Ептен ми е интересно како личности што се соочиле со несакана бременост, се обиделе да ја прекинат навреме со таблети, не успеале, па сега други луѓе нарекуваат убијци на деца поради абортирање. Прејако. Брука е ова да го речеш и да се чукаш в гради како мудрост на векот да си кажал, а во минатото буквално истото си се обидел да го направиш, само на малку поинаков начин. Никогаш не постои вистинско време кога ќе си комплетно спремен за потомство бидејќи секој родител од денот откако дознава дека чека дете, не мирува веќе. Одговорноста е голема, најголем дел од секојдневието и вниманието ќе бидат посветени на детето за да порасне во нормална индивидуа. Какви искуства и знаења ќе му пренесам јас на едно дете на 17, кога ни сама за себе во тој период не би знаела да се грижам, а треба да сум му пример на едно такво мало суштество? Тој тинејџерски период е особено чувствителен, најмногу и поради тоа што буквално од ден на ден се менуваш се' повеќе и е време кога си збунет и не секогаш знаеш што сакаш. Реално, најчеста причина за стапување во брак од нигде никаде се оние две цртки што никој не ги ни посакал во тој момент. И ако сака да абортира вака- супер, нејзино тело е и апсолутно ниту еден човек на светов нема право да плука по ова. А ако сака да го роди- нека повели, ќе ѝ посакам само со лесно да ја износи бременоста и да може да се справи со таа одговорност што дефинитивно не ја планирала. Помалку гледање во туѓ двор и уште помалку плукање и лепење етикети на некого само затоа што донел одлука што му го менува лично неговиот живот, а нема допирна точка со вас.
Имам во фамилија девојче што скоро се вери. Не би да пишувам подетално, ама она е убедена дека е супер да си домаќинка и да родиш на 17 години. Не знам дали така ќе мисли за едно 10 години.
Ако некој/а стапи во брак на 18 години, не го/ја судам. Зошто? Затоа што не сум никоја да се мешам во туѓи животи. Некој сака млад да стапи во брак и да створи семејство. Јас лично сметам дека да се стапи во брак на 18 години е многу рано. Зошто? Затоа што поголемиот дел од тие што имаат 18 години, па и 19, 20 нека се мислат дека се' што лета се јаде и дека бракот е само го сакам, ме сака, секоја чест на исклучоците. Тоа е првото нешто. Второ, личноста на 18 години или е штотуку излезена од училишните клупи или се' уште е таму, а тоа значи дека се' уште е зависна од родителите. Јас лично сметам дека една личност пред да стапи во брак треба да се осамостои. Трето, сакам да си бидам слободна, да поминувам време сама, да си уживам со друштво, а најголема желба ми е сама да отпатувам некаде. Не дека во брак немаш воопшто слобода, но сепак пред брак и во брак не е исто. Некому во брак му е подобро. Ама јас не би стапила во брак без да си ги направам работите што сакам да ги направам пред тоа. Тоа е само мое мислење и ве замолувам да не го сфаќате погрешно, односно како напад врз вас.
Верувале или не јас во 9то одделение дознав што е тоа и бев згрозена се осеќав некако "прљаво" не знам како да опишам Бев многу мирна и повлечена уште со кукли си играв.
Да не ја должам многу, останав бремена во 18тата, дечкото сакаше да абортирам и не се ни земавме. Поминаа години, не сум со него. Големи планови имав, средно сестра завршував, се спремав за студии во Скопје по медицина и на крај испадна позитивен тест за бременост. Родив дете како самохрана мајка, останав без факултет и не остана ни другарка до мене, ни работа имав, ништо. Да не беа моите ќе бев катастрофа, без скршена пара. Секако дека се каам за грешката, се беше пекол, цел живот ми стана ужас. Имавме без кондом секс, секако моја голема грешка, прв партнер ми беше, демек поискусен и бидна. Зошто не абортирав може ќе си речете? Спремна бев, отидов да абортирам и се вратив дома, ми беше страв да не избрзам и да ми е криво потоа. Ја имав среќата да мојот гинеколог тогашен, мојот сегашен сопруг, ми е најголема поддршка додека проаѓав низ цел тој пекол и така некако се роди голема љубов меѓу нас. Прв брак ни е и на двајцата, он свое биолошко дете за жал уште нема, дај боже наскоро ќе имаме. Јас пак млада се омажив, но да не останев бремена сигурно немаше да е така, така мислам барем. Но, каде бев пред некоја година и каде сум сега, не се споредува. Ќерка ми ја сака како негова вистинска ќерка, за жал да живеев од негови финансии последниве години, но еве тек сега запишав факултет. Глупаво ми беше што не работев, што останав со средно иако неговата плата е добра, но не е тоа, не сакам некој да ме издржува. Вонредно ќе студирам, нема да го остварам сонот што го имав кога бев 18, но тоа беше цената што ја платив за една грешка од секс без кондом. Да можев да го вратам времето се ќе беше поинаку, но тоа е. Би ве советувала памет во глава и ниедна да не го доживее тоа што го доживеав јас. Претешко е да само што завршиш со средно станеш мајка и цел живот ти стане сосема поинаков и сите планови да ти се променат. Немојте да брзате за брак и уживајте во младоста.
Поентата е малолетни да не посегнуваат по секс, ниедна заштита не е 100%. Не е нож под гуша, уште циклусот не стабилизиран од првата менструација, нити органите доволно оформени за да посегнуваш по секс, камоли по хормонски апчиња како што е норлево. Убаво е да се едуцираш, да читаш, ама не да применуваш во пракса на 16 години. Цел живот ќе имаат секс, не мора и во детството.
Порано и полошо било. Сега и да не ти кажат од дома, ќе дознаеш на интернет. Не знам зошто го зборите периодот пред неколку години, кога тогаш било исто ако не и полошо. Ако детето не го научиш како се прават деца, како се заштитува од забременување и пренесување на сексуални болести, тоа може да дознае по потешкиот начин баш заради желбата да дознае. Не зборувам дека ова е секаде вака. Еве кај тебе и кај милиони други испаднало океј. Ама многу од тие бремености на млади години се ради ова, ради љубопитност и незнаење. @ilyan на ова мислев. ^
За брак под 18 години муабет не треба да се прави. На 17 години се' уште родителите имаат одговорност за детето.
Невкусно е и да се коментира нечие затруднување на 18 или помалку години и да се тера на абортус, демек неизживеани биле. Никогаш не би ја терала ќерка ми да абортира ниту на 15 години, за да не и се сјебел демек животот. Милион жени има кои абортирале на млади години и ден денешен се каат за тоа, не можат да забременат и се во тешка депресија. Ниту едно дете не може да е грешка, ниту па може да те спречи да си напредуваш во животот или да те десоцијализира. Ако некоја е смотана и не може да се организира, ни со дете ни без нема да знае.
Не видов дека некој некого тера да абортира. Никогаш не би ни одбранила нешто такво. Ама многу незрело од твоја страна што маваш на болна тема.
Учевме дека се спојува машка и женска полова клетка. Како дете од 14 години не го разбрав тоа и сама се едуцирав и плус во средно се детално учевме
Јас тебе не те посочив. Многу е незрело и да имаш став во врска со туѓа бременост на 18 години, па уште и да нагињаш кон абортус како опција, како многу членки тука. Јас не сметам дека личност на 18 години е дотолку незрела да одлучи за себе, ниту па сметам дека после раѓање на дете животот замира. Тоа можеби ако живееш во некое планинско село без струја и вода, а како што гледам тука сите имаме дури и интернет и можност да си го организираме слободното време.
Баш сакам овакви реални луѓе како тебе, секоја чест на храброста да споделеш вакво нешто овде, ти посакувам среќа во иднина и убави моменти со детето <3
Ама не е погрешно да се има став. И што сакаш всушност да се пишува во тема: Причини за рано стапување во брак?
Јас да имав на 18 години дете не знам што ќе правев, прво за дете и бебе немав појма ништо, второ, ќе бев несреќна пошо не сум остварила некои работи. Ама мешате дете и брак. Ако косата ви се крева од помислата дека некој во 20тите стапил во брак, може треба да се преиспитате колку години имате и дали на тие години што ги имате е нормално уште мама да пере гаќи и да не знаеш еден помфрит да спржиш. Америка била лоша, во америка немало блискост ко кај нас, е ама америка децата дали работат дали студираат без разлика, од 18 натака си ги бркаат домашните обврски и се околу себе. Мислам, и јас сум слушала муабети од девојчиња кои као мислат дека се еманципирани, они со маж да се врзат боже сачувај А уствари од друга страна, дома мама им оди по газот а се +20. Ако сте независни и самостојни стварно, врска или брак, нема ништо да ви смени, не треба да ви смени Ама под независност не се подразбира мама и тато да средуваат се