одзема, не си направила некоја попаметна одлука од оние што се омажиле на 18, само си го направила истото, малку покасно.
    Животот не завршува на 28.
    Мене ми е тажно кога слушам испуцај се пред брак зошто после нема, уживале колку што уживале и после којзнае како живеат.
    Јас и во брак уживам.
    Ако ти мислиш дека си кратат слобода тие што се мажат порано, а ти уживаш до 28, јас мислам дека е тажно да уживаш до 28, пошо 28 години уживање се многу краток период во споредба со 50 години неуживање во брак.
    Нели е најидеално да уживаш цел живот?
    Во брак треба да можеш се да правиш што си правел дотогаш.
    Носење кратко, дотерување, па и со другарки излези на коктели и испијанете се.
     
    Последна измена: 6 септември 2020
    На Luminary, bittersweet, tinka-mace и 9 други им се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Секој си е главен режисер на својот живот, ако дозволеш да те водат другите, пропаѓаш ако си удоволуваш и никој не слушаш никој ништо не ви може, така да раното стапување во брак мислам дека е повеке дека сметате во својата куќа како женско дете и дека треба да се мажете, знаете ли дека можам блиски примери 100 да ви кажам дали жени на 25 се параноични и брззаат за мажачка оти им е подредено од дома мораш факултет да не не зборе народо дека си проста па после мажачка, па деца....Али секако ако одеш по свои правила и ѓаволот не ти може ништо.
     
    На baby-star, нина122, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Од тоа што знам и сум видела најчеста причина за рано стапување во брак е непланирана бременост при што таа не сака абортус или тој сака да ја наведе побрзо кон брак и ова му е начинот да го оствари тоа.
    При тоа под рано подразбирам, брзо влегување во брак независно од возраста на двајцата.
     
    На FVP, SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.740
    Допаѓања:
    21.396
    Пол:
    Женски
    Во право си да, ти ја сфаќам поентата.
    Ама не е исто и не можи да бидат исти обврските кои ги имаш дури си сама и со семејство. Јас со дете и маж на 20години ќе одев 3 месеци да работам и да уживам во друга држава? Ќе одев по одмори и славења со другарки, кафе седенки и пиенки до ниедно време? Ќе го искусев животот со цимерки во друг град и сите убавини шо ти ги нуди тој период од животот? Нема, ќе бев дома. Ќе работев и ќе гледав дете. Заедно со сопругот ќе правевме пресметки за сметки и кирија, храна и пелени за бебето и мал милион други грижи кои сега ги немам фала богу.
    Бракот не е тортура, ама се плус обврски кои немам потреба да ги искусам во периодот кога треба да сум самостојна и да ги уживам сите убавини на младоста кои сигурно нема да ги преживувам на 40,50 години.
     
    На Purplelilac, Anna-Banana, Mikha4 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.131
    Допаѓања:
    36.358
    Пол:
    Женски
    Сте се фатиле за факултетот како слеп за стап. Никој не може да ме разубеди дека е убаво да се мажиш на 18 години. Никој не рече дека бракот е ропство. Ама на тие години да си ставам такви обврски, не фала.
     
    На edna_malecka, baby-star, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    За со дете се сложувам.
    За со маж, ако си самостојна и пред маж, ќе уживаш и со маж.
    Дека рече обврски во брак, јас во таа самостојност што ја спомнуваш, ги редам и тие обврски. И без маж, сметам дека на 22/23 години треба веќе да си чисти секој по себе, да си готви, најголем дел од обврските да ги брка сам.
    Во брак имам одено на одмори само со другарки, маж ми само ми рекол поминете си најубаво, имам седено до ниедно време со другарки, сум се испијанила на коктели, во друга држава не сум работела ама затоа што не сум посакала, ако посакам, можам, бракот и маж ми не ме спречува во тоа.
    Затоа не разбирам кои се работите кои бракот те спречува да ги правиш.
    Јас во бракот сум си останала индивидуална и специфична таква каква што сум си била и претходно.
     
    На LadyLollypop, Luminary, tinka-mace и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ај да тргнеме деца настрана. За дете треба и финансиска и психичка спремност, па и не секој сака дете да има.
    Ама за брак ако збориме...ако веќе си во подолга врска со некој и се знаете и како дишете, као неќете да живеете заедно? Еве ви рече абе можеме да земеме стан или под кирија макар еве и родители да помогнат, нема да сакате? Да се нема услови е друго.
    А бракот ќе биде сѐ исто само плус еден потпис.
    Не знам... може јас ептен така гледам на такви врски пошто самата се опуштам во таква долга и убава врска па ако го знам каков е тие години, не ми треба многу колебање што сакам во иднина.
    Дека може да се смени сѐ за еден ден, може. Ама и во брак може де.

    Јас стварно се чудам на парови што се со години заедно а гледајќи ги ќе речеш само имињата си ги знаат. Не се онака блиски, појма немаат што сакаат заедно, срам им е да прднат што се вика еден пред друг. Сум ги читала и тука. Со години заедно , а ко од вчера да се заедно.
    Еве засега студираме и јас и либе па ќе тераме вака дур завршиме. Кога ќе завршиме ако здравје сме заедно ќе гледаме прво нели работа да си најдеме па после да си се тргнеме заедно. А брак нема да ми значи многу. И без брак би терале. Туку ај, ради некои придобивки.

    А ако брак со некого би ми било измачување, и врската би била. Зашто и во врска и во брак треба да сте исти луѓе.
    Или кога ќе пишат некои демек во врска може да се варате, може ова и она, ама во брак да се уозбилиш. Јас и веќе долга врска си сфаќам како сериозна работа, не само провод колку да помине.

    Ова општо пошто гледам се збори демек брак било обврски и измачување.

    Сум чула лично од роднина во брак како неќела да преспие кај нејзини роднини зашто двајцава не биле земени, а културно биле поканети. Срамота било.
     
    Последна измена: 6 септември 2020
    На LadyLollypop, Luminary, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  11. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    И од кога го родив детето, излегував и се пијанчев.
    Колку треба да си ограничен за да мислиш дека со раѓање на дете си станала домаќинка, негувателка или без свој живот.
     
    На tinka-mace, Mantub, CrazyGirl15 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Со раѓање дете се станува родител и нема врска со затварање дома, но и те како се има ограничувања.
    Еве јас на пример имам буквална слобода за искачање, за кафиња со другарки и другари, навечер имам искачано со колеги, колешки и.т.н, маж ми не ми направил апсолутно никакво ограничување, НО да речеме сум планирала пијачка во сабота вечер, а малата настинала, кашла, температура, значи виша сила, ама имам ограничување, не заради сипругот, туку заради моја самоодрговорност како родител.
    Да бев слободна, после работа со колешките и колегите можев да седам до бесконечност, а сега знам дека дома со нетрпение ме чека детето имаме активности и.т.н јас морам да ставам лимит на седенката заради родителска одговорност и грижа за своето дете.
    Или, сакам да одам на ручек со другарките после работа, ама сопругот е 2 ра смена и јас морам да одам заради детето, ручек да правам, да пеглам, да чистам и.тн..
    Значи, ограничувањето не значи ропство од мажот, туку и еден вид лична одговорност за детето и семејството.
     
    Последна измена: 6 септември 2020
    На Purplelilac, kalinaka, FVP и 14 други им се допаѓа ова.
  13. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Секогаш имаш одговорност према некого. Родител, дечко, маж, дете... Ако сакам да излезам и да седам до бесконечност, маж ми ќе го причува или некоја од бабите, што во никој случај не би ме направило лош родител.
    Не гледам живот во седење до бесконечност секоја вечер и пијанчење, туку промашен живот и расипништво, дури и кога би немала ни дете, ни маж.
     
    На Snowflake97, candy.cane и IRBBB им се допаѓа ова.
  14. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Да, ама најголемата одговорност е спрема детето, не е иста со онаа спрема дечко да речам.
    Јас сум искачала и сум седела и мм го чувал детето, сум го оставала на свекрва, мајка и.т.н,но има ситуации каде и он има обврски, а баби и дедовци нема секој на дофат во секое време.
    Има млади луѓе што се скроз сами на себе оставени, има луѓе што имаат баби дедовци ама не сакаат да им ги чуваат децата...
    Значи во секој случај не е исто.
    Кога бев девојка секој викенд петок,сабота, недела сум била излезена, заглавував и после спиев до 2, а сега не можам да дозволам вака, колку и да имам финансии, слобода од мм и помош од баби.
    ПС секое искачање не значи пијанчење.
     
    Последна измена: 6 септември 2020
    На Purplelilac, Mikha4, baby-star и 5 други им се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не е само од финансиски аспект. Туку поимот неиживеаност, за кој порано или подоцна некој ќе се кае. Знам доста фамилии кои се земале на 18-20 години. Од кафани неможеш да ги собереш. Зошто да си го комплицирам животот, кога може да уживам уште неколку години. И да, тоа подразбира менување на партнери. Од каде ќе знам што е добро за мене, ако не го искусам и лошото. Башка, кој ме брза. Има време за се. Дека некој е спремен на тие години да биде мајка или татко не е, и не може да ме разубеди спротивно. Дека децата и те како го менуваат животот во голема мера, го менуваат. Нормално, постојат луѓе на кои тоа им е желба уште од прво одделение. Меѓутоа јас така одлучив. И двајцата имаме поминато премногу во животот, што моментално ни останува само да си уживаме на поинаков начин од претходно. Навистина не гледам со восхит према бракот. Секој се мажи/жени, не е некое достигнување. Ама да стапам на 20 години, ќе се каев за многу работи.
     
    На SummerGirl, Tanjamm и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Јас да сум владетелка би ставила закон за забрана за склучување на брак за лица под 18 години без основ за жалба!

    Под 18 години сеуште се смета детето за дете кое “плива” во тинејџерските води,сеуште “лета” и мисли дека се што лета се јаде.

    Не може дете да воспитува дете. Не може дете кое не созреало,не видело ништо од светот, не искусило предизвик да станува родител. Што ќе му раскаже на своето дете во иднина за себе?

    Родителството не е најголем успех во животот.
    Да имаш амбиции, да сакаш да видиш и прошеташ и да видиш што ти нуди животот е најголем успех. Кога ќе поминеш се,и шуто и рогато тогаш сам психички ќе се почувстувуваш спремен за родител.

    Да знаеш не само да се справиш со ситуации туку и да ги спречиш.
    Можеби покрај детето ќе спознаеш многу ситуации кои ќе ти бидат чудни и нема да знаеш како да ги совладаш затоа што како дете не си ги поминал. Како дете си чувала бебе во раце.

    И од финансиските аспект и од кариерна гледна точка чувајќи дете уште од мали нозе не е најголем успех. Помирете се, не е.

    Да седам дома,да изигравам домаќинка и да му ги јадам парите на маж ми, да се фалам по комшии колку сум постигнала во животот е филм на просечна зацутана жена.

    Барем денес се е достапно,да имаш свое “јас”, своја плата и нешто зад себе створено и остварено е УСПЕХ.

    Што се однесува до членката што се омажила на 17 години сеуште не знае дека пропуштила многууу и сеуште и се детинести мислењата,бидејќи таа во себе сеуште е дете,а за да пораснеш треба да поминеш уште многууу за да можеш да размислуваш зрело.
     
    На edna_malecka, deskarada, baby-star и 8 други им се допаѓа ова.
  17. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Не е исто, да, меѓутоа не гледам зошто би било траорно. Јас па не можам да ги разберам оние жени кои како само тие да имаат дете. На секое "ај на кафе" се вади на детето. На секое "ај да излеземе", не можела ради детето. И веројатно истите тие жени се со став дека по раѓање на детето животот им завршил, бидејќи така и е во нивниот случај. И јас имам дете, па никогаш не сум изискувала од социјален живот. Нормално дека не можеш да излегуваш секоја вечер до касно, имаш одговорност, да, ама која е поентата на излегувањето секоја вечер и безделничење. Еве ќе ти кажам како личност која што проаѓала луд најтлајф едно две години, секоја вечер, кога имав 20тина. Зад маската на хаос-лудило, таква депресија се крие, да е тоа страшно. Никогаш не би излегувала веќе така, дури и да немам одговорност кон никого. Трошење пари, енергија на глупи муабети и небитни луѓе. Демек забава до бесвест. Секое сабајле аспирин и прашање "што правам јас со животот". Верувај дека бема ништо забавно во тоа. И сега знам да излезам и заглавам, во просек еднаш месечно, некогаш и два пати ако има повод. Си го земам и детето на кафе ако одам со пријателка, некогаш го оставам да го причуваат. Нормален живот, супер све. :)
     
    На IRBBB и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.131
    Допаѓања:
    36.358
    Пол:
    Женски
    Затоа убаво пишав дека не е исто да се омажиш на 18 и на 28. Колку можеш да проживееш, а само што си излегла од школските клупи? И не знам зошто мислењата се сметаат за напад.
     
    На deskarada, Anie93, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  19. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто сте толку против бременост на 18 години, а поддржувате фрлање пари по инвитра на 40и кусур, лежечка и патолошка бременост или тотален неуспех да се зачне.
    Иако и сама родив дете подоцна, не гледам што е толку ин трендов со 40+ бременост, а аут со бременост во 20тите, кога е и најприродно жената да роди.
     
    На flawless., Dalia93, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    12.724
    Без учење и постојано надградување во Македонија не ни можеш да најдеш работа, а не пак да напредуваш. Само со средно и без знаење на јазик, познавање на работа на компјутер, си неписмен. Само со некоја јака врска може да те бутнат некаде, ама каде? Јас имав две другарки кои беа многу уфилмани дека ќе имаат кариера, двете сакаа да бидет докторки, а денес се домаќинки. Ми се смееја додека се убивав од учење, џабе било. Преку обуки работно нема во кој хотел во Македонија не сум престојувала, а тие од дома не излегле. Едната се уби од фалење кога се вработи во чевларство, и тоа за 40 денари по час, демек многу е. Па нема ни за четврт бурек, а бурек без јогурт не оди. Потоа остави. Смешки. Генерално сите се слабо платени, но човек мора да се бори за подобро.

    Тешко е во Македонија во секој случај.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.