Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.985
    Допаѓања:
    179.930
    Ама тебе муабетов не ти За рано стапување во брак туку Против стапување во брак на вработени жени:D
    Кажи -сите невработени да се мажите и супер ќе ви биде:rofl:
    Стара се мажев иначе, и стара родив дете без проблеми. И се надевам се ќе ти биде според планот во животот и бракот, и покрај смешните аргументи.
     
    На spacegirl92, Celltica, nena2010 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Мене ми е јасно после се што напишав дека ти ќе вртиш како тебе ти е арно . Дали сестра ми пишува на форуми или не е нејзина работа . Се трудела да , ама работодавачот тоа не го ценел кога на сестра ми и требало најмногу ! Тоа го забораваш ! Затоа сум критички настроена за кариера па дете , затоа што не знаеш што може да ти дојде на глава ! Аман се да ви нацрта човек |( .
    @Biljarkata јас цело време пишувам дека сум стапила млада во брак и сум родила млада , па дека и покрај се тоа имам амбиции за да си остварам зацртани цели , ама како се фаќаат за ситници така и муабетот оди во сосема десетти правец . Ако некој може да издржи да работи 8 часа а цела ноќ да не спиел затоа што детето има температура 40ка , ок . Јас не би можела така да функционирам . Тоа беше првобитната поента на муабетов со сестра ми . Кога и требаше на девојката највеќе , кога и беше ризик секое излегување од дома , работодавачот се ценкаше со нејзиното здравје . Одвај на трудничко го пушти девојчето . Ама овие светциве тука обожаваат да кажат како се ситиш на туѓа мака и лупетаат , па после крив е Цацко што темата оди во друг правец .
    Јас не знам , дали јас лошо се изразувам , дали вие не знаете да читате меѓу редови , или едноставно така ви одговара кога пишувам јас да не читате меѓу редови и се она што е напишано да го сфаќате погрешно ? Доста ми е веќе аман . Ако не знаете да читате меѓу редови , тогаш воопшто не ги читајте моите мислења . Не секогаш имам желба да објаснувам до детал . Не секогаш имам желба да напишам до ситница како и што било . Аман .
     
    Последна измена: 7 септември 2020
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Извини, ама абортусот на една оплодена јајце клетка, не знам како е убиство. Тоа само кажува дека биологија воопшто не си ни учела на школо.
    Друго, на секого не му е приоритет веднаш да има деца, или пак воопшто да ги има. Јас живеам пред се, за себе. Животот не ми завршува ако родам дете. Со твоите коментари наликуваш дека твојот живот е концентриран само кон расплод. Сепак, има многу повеќе убавини во животот од брак и деца.
     
    На spacegirl92, Lady D ❤️, FVP и 5 други им се допаѓа ова.
  4. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Никогаш не знаеш што може да ти дојде на глава, а критички си настроена затоа што никогаш не си имала избор да бираш дали кариера или дете прво. Т.е ти си го имаш скратено тој избор.
     
    На spacegirl92, candy.cane, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Извини , ама ја тупиш . Оплодена јајце - клетка = плод односно ембрион . Ако пиеш норлево , тогаш не доаѓа до зачнување односно до ембрион . Што не е јасно ? Откако ќе дојде до оплодување , сигурно не дознаваш одма дека си бремена ( ?! ) па само за домашен тест треба да ти доцни барем неколку дена (facepalm) јас не сум учела биологија или .. ?
    Јас не сум имала избор , сум имала жив пример . Девојче што абортираше на 17 , и се искомплицира и сега е неплодна . Сега лупа глава у ѕид , камо никогаш да не абортирав . Јас имав избор и избрав . Сестра ми имаше избор и доживеа стресови , особено кога ковид позитивен и дојде на преглед . А таа со ризична бременост . Никогаш не сум ја видела попотресена и поисплашена . Секако дека и јас бев потресена кога ми кажа за случајот , го молев Бога да испадне се добро , затоа што таа заслужува да е среќна после се . Ама и се заблагодарив на Бога што јас одбрав дете пред кариера , бидејќи во ваква ситуација не ќе можев да се борам со својата психа , жива ќе се јадев . Борец сум да , ама имам свои слабости . Се трудам да бидам јака , ама кога здравјето на најблиските е загрозено , тогаш потклекнувам на психа и вооопшто не сум јака . Жива се јадам иако не сум директен предизвикувач за да ги доведам во одредена опасност .
    Критички сум настроена бидејќи ниту една институција не си ја врши работата , владее волјата на работодавачите . Ако сака да те пушти ок , ако не , ти треси се дали ќе фатиш корона или некаква шуга .
     
    На tina2018, tinka-mace и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам , и јас ќе правам 31 година , не сум во брак ,но ако сум го нашла правиот ќе се мажев и на 18 год , зошто да не
    Сега на 30 год , нема нешто посебно освен шетањето зад себе и факултетот , дека постанавме милионерки што чекавме олку НЕ ,
    Секој со својата среќа , и доколку си се сакате со партнерот не се битни годините ,стапнете си во брак.
    Единствено што ме нервира што во МК мажените жени не одат во диско или на забави , и тоа е само тука !
    Сметам дека човек мора да се забавува :)
     
    На LadyLollypop, Sahlene, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    И јас сум една од „бездушните“. Ти си го направи твојот избор, си решила да го родиш. Во ред. Ама немаш право да навредуваш. Да ми се случеше мене ова на 17/ 17,5 години, дефинитивно ќе абортирав. Зошто? Затоа што на овие години се‘ уште сум малолетна и родителите имаат одговорност за мене. Второ, знаеш ли колку мајки што се омажиле многу рано ги обвинуваат децата за нивното мажење и за тоа што имале непроспиени ноќи? Знаеш ли што трпат овие деца?

    Ни моите родители не беа баш со отворен ум, ама затоа тука е интернетот. Како што можев да видам по другите теми не си којзнае колку постара од мене. Јас имам 21, за 5 месеци 22 години ќе полнам, а како што забележав ти имаш 24/5 години што значи и кога се случила таа твоја непланирана бременост, имало интернет, а интернетот е полн со се‘ и сешто и тоа што не си знаела дека кондомот може да пукне, извини, но не ти е оправдување. Во 21 век да имаш смешно оправдување е срамота.

    Точно дека парите и кариерата нема да ме гушкаат навечер, но јас сакам да се остварам. Пишав погоре дека би сакала барем еднаш во животот да патувам сама некаде. Кога го кажуваш ова, делуваш како некоја постара жена што ги заморува помладите луѓе како треба да раѓаат наместо да гледаат кариера. Не сум материјалист,напротив, ама сакам да имам стабилна работа. Сакам да имам дете, но ако немам доволно финансии или уште зависам од родителите, не можам да родам под такви околности. Не сакам да страда заради мене. Исто така не сакам мојот маж да ме издржува.

    И уште нешто, не знам кој е побесчувствителен, дали таа што решила да абортира поради икс причини или ти која си решила да родиш, а применуваш ќотек? Ајде тоа, туку и не прифаќаш совети, а уште помалку критики, па уште и ти се повраќало од нас што не сме ти почитувале мислење. А во таа тема имаше причина за тоа. Поддржуваш кривично дело. Поддржуваш насилство. Малку отидов надвор од темата, но морав да го споменам ова кога веќе зборуваме за бесчувствителност. Но, кога ништо не допира до тебе, залудно ти објаснуваме.


    ПС: МОИТЕ, а не мојте и НОЌИ, а не ноќеви.
     
    Последна измена: 7 септември 2020
    На spacegirl92, Lady D ❤️, CameliaMiller и 10 други им се допаѓа ова.
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Секоја непромисленост и избрзаност доведува до погрешен избори, па и ускратување на многу нешта, права и планови.

    Да имаш секс на 17 притоа недоволно информиран не само што е примитивно однесување, туку чукање директно
    со главата во ѕид.

    Никој не спори дека бракот како институција не е уживање, но не под цена и околности на двајца несозреани личности оти само им "пукнал" кондомот при првиот секс.
    И да, среќата е релевантна ама дека финансиите, искуството и работата се ите како битен предуслов за среќа и самослога во брак се.

    Мене би ми било првично лично понижување да се мажам на 17 што освен ширење нозе со друг успех и не можам да се пофалам, па камоли да чекам од мажот да рмба за 25.000 горе долу и со таа плата да рани 5 усти.

    Инаку не е невозможна и нешто јака цел возењето на кола, нити па некој посебен успех, кога секој веќе има возачка дозвола.

    Јас не ја разбирам таа јака потреба за секс на деца и притоа нападни коментари кон оние кои се образувале, искусиле, вработиле па се мажиле.
     
    На spacegirl92, FVP, Mikha4 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.130
    Допаѓања:
    36.350
    Пол:
    Женски
    Треба да се мажиш на 18 години. Доволно имаш проживеано во животот. Остај ние што сме се мажеле покасно. Ништо не знаеме. На 18 години да бидам домаќинка, да нишкам бебе, да не спијам со ноќи, не фала. Да останев трудна на 18 години, ќе абортирав. Не познавам мајка која рекла дека добро направила што се омажила на тие години. Некој нека ми објасни што видело од животот девојче на 18 години?
     
    На spacegirl92, Amellie13, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.007
    Допаѓања:
    14.276
    Пол:
    Женски
    Абортусот не е убиство, аман веќе со овие затуцани сфаќања.

    А тоа дека на 18години веќе сте живееле сами благодарение на тебе е? Како собра финансии? Како што памтам имаше пишано дека мажот твој има океј работа, така да подобро да преќутиш отколку да се пофалиш за нешто што не си изградила ти.
    А алкохол се пие и умерено и доста се тешите, значи океј е да бидете среќни, задоволни со својот избор на живот ама дека тука треба да предавате како 18години е тамам време за мажење не е.

    И уште нешто, навредуваш членка дека за нејзе живот е секс со различни, абортуси едно друго, а ти што си имала секс на 16-17години??? Мислиш океј е тоа?

    Пие норлево ама е против абортус:D
     
    Последна измена од модератор: 18 септември 2020
    На spacegirl92, Mikha4, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  11. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Кој сака кога сака нека си праи деца бе. Ама нека престанат да тресат зелени дека децата ќе ти го упропастат животот, ако родиш млада. После раѓање на детето и сум шетала и сум патувала и сум излегувала и се. Не знам за каков живот зборат, пијанчење секоја вечер е демек животот?
    И кариерата каква врска има, демек само со детето ќе си 24/7 па нема да стигнеш да бркаш кариера?
     
    На LadyLollypop, tina2018, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.007
    Допаѓања:
    14.276
    Пол:
    Женски
    Така де кажи им, си работела сестра ти и кога требала да мирува, место да си седи дома ккао тебе да ја издржува мажот:rofl:

    Нека раѓа кој кога сака и кога мисли дека е спремен. Мене пример сеуште ми е убаво да сум излезена со саати и да немам обврски околу дете, зошто реално да имаш бебе и да ти биде оставено дома со саати не може, а мене сеуште ми е тоа убаво:D
     
    Последна измена од модератор: 18 септември 2020
    На spacegirl92, tina2018, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  13. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Па... не е дека не искачав. :lol:
    Златни мајка ми и татко ми. :D
     
  14. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Ve citam celo vreme i se vozdrzuvam da ne vi komentiram.

    Ne, ne si spremna na 17 18 godini da imas dete!
    Na 21go rodiv prvoto dete,(2god na faks, zavrsiv vo rok), na 24g. vtoroto dete, pocnav na rabota pred da magistriram i rabotam 8 godini bez prekin...
    Tretoto ima 8meseci...da najgolema gordost mi se decaTa i neprocenlivo bogatstvo no ne me sprecile da si gi realiziram drugite zamisli...
    Imam kariera, imam semejstvo, imame svoj dom, (bez babi i dedvci, sami)...
    Zosto mora da se precka decata, zosto se baraat pricini kade sto gi nema....?
    Zolva mi mi e generacija se veri skoro...nejzin izbor, sto da i kazeme, Cestito!
     
    На LadyLollypop, tambelina, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.130
    Допаѓања:
    36.350
    Пол:
    Женски
    Не е исто кога имаш деца. Ако беше така, сите ќе се мажеа и раѓаа на млади години. И зошто упорно се фаќате за факултетот? Обврските во брак се поголеми. Абортусот не го сметам за убиство. Подобро да не го родам детето, отколку да го родам и да го малтретирам затоа што ми е пречка што не сум успеала во животот. Ги сфаќам оние што сакаат прво кариера да градат. Некој сака прво услови да им обезбеди на децата. Од тие што се омажија млади, само една заврши факултет. Додека она чуваше дете и се нервираше што навечер не може да спие, другарките нејзини имаа други планови. Мило ми е кога некој ќе успее да изгради кариера со деца, ама да си ставам здрава нога во трн на 17 години, не.
     
    На spacegirl92, smooch, Mikha4 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски

    Tocno, zatoa pisav na 17 18 ne...
    A deka e mozno, mozno e, samo treba da odberes so kogo ke zivees, ako ne bese mm jas nema da mozev sama.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Исто во 21 век е срамота да се мешаш во туѓи избори . Јас почнав да пишувам на темава со реплика на членка што имаше пишано дека свекрвата ќе и се мешала ако се омажела на 18 . Од таму почна се , ниту навредив прва , ниту кавга почнав . Секогаш за моите мислења се фаќате |( . И да еве го утепав син ми од ќотек , цел посинет е од тепање (facepalm) . Не дека има причина , ете мислам дека тој е виновен што сум решила да го родам :rofl: . Смешна си |( .
    Научи се да цитираш во едно мислење , не вака едно под друго , три пати да те чита човек инаку ќе заборави што си пишала (facepalm) .

    Финансиите беа наши заеднички , пари од веридба поклон од најблиски . Не беа лично мој , туку заеднички . Кога правевме свадба исто сите собрани пари ги вложивме во домот . Ниту денар не сум потрошила од тие пари , не затоа што не можев , туку јас така одлучив . И дај те молам објасни ми како јас не сум го изградила домот ? Ако мислиш на ѕидови и мебел - да не ги изградив јас , ама тоа за мене не е дом . Тоа се ѕидови и предмети што воопшто немаат значење за мене . Домот го прави семејството - сопругот и децата , а не ѕидовите и модерната гарнитура . Ако за дом ги сметаш ѕидовите - тогаш едно чкорче е доволно за да станеш бездомник .
    Членката инаку прва ме навреди мене , као " саркастично " ми врати на сосема нормален коментар од моја страна . Види убаво кој почнал прв па зборувај . Ниту ме интересира нејзиниот живот , ниту сакам да знам колку секс партнери имала или немала , нејзина работа , но нејзините коментари беа навредливи кон мене само затоа што и поставив прашање околу свекрвата . Ако те интересира подетално , прочитај од почеток и не смарај .

    За норлево - прочитај поназад што сум пишала , не мислам да се повторувам затоа што тебе те мрзи да бараш .

    Колку родилки починаа од компликации со Ковид ? Кога ќе видиш исплашена трудница што е со ризична бременост а при тоа работодавачот не сака да ја пушти на трудничко , тогаш јави се и коментирај . Мене ми идеше да и одам на таа претпоставената и со голи раце да ја задавам . Среќа па и даде на крајот и се испадна добро . Не знаете колку плачеше сестра ми и какви стресови претрпе , правеше три Ковид теста за да се осигура дека е негативна , а таа претпоставената дури тогаш се освести во каква состојба ја доведе . Што ако го изгубеше бебето ? Кој ќе беше виновен ? Или ќе се тужиме во " правнава " ни држава (facepalm) . Според тебе е ок во ризична бременост да се оди на работа сред пандемија :envy: .
     
    Последна измена: 7 септември 2020
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.070
    Допаѓања:
    55.618
    Пол:
    Женски
    Не сметам дека бракот го менува животот на полошо, но дека слободата не е иста - не е. Особено со бебе/мало дете. Додај на тоа работа, обврски низ домот. Не можиш да си излезена со саати и да правиш што сакаш знаејќи дека дома те чека некој што зависи од тебе, тука е ограничувањето.

    Никогаш не сум била за рано стапување во брак. Знаеме дека годините не се мерило за зрелост, но се за искуство. А девојче од 17-18 години нема никакво искуство, колку сака нека се смета за "зрела".
    Имам две поранешни другарки што мали се омажија и родија, едната ни средно не заврши. Сега живеат во заедница и зависат од парите на мажите.

    Сметам дека треба дури и обврска да ви биди со партнерот да се обезбедите добро претходно пред да донесите на свет друго суштество. А тоа тешко дека некој сам го можи на 18 штотуку излезен од школски клупи.
    Јас и дм сме повеќе од 3 години заедно и имаме зборувано за иднина, но ете уште не се земаме покрај притисокот однадвор бидејќи тој веќе е во 30ти. Немаме ни кај да живееме уште, ниту сме јаки финансиски. Јас завршувам факс а тој разработува свој бизнис. Зошто да не застаниме на свои нозе прво, па после сѐ друго наместо да си ја лупаме главата оти не сме мислеле на време?
    Да имаше начин да живееме заедно, да ќе живеевме, сосема сме навикнати еден на друг.

    Крај краева, секој е приказна за себе и секој си прави како што мисли дека му е најубаво. Ама да не промовираме нешто како најправилно знаејќи дека не е така. Барем во денешно време кога имаме слобода повеќе од кога било да не се ограничуваме.
     
    На CameliaMiller, Doozy, Anie93 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.130
    Допаѓања:
    36.350
    Пол:
    Женски
    Нормално дека треба да ти се погоди партнерот. Ама на млади години, 17 на пример, немаш некое искуство. Не можеш да се споредиш со некоја од 35 години. Искрено....нема да ми биде мило ако синовите се оженат на 18 години. И јас се омажив млада - на 24 години. И за некои и моето е рано, ама за мене е таман. И баш ми е мило кога дискутирам околу оваа тема. Кога се изнесуваат аргументи за и против. Пред тоа јас сакав да си шетам, да запознавам мажи :lol: Кога имаш деца, тие се приоритет. Не можам јас секоја вечер да сум излезена, а дете ме чека дома.
     
    На Anie93, Mami3 и mode-kristina им се допаѓа ова.
  20. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Јас не се мешам во туѓите избори, ама ако начинот на кој што зборуваш мислиш дека ти е во ред, тогаш не знам што да ти кажам. Како не навредуваш кога нарекуваш некого убиец. Плус реков дека ти си го направила твојот избор и во ред, но и дека тоа не ти дава за право да наречеш некого убиец само заради тоа што извршил абортус. Како што ти си одлучила да родиш по твоја волја, така и некоја друга се одлучила да абортира по своја волја.

    Тоа што реков дека многу деца патат од мајки шти се мажеле многу млади, не беше стрикно за тебе, туку за примери што сум ги видела.

    За ќотекот спомнав за да и доловам колку си парадоксална. Можеби не си го посинела син ти, ама удар е удар, било да е благ, било да е силен. Ама веќе нема да зборувам затоа што прво е надвор од темата, а второ тебе не може ништо да ти се докаже, па штом воопшто не сакаш да прифатиш совети и критики, односно не прифаќаш дека си згрешила, тогаш терај си по свое.

    На 17 или 17,5 години да забремениш као што те читав низ темиве, извини, ама не е одлука. Ако имам ќерка во иднина и ми рече на 17 години дека е бремена и дека не знаела дека кондомот може да пукне при Интернет мрежа, книги и што ли уште не, јас ќе се шлогирам. За да го избегнам ова ќе зборувам отворено со неа за се'.

    За навредите, членката можеби не се изрази добро, ти и рече дека се' ти е убаво, во ред. Те цитирав затоа што постојано кажуваш како абортусот е убиство и како ние што би абортирале кога би останале бремени на возраста на која ти си останала.

    Те цитирав затоа што постојано го верглаш истото, но веќе нема да те цитирам кога секоја критика ја сфаќаш како напад врз тебе. Јас не отстапувам од моето мислење. Поздрав и секое добро.
     
    На spacegirl92, CameliaMiller, Mikha4 и 6 други им се допаѓа ова.