Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Сите сте надвор од темата.
    Зборувате за "Дали е во ред рано стапување во брак".
    А насловот вика "Причини за рано стапување во брак".
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.130
    Допаѓања:
    36.350
    Пол:
    Женски
    Ако за некоја е во ред да се мажи на 17/18 години, јас сум против. И имам право да си го искажам мислењето. Кој што сака нека каже, ама најмногу од браковите се случуваат заради бременост.

    @edna_malecka се знае која е причината. А според тебе, која е рана возраст?
     
    На deskarada, S.W.A.G, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    18.334
    Пол:
    Женски
    Кога раскажуваа во школо за кондомот како најсигурна опција беше за сексуално преносливо болести , а не толку за бременост.
    Ќе си го вади и со кондом и без, ако не планира дете.
    Не може да ме убеди никој дека на 18 години е топ да родиш.
    Имам другарки што родиле, еве конкретно едната е во одличен брак, ама пак вика не би се мажела толку рано да не бев трудна, ФАКТ.
    Јас не викам дека дрцата не се најголемо богатство, јас за едно куче сум врзана можам да убијам човек за него , а не па дете мислам без споредба дека е нешто бесценето.
    Ама најмногу ме нервираат коментарите дека во 6та недела они ѕолку го сакале бебето, дека толку мајчинство се разбудило во нив....
    Претеризам ми се вакви лигавења.
    Некој до 3 месец не знае дека носи бебе,они у 6та недела мајки биче,ај...
     
    На kukla21, Mikha4, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  4. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    18.334
    Пол:
    Женски
    Кога раскажуваа во школо за кондомот како најсигурна опција беше за сексуално преносливо болести , а не толку за бременост.
    Ќе си го вади и со кондом и без, ако не планира дете.
    Не може да ме убеди никој дека на 18 години е топ да родиш.
    Имам другарки што родиле, еве конкретно едната е во одличен брак, ама пак вика не би се мажела толку рано да не бев трудна, ФАКТ.
    Јас не викам дека дрцата не се најголемо богатство, јас за едно куче сум врзана можам да убијам човек за него , а не па дете мислам без споредба дека е нешто бесценето.
    Ама најмногу ме нервираат коментарите дека во 6та недела они ѕолку го сакале бебето, дека толку мајчинство се разбудило во нив....
    Претеризам ми се вакви лигавења.
    Некој до 3 месец не знае дека носи бебе,они у 6та недела мајки биле,ај...инаку кај нас 99% причина за стапување рано во брак е дефинитивно бременост да не се лажеме.
    Сум се цитирала сама себе не сакајќи се извињавам :)
     
    На snegulkata и edna_malecka им се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Ова веке станува патетично несакам ни да искоментирам, напиши и за бртучетка од маж другарка еб**е
     
    На spacegirl92, baby-star, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Жена е за дома каква работа какви финансии ако влезе едаш во брак да е за сигурно оти нема кај...:sweat::sweat:
     
    На baby-star и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @CrazyGirl15 не сакам да се осетиш нападната од моја страна, затоа што тоа вистина не ми е целта.
    Ти тука проба да не убедиш дека било твоја желба да си во брак толку млада и да родиш на тие години.
    А и самата рече дека си испила норлево, значи не си сакала да останеш трудна. И си се венчала само ради бебето. Не викам дека немало љубов, ама сте подраниле ради тоа што си трудна и тоа е океј. Поготово ако сега ви е супер.

    Со тоа што те прашав за апстинирањето од секс беше затоа што ти на една членка и посочи дека ако не сака да затрудне млада, не треба да има секс. Ама и ти како и голем дел тука си имала секс од лично задоволство, а не со намера да затрудниш.

    Друго нешто, не знам како си дозволуваш себеси да зборуваш дека сестра ти има патолошка бременост и проблеми на работа затоа што решила на 29 да остане бремена.
    Па 29 е сосема здрава возраст за забременување. И многу помлади имаат мака со забременување/тешка бременост. Ниеден доктор верувам не им рекол сте требале на 18 да забремените.

    И јас сега да останам трудна, не знам дали ќе можам да абортирам. Најразумно ќе е тоа, ама знам кои последици ги носи самиот абортус. И да се мали шансите, ако ми се случи мене - знам дека ќе ми е претешко цел живот. Ама ако решам да родам, а со тоа и да стапам во брак со дечко ми, факт е дека тоа ќе е само ради бебето затоа што во нормални околности не би се земала сега а ни во наредните години.

    Тука се прави муабет за тоа дека најчесто ПРИЧИНА ЗА РАНО СТАПУВАЊЕ ВО БРАК е бременост. Не желба за тоа и не преголема љубов.
    Самата дискусија потегна кон тоа зошто е лошо да се стапи рано во брак. И факт е дека е лошо затоа што си неизживеан, не си финансиски осамостоен и најверојатно воопшто не си осамостоен затоа што сеуште си млад, односно сеуште си дете.

    Си пишала и дека се останато може да чека (кола, работа..). Претпоставувам зборуваш за жената. Затоа што и мажот ако не работи, не знам од што би живееле. Дури и да помагаат родителите (што ми е крајно лошо), нема да е доволно за да се води и убав скромен живот, а притоа да му се овозможи на бебето се што му е потребно. И тоа боде очи. Тоа што мислиш дека е океј мажот да рмба, а ти да си задоволена со фактот што си мајка.
     
    На Purplelilac, smooch, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Темава се претвори во:
    Прашања и одговори со @CrazyGirl15
     
    На spacegirl92 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.592
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто мора да се оди по некоја шема: средно школо- факултет- вработување- шетање и исполнување на цели- напредување во кариера- мажачка- деца.

    Моето лично мислење е дека дете од 17 години не е спремно да гледа дете, НО темава е за брак, а бракот не значи по дифолт деца.

    И што ако се омажи на 17 или на 40? Кој кога смета дека е спремен нека стапува во брак. Годините не значат зрелост, ниту пак дека колку повеќе години имаш толку е поголема шансата да ја најдеш вистинската личност.
    Има врски што траат од средношколски денови и по 10 години завршуваат со брак.
    Има врски што почнуваат на 30 години и завршуваат со раскинување. Нема правило.

    Упорно сметате дека жената треба да е самостојна и независна за да стапи во брак, пошто во спротивно мора да живее со свекрва вештерка и маж и да ја рани.
    Не гледате дека и на 30+ години некои не знаат јадење да си направат, алишта да си испеглаат и чекаат од дома пари за да го допоминат месецот. Тоа што имаат години, не значи дека се зрели, уште помалку независни.
    Има борци и на 17 години и флегми и на 60.

    Зошто мора сите да завршат факултет? Зошто мора да имаш факултетска диплома за да имаш кариера? Има куп луѓе што ни еден ден не работеле по струка и куп луѓе без диплома поуспешни од тие со диплома.
    Барем денес дипломата не е мерило ни за знаење, ни за вредност на пазарот на трудот.

    За некои проживување на животот значи излегување, дружење, шетање, пиење. Некои дури во брак го доживуваат тоа.
    За некои живот е да створат семејство и да се борат за тоа семејство.
    Некои не сакаат да имаат деца.
    Некои не сакаат кариера.

    Не значи дека ако се омажи на 17, мора да роди до 18, па и ако роди на 18 дека животот ќе и заврши.
    Имав колешка на факултет, мажена за постар колега уште додека таа била средношколка. Го заврши факултетот прво тој, па таа, се вработија, па после имаа деца.
    Познавам девојка што се омажи на 18 за повозрасен од неа дечко околу 30 години, светот го прошетаа па роди дете кога имаше 25.

    А знам и случаи каде завршиле факултети, не успеале да најдат работа по струка, па оделе во странство, па работеле на брод, па имаш по 40 години и ни стабилна работа, ни сродна душа нашле.
     
    На tambelina и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.130
    Допаѓања:
    36.350
    Пол:
    Женски
    Затоа што она мисли дека само за неа се коментира овде. Јас ако сум убедена дека е во ред што сум се омажила млада, нема толку да се потресувам. Најнормално си комуницирам околу темава, па и надвор од форумов. Тоа рано е релативна работа. За некој е рано и на 25 години.
     
    На Bezimenka90 и Anie93 им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Абе Крејзи Грл ке има барем време и да се разведе и пак да се омаже и пак да се разведе што ја развлечуваме толку :D
     
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.007
    Допаѓања:
    14.276
    Пол:
    Женски
    Три пати сум ти коментирала, не сум ни приметила дека се е твое, а и искрено немам потреба да се замарам дали ќе запамтиш се и дали ќе ми вратиш:D

    За сестра ти се надевам се ќе и биде супер и не оправдувам никако противзаконско однесување

    за мене е кариерата подеднакво важна како и создавање семејство. :D

    Секој со своето, али чим тебе сите ти коментираат значи е нешто до твојот начин на изразување кон членките, а не поради твојот избор.

    А за норлевото, џабе се објаснуваш мене ми е исто, не си сакала да родиш и како ти што сметаш за тебе дека е прифатливо со таблета, за друг е абортусот. Не знам зошто за толку сензитивна тема се дрзнувате да зборите:D

    Поздрав и секое добро.
     
    Последна измена: 7 септември 2020
    На mode-kristina, baby-star, Mami3 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Wow, одличен пример, Албанец што си има две жени паралелно, ама сите го поддржуваат пошо им купил куќи.
    Да, баш кон тоа треба да се стремиме, еве ја имам другарка сингл, дај да ја запознаеме со маж ти па и он да го следи тој светол пример на полигамија.
    Тебе сигурно нема да ти пречи, со оглед на тоа со каков восхит зборуваш за погорниот пример.
     
    На Purplelilac, smooch, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.130
    Допаѓања:
    36.350
    Пол:
    Женски
    Зошто ги извртувате муабетите? Ако мојот став е дека рано е за мажачка на 18 години, не значи дека некоја девојка не треба да се омажи на тие години. И ако зрелоста е иста на 18 со таа на 40 години (на пример), сите ќе се мажеа млади. Бракот е обврска. Ако на некој му е единствена цел да се омажи и да раѓа, јас не сум за тоа. И никој не рече дека не може да се заврши факултет ако имаш деца, ама без деца е полесно. Затоа повеќето се стремат да направат прво кариера.
     
    На Tanjamm, mode-kristina, baby-star и 3 други им се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Не се мешаш ти , туку членката на која првично и реплицирав . Јас и реплицирав пред се за мешањето на свекрвите ( целта беше да и се долови дека има жени на 30+ се омажиле па живеат со свекрва ) а потоа за абортусот .
    Не сум јас виновна што ја повлекуваат дискусијата на таа страна . Јас убаво си кажав - се може да чека , кариери , автомобили , шетање .. додека пак репродуктивниот часовник отчукува и не чека . Оние што успеваат да забременат и по 40-тата се навистина среќници , ама да не се лажеме , не кај секоја успева . И не , не е во ред цел живот да си на товар на мажот , никаде не реков такво нешто . Баш напротив , строго сум против седење на жената дома , но што кога мора да седи дома ? Ете патолошка бременост , игра на случај губи работа и сл . Што ќе прави таа жена ? Додека најде работа , секако ќе седи на товар на маж и нели ? Пак ќе кажам , јас никаде не споменав дека е добро или лошо раното мажење , ниту убедував некого овде . Тие што разбрале , разбрале , тие што не разбрале се натегаат три дена (facepalm) .

    @Asparagus каде виде дека му се восхитувам (facepalm) ? Жити Бога каде виде восхит ? За восхит е тоа колку си помагаат како фамилии и толку , додека ние очи си копаме меѓу себе . Тоа што има две семејства воопшто не е за восхит , баш напротив , за осуда е . Зошто никој не пријавува ? Затоа што Албанката ќе рече " брат ми е ми помага " а сите сме без докази дека и е маж . После кој ќе излезе дека лаже ? Пак тој што пријавил .
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Во секоја тема е вака.
    Навикни се и не се чуди.
     
  17. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.289
    Јас на 17год ни С од секс, не ми паѓаше на памет. Умот ми беше да дојди викенд да излезам во кафич. Знам од понеделникот се договаравме со другарка ми шо ќе носиме во петок.
    Бевме деца, ама деца во буквална смисла. Сега времето е тргнато многу напред.

    Да и повеќето бракови на 18,19 и помали се од настаната бременост. Деца гледаат деца. За зрелост и на 40 можи да не си зрел.
    Јас не можев да се замислам толку млада, а да имам бебе.
    Секој со своите одлуки. Ако за некој е океј на 18 да се мажи и има дете нека биди океј и нека си прави така. За мене не е. Секој со изборот.
    За некој е достигнување само да се омажат и да имаат дете.

    Прочитав и навреди од типот вештачко оплодување нз шо, тоа е веќе претеризам и несовесност и навлегување во болна тема.
     
    На Hellobeautiful, snegulkata, christinnn и 12 други им се допаѓа ова.
  18. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Се оди од крајност во крајност. Ако не родиш на 18 ќе раѓаш на 40 и тоа ако ти се посреќи. Ако си на патолошка е исто и како да не си работела, маж ти пак ќе требало да те издржува. wtf?

    Според мене прва и најчеста причина за рано стапување во брак е бременост, а поретко и бегање од насилство во семејството. Најретко чисто од љубов.

    За жал не знам девојки, жени што се омажиле на 18/19 и се исполнети (што не значи дека не постојат), ама обратни примери, пак за жал, да. И тоа и од млади а и од возрасни жени, кои влечат комплекси ради нереализираност, и си го признаваат тоа кога во поодминати години созреат подобро и размислат поубаво со изладена глава.
     
    Последна измена: 7 септември 2020
    На Purplelilac, CameliaMiller, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    А знаеш зашто викаат дека им е брат бидејки кај албанците уште следи правилото жената прво мажот треба да го праша за да оде на работа така да таму живеат со затнати муцки цел живот така наречено во златни кафези поарно и да не пишуваме примери и да се дивеме на такви, а шо се тиче за свекрвите јас мислам дека тие покасно што се мажат имат веке зад себе пари колку толку уштедено и создаден добар ментален склоп за да фатат стабилен маж а не син на мајка и да живеат двајцата самостално. Сега не зборам за секој секој има своја животна сторија зад себе ама во повеќето случаи е вака.
     
    На Just.do.it, tina2018, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Што ви е гајле кој-кога стапил во брак?

    На 18+ секој за себе си одлучува.
     
    На Cherry333, IRBBB, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.