Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Не е погрешно ни јас да имам став во врска со другово што рече дека е болна тема. Можеби на некого ова му е болна тема, па сепак се коментира?
    Не гледам разлика.
     
    На tinka-mace и candy.cane им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Која генерација си?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Мене ме чуди што мајка барате да се мажите ако бракот е за вас само проблеми.
     
    На Dalia93, noteforself, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Така од дома им покажале. Кога гледаш твоите како се караат цел живот, се туфкаат, не ни знаеш дека може да е бракот уживање. Затоа испуцај се пред брак (facepalm)
     
    На Snowflake97, tinka-mace, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    99та.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Епа помлада си, ние немавме којзнае каква едукација за сексуално образование но и табу тема ни беше.
    Час,два дали ама тоа не е доволно за да запомнат што значат одредени работи.
     
    На baby-star, SummerGirl и candy.cane им се допаѓа ова.
  7. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Кимберли е помала од мене, затоа се зачудив.
    За во "твое" време верувам дека било поинаку во училиштата, ама сепак јас сметам дека од дома веќе треба тие работи да се расчистат.
    Не е ништо срамота детето да знае што е секс и како настануваат деца, а не до 15 години да се мисли дека штркот ги носи.
     
    На spacegirl92, flawless., tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Апсолутно.
    Само не секој родител размислува така.
     
    На baby-star, tinka-mace, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Еве јас сега да бев дипломирана и вработена би се земала со либе:rofl:
    Најсериозно. Долга убава врска не треба да е поразлично од брак.
     
    На flawless., Luminary, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира кои се тие 20 годишници што имаат пари еден куп :^) Пари од тате? Тоа не се негови спечалени пари.
    Не верувам дека е сменета програмата од пред 4 години и оваа што е сега, плус за репродуктивен се учи и во 6то. Да не си била болна кога била таа тема? :D
     
    На flawless., baby-star, Ladybug98 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Me nasmea, me potseti na opravdani, neopravdani,beganje od cas...


    Kako be ne ste ucele...ajde ne zafrkavajte jas pred 2o i kusur godini bev osnovno, nosea doktori i organiziraa predavanja za zastita pri odnosi, za seks, polovo- zarazni bolesti, menstruacii i slicno.
    Zatoa sto se osetlivi godini, posebno predavaa na maski,posebno na zenski, da ne se sramat i da ne se zafrkavaat!
    Klasnata isto taka ni drzela predavanja!
    Ili jas mn sum slusala ili obrazovanieto otislo out!
     
    На flawless., Ladybug98, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    179.932
    Уште Југославија не беше распадната, интернет не постоеше и негде во 6 то, 7мо одделение знаев теоретски што е секс.
    И не ми се верува што читам како сексуална неписменост била причина за рано влегување во брак:(. Жално.
     
    На spacegirl92, flawless., Mikha4 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Затоа што го спомнуваш тоа што јас го пишав, алудирав на непланирана бременост (и општо секс ) на млади години.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.227
    Допаѓања:
    7.455
    Некои од тате можеби, но јас познавам успешни млади кои се избориле и створиле. Можеби немаат факултет, но ја имаат другата - „уличната школа“ и страшен сенс за бизнис. Имале идеа, и се држеле за неа и ризикувале.

    Се согласувам со тебе. Незнам како жениве размислуваат дека ако некој се омажи рано, станува роб на мажот. А којае разликата во тоа што еве поголем дел ќе се омажат покасно, и ќе бидат роб од 28-30 години? А можеби некоја ќе се омажи на 20 и животот ќе и биде песна бидејќи маж и помага, и ги делат обврските.
    Годините немаат врска со тоа колку вие ќе робувате во бракот. Ако си најдете самостоен маж, кој ќе пушта машина, џогира дома, мие садови/пушта машина за садови, не расфрла по него и тн, убаво ќе ви биде и на 20 и на 30, и на 50 години. Ако се мажите на 20, не значи дека сте за синџири врзени. Колку млади има во брак, и сепак со шетаат, и со децата ако имаат деца.
    Стварно незнам некои од вас како ги поврзуваат работите. Правото на слободна важи за секој човек, во секоја доба од животот! Како вие ќе се поставите е апсолутно само ваша одлука/кривица.
    Еве јас не сум омажена, но живеам скоро 2 години со дечко ми, а 8 год сме заедно. Ми помага во се’. Сабајлево станав покасно. Кога се разбудив веќе машината за садови беше пуштена, завршена, и садовите кренати. Исушените алишта здиплени, гравчето сварено, у пудинг направил :l: Срце мое. Мајка ми пример на сон само може да очекува така, и секогаш и викам дека сама си го научила тато така. И знам дека утре и да се омажам, исто ќе биде. Ќе имам маж кој ќе помага, воопшто не ни сметам дека ќе бидам роб.

    Ама кај некои од вас (не сакам да ве навредувам најозбилно) уште стои некое примитивно размислување. Со примеров сакам да ви ги отворам очите, и да знаете дека вредите исто колку маж ви. Нема причини зошто да работите повеќе од него и да се трудите - тој мора да биде вклучен во се. Ако сте жена не значи дека животот завршил и дека не можете да излезете во фустан во кафана со друштво и да пиете, и дека дома треба да седите и само детето, домот и ништо повеќе.
     
    Последна измена од модератор: 13 септември 2020
    На Mikha4, noteforself, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Затоа што мојте родители не беа толку опен мајндед за да ме едуцираат , јас за се околу сексот и последиците дознав од интернет и еден час во училиште . Секако , никој не ми кажа дека кондомот може и да пукне . Сите го претставуваа како најбезбедна контрацепција .
    Ете колку си ти лично едуцирана . Норлевото е спречување на јајце-клетката да се оплоди . Ти немаш плод во себе за да бидеш убиец , а со самото пиење на апчето , спречуваш да имаш плод . Се правите едуцирани а не знаете вакви прости работи |( како би убила плод што го нема сеуште |( ?
    Не бе они се едуцирале и проживеале повеќе од тие што стапиле во брак и родиле на 18 , а најголем успех им е што научиле јајца да пржат . Сакале да шетаат и да уживаат , еве ја сестра ми , шеташе до 29 , сега забремени и милион проблеми има во бременоста , што ако учеше и се вработи , кога остана бремена имаше куп проблеми - циста на јајник ( фала богу со соодветна терапија цистата пукна , среќа беше од водените цисти ) , кога требаше да се пази од стресови и да мирува , работодавачот и правеше проблеми за боледувањето а се погоди и коронава баш беше во пикот а таа со 5-6 недели ептен беше ризична ( работи како сестра во склоп на амбуланта на матичен лекар ) . Па кога гледам од овој аспект , среќна сум што родив рано , барем немав стресови како сестра ми . Среќна сум што не сум ограничена во флексибилност и движење . Се друго може да чека и кола и работа и се . Не знам што има тука страшно и примитивно .


    Научете дека shit happens во животот и не секогаш треба да го изберете најлесниот пат . Да , можеби немаше да се мажам ако не бев бремена и се одлучев за абортус , ама за да се одлучиш за абортус можеби треба и сама да немаш срце и душа . Кај мене тоа не е случај . Многу сум емпатична и кога го слушнав срцето на син ми како чука во мене ( 6-та недела бев кога открив дека сум бремена ) ЈАС НЕМАВ СРЦЕ да го абортирам . Од маж ми имав неизмерна поддршка за било каква одлука и да донесев , ако одлучев да абортирам , ќе ме поддржеше . Но , јас сакав да го родам . Парите и кариерите ќе ве гушнат ли навечер пред спиење ? Ќе ви кажат ли " мамо те сакам " ? Ќе ги бакнете пред спиење ? Било и тешко и жешко , имало денови кога не сум спиела затоа што бил болен , ама тоа нема да ме натера да се каам за изборот . Ќе се каев ако го убиев и продолжев со животот како ништо да не било . Ќе се каев ако родев на 30+ , бидејќи породилното трае 9 месеци , а после 9-тиот месец почнуваат поголемите потешкотии со детето ( заби , температура , проодување ) кога самото дете си сака и многу поголема грижа и внимание отколку кога е скроз бебе . Тоа секако цел живот си сака внимание и грижа , тоа е неоспорив факт , ама тој период најмногу сте му потребни . Како јас да не спијам по цели ноќеви да бдеам над детето и да бидам способна утре да одам на работа ? Ајде ќе издржиш еден ден , ама после ? Или ќе му донесеш бејбиситерка дома ( што можеби нема ни да го погледне ) додека тоа вади заби со 40 тт ?
    Не знам за вас , ама според мене , можеби не сум ги остварила работите што ми биле приоритет , ама знам дека созреав и сфатив дека ништо во животот не е толку важно колку децата . Една нивна насмевка ти го разубавува денот , за една нивна солза светот ќе го запалиш . Кариерата нема да ти се насмевне , нема да те прегрне .

    Вие си знаете . Ве воспитувале да бидете себични , без трошка емпатија и совест . Како ли спиете мирно после абортус ? Јас би се убила , не го можам тоа . Веројатно до мене е , воспитана сум и глувчето во визба да го сакам иако ми прави штета .
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    933
    Допаѓања:
    5.100
    Поголемиот дел од девојките кои ми се познанички, другарки, колешки имам приметено дека се мажат бидејќи останале бремени. Некои дури имале и по 18-19 години кога се омажиле. Не велам дека не сакале или морале, можда така си планирале - нивен живот. Сепак, мислам дека тоа се премлади години за да бидеш мајка, сопруга и да имаш такви обврски. Јас повеќе би сакала да прошетам и да запознаам нови култури, да пробам нови јадења, да видам нови места и сл. отколку да се затворам дома и да бидам домаќинка. Пак ќе речам, секој си знае за себе.
    Поголем дел од моите школски другарки се омажени, некои веќе си имаат и дечиња, а се уште немаат доволно доходовна работа со која би живееле нормален живот. Ама тие си знаат - можеби им е добро да бидат цел живот зависни од родителите, мажот или сл. Јас сум преокупирана со тоа да си најдам добра работа или да одам во странство за да живеам подобар живот кој во иднина би го живееле и моите идни деца. Едноставно, сакам да им овозможам полесен и живот со помалку нервози на децата.
    Повеќето од сопружниците кои ги познавам живеат во заедница, што можеби за нив е супер, ама јас не би сакала да живеам со никој освен со идниот сопруг. Најдобро е сите да ни доаѓаат како гости, а не да се нервирам со свекорот/свекрвата, па золвата цело време била тука итн.

    Друг вид на парови што ги познавам и кои се решаваат на брак се оние кои тоа го прават за да добијат документи. Едниот добил виза за Америка или бугарски пасош, па се регистрирале. За ова и немам нешто кој знае што да напишам, сите што направиле вака се подолго заедно, па не ни се осеќа дека се земале. Секој се надева на подобар живот, па можеби мислат дека ќе го најдат некаде надвор од тука на овој начин.

    Според мене поголем проблем е она подоцнежно влегување во брак проследено со притисок од општеството. Кога ќе слушнам ‘леле, направив толку и толку години - кога ќе се мажам, кога ќе родам дете?!’ едноставно косава ми се крева. Па ќе најдат некој што им се нашол на патот и ќе се промажат ради реда што би се рекло, па ќе ги трпат сите негови однесувања - за што?! Зошто им ‘дошло времето’. Значи во ред е да не се мажиш, во ред е да не родиш дете, во ред е ако не сакаш, во ред е ако не можеш... Зошто да се осеќаш дека нешто мораш, а на крај главата од ѕид да си ја лупаш заради некои си без врска муабети од околината?!
    Да не ме сфатите погрешно, не сум против за влегување во брак на одредена возраст, туку за тоа ‘морам, што ќе ќажат другите, стара мома ќе си останам’. Што му фали да си останеш ‘стара мома’ ако тоа тебе те прави среќна? Не ти треба маж или дете за да си среќна, можда сакаш кариера да си градиш на пример. Зошто амбициите да ти се рушат поради очекувањата на околината?
     
    Последна измена: 7 септември 2020
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Пред се , се извинувам за две мислења едно под друго , но сега видов дека членката ме цитирала .


    Ние не си штетиме , ние прво и воопшто не зборуваме со семејствата . Сум кажувала и предходно дека маж ми не си ги познава вторите братучеди од на дедо му страна , заради еден имот еј . Ужас . Ден денес не зборува свекорот со неговата фамилија . А години поминале , тие што се карале за имотот се одамна починати . Кај Албанците го нема тоа . Во комшии имаме Албанец што живее и работи во Србија ( таму е Србин , има сопруга и деца , има и тука сопруга Албанка и деца со неа , па како султан Сулејман , една недела е овде една недела таму ) , заработува човекот и купи куќи на неговите двајца браќа , и на двете деца што ги има со Албанката овде . Ова семејство што го има овде знае за семејството во Србија , но наместо да се кодошат како " тужибаби " , тие го поддржуваат . Ние очи ќе си ископаме кој побрзо ќе стигне да го наклевети родениот брат . После не корона , некоја шпанска треска ни треба , да не удри од земја малку .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам, никој да нема сестра како тебе. Безобразница. Да се сити на туѓата мака.

    И како информација, и на 18 години можеш да имаш циста и порано. Па ајде сите да забремениме по првата менструација на 12-13 години за да немаме ризик во бременоста?
     
    На spacegirl92, Lady D ❤️, Purplelilac и 15 други им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Каде виде дека се ситам ? Затоа што пишав дека сум среќна што сум здрава ? Тоа е ситење на туѓа мака за тебе ? Знам и дека може да имам циста и на 16 , па и на 14 дури . Едуцирана сум до толку . Тебе срам да ти е што извртуваш работи . Наместо да ставиш акцент на маката што ја имаше со работодавачот ( иако долго работи таму ) што кога и требаше највеќе , со молење и чуда одвај ја пушти на боледување , ти извртуваш зборови .

    П . С . Всушност , баш тоа сакав и да го нагласам . Имаше патолошка бременост до скоро , а работодавачот не сакаше да ја стави на трудничко во време на пандемија со ризична бременост . Тоа ми беше главната поента на муабетот , ама се ќе видите и ќе прочитате , само баш поентата као случајно ќе ја пропуштите . Го послчив како проблем со кој јас не би можела да се соочувам , на нејзино место . Секоја и чест како издржа мушки до крај . Еве сега и поминаа кризните месеци , бебето си расте , и ограничувањето и заврши , веќе не мора да лежи постојано . И среќна сум што успеа да се избори за своето право наспроти работодавачот . Ако јас и се сотев на сестра ми , немаше да и бидам толкава поддршка во цел тој период кога таа стравуваше за бебето , јас бев покрај неа и секогаш ја тешев , и кажував дека се ќе биде во ред да не се секира , да слуша доктор . Секогаш кога требаше да се изработи нешто јас скокав да изработам , иако и јас сум бремена истовремено со сестра ми . Нормално дека не би ја оставила да работи во таква ситуација . Колку пати сум ја искарала што ги земала децава мој во скут , од страв да не му се случи нешто на моето внуче .
     
    Последна измена: 7 септември 2020
  20. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Мене да ми е срам? Јас не се удирам у гради дека сум забременила на 17 години а сестра ми дури на 29 и има ризична бременост. Тоа што имала проблеми со работодавачот не е нешто непознато барем кај нас. За разлика од тебе се трудела и работела нешто. А верувам дека и не пишувала на форуми кога си ти била во тешка ситуација и не се споредувала со тебе, колку нејзе и е добро а тебе лошо.
    Роди и уште 10 ако сакаш, после се' што напиша, се' ни е јасно.
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️, Purplelilac и 13 други им се допаѓа ова.